професии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Sep 2023 07:14:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png професии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еве како заработувале Бајден, Борисов, Обама, Путин, Ердоган, Рама пред да станат политичари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/eve-kako-zarabotuvale-bajden-borisov-obama-putin-erdogan-rama-pred-da-stanat-politichari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/eve-kako-zarabotuvale-bajden-borisov-obama-putin-erdogan-rama-pred-da-stanat-politichari/#respond Wed, 27 Sep 2023 07:14:38 +0000 https://kurir.mk/?p=882122

Минатата година, во февруари, пошироката јавност беше изненадена кога дозна дека лидерот на Украина, Володимир Зеленски, бил комичар и актер пред неговата претседателска улога. Но, многу политичари имале интересни занимања пред да станат лидери на нивните земји. На Твитер профилот на World of Statistics е објавена листа на „Светските лидери биле некогаш“ каде наведуваат што правеле одредени светски лидери во младоста. Многумина знаат дека Зеленски е познат како комичар во Украина, но не е првпат претседател на една земја да биде комичар. Имено, Џими Моралес, претседателот на Гватемала од 2016 до 2020 година бил комичар. Поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, има црн појас во карате, а работел и како телохранител. Слични занимања имале и канадскиот премиер Џастин Трудо, кој работел како обезбедувач во ноќни клубови, гамбискиот претседател Адама Бароу, кој бил чувар и папата Франциско, кој исто така работел како обезбедувач во ноќен клуб. Некои од првите работни места на американските претседатели може да ве изненадат. Доналд Трамп собирал шишиња, Барак Обама продавал сладолед, а Џо Бајден бил работник за одржување. Рускиот претседател Владимир Путин имал кариера како таен агент во КГБ, а интересно е што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред студиите продавал лимонада и ѓевреци за да заработи џепарлак. Поранешниот руски премиет Дмитриј Медведев работел како чистач на улици. На списокот се најде и уште еден политичар од регионот, поточно поранешниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ, за кој се вели дека е композитор. Сепак, Јосиповиќ може да се пофали дека е и адвокат. Албанскиот премиер Еди Рама е познат по својот талент за сликање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/eve-kako-zarabotuvale-bajden-borisov-obama-putin-erdogan-rama-pred-da-stanat-politichari/feed/ 0
Јавна дебата на ИДУЕП: Што очекуваат младите од работодавачите и како до професии на иднината кои ќе ги задржат младите во земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-debata-na-iduep-shto-ochekuvaat-mladite-od-rabotodavachite-i-kako-do-profesii-na-idninata-koi-kje-gi-zadrzat-mladite-vo-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-debata-na-iduep-shto-ochekuvaat-mladite-od-rabotodavachite-i-kako-do-profesii-na-idninata-koi-kje-gi-zadrzat-mladite-vo-zemjava/#respond Wed, 06 Jul 2022 11:55:30 +0000 https://kurir.mk/?p=700974

Повеќе пракса отколку теоретска настава, поддршка од државата за обуки и развој на вештини на младите и развој на образовен систем кој ќе продуцира кадри според потребите на пазарот, како и поттик за развој на поширок спектар професии со кои вработувањето ќе биде загарантирано  – ова се само дел од решенијата за тоа како професиите на иднината да се прилагодат и да бидат од интерес и на младите и на работодавачите. Во рамки на дебатата во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи, (ИДУЕП) насловена „Што сакаат младите - Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“ младински, претставници на бизнис заедницата и граѓанскиот сектор разговараа за подигање на јавната свест за проблемот со младинска невработеност и како со конкретни предлози да се влијае врз креаторите на политики. „Целта на овие настани е да најдеме начини со кои ќе ги мотивираме младите да останат во земјава, да најдат работа по мерка или да отворат свои компании и да создадат нови типови на работни места, адаптирани на дигиталното време. Мора да се разговара отворено во македонското општество, директно да се каже кои се професиите на иднината, како и што бараат младите од една, а што очекуваат бизнисите од друга страна. Само на ваков начин може да се направи синергија и долго посакуваната поврзаност на двете страни на пазарот на трудот. Во втората фаза, планираме да ги вклучиме и креаторите на политики на централно и локално ниво, а целта на дебатите и проектот е до крајот на оваа година да извлечеме препораки кои ќе ги доставиме општествено-политичките чинители, бизнис заедницата и младински организации“, изјави Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на ИДУЕП. Претседателот на Младинскиот сојуз, Методија Стојчески посочи дека младите бараат флексибилно работно време, можности за онлајн или работа од далечина, како и очекувањата за висока плата и примања. „Еден од проблемите е во тоа што можеби недоволно се цена т.н. секојдневни или основни професии на кои е неопходно да им се врати дигнитетот и почитта. Тоа се професиите како механичари, заварувачи, пекари итн., односно професиите кои во моментот ги нема во државата“, рече Стојчески. Според официјалната статистика, во земјава се бележи висок процент на младинска невработеност, а дел од компаниите велат дека има недостаток на кадри. Каде е јазот меѓу перцепцијата и бројките? И младите и граѓанските организации, но и бизнис секторот се согласни дека проблемот е во недостаток на пракса, како и дека треба да се вложува во конкретна обука и соодветно образование на младите за да се креираат профили според потребите на пазарот на трудот. Целосно видео од настанот е достапно на следниот линк: https://fb.watch/e52hzvKpep/ Бизнис заедницата вели дека недостасуваат кадри со практично знаење и сметаат дека државата треба да им даде поддршка во обука на новите млади кадри. „Студентите немаат практично туку само теоретско знаење. До сега за секој вработен млад, истовремено вложуваме и месеци обука за да се научи да работи според правилата за работа во компанијата и секторот. Едноставно имаме недостиг на квалитетен кадар“, вели Иван Иванов, сопственик на ИТ компанија. Тој, како едно од решенијата, предлага државата делумно да ги ослободува од данок компаниите, а истовремено тие средства да бидат наменети за обука за практикантите. „Проблемот не е во недостиг на работни места туку во недостиг на соодветни кадри поради што мора да се вложува во обука“, смета и Деспина Жупан, која е сопственичка на маркетинг компанија. И таа решението го гледа во поддршка од државата и поволности за компании кои директно инвестираат во обука на вработените. Стефан Поп Ацев, дел од „Тим 40“ при Стопанската комора на Северна Македонија посочи дека желбата за работа кај младите треба да се развива и гради уште од најрана возраст како заедничка цел и стратегија на сите чинители во општеството. „Денес, многу често по завршување високо образование, голем дел од младите немаат практичка обука. Предлагам да се разгледаат можности како професорите да ги вклучуваат студентите и да работат заедно со нив на проекти и надвор од факултетот. Така ќе има бенефит и за академската заедница, но и искуство и пракса за студентите, како и побогато си-ви за нивните први вработувања“, истакна Поп Ацев. Михаил Кирков, претседател на трговска комора при Сојузот на стопански комори смета дека генерално проблемот е и во недостаток на поширок спектар на професии. „Ги запоставивме малите професии каде што не треба факултетска диплома, но треба искуство, кое ќе ги направи вешти во својата професија и ќе бидат одлични, а така и добро платени. Треба да се поведе сметка за сите професии – не само тие што се модерни и високо платени, туку да се креираат кадри за сите професии“, вели Кирков. Воведување на концепт на дуално образование и на повисоко ниво според германскиот модел кој е комбинација од теорија и пракса е можно решение на проблемот, посочи Теодора Бошкова од Институтот „Хајделбер“ Скопје. Според неа на овој начин се креираат кадри според потребите на индустријата и пазарот уште од студентско ниво. Праксата и специјализацијата се најважна алка за успех и мотивација, сметаат младите. Лука Павиќевиќ, претседател на Сојузот на средношколци вели дека “вештините мора да им бидат пренесени на студентите“. „Завршувањето на факултетот не треба да биде првиот критериум за да се најде работа туку практичното знаење. На пример во Англија статистиката покажува дека матурантите од стручните училишта имаат пет пати поголеми примања отколку оние што завршиле факултет. А, кај нас ученици во стручните училишта стравувајќи од тоа дали ќе најдат работа само со завршено средно образование се запишуваат и на факултет и потоа  се случува да не се вработат на соодветното место за кое се специјализирани“ рече Павиќевиќ. Според граѓанските организации нужен е процесот на континуирано учење и обуки. Билјана Стојчевска од „Младински сојуз Крушево“ вели дека решението е во “стратегија за континуирано учење“, како и дека граѓанскиот сектор исто така има можности преку разни проекти да го надополни јазот што го нуди образовниот систем преку овозможување обуки за развој на вештини. Бојан Никовски, политиколог, кој во моментов работи во локалната власт смета дека многу е важна и мотивацијата за работа кај младите луѓе. „Пазарот самиот по себе е механизам за да ги мотивираме младите да работат. На пример, кога имаме дефицит на некоја професија, самата понудата односно платите природно се зголемуваат. Но, ако немаме млади желни за работа никогаш нема да ги пополниме празнините. И според мене тука е главниот проблем што треба да се реши“, вели Никовски. Ова е прва од серијата јавни дебати за тоа какви младински профили му се потребни на пазарот на труд, но и како компаниите да инвестираат во развој на соодветните вештини и знаења на вработените. Дебатите се во рамки на проектот „Што сакаат младите –Професиите на иднината бараат вештини денес“ кој се имплементира од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи. Овој проект е субгрантиран од страна на фондацијата „Ана и Владе Дивац“, Младинскиот сојуз Крушево и 3 партнерски организации од регионот, а финансиран од Европската Унија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-debata-na-iduep-shto-ochekuvaat-mladite-od-rabotodavachite-i-kako-do-profesii-na-idninata-koi-kje-gi-zadrzat-mladite-vo-zemjava/feed/ 0
Овие професии им се одбивни на мажите не сакаат жените да се занимаваат со нив https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-profesii-im-se-odbivni-na-mazite-ne-sakaat-zenite-da-se-zanimavaat-so-niv/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-profesii-im-se-odbivni-na-mazite-ne-sakaat-zenite-da-se-zanimavaat-so-niv/#respond Fri, 01 Apr 2022 18:57:43 +0000 https://kurir.mk/?p=657153

Страницата „YourTango“ спровела анкета и ги прашала мажите дали професијата на нивната партнерка има врска со нејзината привлечност, како и успехот на љубовната врска. Модели/Телевизиски личности Жените коишто се занимаваат со оваа професија многу бараат. Бев во несреќен брак со репортерка три години, нејзините смени беа турбулентни, повеќе беше отсутна, отколку дома. Мојата сопруга работеше на телевизија и мажите постојано ѝ се додворуваа. Тоа ми беше страшно затоа што не сакав да бидам љубоморен и имам проблем со другите мажи. Тешко е да гледате кога некој којшто го сакате е во постојана опасност од мажи кои флертуваат. Уметнички Мојата поранешна девојка беше уметничка. Кога разговаравме за животот и сериозни работи ми изгледаше како таа да не сака да прави ништо поисплатливо. Докторки И мојата поранешна сопруга и јас бевме доктори. Постојано влегувавме во конфликти. И двајцата сме многу доминантни и не успеавме во љубовта и покрај тоа што се сакавме многу. Поради тоа си ветив дека никогаш повеќе нема да бидам заедно со колешка. Сегашната сопруга е терапевт и ми се допаѓа тоа што ми дозволува да доминирам. Адвокатки Моето најлошо искуство беше со адвокатка. Нивното високо очекување едноставно ретко кога се поклопуваше со моето. Тие бараат мажи кои не постојат, господари на универзумот, богати со врски во правосудството и другите државни органи. Едноставно, уште на првиот состанок забележувам дека јас не можам да им помогнам во тоа. Актерки Иако тоа е само работа и улога, но навистина не би поднел девојка ми или сопругата да се бакнува со друг на филм или претстава. Би ми било непријатно да го гледам тоа и би се чувствувал лошо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-profesii-im-se-odbivni-na-mazite-ne-sakaat-zenite-da-se-zanimavaat-so-niv/feed/ 0
Кои професии се најплатени во Македонија, а кој има најниска плата? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koi-profesii-se-najplateni-vo-makedonija-a-koj-ima-najniska-plata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koi-profesii-se-najplateni-vo-makedonija-a-koj-ima-najniska-plata/#respond Tue, 20 Jul 2021 16:15:58 +0000 https://kurir.mk/?p=539383

Програмерите имаат високи, а текстилните работници многу ниски плати. Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, на врвот, со највиски примања убедливо се програмерите. Тие земаат во просек над 72.000 денари, што е раст за 10 отсто во однос на истиот период минатата година. Веднаш зад нив се вработените во фармацијата, каде просекот е над 47.000 денари. Следни се лицата кои работат во финансиските дејности, телекомуникациите, воздухополовниот транспорт, управувањето со отпад и управувачки дејности. Најмали се платите во текстилната индустрија. Во секторот  производство на текстил просечната плата е над 22.600 денари, а кај производството на облека над 17.500 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koi-profesii-se-najplateni-vo-makedonija-a-koj-ima-najniska-plata/feed/ 0
Жените најмногу сакаат доктори, а мажите се „палат“ на жени од овие професии https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zenite-najmnogu-sakaat-doktori-a-mazite-se-palat-na-zeni-od-ovie-profesii/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zenite-najmnogu-sakaat-doktori-a-mazite-se-palat-na-zeni-od-ovie-profesii/#respond Fri, 16 Jul 2021 15:32:08 +0000 https://kurir.mk/?p=537868

Жените кои сакаат да исправаат неправди, а притоа остануваат ладнокрвни и не драматизираат. Ова е добитната комбинација за мажите кога се во прашање нивните желби. И додека жените главно најмногу сакаат доктори, едно истражување покажа дека на  мажите најчесто им се допаѓаат адвокатки или новинарки. Освен адвокатки, кои истовремено се борат за човековите права, на врвот на машката листа се наоѓаат и новинарките, бидејќи нив мажите ги доживуваат како интелигентни, со брзи реакции и секси стил. Доколку сте маж, треба да знаете дека доктор е најпривлечната професија за жените, кои ги гледаат како грижливи, полни со поддршка и авторитет. Истражувањето го спроведе Мари Балфор, која ја предводи првата британска агенција за пронаоѓање двојки со навршени 30 години. Адвокатките кои се борат за човековите права и новинарките беа оценети како најпривлелни и „жени од сништата“, додека за жените тоа беа докторите, архитектите или некои креативни занимања. Оваа анкета покажува дека модерните жени очигледно бараат маж кој се занимава со креативна работа или оние во кои се искажува грижа кон другите, додека моќниците, како што се банкарите, се во втор план.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zenite-najmnogu-sakaat-doktori-a-mazite-se-palat-na-zeni-od-ovie-profesii/feed/ 0
Во кои професии има најголем број на слободни работни места во Македонија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-koi-profesii-ima-najgolem-broj-na-slobodni-rabotni-mesta-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-koi-profesii-ima-najgolem-broj-na-slobodni-rabotni-mesta-vo-makedonija/#respond Tue, 01 Jun 2021 11:18:56 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517659

Во првото тримесечје од 2021 година стапката на слободни работни места изнесува 1,58 проценти. Најголем број слободни работни места – 2.103 има во петтата група занимања – работници во услужни дејности и продажба. Според податоците на Државниот завод за статистика, највисока стапка на слободни работни места од 4,98 проценти има секторот градежништво, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 0,15 проценти. Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,39 отсто. Скопскиот регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1,80 проценти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-koi-profesii-ima-najgolem-broj-na-slobodni-rabotni-mesta-vo-makedonija/feed/ 0
Овие професии се најмногу платени во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-profesii-se-najmnogu-plateni-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-profesii-se-najmnogu-plateni-vo-makedonija/#respond Sun, 23 May 2021 17:41:36 +0000 https://kurir.mk/?p=514150

Просечната месечна нето-плата во март годинава изнесува 28.217 денари и бележи раст од лани истиот месец за 6,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Според Статистика, највисоката плата во март била 107.022 денари. Толкава плата е исплатена во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности. Податоците покажуваат дека по оваа, највисока плата е 73.657 денари во дејноста телекомуникации, потоа следува дејноста производство на основни фармацевски производи и фармацевски препарати со 70.008 денари. Следува дејноста финансиски услуги, освен осигурување и пензиски фондови со 66.933 и воздухопловен транспорт со 64.338 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-profesii-se-najmnogu-plateni-vo-makedonija/feed/ 0
Луѓето од овие професии најчесто имаат секс – најмногу ќе ги жалите адвокатите… https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/lugjeto-od-ovie-profesii-najchesto-imaat-seks-najmnogu-kje-gi-zalite-advokatite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/lugjeto-od-ovie-profesii-najchesto-imaat-seks-najmnogu-kje-gi-zalite-advokatite/#respond Mon, 10 May 2021 13:43:32 +0000 https://kurir.mk/?p=508531

Истражување спроведено од Lelo UK се позанимава со откривањето каква е поврзаноста меѓу сексуалниот живот и изборот на занимање. Резултатите покажаа кои луѓе од различни професии имаат најбогат, а кои најсиромашен сексуален живот. Во истражувањето учествувале 2.000 мажи и жени, а резултатите покажуваат дека најмногу секс имаат фармерите. Дури 33 проценти од нив изјавиле дека имаат сексуални односи најмалку еднаш на ден. Веднаш зад нив се архитектите, од кои 21 процент има сексуални односи најмалку еднаш дневно, а трети на листата се фризерите со 17 проценти. Лоши вести добиле од новинарите, секој петти анкетиран новинар тврди дека секс има еднаш месечно. Не им е лесно ниту на адвокатите, кои се покажале како луѓе кои е најтешко да ги задоволите, дури 27% од нив признале дека глумат оргазам секој пат кога имаат секс. „Во секоја професија постојат одредени сличности, но важно е да се земе во обѕир дека постојат бројни индивидуални разлики кои влијаат на човечката сексуалност. Секако, очекувавме дека ќе постојат некои трендови, на пример количината на физичка активност кај фармерите, за разлика од некој кој се занимава со канцелариска работа, што влијае на количината на физичка подготвеност и енергија. Факторите на животниот стил кои работата ни ги наметнува имаат големо влијание не само на сексуалните аспекти на нашите животи туку општо и на квалитетот на живеење“, вели Кејт Мојл од Lelo UK.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/lugjeto-od-ovie-profesii-najchesto-imaat-seks-najmnogu-kje-gi-zalite-advokatite/feed/ 0
Ова се најдосадните професии во светот – проверете дали вашата е меѓу нив https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-se-najdosadnite-profesii-vo-svetot-proverete-dali-vashata-e-megju-niv/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-se-najdosadnite-profesii-vo-svetot-proverete-dali-vashata-e-megju-niv/#respond Wed, 10 Feb 2021 21:33:12 +0000 https://kurir.mk/?p=467054

„Емолјумент“, веб страница која се занимава со истражување на бизнис светот, спровела истражување во кое 1.300 вработени од 14 различни сектори биле испитувани дали им е досадно додека работат и на основа на тоа ја направиле листата на најдосадни професии во светот. Според резултатите, најдосадно им е на оние вработени во правниот сектор, осум до десет лица одговориле дека работата не им е интересна, без оглед на која позиција се и колку долго ја работат таа работа. Зад нив на листата со најдосадни професии се вработените во сметководството, банкарството, продажбата и системот за поддршка на корисниците. Правни професии (81%) Менаџери на проекти (78%) Функции за поддршка (71%) Контрола на финансии (68%) Советување и сметководство (67%)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-se-najdosadnite-profesii-vo-svetot-proverete-dali-vashata-e-megju-niv/feed/ 0
Во овие професии се кријат лицата кои најмногу изневеруваат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-ovie-profesii-se-krijat-licata-koi-najmnogu-izneveruvaat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-ovie-profesii-se-krijat-licata-koi-najmnogu-izneveruvaat/#respond Mon, 23 Nov 2020 11:44:57 +0000 https://kurir.mk/?p=433174

Ако сакате да знаете припадниците на кои професии се склони да го изневерат „без око да им трепне“својот партнер, сопствениците на еден американски потал за познанства со помош на своите анонимни членови кои се во брак ја направиле следнава анализа која вели: Се покажало дека најневерни се мажите во своите четириесетти години, кои се во брак десет или повеќе години и имаат деца постари од десет години. Од вкупно 11 453 мажи што учествувале во анкетата на ова необично истражување, најголем процент  од неверните мажи се вклучени во ИТ бизнисот и разни дејности поврзани со тоа. Во проценти тоа е 10,6%. Втори на листата на „измамници“ се оние од финансискиот сектор и нивниот број е 8,2%. За изненадување, веднаш после нив, на трето место се просветните работници со 6,5%. Во групата на неверни мажи на четврто место се сместиле лекарите, односно 4,6% од вкупниот број на анкетирани, додека адвокатите се на петто место со 3,8% од вкупниот број. Ова истражување не ги поштедува ни жените, па така овој портал спроведува анонимна анкета помеѓу 2865 мажени жени и открива дека жената што најмногу изневерува е жена во своите триесетти години, во брак е не повеќе од пет години и има дете помало од 3 години. Најчесто тоа се учителки, домаќинки и медицински сестри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-ovie-profesii-se-krijat-licata-koi-najmnogu-izneveruvaat/feed/ 0