професија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 Aug 2022 21:01:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png професија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Проверете дали вашата е помеѓу нив: Професии кои имаат лошо влијание врз здравјето https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/proverete-dali-vashata-e-pomegju-niv-profesii-koi-imaat-losho-vlijanie-vrz-zdravjeto-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/proverete-dali-vashata-e-pomegju-niv-profesii-koi-imaat-losho-vlijanie-vrz-zdravjeto-2/#respond Tue, 16 Aug 2022 21:01:49 +0000 https://kurir.mk/?p=719531

Поединечни професии буквално го уништуваат физичкото и психичкото здравје. Дури 26 отсто од вработените во стресни професии бараат помош од доктори, покажува новото истражување спроведено на универзитетот во Јужна Калифорнија. Респираторните болести се највисоко на врвот на листата во однос на сите други професионални заболувања. Тие се појавуваат кај градежни работници, а најчеста болест е азбестозата – прогресивна болест која настанува со вдишување на азбестни материјали. Симптомите предизвикани од прашината на градилиштата се притисок во градите, кашлица, неправилно дишење како и дишење со напор. Артритис на стопaлата предизвикан од константното стоење најмногу ги погодува учителите и професорите. Затоа им се препорачуваат удобни чевли со анатомски влошки со апсолутно одбегнување на високи потпетици, советуваат експертите. Пореметувањето во спиењето е предизвикано од работата во смени. Променетиот ритам на спиење и будноста можат да предизвикаат недостаток на енергија, појава на зачестени главоболки, отежната концентрација и промени во расположението. Последиците од ваквата лоша психофизичка состојба можат да бидат сериозни грешки и несреќи. Депресијата е речиси сигурен исход за поголемиот дел од оние кои работат прекувремено односно подолго од 11 часа. Кај нив двојно се зголемува веројатноста за силен напад на депресија. Депресијата може да се појави и кај луѓе кои заработуваат, грижејќи се за други лица, како што е домашната нега. Дури 11 отсто од вработените имале тежок облик на депресија поради чувство на немоќ, во однос на болната личност која очекува помош. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/proverete-dali-vashata-e-pomegju-niv-profesii-koi-imaat-losho-vlijanie-vrz-zdravjeto-2/feed/ 0
Ова дефинитивно никој не го очекуваше: Ким Кардашијан тргнува по стапките на својот татко со надеж дека луѓето ќе ја сфатат посериозно – „Ќе станам адвокатка!“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ova-definitivno-nikoj-ne-go-ochekuvashe-kim-kardashijan-trgnuva-po-stapkite-na-svojot-tatko-so-nadez-deka-lugjeto-kje-ja-sfatat-poseriozno-kje-stanam-advokatka/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ova-definitivno-nikoj-ne-go-ochekuvashe-kim-kardashijan-trgnuva-po-stapkite-na-svojot-tatko-so-nadez-deka-lugjeto-kje-ja-sfatat-poseriozno-kje-stanam-advokatka/#respond Mon, 28 Mar 2022 20:53:15 +0000 https://kurir.mk/?p=654835

Ким Кардашијан тврди дека има уште една улога во животот што треба да ја одигра и се надева дека луѓето ќе почнат да ја сфаќаат многу посериозно. Тоа е улогата на адвокат. Ѕвездата на реално шоу, мајка, сопственичка на компанија и актерка во многу други познати и неславни улоги, по бурниот развод од раперот Кање Вест, во неодамнешното интервју за Vogue Hong Kong изјави: – Сонувам да создадам успешна адвокатска канцеларија по примерот на татко ми Роберт Кардашијан, кој беше познат адвокат. Таа објасни дека нејзиниот татко значително влијаел врз одлуката да тргне по неговите стапки и дека нема да се откаже. – Дефинитивно ми влијаеше дружењето со татко ми во неговата канцеларија. Желбата да се занимавам со оваа работа со години ја носам во душата и многу сум горда што сега ќе ја реализирам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ova-definitivno-nikoj-ne-go-ochekuvashe-kim-kardashijan-trgnuva-po-stapkite-na-svojot-tatko-so-nadez-deka-lugjeto-kje-ja-sfatat-poseriozno-kje-stanam-advokatka/feed/ 0
За луѓето кои страдаат од депресија: Ова се идеалните професии за вас https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-lugjeto-koi-stradaat-od-depresija-ova-se-idealnite-profesii-za-vas/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-lugjeto-koi-stradaat-od-depresija-ova-se-idealnite-profesii-za-vas/#respond Tue, 10 Aug 2021 20:21:45 +0000 https://kurir.mk/?p=548957

Луѓето кои страдаат од депресија не треба да се избегнуваат како работници, всушност, нив треба да им се даде вистинска работа, која ќе ја извршуваат добро, а притоа и тие ќе се чувствуваат подобро. Експертите тврдат дека луѓето, кои страдаат од депресија, се вредни работници и кога ќе зацртаат некој план или идеја, тие можат да станат одлични во својата работа. Се разбира, не сите луѓе можат да ја прават истата работа со еднаков ефект и се советува дека депресивните луѓе треба да ги избегнуваат стресните работни места, кои вклучуваат интеракција со јавноста и постојан притисок на околината. Многу студии покажуваат дека работата може да донесе здравје и да ја намали депресијата, но ситуацијата треба добро да се испита. Секојдневното одење на работа, носи некои придобивки, како што се: -социјализација -физичка и ментална активност -структура на работниот ден -чувство за успех -социјален статус -финансиска стабилно -чувство на способност -способност за подобрување на вештините Затоа е важно депресивните луѓе да добијат работа и можност за напредок и личен развој. Еве кои работни места им се препорачуваат на оние кои страдаат од депресија: 1.Работа на отворено Работата на отворено е природен лек за депресијата, велат експертите, и има многу работни места кои вклучуваат работа на отворено. Некои од примерите се: градинарство, работа во стаклена градина, чувари на паркови, градежништво и шумарство, и слично. Сите овие работи се вршат надвор од канцеларијата, па луѓето се чувствуваат подобро. 2.Креативни работни места Ако помислата дека работате надвор ви предизвикува страв, тогаш можеби повеќе сте заинтересирани за креативна работа. Постојат многу различни работни места за луѓе со депресија, кои ги привлекува уметничката страна. Всушност, некои експерти сметаат дека депресивните луѓе имаат покреативен ум од другите. Вистинските докази се Ван Гог и Чајковски, двајцата креативци, кои претрпеле многу, а се доказ за вистинска уметност. Затоа, работните места како кустос, работник во уметничка галерија, работа во библиотека, писател или новинар и слични професии можат да им помогнат на депресивните луѓе полесно да се изразуваат. 3.Работа со животни Познато е дека животните имаат смирувачко влијание врз луѓето. Имено, истражувањата покажаа дека вдомувањето на животни води до ослободување на хемиско соединение наречено окситоцин, познато како „љубовен хормон” и за сопственикот и за животното. Ако се плашите од одредени животни, секогаш можеш да вдомите некое кое ви е при срце. На крајот на краиштата, тоа сепак не може да ви наштети. Работите кои вклучуваат работа со животни се: шетање на кучиња, чување на животни додека сопственикот не е дома, одгледување и тренирање на животни, ветеринарство, фотографирање на животни, шишање и бањање на животни и слично.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-lugjeto-koi-stradaat-od-depresija-ova-se-idealnite-profesii-za-vas/feed/ 0
Лицата кои се занимаваат со овие професии најмногу изневеруваат! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/licata-koi-se-zanimavaat-so-ovie-profesii-najmnogu-izneveruvaat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/licata-koi-se-zanimavaat-so-ovie-profesii-najmnogu-izneveruvaat/#respond Tue, 04 May 2021 17:13:00 +0000 https://kurir.mk/?p=505520

Британско истражување спроведено одамна на 970.000 испитаници открива дека најчесто изневеруваат луѓето кои се занимаваат со следниве професии: Финансиски сектор Претежно, овде станува збор за брокери и банкари. 18% од нив признале дека барем еднаш го изневериле партнерот. Менаџмент и човечки ресурси Во областа на менаџментот и човечките ресурси, 12% признале неверство. Директори и самовработени Дека моќта е привлечна, покажува и ова истражување. Околу 8% од луѓето на директорска позиција признале дека ги изневериле своите партнери. Информатички технологии и комуникации Информатичарите не се бубалици, а тоа го докажува податокот дека 6% од луѓето во овој сектор ги изнверуваат своите партнери. Сметководители На петтото место се наоѓаат сметководителите. Според истражувањето, 5% од нив признале неверство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/licata-koi-se-zanimavaat-so-ovie-profesii-najmnogu-izneveruvaat/feed/ 0
Откриено: Шаманството најстара професија во светот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/otkrieno-shamanstvoto-najstara-profesija-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/otkrieno-shamanstvoto-najstara-profesija-vo-svetot/#respond Tue, 18 Dec 2018 14:01:16 +0000 https://kurir.mk/?p=141893

Наспроти урбаниот мит и уверувањата, науката откри дека најстара професија во светот е шаманството. Истражувачот од харвардската Школа за уметности и наука, Мануир Синг смета дека древните народи навистина биле убедени дека шаманите можат да управуваат со времето, да обезбедат успех во ловот, како и да лекуваат болести. Волшебниците биле посебна општествена класа, која заработувала од својата моќ и углед. Пред да стане „полноправен“ шаман, човек требало да мине низ посебен обред на иницијација, што вклучувал редица сложени предизвици. Токму тоа ги издвојувало „избраните“ од останатите членови на племето, а и го утврдувало правото на шаманот да прави маѓии. Според Синг, токму таа „обука“ го определува шаманството како посебна професија, која не можел секој да ја извршува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/otkrieno-shamanstvoto-najstara-profesija-vo-svetot/feed/ 0
Мажите најмногу се возбудуваат од жените што се занимаваат со оваа професија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mazite-najmnogu-se-vozbuduvaat-od-zenite-shto-se-zanimavaat-so-ovaa-profesija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mazite-najmnogu-se-vozbuduvaat-od-zenite-shto-se-zanimavaat-so-ovaa-profesija/#respond Tue, 27 Nov 2018 21:49:06 +0000 https://kurir.mk/?p=132102

Популарната дејтинг апликација Happn анализирала податоци од 1,7 милиони корисници… Анализата помогнала да се открие кариерата што може да ве доведат до мажите или жените на вашите соништа. Докажано е дека мажите најмногу ги привлекуваат жени што се занимаваат со маркетинг, медицински сестри и дизајнери. Дамите најмногу биле заинтересирани за доктори, инженери, економски аналитичари, банкари и наставници. Двата пола само се согласиле заедно дека правниците се најсекси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mazite-najmnogu-se-vozbuduvaat-od-zenite-shto-se-zanimavaat-so-ovaa-profesija/feed/ 0
Која е најбаранaта професија во Македонија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/koja-e-najbaranata-profesija-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/koja-e-najbaranata-profesija-vo-makedonija/#respond Wed, 08 Aug 2018 08:55:17 +0000 https://kurir.mk/?p=85716

Хигиеничари на станбен и деловен простор е најбараната професија за вработување. Во бироата за вработување во земјава според нивните податоци се бараат 1.363 хигиеничари. Меѓу најбараните се и продавачите за кои има објавено огласи за 366 вработувања, шивачите на текстил 220, келнери 193, возачи на такси 192, шивачи 165, општи работници 134, обезбедувачи 120, контролори на шиени и слични производи 99. Се бараат и 99 програмери, 92 готвачи, 90 магационери, 77 административни службеници, 77 шанкери, 73 касиери, 58 возачи на камиони, 57 бравари, 51 ракувач со машина за пакување, 46 пекари, 44 администратори, 44 ракувачи со машина за печива, 40 работници во висока градба, 38 дистрибутери во малопродажба, 37 градежни работници и 35 помошници кувари. Слободни работни места според податоците на Бирото за вработување се над 5.000. Најмногу слободни работни места има во Скопје 3.516, следи Виница со 511, Кочани со 142, Куманово со 113, Битола со 107, Струмица со 105, Тетово 95..... Бројот на невработени лица заклучно со јули 2018 година изнесува 95.421. Најмногу има во Скопје 15.836, Тетово 11.469, прилеп 6.820... Најбројни невработени се оние без образование- 41.628, со непотполно средно образование-13.240, а со завршено средно се 26.584. Невработени со завршен факулет се 11.495, 909 магистри и 33 доктори на науки. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/koja-e-najbaranata-profesija-vo-makedonija/feed/ 0
Ова се професии за вас ако не поднесувате колеги https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-se-profesii-za-vas-ako-ne-podnesuvate-kolegi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-se-profesii-za-vas-ako-ne-podnesuvate-kolegi/#respond Mon, 30 Jul 2018 18:51:37 +0000 https://kurir.mk/?p=81264

Не сите сме тимски играчи и не треба од секого да се очекува да се снајде во голем колектив. Некои луѓе, едноставно, најдобро се снаоѓаат во индивидуалните професии кои бараат што помалку контакти со други лица. Сподед податоците на Департментот за труд во САД, постојат одредени професии кои би биле идеални за ваквите индивидуалци, но кои ниту тие ќе го чувствуваат притисокот на тимот, ниту пак некој друг ќе мора да се прилагодува на нив. Така, меѓу професиите кои бараат најмалку човечки контакт се изработувач на калапи, саатчии, превозници на земјоделски алати, но и математичари кои не се наставници во училишта, ниту пак на каков било начин предаваат некаде. Потоа следуваат економисти кои се занимаваат со монетарна и фискална економија, керамичари и вајари, како и изработувачи на најразлични украси и накит наменет за продажба, но не и по порачка. Меѓу професиите кои се препорачливи за антисоцијални луѓе се и рачната работа како што е обработка или полирање на материјали и тестирање на геолошки примероци во лабораторија. Овие луѓе лесно би се снашле и во производствен погон каде имаат точно одредена задача, на пример мониторинг на процесот и интервенција доколку тоа е потребно. Во текстилната индустрија можете да ги најдете кај кројачите или шивачите кои ги спојуваат искроените парчиња, пред да ги предадат на крајна доработка. Исто така, одлично им „лежи" и рачна работа, како што се плетење, шиење, изработка на накит и модни додатоци, како и домашна козметика. Последните три професии во кои антисоцијалните луѓе најлесно се снаоѓаат се пишувањето (поезија, проза, есеи, па дури и книги), земјоделците и фармерите кои домашно одгледуваат зеленчук и обработуваат земја, а по нив следат ловците, кои ловат диви животни за различни намени. Но, врв во новите професии се секако блогерите, осамени професионалци кои комуницираат со иладници други луѓе но, ни по која цена не сакаат да се сретнат со никого од нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-se-profesii-za-vas-ako-ne-podnesuvate-kolegi/feed/ 0
Документот со податоците за новородениот принц Луис откри што се по професија неговите родители (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dokumentot-so-podatocite-za-novorodeniot-princ-luis-otkri-shto-se-po-profesija-negovite-roditeli-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dokumentot-so-podatocite-za-novorodeniot-princ-luis-otkri-shto-se-po-profesija-negovite-roditeli-foto/#respond Wed, 02 May 2018 17:48:25 +0000 https://kurir.mk/?p=48914

Вчера светската јавност за прв пат имаше можност да го види документот на најмладиот член на кралското семејство роден пред само две недели. Станува збор за изводот од матичната книга на родените каде се содржи името, датумот на раѓањето, како и податоци за двајцата родители. Принцот Луи е роден на 23 април, а неговото целосно име е Луис Артур Чарлс од Кембриџ. Во овој документ се наведуваат и професиите на двајцата родители кои според многумина привлече големо внимание. Принцот Вилијам Артур Филип Луи, војводата од Кембриџ по професија е принц на Велика Британија, додека принцезата Кетрин Елизабет, војвотката од Кембриџ е принцеза на Велика Британија. Иако е познато дека тие дипломирале историја на уметноста сепак по професија навеле дека се принц и принцеза, погледнете.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dokumentot-so-podatocite-za-novorodeniot-princ-luis-otkri-shto-se-po-profesija-negovite-roditeli-foto/feed/ 0
Му стана досадно од музиката: Славниот српски музичар ја менува професијата https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mu-stana-dosadno-od-muzikata-slavniot-srpski-muzichar-ja-menuva-profesijata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mu-stana-dosadno-od-muzikata-slavniot-srpski-muzichar-ja-menuva-profesijata/#respond Wed, 04 Apr 2018 19:02:34 +0000 https://kurir.mk/?p=36531

Музичарот Џоле Џогани долг низ години е на српската естрада, но судејќи по последните информации решил професијата. Имено, популарниот музичар планира да го батали пеењето и да се посвети на кулинарството. -После се ова, кога малку ќе се стишам околу работата, околу се, мене следниот чекор ќе биде професионално да се занимавам со готвењето, изјави Џоле Џогани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mu-stana-dosadno-od-muzikata-slavniot-srpski-muzichar-ja-menuva-profesijata/feed/ 0