професор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Feb 2023 21:20:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png професор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СКАНДАЛ: Професор гледаше разголени девојки, учениците во шок – заборави на вклучениот проектор! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/skandal-profesor-gledashe-razgoleni-devojki-uchenitsite-vo-shok-zaboravi-na-vklucheniot-proektor/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/skandal-profesor-gledashe-razgoleni-devojki-uchenitsite-vo-shok-zaboravi-na-vklucheniot-proektor/#respond Fri, 24 Feb 2023 21:20:02 +0000 https://kurir.mk/?p=804805

Неименуван професор во државно средно училиште во Њу Џерси е суспендиран откако на час гледал девојки во долна облека на Инстаграм. Професорот гледал несоодветна содржина за време на часот, но очигледно заборавил дека неговиот лаптоп е поврзан со проекторот. Кога учениците виделе што гледа, го снимиле и го објавиле на социјалните мрежи. -Материјалот очигледно не е поврзан со неговата лекција или наставна програма. Наставникот дејствувал целосно надвор од опсегот на неговите професионални одговорности кога пристапил до таа содржина, рече началникот Шон Адамс во писмото до заедницата. Адамс рече дека професорот е ставен на административно отсуство во очекување на истрага. „Жал ми е што учениците беа изложени на несоодветен материјал во училницата“, вели Адамс во писмото, додавајќи дека на учениците ќе им биде понудено советување доколку почувствуваат дека биле погодени од инцидентот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/skandal-profesor-gledashe-razgoleni-devojki-uchenitsite-vo-shok-zaboravi-na-vklucheniot-proektor/feed/ 0
Скандал во Белгија: Професор давал испитни прашања на студентки по медицина во замена за разголени фотографии https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skandal-vo-belgija-profesor-daval-ispitni-prashanja-na-studentki-po-medicina-vo-zamena-za-razgoleni-fotografii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skandal-vo-belgija-profesor-daval-ispitni-prashanja-na-studentki-po-medicina-vo-zamena-za-razgoleni-fotografii/#respond Tue, 29 Nov 2022 12:11:56 +0000 https://kurir.mk/?p=768200

Медиумите во Белгија обелоденија дека професор во виша школа за медицински сестри близу Антверпен им ветувал на студентките испитни прашања во замена за голи слики. Неколку од студентките го пријавиле однесувањето на професорот. Според пријавите тој тоа го правел преку апликацијата Снепчет. Според сведочењата истиот професор имал сексуални односи со некои студентки во подрумот од школото. Студентките алармирале за проблемот уште во септември, тие поднеле и докази за однесувањето на професорот, слики и пораки кои тој ги испраќал. Школото сè уште води истрага, два месеца откако се поднесени првите пријави. Белгиските медиуми пишуваат дека професорот е познат во областа на негата и менталното здравје на здравствените работници. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skandal-vo-belgija-profesor-daval-ispitni-prashanja-na-studentki-po-medicina-vo-zamena-za-razgoleni-fotografii/feed/ 0
Затвор за професорот кој со боксирач му ја дупна главата на ученик во Струга https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zatvor-za-profesorot-koj-so-boksirach-mu-ja-dupna-glavata-na-uchenik-vo-struga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zatvor-za-profesorot-koj-so-boksirach-mu-ja-dupna-glavata-na-uchenik-vo-struga/#respond Fri, 24 Dec 2021 14:04:03 +0000 https://kurir.mk/?p=612708

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 57 – годишен професор од Струга, за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело Насилство од член 364 став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Осомничениот на 23.12.2021 година околу 12:30 часот, со боксирач удрил во пределот на главата на оштетениот ученик на возраст од 18 години. Физичкиот напад следел по кратка вербална расправија на осомничениот професор со мајката на оштетениот ученик. Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Струга достави Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zatvor-za-profesorot-koj-so-boksirach-mu-ja-dupna-glavata-na-uchenik-vo-struga/feed/ 0
Детали за професорот кој со метален предмет претепа ученик: Бил проблематичен и претходно, денеска пред инцидентот требало да биде суспендиран https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/detali-za-profesorot-koj-so-metalen-predmet-pretepa-uchenik-bil-problematichen-i-prethodno-deneska-pred-incidentot-trebalo-da-bide-suspendiran/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/detali-za-profesorot-koj-so-metalen-predmet-pretepa-uchenik-bil-problematichen-i-prethodno-deneska-pred-incidentot-trebalo-da-bide-suspendiran/#respond Thu, 23 Dec 2021 16:10:47 +0000 https://kurir.mk/?p=612218

Професорот, што денеска напладне со метален предмет повреди ученик бил проблематичен подолг период, потврди директорката на средното училиште „Ибраим Темо“ Бесиме Јонузи. Според неа, расправијата меѓу професорот и ученикот почнала завчера, а дисциплинската комисија во училиштето вчера донела одлука за негово суспендирање. – Мотивот не го знаеме, затоа што со професорот сме имале проблеми години наназад. Сите институции се известени, преземени се сите законски мерки. Инцидентот почна завчера, јас вчера наутро свикав состанок на дисциплинската комисија од каде излезе одлука за негово суспендирање. Денеска требаше да ја потпишам одлуката и да го известам професорот. Не знам дали тој дозна за одлуката па се случи инцидентот, со железен бокс го удрил во глава. Викнавме полиција го приведоа, а детето го однесовме во болница, изјави Јунози. Професорот привремено е суспендиран, а како што нагласи директорката, институциите ќе одлучат за негово враќање на работното место. Инцидентот се случил денеска околу 13 часот и 30 минути, кога професорот Е.С. (57) со метален предмет го удрил средношколецот по главата. Детето било примено на одделението за Хирургија, каде било сошиено, а професорот е приведен во полиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/detali-za-profesorot-koj-so-metalen-predmet-pretepa-uchenik-bil-problematichen-i-prethodno-deneska-pred-incidentot-trebalo-da-bide-suspendiran/feed/ 0
Драма во средно училиште во Струга: Професор со метален предмет претепал ученик, детето завршило во болница на шиење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-vo-sredno-uchilishte-vo-struga-profesor-so-metalen-predmet-pretepal-uchenik-deteto-zavrshilo-vo-bolnica-na-shienje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-vo-sredno-uchilishte-vo-struga-profesor-so-metalen-predmet-pretepal-uchenik-deteto-zavrshilo-vo-bolnica-na-shienje/#respond Thu, 23 Dec 2021 14:59:10 +0000 https://kurir.mk/?p=612187

Професор со метален предмет денеска околу 13.30 часот повредил ученик во средното училиште „Ибраим Темо“ во Струга. Ученикот бил примен на Хируршкото одделение со повреда на главата, потврди директорот на струшката болница Арменд Арслани. – Од одделението за Хирургија ме известија дека во 13.45 часот е примено дете со повреда на главата. Извршено е шиење и детето е пуштено на домашно лекување, изјави Арслани за МИА. Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, полицијата го привела сторителот, 57-годишен стружанец. – Во ОВР Струга приведен е Е. С. (57) од Струга, кој во средното училиште „Ибраим Темо“ го нарушил јавниот ред и мир и со метален предмет физички нападнал ученик во истото училиште. Се работи на целосно расчистување на настанот, изјави Димоски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-vo-sredno-uchilishte-vo-struga-profesor-so-metalen-predmet-pretepal-uchenik-deteto-zavrshilo-vo-bolnica-na-shienje/feed/ 0
УЖАС ВО ХРВАТСКА: Ученици до смрт претепале професор, детали за нивната монструозност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-vo-hrvatska-uchenici-do-smrt-pretepale-profesor-detali-za-nivnata-monstruoznost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-vo-hrvatska-uchenici-do-smrt-pretepale-profesor-detali-za-nivnata-monstruoznost/#respond Tue, 01 Jun 2021 07:42:39 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517498

Цела Хрватска е на нозе откако четворица млади луѓе на возраст од 20 до 29 години до смрт го претепале 35-годишниот Нино Ченгиќ, професор по англиски јазик од средното Економско училиште во Вараждин. Како што пишува Jutarnji list, oд минута во минута кружат нови, неофицијални информации во градот за деталите за убиството. Професорот бил претепан до смрт од три млади момчиња и една девојка, кои безмилосно го удирале по главата и телото со дрвени палки и катанец со ланец. -По шпекулациите дека крвничкото тепање кое доведе до смрт на младиот професор може да има врска со убиството што неговиот татко го извршил минатата година во Меѓумурје, кога тој убил 28-годишник со пиштол, други приказни почнаа да се шират низ градот, наведува Jutarnji list. Една од нив е дека професорот ја поминал вечерта во клубот Културана, каде доста пијан ја провоцирал и бил непристоен кон девојката А.В. (24).  Таа и нејзиното друштво го избркале од клубот, поради што тој повикал полиција, пишува порталот ХРТ. -Полицијата дошла, направиле записник и си заминалеа. Професорот останал во кафулето, по што околу 4 часот изутрината четворицата млади луѓе го нападнале. До смрт го удирале со палки, катанец со ланец. Потоа му го искршиле мобилниот телефон и го оставиле покриен во картони. Целиот случај, наводно, е снимен на мобилен телефон, пишува Jutarnji list. Кривичната истрага е завршена и сите четворица се во притвор со кривична пријава за убиство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-vo-hrvatska-uchenici-do-smrt-pretepale-profesor-detali-za-nivnata-monstruoznost/feed/ 0
Проф. Трајковски: Не е доцна за акција, но очигледна е стратегијата на здравствените власти да не го сопираат заразувањето, туку да ја зголемуваат прележаноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prof-trajkovski-ne-e-docna-za-akcija-no-ochigledna-e-strategijata-na-zdravstvenite-vlasti-da-ne-go-sopiraat-zarazuvanjeto-tuku-da-ja-zgolemuvaat-prelezanosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prof-trajkovski-ne-e-docna-za-akcija-no-ochigledna-e-strategijata-na-zdravstvenite-vlasti-da-ne-go-sopiraat-zarazuvanjeto-tuku-da-ja-zgolemuvaat-prelezanosta/#respond Thu, 01 Apr 2021 07:32:15 +0000 https://kurir.mk/?p=490621

Професорот по теоретска механика, Дејан Трајковски, кој на дневна основа статистички ги следи сите официјални информации поврзани со коронавирусот на својот Фејсбук профил пишува дека потребен е карантин. Тој вели дека повеќе од очигледна е стратегијата на нашите здравствени власти да не го сопираат заразувањето, туку преку негово форсирање да ја зголемуваат прележаноста (прокуженоста) и така бројките спонтано да се намалат. Во продолжение ви ја пренесуваме целата објава на професор Трајковски. 31.03.2021. Речиси точно до последната цифра беше совпаѓањето на денешниот број на новодијагностицирани, 1.511, со вчера прогнозираниот центар на интервалот 1.502 +/-160 (на четвртиот дијаграм). Продолжува зголемувањето на дневните бројки но со се помало забрзување. Всушност големите бројки ја прават паниката, а не самата преносливост (ефективниот репродукционен број, којшто денеска е проценет на Rt = 1,12 ± 0,41). Доколку сега би имале тотален 96 часовен локдаун и бројките би ги намалиле на помалку од 400, растот би бил сосема постепен и бавен, но вака, утрешните бројки се директен резултат на денешните големи бројки, помножени со факторот на раст (којшто е во врска со Rt и деновиве изнесува 1,015 - на третиот дијаграм), се разбира и под влијанието на денот во неделата. Повеќе од очигледна е стратегијата на нашите здравствени власти да не го сопираат заразувањето, туку преку негово форсирање да ја зголемуваат прележаноста (прокуженоста) и така бројките спонтано да се намалат. Знаат дека никој ништо не им може, па можат да си го дозволат луксузот на неодговорно и непромислено однесување. Процениле дека е подобро голем пик со кратко траење, отколку понизок, а развлечен пик - обратно од она во што не убедуваа на почетокот на епидемијата и што е поправилно. Инаку, денеска во еден ден се поставени неколку рекорди на епидемијата: најголем дневен број на новодијагностицирани (1.502), највисок седумдневен просек на новодијагностицирани (1.114, портокаловата линија на првиот дијаграм), но исто така и највисок седумдневен просек на дневниот број на починати (33,7, зелената линија на вториот дијаграм), со што е соборен и рекордот од 27.11.2020. Пикот на умирањето во ноемврискиот бран беше достигнат 10 дена по пикот на заразувањето, што значи дека пролетниот пик на умирањето ќе биде достигнат околу 20.04.2021, десетина дена по предвидениот пик на заразувањето, којшто најрано би настапил околу 10.04.2021. Бројките се уште отсега високи, па е многу веројатно дека во некои денови во втората половина од месецот ќе има и преку 50 смртни случаи. Што може тогаш да се каже за изјавата на ВФ (или ЖК беше тоа - веќе не вреди ни да се слушаат нивните изјави, ниту да се сфатат сериозно) дека пикот бил блиску и дека сега било доцна да се преземе нешто? Кога на 29.01.2021 им беше кажано дека доаѓа британскиот сој, тогаш им беше пак рано. Вчера рековме дека и намалувањето на бројките ќе биде долготрајно, односно ќе има уште многу смртни случаи до летото. Значи, никогаш не е доцна за акција. Бадијала е сега да се коментираат задоцнетите, бесмислени и штетни реакции од властите, единствено може да им се упати порака до граѓаните да внимаваат што прават, затоа што допрва доаѓа најлошото, а нема кој да ги заштити. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prof-trajkovski-ne-e-docna-za-akcija-no-ochigledna-e-strategijata-na-zdravstvenite-vlasti-da-ne-go-sopiraat-zarazuvanjeto-tuku-da-ja-zgolemuvaat-prelezanosta/feed/ 0
Професор со едно прашање на тестот ги збуни сите студенти, зад истото стои многу важна порака https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/profesor-so-edno-prashanje-na-testot-gi-zbuni-site-studenti-zad-istoto-stoi-mnogu-vazna-poraka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/profesor-so-edno-prashanje-na-testot-gi-zbuni-site-studenti-zad-istoto-stoi-mnogu-vazna-poraka/#respond Mon, 15 Feb 2021 15:39:02 +0000 https://kurir.mk/?p=469137

Професорот по социјална психологија Дилан Сетлерман, од универзитетот во Мериленд на своите студенти уште одамна им понуди дополнителни бодови на тестот, меѓутоа овој „подарок“ дојде со една голема финта. Последната задача од тестот гласела вака: „Изберете дали сакате да ви бидат подарени 2 или 6 дополнители бодови на тестот. Но, имајте на ум дека ако повеќе од 10% од вас изберат 6 бодови, на крајот никој нема да добие ниту еден бод“. Овој потег предизвикал вистински хаос меѓу студентите, а наскоро се најде и на интернет. Селтерман изјавил дека ова прашање го поставува секоја година за да провери колку поединци се во состојба да се жртвуваат во интерес на цела група. Пораката која професорот сака да ја испрати е дека, ако во реалниот живот голем број на луѓе започнат претерано да ги искористуваат ресурсите, целата група на крајот ќе страда, а не само оние кои биле себични. Со други зборови, нашето однесување секојдневно влијае врз животите на сите останати луѓе и секако, обратно. Досега само една група била доволно несебична за да добие дополнителни бодови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/profesor-so-edno-prashanje-na-testot-gi-zbuni-site-studenti-zad-istoto-stoi-mnogu-vazna-poraka/feed/ 0
Професор, политичар, лидер, ама и граѓанин за пример: Додека други политичари не го прават ни она на што ги обврзува платата, на Мицкоски не му е срам да се фати и за лопатата! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesor-politichar-lider-ama-i-gragjanin-za-primer-dodeka-drugi-politichari-ne-go-pravat-ni-ona-na-shto-gi-obvrzuva-platata-na-mickoski-ne-mu-e-sram-da-se-fati-i-za-lopatata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesor-politichar-lider-ama-i-gragjanin-za-primer-dodeka-drugi-politichari-ne-go-pravat-ni-ona-na-shto-gi-obvrzuva-platata-na-mickoski-ne-mu-e-sram-da-se-fati-i-za-lopatata-foto/#respond Sun, 14 Feb 2021 17:57:57 +0000 https://kurir.mk/?p=468672

Снегот не „изненади„ среде февруари… Најмногу скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој на социјалните мрежи се отепа фалејќи се како го исчистил градот кога снег не паѓаше, а сега кога падна, како по обичај падна и тој на испитот. И тој и неговите пајташи градоначалници од скопските општини, кои додека да се сетат да ги исчистат главните сообраќајници и споредните улици, попорво ќе дочекаме снегот сам да се стопи. Но, дека не чекаат баш сите сонце да огрее среде февруари за да ги расчистат затрупаните улици и тротоари и не работат само кога се работи за дебели пари, со свој личен пример покажа лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Политички лидер на партијата и нејзините членови, професор на факултет на неговите студенти, ама и граѓанин за пример, по дома… Како што е редот, онака како што тоа го прави секој вистински домаќин, Мицкоски тргна да го расчисти снегот, каде ако не најпрвин од сопствениот двор, од пред куќи. Професорот ги остави настрана пенкалото и компјутерот, па политичарот ги засука ракавите и за разлика од некои други политичари кои не го прават она на што ги обврзува и платата, Мицкоски покажа дека не му е срам да се фати за лопатата. Вредно, уредно, одговорно, домаќински си ја расчисти најпрвин својата авлија, а потоа и она што е дел од тротоарот и улицата пред неговата капија и куќа. Професор, политичар и лидер, ама и граѓанин за пример!, вака го опишува порталот „Вистина“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesor-politichar-lider-ama-i-gragjanin-za-primer-dodeka-drugi-politichari-ne-go-pravat-ni-ona-na-shto-gi-obvrzuva-platata-na-mickoski-ne-mu-e-sram-da-se-fati-i-za-lopatata-foto/feed/ 0
Руски професор по историја осуден за убиство на студентка – деталите ја згрозија јавноста https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-profesor-po-istorija-osuden-za-ubistvo-na-studentka-detalite-ja-zgrozija-javnosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-profesor-po-istorija-osuden-za-ubistvo-na-studentka-detalite-ja-zgrozija-javnosta/#respond Fri, 25 Dec 2020 15:33:36 +0000 https://kurir.mk/?p=448359

Рускиот суд осуди истакнат историчар познат по повторното на сцените на битката со Наполеон во петокот на 12,5 години затвор откако го осуди за убиството на неговиот млада љубовница и студент, која тој ја распарчи. Олег Соколов (64), поранешен професор по историја на Државниот универзитет во Санкт Петербург, беше пронајден во река во ноември минатата година со торба со отсечени раце на Анастасија Јешченко, 24-годишна постдипломка. Соколов се изјасни за виновен за нејзиното убиство, но пред судот изјави дека тоа не било со предумисла и дека го одвела во „состојба на целосна лудост“, правејќи навредливи коментари за неговите деца од друга врска. Обвинителството побара од судот во Санкт Петербург да го затвори 15 години. Соколов рече дека бил измачуван од злосторството и бара поблага казна. Додека ја донесуваше пресудата, судијата рече дека Соколов ја застрелал Јешченко со пушка четири пати пред да ја искасапи со нож, па ги собрал деловите од телото во вреќи и сакал да ги фрли во реката Мојка во Санкт Петербург. Тој се ослободил од нејзиниот телефон во реката во близина на неговиот дом, но бил фатен при фрлањето на деловите од телото. Кога отсечените раце не успеале да потонат, тој влезе во студените води и тогаш не беше физички во можност да се врати надвор поради студот, рече судијата. Потоа бил фатен. Судот исто така го прогласи за виновен за поседување оружје и тоа било пресметано во пресудата од 12,5 години затвор. Соколов е експерт за Наполеон Бонапарта и од Франција е награден со орден за заслуги „Легија на честа“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-profesor-po-istorija-osuden-za-ubistvo-na-studentka-detalite-ja-zgrozija-javnosta/feed/ 0