проф. д-р Александар Спасеновски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Oct 2023 18:51:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png проф. д-р Александар Спасеновски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Спасеновски: Од Македонија се бара исполнување на одредени критериуми и обврски кои што претходно не биле побарани од другите земји членки на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasenovski-od-makedonija-se-bara-ispolnuvane-na-odredeni-kriteriumi-i-obvrski-koi-shto-prethodno-ne-bile-pobarani-od-drugite-zemji-chlenki-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasenovski-od-makedonija-se-bara-ispolnuvane-na-odredeni-kriteriumi-i-obvrski-koi-shto-prethodno-ne-bile-pobarani-od-drugite-zemji-chlenki-na-eu/#respond Wed, 04 Oct 2023 18:50:53 +0000 https://kurir.mk/?p=885266

На дебатата на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани посветена на европските интеграции и уставните измени во рамките на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените!“, универзитетскиот професор Александар Спасеновски истакна дека реалноста во која што живееме зборува за уникатната ситуација во која што се наоѓа државата, Република Македонија по многу нешта е уникатна кога станува збор за интеграцијата во Европската унија и генерално кога станува збор во однос на се што има правено во минатото за да го осигура својот демократски развој. „Од нас како што можеме да видиме, за жал, тоа е предмет и на истражување и на примери во учебници, многу често се барале, а за жал и денес се бараат исполнување на критериуми, завршување на определени работи, реализирање на определени обврски кој што не се дел од основните обврски кои што беа исправени пред други држави членки на Европската Унија и тоа, за жал, е една тажна реалност во која што живееме и која што постојано ја повторуваме. Во таа смисла, сметам дека ова кое што сега како тема е исправено пред нашата држава, не е воопшто добро, не е воопшто вообичаено и е нешто кое што, навистина, може да има сериозни последици врз самата држава“, истакна професорот Спасеновски. Тој посочи дека причините за тоа можеме да ги бараме во повеќе делови, од кои смета дека два се исклучително важни и од кои првата група на причини не зависеле од нас и дека Република Македонија не бираше да има соседи какви што има. „Република Македонија со ништо не го провоцираше однесувањето на соседните држави во минатото во однос на сопствената државност. Таа се соочи со определени поведенија кои беа наметнати и се обидуваше во рамките на реалностите на меѓународната политика, во кои што како што вели еден наш професор, силните го прават тоа што можат, а слабите тоа што умеат повикувајќи се, пак, на едни дамнешни историски записи, да плива и да ги реализира своите интереси. Значи, од една страна ние не биравме кои ќе бидат наши соседи и какви барања тие ќе ни испорачуваат. Ние можеме да жалиме за сето тоа, да го осудиме сето тоа, но такви се нивните ставови и ние тие проблеми кои што ни беа наметнати, се обидуваме да ги решаваме“, рече Спасеновски. Додаде дека постои еден друг проблем, кој што е исклучително значаен, а кој што зависи од нас, а тоа е начинот на кој што ние се однесуваме решавајќи ги проблемите и соочувајќи се со тешките прашања. „Сметам дека отсуството на политичко единство, а најголема вина за сето тоа, без друго, го носат партиите од власта, е нашиот најголем проблем. Повторно го поставувам прашањето, дали ние ќе имавме подобри преговарачки позиции, кога станува збор за уставните измени во минатото или за некои уставни измени кои што ќе следат, доколку имавме политичко единство помеѓу партиите од власта и партиите од опозицијата? Дали ќе беше подобро за власта, за државата во целина доколку ВМРО-ДПМНЕ биде дел од некои разговори пред да се донесат финалните одлуки или е подобро ситуација во која што имаме маргинализирана опозиција и ситуација во која не се слушаат ставовите на 80% од граѓаните на државата? Доколку опозицијата, доколку сите клучни политички фактори беа дел од разговорите пред да се вообличат финалните обврски на државава, а тоа е измената на уставот, немаше да дојдеме до оваа ситуација, немаше да имаме ваква обврска заради тоа што ќе демонстриравме поголемо политичко единство. Можеби сме слаби, но треба да ги искористиме сите ресурси што ги имаме на располагање. А, нашиот најголем проблем е недостатокот на политичко единство“, посочи професорот Спасеновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasenovski-od-makedonija-se-bara-ispolnuvane-na-odredeni-kriteriumi-i-obvrski-koi-shto-prethodno-ne-bile-pobarani-od-drugite-zemji-chlenki-na-eu/feed/ 0
Спасеновски: За промена да покажеме поголемо единство за важна тема како што е интеграцијата во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasenovski-za-promena-da-pokazheme-pogolemo-edinstvo-za-vazhna-tema-kako-shto-e-integratsijata-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasenovski-za-promena-da-pokazheme-pogolemo-edinstvo-za-vazhna-tema-kako-shto-e-integratsijata-vo-eu/#respond Wed, 04 Oct 2023 16:59:24 +0000 https://kurir.mk/?p=885222

На дебатата на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани посветена на европските интеграции и уставните измени во рамките на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените!“, универзитетскиот професор Александар Спасеновски истакна дека уставните прилагодувања се природна појава бидејќи државите не се статични, односно тие еволуираат и дека тоа не е особеност само за Македонија туку за целиот свет. „Сепак, поентата на ваквите процеси со кои тектонски се менува поредокот е да се зајакнат институциите, а не да се ослабнат. Преку уставните измени до сега на најсликовит начин може да се забележи како и во кој правец еволуирала Македонија од 1991 до денес. Македонија нестабилна и со неизвесна иднина во деведесеттите години на 20 век наспроти Македонија денес која со сите слабости и проблеми е држава-членка на НАТО и има амбиција за скорешна интеграција во Европската унија“, изјави професорот Спасеновски. Според Спасеновски константа во однос на големите теми е немањето на единство помеѓу најважните политички и етнички фактори во Македонија, што претставува голем проблем заради кој недостасуваат поголеми државни успеси. „Сите политички измени, сите уставни измени кои што беа правени како резултат на политички притисоци се карактеризираа со силен недостаток на политичко единство, се карактеризираа со голема политичка поларизираност во која што, страната која што ги правеше уставните измени, строго се залагаше за нив, наспроти страната или партиите кои беа во опозиција кои што се противеа во однос на таквите уставни измени, рече професорот Спасеновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasenovski-za-promena-da-pokazheme-pogolemo-edinstvo-za-vazhna-tema-kako-shto-e-integratsijata-vo-eu/feed/ 0
Спасеновски: Како и да заврши со ситуацијата со ново парламентарно мнозинство, сигурно е дека избори ќе има затоа што власта беше целосно делегитимирана на локалните избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasenovski-kako-i-da-zavrshi-so-situacijata-so-novo-parlamentarno-mnozinstvo-sigurno-e-deka-izbori-kje-ima-zatoa-shto-vlasta-beshe-celosno-delegitimirana-na-lokalnite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasenovski-kako-i-da-zavrshi-so-situacijata-so-novo-parlamentarno-mnozinstvo-sigurno-e-deka-izbori-kje-ima-zatoa-shto-vlasta-beshe-celosno-delegitimirana-na-lokalnite-izbori/#respond Mon, 08 Nov 2021 19:40:03 +0000 https://kurir.mk/?p=592833

Едно е јасно дека предвремени избори кога и да се ќе мора да има, имајќи ја во предвид ситуацијата во државата, рече универзитетскиот професор Александар Спасеновски на гостувањето на телевизија Телма во емисијата Топ тема. Според него за ова има две причини. „Се воде дека тешко се одлучува, се владее кога се има тесно парламентарно мнозинство, и второ владата е целосно делегитимирана по локалните избори на кои опозцијата извојува убедлива победа“, рече Спасеновски. Според него во ситуацијава доколку се следат изјавите на претставници на опозицијата, додаде професорот, очекувано е дека постои согласност за изгласување на недоверба на владата. „Но, не знаеме дали ќе може да се направи влада поради разлики во идеологија на опозицисски партии“, рече Спасеновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasenovski-kako-i-da-zavrshi-so-situacijata-so-novo-parlamentarno-mnozinstvo-sigurno-e-deka-izbori-kje-ima-zatoa-shto-vlasta-beshe-celosno-delegitimirana-na-lokalnite-izbori/feed/ 0
На Велигден: Промовиран учебникот „ПРАВО И РЕЛИГИЈА“ од проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска и проф. д-р Александар Спасеновски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-veligden-promoviran-uchebnikot-pravo-i-religija-od-prof-d-r-tanja-karakamisheva-jovanovska-i-prof-d-r-aleksandar-spasenovskialeksandar-spasenovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-veligden-promoviran-uchebnikot-pravo-i-religija-od-prof-d-r-tanja-karakamisheva-jovanovska-i-prof-d-r-aleksandar-spasenovskialeksandar-spasenovski/#respond Mon, 20 Apr 2020 09:26:26 +0000 https://kurir.mk/?p=334533

Во издание на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и на германската фондација „Конрад Аденауер“, излезе од печат учебникот „Право и религија“, од авторите проф. д-р Тања Каракамишева–Јовановска и проф. д-р Александар Спасеновски, од катедрата по уставно право и политички систем. Учебникот е прво дело од оваа област како на факултетот, така и во државата. Неговата содржина ќе се изучува на истоимениот предмет кој од неодамна се воведе на Правниот Факултет по иницијатива на Каракамишева и Спасеновски. Рецензенти на ова капитално дело се професорите д-р Гоце Наумовски од катедрата по Римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и д-р Митко Б. Панов од Институтот за национална историја. Според проф. д-р Каракамишева-Јовановска, основната цел на овој учебник е подетално и поконкретно да се проучи врската помеѓу правото и религијата како два клучни општествено-политички феномени. Тие меѓусебно се до толку испреплетени, што според бројни параметри дури и зависат еден од друг. Меѓусебната зависност и испреплетеност се согледува во фактот што правото и религијата имаат за цел да ја конституираат, а според одредени сфаќања и да ја „врамат“ човековата свесност во сите сфери од приватниот и јавниот живот. Правото и религијата имаат идентична основа врз која се засновани. И двете функционираат во согласност со принципот на граѓанска послушност, и двете инсистираат на лидерството и поредокот. Освен овие заеднички елементи, како заеднички принцип им се одредува и моќта, која е директно заинтересирана да ги стави под контрола, да ги навигира, да ги детерминира и да ги користи за свои потреби. „Факт е дека религијата е вградена во темелите на сите модерни правни системи кои егзистираат во бројни држави, почнувајќи од оние на Средниот Исток, преку Африка, Европа, до Латинска и Северна Америка и Азија. Колку и како религијата извршила влијание врз правото на одделните правни системи е прашање на кое аналитичарите можат да дадат прецизен одговор. Секако, и обратната релација е мошне интересна и важна – колку правото и воспоставените правни системи извршиле или вршат влијание врз дообликувањето на религијата и на религиозните субјекти и правила“ – констатира професорката. Според проф. Спасеновски „Право и религија“ е шестиот учебник што авторите го издале досега како резултат на континуираната и долгогодишна соработка со Фондацијата Конрад Аденауер. Тој напоменува дека до сега, како дел од овој мегапроект, тие ги издале и учебниците: „Политички партии и интересовни групи“, како и англиската верзија на учебникот со наслов „Political parties and interest groups“, во 2016 година; „Современи политички системи“, како и англиската верзија на учебникот со наслов „Contemporary political systems“, во 2018 година, како и учебникот „Парламентарно право“, во 2019 година. Учебникот „Право и религија“ е составен од два  дела кои содржински се поделени во 4 посебни глави.  Во првиот дел од учебникот авторите го проучуваат уставно-правниот статус на религијата преку детално објаснување на трите клучни модели за односот меѓу религијата и државата: моделот на религиска држава; моделот на државна религија и моделот на одвоеност на државата од религијата - секуларизмот. Во следното поглавје, авторите навлегуваат во подетално проучување на слободата на вероисповест преку анализа на најважните меѓународни документи на ООН и на Советот на Европа што ја уредуваат содржината, концепцијата и начинот на заштита на слободата на вероисповест. Важен дел од учебникот е оној посветен на анализата на македонскиот уставно-правен статус на религијата и на слободата на вероисповест, од 1945 до 1990 година, како и од 1991 година до денес. Во овој дел авторите детално ги проучуваат сите уставни решенија посветени на религијата и слободата на вероисповест во Народна и во Социјалистичка Република Македонија. Следниот дел на ова поглавје, пак, е посветен на анализата на статусот на религијата во периодот на осамостојувањето на Република Македонија како независна држава. Фокусот на анализата е ставен на Уставот на Република Македонија од 1991 година, соодветните закони што се однесуваат на верските заедници од 1997 и од 2007 година, како и други законски решенија. Посебен интерес авторите покажуваат кон одлуките и решенијата на Уставниот суд посветени на оваа материја, како и актите за заштита од верска дискриминација, правото на приговор на совеста, изучувањето на веронауката, местото на образовните институции на верските организации како и статусот на актите на верските организации. Од посебна важност на ова поглавје, исто така, е и анализата на институционалната рамка што се однесува на заштитата на слободата на вероисповест, која е детално разработена. На крајот од учебникот дадени се одлични заклучни согледувања каде на синтетизиран и заокружен начин авторите ја презентираат целата материја уредена и анализирана во учебникот. На крајот, авторите потенцираат дека со реализацијата на оваа идеја, освен што се осовременува наставната содржина на Правниот факултет, се влијае позитивно и врз студентскиот стандард, со оглед дека учебникот студентите го добиваат потполно бесплатно. Сите заинтересирани бесплатната книга  „Право и религија“, може да ја добијат на Правниот факултет или да ја преземат во електронска форма на официјалната интернет страница на германската фондација „Конрад Аденауер“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-veligden-promoviran-uchebnikot-pravo-i-religija-od-prof-d-r-tanja-karakamisheva-jovanovska-i-prof-d-r-aleksandar-spasenovskialeksandar-spasenovski/feed/ 0