прогресивен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 29 Jun 2020 19:40:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прогресивен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Славески: СДСМ создава неизвесност затоа што не може да одлучи дали е за прогресивен или рамен данок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveski-sdsm-sozdava-neizvesnost-zatoa-shto-ne-moze-da-odluchi-dali-e-za-progresiven-ili-ramen-danok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveski-sdsm-sozdava-neizvesnost-zatoa-shto-ne-moze-da-odluchi-dali-e-za-progresiven-ili-ramen-danok/#respond Mon, 29 Jun 2020 19:40:35 +0000 https://kurir.mk/?p=365405

Професорот Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на дебатата на телевизија 24 се осврна на проектите од програмата со која ВМРО-ДПМНЕ настапува на овие предвремени парламентарни избори. „Она што е клучно во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, Проект обнова, е што тука започнуваме со она „се обврзуваме“. Тоа е клучно, затоа ние се од напишаното во програмата имаме план да го реализираме. За периодот во меѓувреме ќе мора да се санираат последиците предизвикани од корона вирусот, и ние имаме преодна стратегија или како во 100 дена да ги решиме тие проблеми за да стартуваме со реализација на програмата. Во програмата има четири столба и започнуваме со ефикасна држава и силни институции тука се поволни услови за бизнис, јавните финансии, потоа втор столб, тука акцент е на конкурентен приватен сектор бидејќи преку 80 проценти од граѓаните тука заработуваат за својата живеачка. Трет столб е интегрирана, стабилна и безбедна држава, како и четврт но многу важен столб се подобри услови за живот на граѓаните и тука е здравство, образование, уметност, млади граѓански сектор и слично“, рече Славески. Тој посочи дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е одговор на новото време, ова е понуда на модел на раст. Професорот Славески се осврна и на тоа како компаниите не издржаа ниту на краток рок откога се појави корона кризата. „Се покажа дека не можат компаниите да издржат ниту месец - два ако не работат. Прва грешка која се направи беше тоа што немаше помош за март, а ние укажавме на тоа. По наши укажувања помошта продолжи и во јуни. Ние предвидуваме таа помош што им беше дадена на претпријатијата да не се враќа, а ќе биде неопходно помошта да продолжи и во летниот период или и во јули и август“, рече Славески. Професор Славески на дебатата се осврна и на даночниот систем, укажувајќи дека едно од правилата за дaночната политика е дека таа треба да биде предвидлива. „СДСМ заговара неизвесност, тоа ќе го прекине ВМРО-ДПМНЕ и ќе го врати рамниот данок. СДСМ воведе прогресивен данок, создадоа неизвесност, па го укинаа по девет месеци и сега повторно во програмата велат воведување, па ќе имало и дискусии. Кој може да и даде на една партија десет години да не може да се одлучи какви даноци треба да има во државата. Таквата политика создава неизвесност“, рече Славески. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveski-sdsm-sozdava-neizvesnost-zatoa-shto-ne-moze-da-odluchi-dali-e-za-progresiven-ili-ramen-danok/feed/ 0
Прогресивното оданочување ќе го зголеми даночното затајување и сивата економија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/progresivnoto-odanochuvanje-kje-go-zgolemi-danochnoto-zatajuvanje-i-sivata-ekonomija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/progresivnoto-odanochuvanje-kje-go-zgolemi-danochnoto-zatajuvanje-i-sivata-ekonomija/#respond Tue, 11 Dec 2018 08:55:58 +0000 https://kurir.mk/?p=138504

Со почеток на новата календарска година, Македонија го воведува прогресивниот данок на доход. За бруто плата во висина до 90.000 денари, се применува даночна стапка од 10%, повисоките плати од 90.000 денери се оданочува со 18%, пишува порталот pressingtv.mk. Покрај тоа, придонесите за пензиско осигурување ќе се зголемат од 18% на 18,4% во 2019 и на 18,8% во 2020. Исто така, придонесот за здравствено осигурување ќе се зголемува постепено, од 7,3% на 7,4% во 2019 и 7,5% во 2020 година, со што автоматски ќе се зголемат трошоците за работна сила за работодавците. Покачувањето на придонесите не гарантира подобрување на системот. Првично е многу поважно да се направи реформа во здравствениот систем, која ќе подразбира транспарентност во работењето, а во фокус ќе бидат ставени пациентите- соопшти Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија.
Делегацијата на германското стопанство во Македонија, не го поддржува зголемувањето на данокот на личен доход. Воедно сакаме да ја искажеме нашата критика за не вклучувањето на приватниот сектор во дијалог за новиот закон. Македонија како дестинација за странските инвеститори, воглавно е конкурентна со предвидливоста, долгорочното планирање, правната сигурност.  Со новиот закон се одалечуваме од фиксна стапка на рамниот данок, а со тоа не само што се зголемуваат  трошоците за компаниите, туку првично се создава несигурност кај стопанствениците- соопшти Мартенс.
Се очекува прогресивно оданочување да го зголеми даночното затајување и сивата економија. Зголемувањето на трошоците секогаш претставува “проблем за компаниите“. Особено во временски период кога тие веќе се оптоварени со нови административни давачки, како зголемувањето на минималната плата или регулативата за заштита на лични податоци.
Досегашната даночна политика, односно рамниот данок во изминатите години се докажа како значаен фактор за атрактивноста на Македонија како дестинација за странските инвеститори. Голем број на германски компании инвестираа во Македонија. Покрај тоа, не е добро за една земја постојано да ја менува својата даночна политика- соопшти Мартенс.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/progresivnoto-odanochuvanje-kje-go-zgolemi-danochnoto-zatajuvanje-i-sivata-ekonomija/feed/ 0