прогресивен данок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 May 2021 09:43:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прогресивен данок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Покрај тоа што сака да го воведе прогресивниот данок, Владата ја разгледува можноста и за воведување кризен данок?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pokraj-toa-shto-saka-da-go-vovede-progresivniot-danok-vladata-ja-razgleduva-moznosta-i-za-voveduvanje-krizen-danok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pokraj-toa-shto-saka-da-go-vovede-progresivniot-danok-vladata-ja-razgleduva-moznosta-i-za-voveduvanje-krizen-danok/#respond Fri, 28 May 2021 09:43:55 +0000 https://kurir.com.mk/?p=515984

Вицепремиерот Фатмир Битиќи, најави можност за воведување прогресивен данок, но, како што вели, за богатите кои за време на пандемијата станаа уште побогати, намалување на персонален данок во одредени сектори кои најмногу настрадаа од короната, но и воведување на кризен данок. - Даночната реформа значи воведување на прогресивното оданочување. Јас велам – зошто да не. Кризата покажа дека некои богати станаа уште побогати. Заради идеолошкото верување, сметам дека треба да има прогресивно оданочување. Богатите треба да платат и да вратат на посиромашните. Ако тоа значи воведување на нов данок за посиромашните – велам не, затоа што на нив им должиме за да излезат од прагот на сиромаштија и да почнат да живеат достоинствено, вели Битиќи. Од опозицијата, пак, обвинуваат дека со даночната реформа која е во подготовка повторно ќе се удри врз стопанството и стандардот на граѓаните. - Ќе имаме корекција во даноците, не го бараме решението кај себе, туку повторно удираме по бизнисот и граѓаните и ги зголемуваме даноците наместо да најдеме начин да ја намалиме сивата економија и така да се зголемат приходите во буџетот. Ние остануваме на нашата политика, а тоа е рамен данок и негово намалување до ниво од 8 проценти, вели, претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицковски. - Во Министерството за финансии се заговара воведување на кризен данок, по примерот на воениот данок во 2001 година. Ова значи плаќање на дополнителен процент данок на буквално секоја финансиска трансакција. Тоа значи дека кога секој граѓанин ќе купува нешто или ќе плаќа сметка, ќе плаќа допонителна сума, процент од сметката на Владата. На овој начин Владата на Заев става рака во џебовите на сите граѓани во државата и влијае на нивно дополнително осиромашување, покрај вртоглавиот раст на цените на прехрамбените производи, горивата, како и најавата за ново поскапување на електричната енергија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. По актуелизирање на идејата за прогресивен данок од страна на академикот Таки Фити, од пред неколку дена, многу реакции стигнаа на адреса на сивата економија, односно дека не не е легитимно да се зборува за зголемување на даноци кога даночната евазија се приближува до 40 проценти. Според главниот советник на Управниот одбор на Стопанска комора на Македонија, Зоран Јовановски, со поголем данок практично повеќе ќе се оптоварат тие кои плаќаат данок. - Академик предлага покачување на даноците. Тоа е најлесно да се направи, да се натоварат уште повеќе тие што плаќаат данок. Потешко е да бориш против сивата економија. Треба прво тоа да се среди па потоа да се размислува за нови или повисоки даноци, реагираше Јовановски. Прогресивното оданочување е одложено за 2023, но не се исклучува можноста да биде воведен и порано. На 1 јануари 2019 Владата објави дека државата го напушта рамниот данок и дека почнува даночна политика на прогресивно однаочување. Според Законот за данок на личен доход се предвидуваше задржување на стапката на оданочување од 10 отсто за приходите остварени до 90 илјади денари на месечно ниво, a 18 отсто за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно. При оданочување на доходот од капитал (закуп и подзакуп, дивиденди, капитални добивки, добивки од игри на среќа) требаше да се применува даночна стапка од 15, место од 10 проценти. Но, на 1 ноември 2019 година, скоро поставената министерка за финансии Нина Ангеловска објави дека прогесивниот данок се става во мирување. Таа дојде на местото на министерот Драган Тевдовски кој го воведе прогресивното оданочување, кое практично не заживеа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pokraj-toa-shto-saka-da-go-vovede-progresivniot-danok-vladata-ja-razgleduva-moznosta-i-za-voveduvanje-krizen-danok/feed/ 0
Транспортерите на протест – наместо зголемена акциза бараат да се воведе прогресивен данок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-na-protest-namesto-zgolemena-akciza-baraat-da-se-vovede-progresiven-danok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-na-protest-namesto-zgolemena-akciza-baraat-da-se-vovede-progresiven-danok/#respond Tue, 28 Apr 2020 05:23:08 +0000 https://kurir.mk/?p=338399

Асоцијацијата на здруженија на работодавачи на превозните трговски друштва во државава Макам-транс за денеска напладне најави протест со барање да се укине Уредбата за зголемување на акцизата на горивата за три денари и да се воведе прогресивен данок на доход за сите стопански и нестопански дејности. Според Макамтранс, протестот ќе биде согласно со сите мерки за безбедност кои се во сила со оглед на состојбата со коронавирусот поради којашто се намали обемот на работа и во патничкиот и во товарниот превоз. Секој од учесниците во протестот, според најавата, ќе биде изолиран во возилото (влекач, пикап, автобус, патничко возило и сл.). Како што најавија, нема да прават какви било блокади, ниту пак ќе има собирање на маса на луѓе. Колоната од возила ќе се движи по определена маршута. Почетната точка е клучката Хиподром за влез во Скопје, а при движењето низ центарот на Скопје ќе подзастанат пред зградите на Владата и на Собранието каде ќе се движат бавно и ќе ги вклучат сирените за да испратат порака. Ќе се движат по една коловозна лента и со тоа нема да предизвикаат застој на сообраќај на улиците на главниот град. Макам-транс предлага 0,5 проценти данок на доход за сите правни субјекти кои лани имале добивка од 100.000 до 10.000.000 денари, еден процент данок на доход за тие со добивка од 10.000.001 до 200.000.000 денари и два проценти данок на доход за сите кои оствариле добивка за 2019 година над 200.000.001 денари. – Со оваа мерка ќе се опфатат подеднакво сите правни субјекти во државата, а особено и големите стопански субјекти, банките, осигурителните компании, телекомуникациите и сите мали, средни и микро фирми како и невладиниот сектор каде се вбројуваат и сите асоцијации, СИЗ, Стопански комори и други здруженија на граѓани, со што навистина ќе имаме солидарност и секој ќе го даде својот придонес според големината и постигнатите финансиски резултати во претходната година. За разлика од оваа мерка, со зголемената акциза товарот во првите 2-3 месеци ќе биде само на превозниците, дистрибутери во внатрешниот превоз, граѓани и мал број други правни субјекти кои работат, а до крајот на годината сите, велат од Макм-транс. Намалената цена на погонското гориво, дополнуват, е единствената мерка која ја имаат превозниците, а за која не треба дополнително да се задолжуваат (камати) и да ги враќаат земените средства согласно мерките кои ги спроведува Владата. Останатите мерки кои ги бараат се поврзани со намалување на трошоците, регистрација на возен парк, враќање на ДДВ, компензации со поврат на патна такса и новите обврски за регистрација на возилата, одложување без камата на надоместоци за автоодговорност и зелен картон минимум 6 месеци, враќање на дел од акцизата по принципот на ДДВ, со можност за реципрочно враќање на и од другите држави и воспоставување на реципроцитет за враќање на ДДВ од сите држави. Бараат и подобрување на законската материја која го регулира превозот со заштитни елементи на лиценцирани превозници, како и ревидирање на Уредбата за распределба на меѓународни дозволи (распределба на ЕКМТ дозволи), која со измените од 2018 година, тврдат, продуцира нефер и нетранспарентна распределба на сите меѓународни дозволи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-na-protest-namesto-zgolemena-akciza-baraat-da-se-vovede-progresiven-danok/feed/ 0
Славевски: Во владата на СДСМ сеуште тлее несогласување за прашањата поврзани со даноците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slavevski-vo-vladata-na-sdsm-seushte-tlee-nesoglasuvanje-za-prashanjata-povrzani-so-danocite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slavevski-vo-vladata-na-sdsm-seushte-tlee-nesoglasuvanje-za-prashanjata-povrzani-so-danocite/#respond Wed, 12 Feb 2020 19:32:10 +0000 https://kurir.mk/?p=303091

Трајко Славевски, Член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го своето гостување во емисијата „Топ Тема“ кажа дека даночната сфера за овие предвремени парламентарни е затворена односно како може да биде затворена кога имавме катастрофални последици од воведувањето на прогресивниот данок. -Пред неколку дена имало презентација на студијата во просториите на Министерството за финансии и за две работи дошло до сериозен конфликт помеѓу министерката за финансии, Нина Ангеловска и Вицепремиер за економски прашања, Мила Царовска. Сериозниот конфликт бил токму во прашања за ова што ние го зборуваме, значи сеуште и по одењето на Анѓушев од Владата сеуште тлее оган однос несогласувања во врска со овие прашања поврзани со даноците, истакна Славевски. Славевски во своето гостување го посочи и следното: -Ова што сега ние го нудиме укинување, не одложување на прогресивниот данок затоа што СДСМ признаа дека направиле голема грешка, ама ќе размислуваме, ќе анализираме три години. Бизнисмените велат ние сакаме извесност, што после 3 години, што ако некому му текне даночни стапки од наместо 15% , 18 % да ги направи 30 итн. Ние нудиме извесност, сериозна политичка партија треба да понуди извесност. Ние кажуваме не само што ќе го вратиме рамниот данок тој останува доколку се разбира ВМРО-ДПМНЕ ја добие довербата кај граѓаните на следните предвремени парламентарни избори и дополнително ќе ги намалиме стапките на оданочувања. -Славевски додаде дека имал лично искуство од намалување на даночните стапки кога сите вклучително и Меѓународниот монетарен фонд укажувале дека наводно ќе се колабира , дека ќе се намалеле даночните приходи, но даночните приходи се зголемија, тоа е историја која што ја призна како позитивна и самиот СДСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slavevski-vo-vladata-na-sdsm-seushte-tlee-nesoglasuvanje-za-prashanjata-povrzani-so-danocite/feed/ 0
Нелоски: СДСМ виде дека ВМРО-ДПМНЕ беше во право за мерката „Прогресивен данок“ и ја повлече https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloski-sdsm-vide-deka-vmro-dpmne-beshe-vo-pravo-za-merkata-progresiven-danok-i-ja-povleche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloski-sdsm-vide-deka-vmro-dpmne-beshe-vo-pravo-za-merkata-progresiven-danok-i-ja-povleche/#respond Tue, 21 Jan 2020 07:43:23 +0000 https://kurir.mk/?p=292493

Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната дебата на Телевизија 24 изјави дека во Република Македонија има катастрофална реализација на капиталните инвестиции од страна на СДСМ. За Нелоски 2019 година претставува лоша економска година поради тоа што Владата на СДСМ немала проектен менаџмент и користела пиши-бриши политика. -Прогресивниот данок како мерка беше на фанфари најавуван дека ќе ја врати еднаквоста помеѓу граѓаните, за да започне таа мерка и 9 месеци по започнувањето на мерката за прогресивен данок да биде прекината без притоа некој да понесе одговорност. СДСМ виде дека ВМРО-ДПМНЕ беше во право критикувајќи ја мерката и ја повлече, без притоа никаде да слушнеме одговор што со последиците, кој ќе им врати на компаниите и претприемачите она што изгубиле овие 9 месеци?, праша Нелоски. Тој потенцираше дека Владата на СДСМ не ги носи мерките систематски и врз сеопфатна анализа за клучните економски мерки од изборите од 2016 година и дека со оваа мерка СДСМ им нанела сериозен удар на економијата и на фирмите во Македонија. Според него, бројките покажуваат дека во државата капиталните инвестиции се катастрофа. -Просечната плата за време на ВМРО-ДПМНЕ растела со 5,6%, а просекот на СДСМ е 4,1%. Кај соседите околу нас Бугарија 10,4 % Србија 10% и Словенија 4,3 %. Поентата ми е дека не можете вие за политички маркетинг да споредувате тоа што вас ви одговара, рече Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloski-sdsm-vide-deka-vmro-dpmne-beshe-vo-pravo-za-merkata-progresiven-danok-i-ja-povleche/feed/ 0
Груевски: Воведувањето прогресивен данок беше катастрофална грешка на оваа влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/gruevski-voveduvanjeto-progresiven-danok-beshe-katastrofalna-greshka-na-ovaa-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/gruevski-voveduvanjeto-progresiven-danok-beshe-katastrofalna-greshka-na-ovaa-vlada/#respond Sat, 02 Nov 2019 14:39:44 +0000 https://kurir.mk/?p=259265

Независно што воведувањето прогресивен данок беше катастрофална грешка на оваа влада за што укажував уште пред да се воведе истиот, сепак иако целта е предизборен популизам, за пофалба е враќањето на рамниот данок, еден од најуспешните проекти во Македонија од независноста до денес, воведен на 1 јануари 2007 година, пишува на својата Фејсбук страница поранешниот премиер Никола Груевски. Грешка е што тоа е само на три години бидејќи со таков рок ќе изостанат поголем дел од очекуваните ефекти. Повеќето од оние кои веќе најдоа алтернативни решенија надвор од Македонија нема да брзаат со враќање во Македонија чекајќи го исходот по истекот на овие три години или барем изборите, смената на власта и чекорите на новата власт. Инвеститорите, особено во некои гранки каде платите се повисоки, како информатичките технологии на пример, исто така ќе останат во неизвесност и секако овој рок ќе го вкалкулираат во своите бизнис одлуки, а тоа ќе оди на штета на Македонија. Не е точно дека прогресивниот данок, особено не моделот на СДСМ, обезбедува социјална правда. За ова може многу аргументи да се напишат, постојат цели студии, но за целта на овој текст само ќе потсетам дека даноците треба да се ниски, рамни и едноставни, а поголемиот профит приватниот сектор и луѓето кои имаат знаење и вештини за високи заработки во најголем дел ќе го искористи за нови проекти и инвестиции што ќе значи и нови работни места. Тоа само по себе е притисок на пазарот на труд за раст на платите, а со тоа и раст на животниот стандард. Така повеќе ќе се помогне на сиромашните и невработените отколку ако државата им земе дел од тие пари на компаниите и го даде во рацете на неспособни и корумпирани министри и бирократи. Најдобрата социјална политика е политиката на отворање нови работни места. Политиката на рамни и ниски даноци помогна да се привлечат или охрабрат многу инвеститори и за прв пат по независноста драстично да расте бројот на вработени во Македонија, а да опаѓа на бројот на невработени. Рамниот и низок данок ги привлекува и охрабрува побогатите да инвестираат и отвораат нови работни места и да ги вработат оние кои не се толку богати. Прогресивниот ги брка. Немаше потреба владата да дава лажни објаснувања од типот дека времено го враќаат данокот како што порано беше бидејќи не била консултирана бизнис заедницата при неговото носење. Беше консултирана и јасно, јавно и отворено кажа дека се против. Медиумите тоа сигурно можат да го проверат, ако некој заборавил. Сите други објаснувања за овој потег кои ги дадоа се празни флоскули. Вистинскиот одговор е дека прогресивниот данок е штетен за земјата и граѓаните. Тој е неправеден, а не рамниот данок. Сите губат со прогресивниот данок, никој не добива. Тој што требаше да добие, буџетот, не добива заради очекуваната брза преселба на капиталот, компаниите и луѓето. Но, со закон не се враќа се. И времето, загубеното време, не се враќа. Како што му “гори под нозете” сега пред избори, да може сега Заев да го врати времето и да ги врати истите политики, организација и луѓе за привлекување инвестиции, веднаш би го направил. Бидејќи наместо 5-6, ќе имаше 120-130 нови изградени фабрики или дел во напредна фаза на градба за овој ист период. Ама сè не се враќа со закон. Кога водиш политика воден од лична омраза и фрустрации, од каде и потребата да уништиш сè од оние кои ги гледаш како конкуренти, ќе се “глупираш” пред избори и ќе се “пењавиш” да објаснуваш нешто што на сите им е јасно. На овој ден сите се потсетуваме на нашите блиски кои денес веќе не се меѓу живите. Предизборното соочување на оваа влада со сопствените заблуди и грешки не натера да се потсетиме и на други загубени можности и шанси, стои во Фејсбук статусот на Груевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/gruevski-voveduvanjeto-progresiven-danok-beshe-katastrofalna-greshka-na-ovaa-vlada/feed/ 0
МАСИТ- Прогресивен данок ќе доведе до одлив на квалификуваните кадри во земји со поповолна даночна клима и подобра социоекономска ситуација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/masit-progresiven-danok-kje-dovede-do-odliv-na-kvalifikuvanite-kadri-vo-zemji-so-popovolna-danochna-klima-i-podobra-socioekonomska-situacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/masit-progresiven-danok-kje-dovede-do-odliv-na-kvalifikuvanite-kadri-vo-zemji-so-popovolna-danochna-klima-i-podobra-socioekonomska-situacija/#respond Thu, 27 Dec 2018 09:21:54 +0000 https://kurir.mk/?p=145571

Владата го изгласа законот за прогресивно оданочување и покрај тоа што голем дел  експертската јавност не се согласи со оваа одлука. Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ во неколку наврати досега имаше соопштенија за јавноста во врска со најавите за потенцијално воведување на прогресивно оданочување на персоналниот доход, а  ги претставуваат ставовите и мислењата на повеќе од 80 од најголемите и најиновативни компании во Република Македонија. Имено, според МАСИТ ваквата реформа не би придонела за подобрување на социјалната еднаквост туку  напротив ќе доведе до целосно намалување на продуктивноста и вработливоста и секако развојот на квалификациите. Понатаму  од МАСИТ кажуваат дека  токму со оваа даночна реформа  ќе се предизвика  пенализација на деловите од населението кои напорно работат кон напредување и повисоки приходи, а  ќе се наградуваат оние кои не се трудат и со тоа директно се создава намалување на продуктивноста. Дополнително,  според нив со ваквата даночна реформа се врши дестимулирање на развојот на висококвалификуваните кадри односно  зголемувањето на данокот на личен доход најмногу ќе ги погоди оние кои вложувале во сопствениот професионален развој и ќе испрати порака дека квалификуваноста е неисплатлива, со што ќе се отстрани стимулот за развој на способности и квалификации. И тие како и многу други комори кажуваат дека со даночната реформа ќе се предизвика ефект на даночна непослушност и зголемување на даночната евазија. Исто така го спомнуваат и одливот на мозоци и намалени капитални инвестиции што дополнително ќе влијае негативно врз македонската економија. Од МАСИТ велат дека пред Владата да донесе било какво решение во врска со  комплексна  и деликатна тема како што е прогресивниот данок  треба прво да се консултира со бизнис заедницата. Инаку Владата пред да дојде на власт ветуваше дека ќе отвори дебата за сите релевантни прашања  за да прибере мислење од засегнатите страни но тоа според експертите и бизнис заедницата Владата не го практикува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/masit-progresiven-danok-kje-dovede-do-odliv-na-kvalifikuvanite-kadri-vo-zemji-so-popovolna-danochna-klima-i-podobra-socioekonomska-situacija/feed/ 0
Цуклев: Прогресивниот данок ќе ја зголеми сивата економија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cuklev-progresivniot-danok-kje-ja-zgolemi-sivata-ekonomija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cuklev-progresivniot-danok-kje-ja-zgolemi-sivata-ekonomija/#respond Thu, 13 Dec 2018 20:49:07 +0000 https://kurir.mk/?p=139982

Генерално ние сме против целиот концепт на прогресивно оданочување за целосно останување на законот за пропорционално оданочување, како што власта милува да го каже рамен данок. Не е рамен данок туку е пропорционално оданочување. Потоа направивме напори со друг амандман да се укине барем стапката на оданочување со 18 процент на приходите од доход, да се укине оданочувањето на трудот затоа што нелогично е да го сметаме богат некој ИТ инжинер, професор или лекар кој што зема над 900 илјади работа а е единствен вработен во семејството, истакна Драган Цуклев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешното гостување во емисијата Отворено на ТВ Алфа. Тој додаде дека власта треба сериозно да размисли за пролонгирање на прогресивниот данок, бидејќи со него се отвора можност за зголемување на сивата економија, додека пропорционалниот или рамниот данок е данок кој е едноставен за примена. Сметам апсолутно дека треба да го пролонгира персоналното оданочување, дека таргетот за прибирање на повеќе даночни приходи со кои што би се финансирала социјалата како изговор нели на власта за воведување на прогресивниот данок, таргет треба да биде сивата економија и нејзино формализирање, односно нејзино вклучување на системот. Предноста на пропорционалното оданочување е едноставноста на примената, вели Цуклев]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cuklev-progresivniot-danok-kje-ja-zgolemi-sivata-ekonomija/feed/ 0
Прогресивниот данок ќе ги осиромаши граѓаните, а ќе обезбеди повеќе пари за луксузирање на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/progresivniot-danok-kje-gi-osiromashi-gragjanite-a-kje-obezbedi-povekje-pari-za-luksuziranje-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/progresivniot-danok-kje-gi-osiromashi-gragjanite-a-kje-obezbedi-povekje-pari-za-luksuziranje-na-vladata/#respond Wed, 28 Nov 2018 15:43:42 +0000 https://kurir.mk/?p=133191

Во јавноста постојано е актуелна темата за прогресивното оданочување. Имено голем дел од експертската јавност јавно го изрази својот револт и незадоволство поради спроведување на оваа реформа. Сепак Владата остана глува и за граѓаните и за бизнис секторот и стопанствениците. Експертите велат дека со прогресивниот данок ќе се оданочува само еден процент од граѓаните и дека оваа реформа воопшто нема да биде ефективна. Тие сметаат дека друг негативен аспект на оваа реформа е дека има за цел само да собере повеќе пари во буџетот на сметка на одредена група на луѓе кои со сопствен труд успеале да достигнат високо ниво на приход . Понатаму тие велат дека алармантно е што , нема економски раст, не се креираат нови работни места и не се отвораат нови фирми и дека пазарните услови и за тие што веќе работат стануваат се потешки и со тоа притисокот врз економијата и буџетот стануваат се поголеми. Според експертската јавност моменталната Влада не ги решава проблемите, туку ги префрлува на грбот на друга група граѓани, пренесува порталот Економски.мк. Голем дел од економистите сметаат дека нема никакво реално намалување на непродуктивните трошоци во буџетот. Во јавноста постојано излегуваат информации за многубројни министерства, функционери кои имаат високо платени советници а кои немаат никакво портфолио за работа, додека сепак црпат од буџетот огромни средства. Со ваква политика само се стимулира сивата економија која негативно се одразува на целокупната економија. Исто така Владата постојано добива критики дека не прави напори за подобрување на даночната наплата со што избегнувањето на даноци ќе постане нова реалност и ќе продолжи да се зголемува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/progresivniot-danok-kje-gi-osiromashi-gragjanite-a-kje-obezbedi-povekje-pari-za-luksuziranje-na-vladata/feed/ 0
Објавени платите на министрите – еве кој ќе плаќа прогресивен данок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/objaveni-platite-na-ministrite-eve-koj-kje-plakja-progresiven-danok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/objaveni-platite-na-ministrite-eve-koj-kje-plakja-progresiven-danok/#respond Tue, 20 Nov 2018 10:46:29 +0000 https://kurir.mk/?p=129920

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски добил 92.299,00 денари плата за октомври. Со тоа тој е најплатен министер во владиниот кабинет и зема повисока плата од премиерот Зоран Заев, на кого минатиот месеци му се исплатени 88.161,00 денари, пишува Независен. Од Владата појаснуваат дека платите на избраните и именувани функционери се пресметуваат според соодветни коефициенти и според години на стаж. Платата на Спасовски, пак, е повисока од таа на премиерот затоа што на министрите за внатрешни работи им следува надиоместок од плус 20 проценти за тежина на работно место, што било уредено со одлука донесен од Собранието пред повеќе години. Во последните пет години, членовите на владата и други функционери добиваат намалени плати кои се пресметуваат на намалена основица на просечната плата во државата, а согласно мерките за штедење што беа донесени за време на економската криза. Со тоа, Спасовски е единствен член на кабинетот на Заев што има плата повисока од 90 илјади денари, колку што е прагот според кој во иднина ќе се плаќа повисок данок, согласно со праведното оданочување што го најави Владата. Платите на министрите се објавени на сајтот на владата, преку алатката за отчетност. Примањата на другите министри минатиот месец се движеле од 70.994 денари, колку што земал министерот без ресор задолжен за подобрување на статусот на Ромите Аксел Ахмедовски, до 80.206,00 денари, колку што му се исплатени на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Со измени на Законот за плати на избрани и именувани функционери, платите на вицепремиерите наскоро треба да се изедначат со тие на другите министри, согласно со одлуката на Уставниот суд од пред неколку месеци. Минатиот месец, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска земала плата 79.150,00 денари, а на вицепремиерот за Рамковен договор Хазби Лика, и покрај информациите дека не оди на работа, му се исплатени 76.340,00 денари или нешто повеќе отколку на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој земал 75.635,00 денари.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/objaveni-platite-na-ministrite-eve-koj-kje-plakja-progresiven-danok/feed/ 0
Антони Пешев: Ова прогресивно оданочување е на товар на кршливата македонска економија и оданочени ќе бидат најдобрите експерти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/antoni-peshev-ova-progresivno-odanochuvanje-e-na-tovar-na-krshlivata-makedonska-ekonomija-i-odanocheni-kje-bidat-najdobrite-eksperti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/antoni-peshev-ova-progresivno-odanochuvanje-e-na-tovar-na-krshlivata-makedonska-ekonomija-i-odanocheni-kje-bidat-najdobrite-eksperti/#respond Fri, 09 Nov 2018 11:10:26 +0000 https://kurir.mk/?p=125686

Антони Пешев, поранешниот владин министер, а сега претседавач на собранието на Стопанската комора, во интервју за Фактор Магазин откри дека вицепремиерот Кочо Анѓушев не им го најавил прогресивниот данок на бизнисмените, иако бил назначен од таа провиненција. Стопанската комора на Македонија била ставена пред свршен чин. - Знаевме дека ќе се носи данок за приходи над 60.000 денари, но никој не не праша за овие сет-мерки. Овој закон се носи во критично време за македонската држава. Тајмингот е преклопен со носењето на тешки политички одлуки и можеби целта е да се дефокусира јавноста. Ова решение е на товар на кршливата македонска економија. Ќе бидат оданочени најдобрите експерти во Македонија. Ние дополнително ќе ги оданочуваме оние кои ни се најпотребни во државата. Оние кои се најмобилни и тие што се решени да заминат од земјата сега ќе бидат уште помотивирани да го направат тоа. Даночната реформа првенствено се однесува на платите, но има и странични зафаќања за кои ќе има повисока стапка која не е прогресивна - вели поранешниот политичар. Стопанската комора на Македонија не е политичка партија и не може да одлучува на владини седници. Малку замирисува на популизам, а нас не ставаат во неблагодарна ситуација, бидејќи ние сега треба ли да се спротивставуваме на некој светски концепт на развиена економија, додава Пешев. Вели дека странските инвеститори нема да бидат погодени, бидејќи не даваат толкава плата, односно не ангажираат такви високоплатени профили, па тие нема да се противат. Според Пешев, македонската економија и владата треба да се насочени кон намалување и ефикасност на администрацијата. Според него, тоа треба да биде економски приоритет, а не зголемување на даноци, кои се типични за вонредни ситуации, како на пример војна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/antoni-peshev-ova-progresivno-odanochuvanje-e-na-tovar-na-krshlivata-makedonska-ekonomija-i-odanocheni-kje-bidat-najdobrite-eksperti/feed/ 0