проф. д-р Драган Даниловски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 May 2022 10:40:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png проф. д-р Драган Даниловски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Д-р Данаиловски: Целата работа со мајмунските сипаници ми личи на една лоша драма, мислам дека нема потреба за страв https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-danailovski-celata-rabota-so-majmunskite-sipanici-mi-lichi-na-edna-losha-drama-mislam-deka-nema-potreba-za-strav/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-danailovski-celata-rabota-so-majmunskite-sipanici-mi-lichi-na-edna-losha-drama-mislam-deka-nema-potreba-za-strav/#respond Thu, 26 May 2022 10:40:20 +0000 https://kurir.mk/?p=681828

Мајмунските сипаници почнаа да се шират во Европа, а најпогодени се Португалија и Шпанија, каде што беа регистрирани нови случаи. Страв од ширење на новата болест постои во регионот и Европа, а епидемиологот д-р Драган Даниловски за „Студио 10“ ја смирува ситуацијата. - Целата работа со мајмунските сипаници ми личи како на една лоша драма. Мислам дека премногу силно се изреагира од светските здравствени агенции, нашите медиуми. Јавноста ја крена топката многу високо и сега сите се во вчудоневидување. Дали е мутиран вирус, ќе му направат мутација и ќе стане опасен, тоа се дел од коментарите, но јас мислам дека нема простор за страв, вели д-р Даниловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-danailovski-celata-rabota-so-majmunskite-sipanici-mi-lichi-na-edna-losha-drama-mislam-deka-nema-potreba-za-strav/feed/ 0
Д-р Даниловски: Носењето маски во училиште во оваа фаза е бесмислено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-danilovski-nosenjeto-maski-vo-uchilishte-vo-ovaa-faza-e-besmisleno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-danilovski-nosenjeto-maski-vo-uchilishte-vo-ovaa-faza-e-besmisleno/#respond Mon, 07 Mar 2022 12:12:42 +0000 https://kurir.mk/?p=642614

Епидемиологот доктор Драган Даниловски смета дека е бесмислено носењето на заштитни маски против кови во училиштата. -Влезени сме во зелена фаза. Дефинитивно е потребно сосема да се укинат сертификатите за вакцинација. Тоа требаше и порано бидејќи се бесмислени. Треба да останат препораките за носење маски во затворени јавни простории за луѓе со хронични заболувања, луѓе кои се постари од 65 години и луѓе на кои им изминале повеќе од 3-4 месеци од третата доза, за повозрасни и од втората доза за помладите лица. Препорачувам укинување на маските во училиштата затоа што во оваа фаза тоа е бесмислено, смета д-р Даниловски. Даниловски смета дека војната во Украина и бранот на бегалци нема значајно да ја наруши епидемиолошката состојба ниту во Украина ниту кај нас. -Секако на природен начин стивнува короната. Имаме имунитет на популациско ниво над 90%, појаснува тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-danilovski-nosenjeto-maski-vo-uchilishte-vo-ovaa-faza-e-besmisleno/feed/ 0
Даниловски му одговори на министерот Сали: До вчера ме канеше во Комисијата, сега не сум бил спремен да се справам со реалноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danilovski-mu-odgovori-na-ministerot-sali-do-vchera-me-kaneshe-vo-komisijata-sega-ne-sum-bil-spremen-da-se-spravam-so-realnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danilovski-mu-odgovori-na-ministerot-sali-do-vchera-me-kaneshe-vo-komisijata-sega-ne-sum-bil-spremen-da-se-spravam-so-realnosta/#respond Thu, 03 Feb 2022 16:36:35 +0000 https://kurir.mk/?p=626628

Епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски во објава на Фејсбук одговара на денешната изјава на министерот за здравство Беким Сали, кој рече дека Даниловски „не е спремен да се справи со реалноста и дава необјасниви и несериозни изјави кои негативно влијаат во општеството“. -Едно нешто ме чуди. Како е возможен ваков дијаметрално различен став? Професорот Даниловски до само пред некој ден, како „угледен“ експерт, беше пожелен и поканет член во Комисијата за заразни болести или во тимот на советници, но наеднаш, преку ноќ се обвинува како доктор „кој не е спремен да се справи со реалноста“ и дава „несериозни изјави опасни за општеството“!? Не сум бил спремен да се справам со реалноста!? Јас – токму затоа што ја согледувам реалноста – со име и презиме (а не затскриен и покриен зад било какво тело, комисија, колективитет, партија), две години – волонтерски – се трудам да помогнам да се оптимизира курсот на мерките против пандемијава! Не носи ли тоа неспоредливо поголема одговорност?, пишува Даниловски во реакцијата на изјавата на Сали. Професорот вели дека нема апетити и амбиции ниту за кариера, ниту за лична промоција и оти само се обидува да помогне безусловно. -Нема експерт во епидемиологијата што може да противречи на ноторниот факт дека не е испочитуван член 27, став 1 на Законот за здравствена заштита, кој гласи: „Член 27: (1) Здравствената дејност во здравствените установи од страна на здравствените работници и здравствените соработници задолжително се врши согласно со стручни упатства за медицина заснована на докази кои согласно со современата светска медицинска практика, ги пропишува министерот за здравство.“ (1) Зошто? Затоа што такво упатство не постои во форма на подзаконски акт! Тоа е видливо од самиот сајт на Министерството за здравство, во делот „Инфектологија“, каде што се гледа дека не постои Упатство за КОВИД-19! (2) Оттаму, секое тврдење дека протокол (упатство) постои, можеби се однесува само на некаков интерен протокол, кој не ги обврзува здравствените установи да го применуваат! Клиниката за инфективни болести направила протокол? Во ред! Се почитува ли тој протокол од страна на сите здравствени установи во државата? Не! Зошто? Затоа што немаат сила на законска обврска! И нешто многу важно… Има ли протокол за третман на КОВИД-19 од страна на матичните доктори? Нема!(Нека кажат матичните доктори имаат ли протокол!) Значи, неопходно е да се изготви протокол и за амбулантски третман на болни од КОВИД-19!, пишува Даниловски. Тој повикува овие протоколи да бидат издигнати на ниво на подзаконски акти. -За да се почитуваат тие протоколи, господине Министре, подигнете ги на ниво на законска обврска! Направете ги подзаконски акти! Имате ингеренции за тоа. Членот 27, став 1 на Законот за здравствена заштита е недвосмислен!, вели Даниловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danilovski-mu-odgovori-na-ministerot-sali-do-vchera-me-kaneshe-vo-komisijata-sega-ne-sum-bil-spremen-da-se-spravam-so-realnosta/feed/ 0