професионални војници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Dec 2022 11:08:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png професионални војници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Армијата примени 200 професионални војници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-armijata-primeni-200-profesionalni-vojnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-armijata-primeni-200-profesionalni-vojnici/#respond Wed, 28 Dec 2022 11:08:10 +0000 https://kurir.mk/?p=781607

Во Армијата на Република Северна Македонија денеска се приклучија 200 нови професионални војници на кои решенијата за работа им ги додели министерката за одбрана Славјанка Петровска на свечена церемонија во касарната „Илинден“ во Скопје. Министерката упати честитки и изрази задоволство што младите војници одлучиле да и служат на татковината. -Бидете горди затоа што станувате дел од институција која е најпочитувана, најценета институција која својот углед го има изградено затоа што секогаш и секаде била прва во помошта на нашите граѓани, силна опремена модернизирана армија способна да одговори на сите предизвици, тоа е армијата на РСМ. Денес е институција која ужива најголема доверба кај граѓаните и тоа е огромна чест а и обврска за сите да нас. За да успеете во таа цел не сте сами, Министерството за одбрана и Генералштабот се со вас. Нашата задача е да бидете добро опремени да работите во одлични услови, да имате ново и модерно вооружување, да имате плати кои одговараат на вашиот труд, енергија и знаење, порача Петровска. Новопримените војници, нагласи таа, сега се дел од НАТО семејството. -Денеска вие станувате дел од нешто што е поголемо од сите нас, денеска вие сте дел од НАТО Алијансата која е безбедносен чадор за повеќе од една милијарда луѓе во светот. Вие сте сега НАТО војници, ќе имате прилика да учествувате во НАТО обуките, да бидете дел од различни НАТО мисии и да ја покажете истата вештина и истото знање како и вашите колеги, изјави министерката. Информира дека Буџетот за одбраната за 2023 година изнесува 274 милиони евра. -Тоа се средства кои по различни основи се наменети за континуирано покачување на платите, надомест за станарина од првиот месец на стапување на должност, набавка на нова софистицирана опрема, надоместоци за зголемено учество на мисии, поддршка за вежби, појасни министерката. Викторија Јовановска, која е една од новопримените војниците истакна дека и е чест и задоволство да ја носи униформата и да им служи на граѓаните. -Чест и задоволство е да се носи оваа униформа, голема мотивација ми беше во 2019 да служам добролволно воен рок. Ги мотивирам сите млади да дојат да служат и да се вработат поради тоа што оваа униформа е чест и заедно сме за сите граѓани понатака. Огромна чест е и не секој може да ја носи оваа униформа. Тука сме да служиме на граѓаните и на државата, изјави Јовановска. Јавниот оглас за прием на новите професионални војници на служба во Армијата беше објавен во септември годинава. Согласно новите законски измени за служба во Армијата, идните професионални војници од моментот на склучување договор ќе земаат почетна плата над 25.000 денари со дополнителни над 9.000 денари – средства за станбено обезбедување од 1 јануари 2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-armijata-primeni-200-profesionalni-vojnici/feed/ 0
Објавен конкурс за прием на 200 професионални војници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-konkurs-za-priem-na-200-profesionalni-vojnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-konkurs-za-priem-na-200-profesionalni-vojnici/#respond Wed, 14 Sep 2022 07:52:32 +0000 https://kurir.mk/?p=732523

Министерството за одбрана денеска го објави Јавниот оглас за прием на 200 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија. Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена, вклучувајќи го и денот на објава. – Согласно новите законски измени за служба во Армијата, идните професионални војници од моментот на склучување на договор ќе земаат почетна плата над 25.000,00 денари со дополнителни над 9.000,00 денари – средства за станбено обезбедување од 01.01.2023 година, појаснуваат од МО. Условите за пријавување на лицата на јавниот оглас се да се државјани на Република Северна Македонија; да се полнолетни; да имаат завршено најмалку средно образование; да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и да се здравствено и физички способни. Кандидатите за професионални војници својата пријавата може да ја поднесат по електронски пат заедно со потребните документи на следниот е-маил: [email protected] и до Одделенијата за одбрана во или блиску до местото на живеење, заедно со потребните документи. Како што информираат од МО, во постапката за избор, кандидатите за професионални војници ќе подлежат на тестови за физичка подготвеност и на здравствени прегледи спроведени од посебни комисии. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-konkurs-za-priem-na-200-profesionalni-vojnici/feed/ 0
Русија ја зголеми старосната граница на 50 години за професионалните војници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-ja-zgolemi-starosnata-granica-na-50-godini-za-profesionalnite-vojnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-ja-zgolemi-starosnata-granica-na-50-godini-za-profesionalnite-vojnici/#respond Wed, 25 May 2022 17:38:09 +0000 https://kurir.mk/?p=681473

Руската влада ја зголеми старосната граница за луѓето кои служат во вооружените сили. Пратениците го поддржаа законот што им дозволува на мажите и жените да служат во вооружените сили до 50-годишна возраст. Претходно, горната граница за професионалните војници беше 40 години. Законот, претставен од владејачката партија Единствена Русија, наведува дека се потребни „високо професионални експерти“ кои имаат 40 години или повеќе за ракување со прецизно оружје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-ja-zgolemi-starosnata-granica-na-50-godini-za-profesionalnite-vojnici/feed/ 0
Од денеска шатори и вреќи за спиење пред Владата, независниот синдикат на професионални војници излегува на штрајк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-shatori-i-vrekji-za-spienje-pred-vladata-nezavisniot-sindikat-na-profesionalni-vojnici-izleguva-na-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-shatori-i-vrekji-za-spienje-pred-vladata-nezavisniot-sindikat-na-profesionalni-vojnici-izleguva-na-shtrajk/#respond Sun, 22 May 2022 07:17:34 +0000 https://kurir.mk/?p=680012

Независниот синдикат на професионални војници (НСПВМ) најавува дека од денеска започнува штрајк пред Владата. На ваков чекор се одлучиле бидејќи, како што велат веќе два години Владата за дел од професионалните војници не презема никакви активности за префрлување во друга институција. -Согласно член 40а од Законот за служба во Армијата, професионалните војници со наполнување на 45 години старост се префрлуваат во други сродни институции. Но веќе 2 години од страна на Владата за дел од професионалните војници не се превземени никакви активности за префрлување во друга институција. Затоа НСПВМ превзема активности со своите членови и на ден 22.05.2022 година пред Владата на РСМ ќе постави шатор и вреќи за спиење долж тротоарот пред Владата и таму ќе остане се додека не се исполни нашето барање, велат од Независниот синдикат. Истакнуваат дека од основањето континуирано и интензивно работат за подобрување на стандардот на вработените во Армијата, на подобрување на односите Синдикат – работодавач – Министерство за одбрана, подобрување на условите за работа, инсистирање на зголемување на буџетот на МОРСМ, на подобрување на опремата за вработените, на корекции во Законот за служба во АРСМ за подобрување на условите за живот и работа на вработените. Од НСПВМ ја повикаа министерката за одбрана Славјанка Петровска да им даде поддршка и да им се приклучи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-shatori-i-vrekji-za-spienje-pred-vladata-nezavisniot-sindikat-na-profesionalni-vojnici-izleguva-na-shtrajk/feed/ 0
Независниот синдикат на професионални војници излегува на штрајк, шатори и вреќи за спиење во недела пред Влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisniot-sindikat-na-profesionalni-vojnici-izleguva-na-shtrajk-shatori-i-vrekji-za-spienje-vo-nedela-pred-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisniot-sindikat-na-profesionalni-vojnici-izleguva-na-shtrajk-shatori-i-vrekji-za-spienje-vo-nedela-pred-vlada/#respond Wed, 18 May 2022 06:15:53 +0000 https://kurir.mk/?p=678136

Независниот синдикат на професионални војници (НСПВМ) најавува дека од недела започнува штрајк пред Владата. На ваков чекор се одлучиле бидејќи, како што велат веќе два години Владата за дел од професионалните војници не презема никакви активности за префрлување во друга институција. -Согласно член 40а од Законот за служба во Армијата, професионалните војници со наполнување на 45 години старост се префрлуваат во други сродни институции. Но веќе 2 години од страна на Владата за дел од професионалните војници не се превземени никакви активности за префрлување во друга институција. Затоа НСПВМ превзема активности со своите членови и на ден 22.05.2022 година пред Владата на РСМ ќе постави шатор и вреќи за спиење долж тротоарот пред Владата и таму ќе остане се додека не се исполни нашето барање, велат од Независниот синдикат. Истакнуваат дека од основањето континуирано и интензивно работат за подобрување на стандардот на вработените во Армијата, на подобрување на односите Синдикат – работодавач - Министерство за одбрана, подобрување на условите за работа, инсистирање на зголемување на буџетот на МОРСМ, на подобрување на опремата за вработените, на корекции во Законот за служба во АРСМ за подобрување на условите за живот и работа на вработените. Од НСПВМ ја повикаа министерката за одбрана Славјанка Петровска да им даде поддршка и да им се приклучи.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisniot-sindikat-na-profesionalni-vojnici-izleguva-na-shtrajk-shatori-i-vrekji-za-spienje-vo-nedela-pred-vlada/feed/ 0
Професионалните војници уште еднаш понижени: Славјанка Петровска не сака да ни го реши проблемот, а преку наш грб си тера партиски препукувања! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesionalnite-vojnici-ushte-ednash-ponizeni-slavjanka-petrovska-ne-saka-da-ni-go-reshi-problemot-a-preku-nash-grb-si-tera-partiski-prepukuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesionalnite-vojnici-ushte-ednash-ponizeni-slavjanka-petrovska-ne-saka-da-ni-go-reshi-problemot-a-preku-nash-grb-si-tera-partiski-prepukuvanja/#respond Thu, 10 Mar 2022 14:34:11 +0000 https://kurir.mk/?p=644871

Продолжува негрижата кон професионалните војници. Низата ветувања на оваа Влада тапкаат во место, а наместо да дојде до нивно решавање надлежните на чело со министерката за одбрана, Славјанка Петровска, тераат партиски препукувања. Откако КУРИР го обелодени овој проблем, одговор на нашите прашања добивме и од Министерството кое прстот го впери кон опозицијата иако нивна работа и должност е да го решат проблемот. Го пренесоваме нивниот одговор: „Новиот Независен синдикат на професионални војници СО предводен од Александар Насковски го има истото барање. Министерката ја поздравува иницијативата на овој Синдикат, да испрати писма до Собранието и да ги потсети пратениците од опозицијата дека нивната иднина не треба да се блокира поради партиски интереси. Владата и Министерството за одбрана одлучно излегоа во пресрет и понудија решение за отпремнина во Законот за служба кое никогаш претходно не било понудено, а на кое очигледно сите професионални војници со 45 години чекаат со нетрпение, но опозицијата реши тоа решение, заедно со другите поволности за припадниците на Армијата што ги предвидува Законот, да ги блокира. Доколку опозицијата продолжи да го блокира овој Закон, министерката Петровска ќе предложи ново решение. Обрнуваме внимание дека по назначувањето министерката за одбрана започна дијалог со сите синдикати во одбраната за кои се разговара за сите прашања од интерес за професионалните војници, Армијата и одбраната. Можноста за избор на отпремнина, професионалните војници со навршени 45 години можеа да ја користат уште пред една година, но таа е блокирана од опозицијата. Уште еднаш апелираме до опозицијата да ги поддржи решенијата во Законот и да не го попречува решавањето на ова важно прашање“ – ни рекоа тогаш од Министерството за одбрана. Но, сега се покажа дека овој одговор бил само “мачкање на очи“ бидејќи самата власт одлучи по ова прашање воопшто да не се расправа и одлучува во Собранието. Независниот синдикат на професионални војници (НСПВ) реагираше по низата обиди Владата да го слушне и реши нивниот проблем. Единствено со што се соочуваат во обидот да си го добијат тоа што им припаѓа, е игнорантскиот однос на министерката Петровска. Но, сега се соочија и со ново понижување. Претставникот на професионалните војници вчера повторно ја контактираше редакцијата на КУРИР, а нивната реакција можете да ја проследите во продолжение: „Само неколку дена поминаа откако министерката за одбрана г-ѓа Славјанка Петровска изјави дека опозицијата го блокира предлог законот за измени и дополнувања за Законот за служба во Армијата, за денес од пратеник од Собранието да слушнеме со изјава дека законот е скокнат на дневен ред и повторно не е ставен пред пратениците за гласање. Тука следува прашањето - Дали професионалните војници служат како предмет за партиски препукувања околу донесување на законот , и сето одолговлекување оди само на штета на самите војници кои одамна го чекаат донесувањето на овој закон ?! Поднесовме барање до скоро сите политички партии од собранието на Македонија и апелираме до сите нив да се изгласа член 2 од предлог законот кој се однесува на професионалните војници. Професионалните војници не ги интересира кој е позиција кој е опозиција, тие служат на сите граѓани на државата, затоа не дозволувајте да се игра со нивната судбина и со ова законско решение кое од големо значење на секој војник. Затоа пак ги потсетуваме сите пратеници во Собранието која им е нивната обврска, за што се избрани од граѓаните и за што се платени од граѓаните“. СДСМ, партија од која доаѓаат и актуелната министерка Славјанка Петровска и нејзината претходничка Радмила Шеќеринска, е на власт цели шест години. Исто толку време тие селектираат со кого ќе остварат средби и чии барања и потреби ќе ги земат предвид. Ваква селективност и игнорантски однос не заслужиле професионалните војници во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ која е обвинета од страна на власта дека го бојкотира овој предлог-закон, всушност е најголем критичар на ваквиот однос од страна на Министерството за одбрана кон војниците. На собраниска седница, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески, го обелодени проблемот. -Комисијата за одбрана и безбедност како матично тело и законодавно-правната комисија немаат свикано седници иако материјалот ги исполнува сите услови. Затоа замолувам, кога устите ќе ви бидат полни дека опозицијата блокира имајте предвид дека законски решенија кои што одат од опозицијата не се ставаат намерно на дневен ред, рече тој. Според информациите КУРИР ГИ ОБЈАВИ минатата недела, министерката остварила средба со дел од професионалните војници кои се подготвувале да излезат на протест, но никој од Независниот синдикат, дури ни претседателот, не бил поканет на средбата. НСПВ во изминатиот период поднесе барање до министерката Петровска каде што беа побарани итно решавање на одредени проблеми во Министерството за Одбрана, како што е предлог законот за еднократна испратнина на професионалните војници по навршување на 45 години возраст. Од неа одговор немаат добиено. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesionalnite-vojnici-ushte-ednash-ponizeni-slavjanka-petrovska-ne-saka-da-ni-go-reshi-problemot-a-preku-nash-grb-si-tera-partiski-prepukuvanja/feed/ 0
Владата незаинтересирана за проблемот на професионалните војници, Славјанка Петровска селектира со кого ќе се сретне и како ќе постапува (ОБНОВЕНО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-nezainteresirana-za-problemot-na-profesionalnite-vojnici-slavjanka-petrovska-selektira-so-kogo-kje-se-sretne-i-kako-kje-postapuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-nezainteresirana-za-problemot-na-profesionalnite-vojnici-slavjanka-petrovska-selektira-so-kogo-kje-se-sretne-i-kako-kje-postapuva/#respond Thu, 03 Mar 2022 10:20:41 +0000 https://kurir.mk/?p=639901

Независниот синдикат на професионални војници (НСПВ) реагира по низата обиди Владата да го слушне и реши нивниот проблем. Единствено со што се соочуваат во обидот да си го добијат тоа што им припаѓа, е игнорантскиот однос на министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Според информациите до кои дојде КУРИР, министерката остварила средба со дел од професионалните војници кои се подготвувале да излезат на протест, но никој од Независниот синдикат, дури ни претседателот, не бил поканет на средбата. НСПВ во изминатиот период поднесе барање до министерката Петровска каде што беа побарани итно решавање на одредени проблеми во Министерството за Одбрана, како што е предлог законот за еднократна испратнина на професионалните војници по навршување на 45 години возраст. Од неа одговор немаат добиено. КУРИР дојде до официјалната документација испратена до Министерството за одбрана, до Владата и Собранието, како и до политичките партии кои имаат свои пратеници во Собранието. Независниот синдикат на професионални војници во обид да ги заштити сите припадници на АРМ презеде низа чекори, за кои редакцијата на КУРИР беше информирана. -Исто така синдикатот се понуди да дадеме предлози со соодветни решенија за трајно решавање на статусот на професионалниот војник, но не добивме одговор за да ги презентираме нашите идеи и ставови. Поради зголемување на незадоволството меѓу професионалните војници во врска со решавањето на ова прашање, НСПВ поднесе писма со барање до одговорните институции (Собранието и Владата на Македонија) за конечно решавање на ова прашање и до политичките партии од власта и од опозицијата (СДСМ,ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алтернатива,  Левица и Алијанса за Албанците) кои имаат пратеници во Собранието на Македонија и кои имаат должност да го изгласаат овој член од предлог законот за измени и дополнување на Законот за служба во АРМ, а се однесува на еднократна испратнина од 1000 евра во денарска противвредност за секоја година поминати во служба за секој професионален војник кој ја напушта Армијата по основ на старост од 45 години. Професионалните војници се имаат покажано во безброј случаеви колку им се потребни на државата и на граѓаните на Македонија, тие се столбот на Армијата која денес е дел од НАТО алијансата. Професионалните војници имаат чест и достоинство и не треба овие проблеми да ги бараат на улица, туку треба да ги решат пратениците во Собранието, да се покаже достојна почит и разбирање за пожртвуваноста која ја даваат на службата во Армијата, бидејќи овие војници го заслужуваат тоа и секојдневно го бранат секое парче земја за сите граѓани на државата, велат од НСПВ.   Тие очекуваат дека проблемот може да им се реши и по нормален пат, но доколку уште наидуваат на ваква незаинтересираност од надлежните, следниот чекор ќе им биде протест. -Очекуваме позитивен одговор од избраниците на граѓаните и да не дозволат професионалните војници да излезат на улица за да си ги бараат своите права. Се надеваме на искрена подршка од министерката за одбрана Славјанка Петровска и ја потсетуваме дека во рамките на Армијата и МО има и друг Независен синдикат на професионални војници кои се борат за правата на професионалните војници и редовно потсетуваат и бараат учество во заедничко решавање на настанатите проблеми за сите вработени во Армијата и министерството за одбрана, велат од НСПВ. КУРИР побара одговори од Министерството за одбрана. Ги прашавме: -Дали министерката има остварено средба со претставници на другиот синдикат на професионалните војници? Ако средбата се остварила, ве молиме да информирате што било договорено на истата? -Дали е планирано решавање на проблемите кои се наведени во барањето? ОБНОВЕНО По речиси четири часа, од Министерството за одбрана, добивме одговори, кои ви ги пренесуваме во продолжение, во целост: „Министерката за одбрана Славјанка Петровска имаше средба со Независниот синдикат на професионални војници на која присуствуваше претседателот на Синдикатот, Алити и детално се разговараше за нивните барања. Средбата се одржа во Министерството, на 25 февруари. На средбата со Независниот синдикат на професионални војници на која присуствуваше претседателот на Синдикатот, Алити, стана збор за решавањето на статусот на професионалните војници со навршени 45 години. Министерката Петровска потсети дека решението на кое професионалните војници со навршени 45 години чекаат веќе една година е во Законот за служба, кој исто толку време е блокиран од опозицијата во Собранието. Во тој закон стои изборот за професионалните војници дали ќе останат во државна служба или ќе изберат отпремнина од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата, односно околу 25.000 евра отпремнина за нов почеток. Новиот Независен синдикат на професионални војници СО предводен од Александар Насковски го има истото барање. Министерката ја поздравува иницијативата на овој Синдикат, да испрати писма до Собранието и да ги потсети пратениците од опозицијата дека нивната иднина не треба да се блокира поради партиски интереси. Владата и Министерството за одбрана одлучно излегоа во пресрет и понудија решение за отпремнина во Законот за служба кое никогаш претходно не било понудено, а на кое очигледно сите професионални војници со 45 години чекаат со нетрпение, но опозицијата реши тоа решение, заедно со другите поволности за припадниците на Армијата што ги предвидува Законот, да ги блокира. Доколку опозицијата продолжи да го блокира овој Закон, министерката Петровска ќе предложи ново решение. Обрнуваме внимание дека по назначувањето министерката за одбрана започна дијалог со сите синдикати во одбраната за кои се разговара за сите прашања од интерес за професионалните војници, Армијата и одбраната'. „Можноста за избор на отпремнина, професионалните војници со навршени 45 години можеа да ја користат уште пред една година, но таа е блокирана од опозицијата. Уште еднаш апелираме до опозицијата да ги поддржи решенијата во Законот и да не го попречува решавањето на ова важно прашање“ - велат од Министерството за одбрана.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-nezainteresirana-za-problemot-na-profesionalnite-vojnici-slavjanka-petrovska-selektira-so-kogo-kje-se-sretne-i-kako-kje-postapuva/feed/ 0
Објавен оглас за прием на 125 професионални војници во Армијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-oglas-za-priem-na-125-profesionalni-vojnici-vo-armijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-oglas-za-priem-na-125-profesionalni-vojnici-vo-armijata/#respond Wed, 13 Nov 2019 11:15:12 +0000 https://kurir.mk/?p=263499

Министерството за одбрана денеска објави Јавен оглас за прием на нови 125 професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија. Подетални информации во однос на Јавниот оглас може да се најдат на веб страната на Министерството за одбрана www.mod.gov.mk. Рокот за пријавување е 15 дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-oglas-za-priem-na-125-profesionalni-vojnici-vo-armijata/feed/ 0
Објавен конкурсот за вработување 125 професионални војници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-konkursot-za-vrabotuvanje-125-profesionalni-vojnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-konkursot-za-vrabotuvanje-125-profesionalni-vojnici/#respond Sat, 31 Mar 2018 07:40:54 +0000 https://kurir.mk/?p=34660

Mинистерството за одбрана на својата веб страница и во два дневни весника денеска го објави првиот конкурс за вработување нови 125 професионални војници во Армијата на Република Македонија, кои ќе бидат дел од вкупно 375-те нови професионални војници кои треба да го зајакнат армискиот состав. На веб страницата на Министерството за одбрана ја има и пријавата со чие пополнување секој кандидат ќе го почне процесот за прием. Конкурсот ќе трае 15 дена. Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска вчера рече дека со приемот на нови професионални војници се дава придонес и на политиката на Владата за создавање нови работни места кои ќе бидат подобро платени. Таа ги повика сите млади луѓе на возраст до 25 години со завршено средно образование кои веќе доброволно го отслужиле воениот рок да се пријават на овој конкурс и да дадат шанса за својата генерација, да создадат шанса, но и да влијаат на зајакнување на составот на Армијата на Република Македонија. Додаде дека во следните десет дена и официјално ќе го почнат процесот на набавка на униформи и чизми. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-konkursot-za-vrabotuvanje-125-profesionalni-vojnici/feed/ 0