Проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 May 2023 14:30:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Каракамишева распали по владината комисија за уставни измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-raspali-po-vladinata-komisija-za-ustavni-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-raspali-po-vladinata-komisija-za-ustavni-izmeni/#respond Tue, 23 May 2023 14:30:03 +0000 https://kurir.mk/?p=837954

Универзитетската професорка и уставен експерт, Тања Каракамишева-Јовановска упати жестоки критики кон работата на владиното работно тело кое работи на амандманите на Уставот на Република Македонија заради начинот на кој се формулираат новите уставни решенија. „Читам дека во работната група за уставни измени се предлагало дефинирање на два народа, етнички заедници и малцинства во Преамбулата“, констатира нашата универзитетска професорка. Според неа, ова е најпогубното решение за Македонија кое го нема во ниту една компаративна уставна пракса на унитарните држави во светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-raspali-po-vladinata-komisija-za-ustavni-izmeni/feed/ 0
Анализа на Каракамишева-Јовановска: Изборите во 2020 година ќе останат запаметени како историски во негативна смисла https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-na-karakamisheva-jovanovska-izborite-vo-2020-godina-kje-ostanat-zapameteni-kako-istoriski-vo-negativna-smisla/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-na-karakamisheva-jovanovska-izborite-vo-2020-godina-kje-ostanat-zapameteni-kako-istoriski-vo-negativna-smisla/#respond Tue, 21 Jul 2020 15:13:25 +0000 https://kurir.mk/?p=379130

Предвремените парламентарни избори во 2020 година ќе останат запаметени како историски во негативна смисла од две причини: првата е рекордната злоупотреба на системот и државата од страна на власта преку евидентната корупција што власта ја спроведе предизборно и изборно на терен и втората поради евидентираните предизборни и изборни нерегуларности што институциите на системот ги толерираат во интерес на власта, вели во анализата за Курир проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска.
Во однос на рекордната злоупотреба на системот од страна на власта таа посебно би ги издвоила злоупотребите направени за време на четирите прогласени вонредни состојби од претседателот на Републиката и донесените спорни и коруптивни уредби со законска сила со кои владата го засили предизборниот, а подоцна и изборниот поткуп на голем број граѓани таргетирани како целни групи од страна на власта. „Да не ја заборавиме најкоруптивната уредба за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање домашна платежна картичка наменета за купување домашни производи и услуги за време на вонредна состојба. Со оваа уредба, Владата изврши директна дискриминација, како потежок облик на дискриминација, на граѓаните кои не се корисници на финансиската поддршка од буџетски средства, односно ги стави во привилегирана положба неколку групи граѓани како корисници на буџетски средства предвидени во владината програма наспроти сите останати граѓани кои не се корисници на финансиската помош без претходно утврдена методологија и критериуми за доделување финансиска помош.  Никој не смее да биде дискриминиран од страна на јавен орган по која било основа наведена во став 1 (член 1, Протокол 12 од ЕКЧП) што се смета за повреда на Конвенцијата, иако може да не е повредено ниту едно друго право од Конвенцијата“, посочува универзитетската професорка за Курир. И Европскиот суд за човекови права е јасен во делот на забраната од дискриминација и вели дека ниту една „карактеристика, обележје, статус не смее да биде основа за разликување на лицата или групите на лица едни од други“, објаснува професорката по Уставно право, и потенцира дека според Судот, основата за дискриминација може да биде карактеристика или статус на еден поединец/група што ги става поединците/групата во попривилегирана положба, различен третман или уживање на одредени бенефиции кои другите луѓе ги немаат. „Во случајот со уредбата, финансиската поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и дел од здравствените работници претставува основа за дискриминација што се темели на недозволен различен третман на Владата кон граѓаните, по основ на општествен и имотен статус, возраст, положба во општеството, припадност на група. Во нашиот случај, и покрај фактот што КОВИД-19 претставува општо загрозувачка пандемија од која никој не е поштеден, а во случајот со справување на негативните последици од неа директно се справуваат и други категории вработени лица, како,  припадниците на полицијата, Армијата, вработените во центарот за справување со кризи, вработените во аптеките, маркетите, локалните власти итн., Владата со уредбата направи поделба на привилегирани граѓани кои ги стави под финансиска заштита, и сите други, непривилегирани граѓани, кои не ги опфати со мерките од Уредбата без никаква претходно утврдена методологија и прецизни критериуми зошто токму овие категории граѓани се опфатени со мерките, а не и пензионерите како лица со низок доход, не и матичните доктори кои исто така беа во првата “борбена“ линија, зошто не се опфатени припадниците на полицијата врз чиј грб падна регулирањето на јавниот ред во услови на полициски час, зошто не се опфатени и припадниците на Армијата кои исто така беа вклучени во борбата против пандемијата, и слично. Од овие причини, Владата со оспорената Уредба ја повреди еднаквоста на граѓаните пред Уставот и законите, ги стави во дискриминирана положба мнозинството граѓани. Со арбитрерна уредба, врз основа на арбитрерни критериуми Владата подреди и привилегира граѓани кои земаа финансиска помош од буџетски средства, наспроти мнозинството граѓани кои ги дискриминира и ги остави без финансиска поддршка иако и тие граѓани имаат право на поддршка и финансиска помош во време на пандемија“, посочува Каракамишева-Јовановска. Владата направи дискриминација не само по основ на статус, положба, возраст и професија, туку и интерна дискриминација во рамките на лица со ист или сличен имотен статус, иста или слична возраст, иста или слична професија, потенцира универзитетската професорка, која укажува и дека, за жал, сево ова Уставниот суд не го виде и не ја поништи оваа дискриминаторна уредба, а на овие избори корупцијата беше подигната на највисоко ниво и поради планското заобиколување на законите, посебно на чл.8-а од Изборниот законик и на чл. 34 од Законот за спречување корупција со помош на спорни уредби со законска сила со што власта директно ја стимулираше корупцијата, предизборните вработувања кои инаку се забранети во законот, вонредните исплати на буџетски средства за време на избори и слично. „Преку заобиколување на законите со уредби и преку злоупотреба на вонредната состојба власта ја направи најголемата системска корупција што некогаш е видена во Македонија за време на избори. Ако на ова се надополнат и евидентираните поткупи давани од куќа на куќа, од семејство на семејство, тогаш дефинитивно овие избори можеме да ги наречеме владин корупциски изборен масакр. Ако на целава оваа слика се надодаде системската импотентност, неактивност, незаинтересираноста на институциите што треба да го санкционираат ваквото поведение на власта, ако ДКСК го преспа целиот предизборен и изборен период, ако Јавното обвинителство не презеде ништо во врска со докажаниот изборен криминал, ако смислената акција на СДС за измама на гласачите преку фејсбук инструкциите за чкртање на Северна на гласачкото ливче со цел прогласување многу неважечки ливчиња во полза на власта остана само на повикување во полициска станица на инспираторите без никакви други кривични последици, ако Уставниот суд ги поништи само уредбите што се однесуваа на нивните плати, а не и проблематичните уредби поврзани со изборниот процес и онаа за финансиска поддршка на дел од граѓаните, тогаш може да се дојде до мошне негативен заклучок во врска со целиот изборен процес,“ оценува професорката од Правниот факултет во Скопје во анализата за Курир. „Во однос на изборните нерегуларности посебно би го издвоила „хакерскиот“ напад или смислениот упад во страната на ДИК токму во време кога се внесуваа гласовите на сите гласачи. Овој смислен упад е најверојатно нарачка за да се направи контролирана разлика меѓу СДС и ВМРО-ДПМНЕ што треба да внесе дополнителна политичка неизвесност по изборите. Скандалозно беше однесувањето на членовите на ДИК кои одбија да ги пребројат уште еднаш сите ливчиња, од сите избирачки места поради евидентираната разлика и несовпаѓање меѓу бројот на гласачи кои гласале и бројот на важечки, неважечки, неупотребени и гласачки ливчиња дадени за партиските листи. На почетокот оваа разлика беше 2013 ливчиња кои недостасуваа во евиденцијата што само по себе е огромен скандал на ДИК, а за кој Комисијата се однесуваше прилично комотно и ноншалантно. Ако на ова се надоврзат и „бугарските возови“ кои според одредени проценки согласно процентот на ливчиња што недостасуваа во евиденцијата можат да бидат злоупотребени околу 80.000-100.000 гласа што не беше доволна причина ДИК да го отвори целиот изборен материјал и повторно да ги преброи сите ливчиња упатува на уште еден заклучок дека во Македонија се одржаа нерегуларни избори. Според чл. 151 од Изборниот законик, ДИК треба по службена должност да го поништи гласањето на секое гласачко место во кое бројот на гласачките ливчиња во гласачката кутија е поголем од бројот на избирачите што гласале ако тоа влијае врз вкупните резултати. ДИК не го стори тоа ниту по службена должност, ниту по основ на поднесени приговори“, посочува Каракамишева-Јовановска. Според универзитетската професорка, останува да видиме што ќе се случи во Управниот суд, дали Судот ќе ги изведе овие докази и дали ќе се впушти во пребројување на гласачките ливчиња или и Судот ќе делува формалистички и ќе го затвори изборниот процес и покрај сите наведени нерегуларности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-na-karakamisheva-jovanovska-izborite-vo-2020-godina-kje-ostanat-zapameteni-kako-istoriski-vo-negativna-smisla/feed/ 0
Каракамишева: Министерката за одбрана има посебна политичка и правна одговорност, нејзината средба со Боки 13-ка само покажува до кое дно сме дојдени како држава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-ministerkata-za-odbrana-ima-posebna-politichka-i-pravna-odgovornost-nejzinata-sredba-so-boki-13-ka-samo-pokazuva-do-koe-dno-sme-dojdeni-kako-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-ministerkata-za-odbrana-ima-posebna-politichka-i-pravna-odgovornost-nejzinata-sredba-so-boki-13-ka-samo-pokazuva-do-koe-dno-sme-dojdeni-kako-drzava/#respond Sat, 11 Jul 2020 21:46:16 +0000 https://kurir.mk/?p=374320

-Кога политичарите се ујдисани со луѓе со сомнителен бекграунд, во случајов Шекеринска и Боки 13-ка, тоа покажува до кое дно сме дојдени. Доколку сте политичар, вас не треба ни на сон да ви падне да идете на состанок со такви луѓе, не па да седите уживате во неговиот или нејзиниот дом. Како министерка за одбрана таа има посебна политичка и правна одговорност, вели универзитетската професорка Тања Каракамишева во емисијата "Заспиј ако можеш" на Алфа телевизија и додаде дека тоа е една од многуте неправилности во изборната кампања.
 ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-ministerkata-za-odbrana-ima-posebna-politichka-i-pravna-odgovornost-nejzinata-sredba-so-boki-13-ka-samo-pokazuva-do-koe-dno-sme-dojdeni-kako-drzava/feed/ 0
Каракамишева: Ваучерите се предизборен поткуп на СДСМ и Заев, а Уставниот суд ја премолчи оваа скандалозна и дискриминирачка уредба со законска сила на владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-vaucherite-se-predizboren-potkup-na-sdsm-i-zaev-a-ustavniot-sud-ja-premolchi-ovaa-skandalozna-i-diskriminirachka-uredba-so-zakonska-sila-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-vaucherite-se-predizboren-potkup-na-sdsm-i-zaev-a-ustavniot-sud-ja-premolchi-ovaa-skandalozna-i-diskriminirachka-uredba-so-zakonska-sila-na-vladata/#respond Sat, 11 Jul 2020 21:36:14 +0000 https://kurir.mk/?p=374312

За случајот со Уставниот суд кој одби или се повлече да расправа по еден многу сомнителен чекор на владата која донесе уредба со законска сила за ваучери, кој многумина го нарекоа класичен предизборен поткуп, универзитетската професорка Тања Каракамишева во емисијата "Заспиј ако можеш" на Алфа телевизија рече дека тоа е една од многуте неправилности во изборната кампања. -Има едно штуро соопштение закачено на нивната веб страна за таа уредба со законска сила за финансиска поддршка, дека Уставниот суд не повел постапка за оценка на уставноста на уредбата. Тоа е многу симптоматично од аспект што нема никакво образложение на соопштението. Немаме податоци што се случувало на седницата. Значи таа нетранспарентност што ја покажува Уставниот суд е неприфатлива. Таа одлука е многу скандалозна и дискриминирачка. На пример некои граѓани ќе добијат ваучери, а некои не. Зошто? По кој основ? Имаат таргет на луѓе мерени со политички кантар на Социјалдемократите. И тоа се целни групи што само нив ги интересираат, затоа што тие им се важни за гласање. Каде се во таа група луѓето кои се директно изложени и сеуште се изложени на ризикот од коронавирусот, на пример продавачите во маркетите, таксистите, транспортерите исто така, доставувачи на храна, новинари, каде се полицајците, армијата. Уставниот суд се затвори во една чаура и никој не одговара на овие прашања. Таа директна дискриминација што се направи со оваа уредба, практично фрли светлина и врз прашањето на предизборниот поткуп, децидна е Каракамишева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-vaucherite-se-predizboren-potkup-na-sdsm-i-zaev-a-ustavniot-sud-ja-premolchi-ovaa-skandalozna-i-diskriminirachka-uredba-so-zakonska-sila-na-vladata/feed/ 0
Каракамишева-Јовановска: Ме интересира дали се јави @Sekerinska да лоцира фантоми гласачи во Избирачкиот список? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-jovanovska-me-interesira-dali-se-javi-sekerinska-da-locira-fantomi-glasachi-vo-izbirachkiot-spisok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-jovanovska-me-interesira-dali-se-javi-sekerinska-da-locira-fantomi-glasachi-vo-izbirachkiot-spisok/#respond Thu, 02 Jul 2020 10:16:02 +0000 https://kurir.mk/?p=367292

„Ме интересира дали се јави @Sekerinska да лоцира фантоми гласачи во Избирачкиот список, колку беа последниот пат, пола милион, така?“, пишува на својот ФБ профил проф. д-р Тања Каракамишева - Јовановска. „Сега молчи, а 10 години наназад ја слушаме фантоми, па фантоми. Ако сега не реагира на наводните фантоми НЕКА ЗАМОЛЧИ ЗА НАВЕК!
Одамна е прочитана книга!“, пишува Каракамишева - Јовановска.  

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-jovanovska-me-interesira-dali-se-javi-sekerinska-da-locira-fantomi-glasachi-vo-izbirachkiot-spisok/feed/ 0
Кракамишева-Јовановска: Уредба со која се гледа зошто им треба вонредната состојба – да злоупотребуваат буџетски средства и да вработуваат пред избори! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krakamisheva-jovanovska-uredba-so-koja-se-gleda-zoshto-im-treba-vonrednata-sostojba-da-zloupotrebuvaat-budzetski-sredstva-i-da-vrabotuvaat-pred-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krakamisheva-jovanovska-uredba-so-koja-se-gleda-zoshto-im-treba-vonrednata-sostojba-da-zloupotrebuvaat-budzetski-sredstva-i-da-vrabotuvaat-pred-izbori/#respond Tue, 16 Jun 2020 11:59:40 +0000 https://kurir.mk/?p=358616

Проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска реагира на најновата уредба, која според универзитетската професорка, е всушност Уредба со која се гледа зошто на Владата на Спасовски и треба вонредната состојба - за да и натаму злоупотребуваат буџетски средства и да вработуваат пред избори. Ви го пренесуваме целиот пост на Каракамишева-Јовановска. „Уредба каде е пропишано здравствени работници да бидат членови на избирачки одбори? Уредба во која е препишана уредбата за дополнување на првата уредба за прашања поврзани со изборниот процес? Уредба со која се гледа зошто им треба вонредната состојба-да злоупотребуваат буџетски средства и да вработуваат пред избори!
Еве и конкретно: 1. Во чл. 4 од новата уредба е препишана уредбата за дополнување на уредбата за прашања поврзани со изборниот процес од 10 јуни. Се создава правна забуна што со важноста на уредбата за дополнување на уредбата од 10 јуни? Дали таа престанува да важи? 2. Во чл.5, став 4 стои дека ДИК формира еден или повеќе посебни избирачки одбори составени од тројца здравствени работници кои ГО СПРОВЕДУВААТ ГЛАСАЊЕТО? Ова е спротивно на чл. 37, став 2, алинеја 1 од Изборниот законик каде стои дека Општинската изборна комисија го именува составот на избирачките одбори со решение и со депонирани потписи на членовите го доставува до ДИК. Како ќе се изберат токму здравствени работници да бидат членови на ИО? Исто така, треба да се потенцира во уредбата дека изборните резултати се пребројуваат и се објавуваат истиот ден кога ќе се одржи гласањето, и дека роковите од Изборниот законик за правото на приговори по однос на неправилностите во гласањето се применуваат и за гласањето 13 и 14 јули. Тоа значи подготвеност на сите изборни органи во полн капацитет. 3. Чл. 9 од Уредбата е повторно доказ дека власта сака да ги злоупотребува буџетските средства, да распределува помош која што практично е поткуп на гласачи и вонредно да вработува лица.“ пишува Каракамишева -Јовановска на ФБ.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krakamisheva-jovanovska-uredba-so-koja-se-gleda-zoshto-im-treba-vonrednata-sostojba-da-zloupotrebuvaat-budzetski-sredstva-i-da-vrabotuvaat-pred-izbori/feed/ 0
Каракамишева-Јовановска за Курир: АКО ВЛАДАТА ГРЕШИ, ДИК НЕ СМЕЕ ДА ПОМИСЛИ НА ГРЕШКА! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-jovanovska-za-kurir-ako-vladata-greshi-dik-ne-smee-da-pomisli-na-greshka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-jovanovska-za-kurir-ako-vladata-greshi-dik-ne-smee-da-pomisli-na-greshka/#respond Sat, 13 Jun 2020 08:40:03 +0000 https://kurir.mk/?p=357311

  На 10. јуни беше објавена Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес. Јавноста ќе каже ништо ново, секојдневие. Стручната јавност ќе каже правен срам, вели за Курир проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска, посочувајќи дека иако констатацијава за кршење на Уставот и на законите не е нова за оваа влада, сепак со уредбиве за избори се поминаа сите можни прагови на толеранција.   „Последнава уредба е спротивна на член 8, став 1, алинеја 1 и 3 од Уставот на Република Македонија, односно на основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени во Уставот и на владеењето на правото како темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија, на член 22, став 1 и 2 од Уставот, „Секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право. Избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање“, на член 23 од Уставот, „Секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции“, на член 51 од Уставот, во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите. Уредбата е во директна спротивност и со член 48, 49, 49-а, 50 и член 52 од Изборниот законик. Со уредбата Владата ги оневозможува граѓаните да извршат увид во Избирачкиот список во функција на непречено остварување на своето уставно загарантирано избирачко право. Исто така, уредбата го попречува уставното право на секој граѓанин кој во меѓувреме наполнил 18 години да може да се кандидира за носител на јавна функција-пратеник. Правото забранува арбитрерност во постапувањето на државните органи, а арбитрерноста се коси со владеењето на правото. Член 48 од Изборниот законик вели „Граѓанинот може во текот на целата година да бара да изврши увид во изводот од Избирачкиот список во службените простории на подрачните одделенија на Државната изборна комисија ... (2) Ако при увидот се утврди дека тој или друг граѓанин не е запишан во Избирачкиот список или се утврди дека треба да се изврши запишување, дополнување или бришење на податоците, до подрачното одделение на Државната изборна комисија има право да поднесе барање за запишување, дополнување или бришење на податоците со кое приложува и соодветна документација. . (4) Државната изборна комисија најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на барањето ќе ја провери точноста на податоците и приложените документи од страна на граѓанинот и ако утврди дека барањето е основано, со решение врз основа на веродостојна документација и согласно Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список ќе изврши запишување, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список, а во спротивно ќе донесе решение со кое ќе го одбие барањето. (5) Против решението на Државната изборна комисија граѓанинот во рок од три дена од денот на приемот на решението може да поднесе тужба за поведување управен спор до Управниот суд. Уредбата е спротивна е на член 49, став 5 од Изборниот законик каде е утврдено дека јавниот увид во Избирачкиот список трае 20 дена. Уредбата го игнорира ова право. Во став 6 од член 49 се утврдува правото на политичките партии во текот на јавниот увид до заклучувањето и потпишувањето на избирачкиот список да можат да направат увид на податоците во Избирачкиот список. Уредбата и ова право го игнорира. Уредбата се коси и со член 49-а, став 1 каде стои дека „ Во рок од пет дена од денот на завршување на јавниот увид Државната изборна комисија избирачкиот список го доставува до политичките партии“. Уредбата не го гарантира правото на граѓаните да извршат јавен увид на податоците кои ќе бидат содржани во Избирачкиот список по направените промени од страна на надлежните органи, ниту пак им дава можност на гласачите да поднесат барање за промена на евентуално грешните податоци внесени во Избирачкиот список, или да реагираат на евентуалните пропуштања од страна на надлежните органи да ги внесат сите граѓани во Избирачкиот спидок кои ги исполнуваат условите за остварување на избирачкото право што е основа за поднесување тужба на граѓаните до Управниот суд.  Јавниот увид на граѓаните во Избирачкиот список согласно Изборниот законик е 20 дена, а со уредбата таквото право на граѓаните им е ускратено. Исто така, оспорената Уредба ги оневозможува и политичките партии, кои согласно  член 49-а од Изборниот законик, во рок од пет дена од денот на приемот на избирачкиот список до Државната изборна комисија можат да доставуваат барање за запишување, дополнување или бришење на податоци. Државната изборна комисија по поднесеното барање одлучува со решение во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето, согласно Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список. Против решението од ставот (3) на овој член, може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. (5) Управниот суд е должен да одлучи во рок од 24 часа од денот на приемот на тужбата. Владата арбитрерно и своеволно го ограничува остварувањето на избирачкото право на граѓаните што е суштествена повреда на материјалното право поради кој правен факт може да се оспори законитоста и уставноста на изборниот процес. Едновремено, владата ги оневозможува граѓаните кои во меѓувреме навршиле 18 години да го остварат правото утврдено во чл. 23 од Уставот, да се кандидираат за вршење на јавната функција - пратеник. ДИК не смее да дозволи примена на вакви неуставни и незаконски уредби. ДИК е должен да се грижи за законитоста на изборните и да  го почитува Изборниот законик. Во спротивно, ако влезе во владината спирала на незаконитост и самата Комисија ќе биде кривично одговорна поради повреда на законитоста и на уставно загарантираните права на граѓаните,“ посочува во ставот за Курир, проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-jovanovska-za-kurir-ako-vladata-greshi-dik-ne-smee-da-pomisli-na-greshka/feed/ 0