прогресивно оданочување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Dec 2022 14:03:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прогресивно оданочување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачевски: Се укинува прогресивното оданочување и нема зголемување на даноците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-se-ukinuva-progresivnoto-odanochuvanje-i-nema-zgolemuvanje-na-danocite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-se-ukinuva-progresivnoto-odanochuvanje-i-nema-zgolemuvanje-na-danocite/#respond Thu, 01 Dec 2022 14:03:06 +0000 https://kurir.mk/?p=769572

Се укинува прогресивното оданочување што требаше да почне од 1 јануари и не се предвидуваат нови даноци, ниту зголемување на постојните, објави денеска премиерот Димитар Ковачевски по владината седница на која беше усвоен новиот концепт на даночна реформа. Со новиот концепт, данокот на личен доход останува 10 проценти, данокот на добивка останува 10 проценти, данокот на додадена вредност останува 18, а нема да се оданочуваат ниту каматите на депозитите и штедните влогови. -Овој нов концепт значи ревидирање на даночните ослободувања, проширување на даночната основа и крајно сузбивање на неформалната економија. Со ова, резултатот од новиот концепт ќе биде одржливи и повисоки стапки на економски раст, но и транспаретно управување со јавните финансии што е особено важен услов во оваа најголема економска криза, рече Ковачевски на прес-конференцијата по владината седница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-se-ukinuva-progresivnoto-odanochuvanje-i-nema-zgolemuvanje-na-danocite/feed/ 0
Од секторот туризам против прогресивно оданочување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-sektorot-turizam-protiv-progresivno-odanochuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-sektorot-turizam-protiv-progresivno-odanochuvanje/#respond Thu, 06 Dec 2018 15:29:44 +0000 https://kurir.mk/?p=136602

Предупредувањата за воведување прогресивно оданочување и нови даночни политики негативно ќе влијаат во туризмот, велат од туристичкиот сектор. Деканот на Факултетот за туризам во Охрид, Цветко Андреевски вели дека е неопходно уште еднаш да се размисли пред новиот данок да стапи на сила, објави „Алсат М“. - Мислам дека она што сега се нуди како закон за измените во даночната сфера негативно ќе влијае особено во туризмот и хотелите, но особено и во приватното сместување, затоа што за киријата се менува даночна стапка за 50% а се намалува уделот на прифатливите трошоци на 30%. Ова ќе биде удар за приватните станодаваци, кои се застапени во голема мера а особено во Југозападниот плански регион"- рече Цветко Андреевски - декан на Факултетот за туризам. Сите овие реформи ќе им ја отежнат работата на фирмите и практично овие регулативи ќе донесат дополнителни обврски кон самите компании. Тие не се однесуваат на секторот, туку се однесуваат на сите деловни субјекти. Ние, како систем на комори излеговме со став даночната реформа да се одложи за пет години", рече Љубомир Димовски, претставник на бизнис заедницата. Покрај тоа, се бара државата да дели субвенции во некои туристички сегменти. Постојниот модел ги опфаќа само тур-операторите кои носат странските туристи. Долго време се обидуваме да го смениме овој модел на субвенционирање и субвенционирањето особено да го почуствува хотелиерството. Она што е важно за нас е дека угостителските капацитети за резервации и угостителски ресторани треба да бидат вклучени во субвенционирањето", истакна Даниела Михајловска Василевски - Стопанската комора на Македонија. За важноста на туризтичкиот сектор покажуваат и најновите податоци, според кои, во првиот квартал на оваа година, туристи потрошиле речиси 65 милиони долари за патување во Македонија, што е 26,5% повеќе од минатата година. Податоците беа објавени на Форумот за развој на стратешки туризам одржан во Охрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-sektorot-turizam-protiv-progresivno-odanochuvanje/feed/ 0
Вонредна седница на Стопанската комора за прогресивното оданочување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vonredna-sednica-na-stopanskata-komora-za-progresivnoto-odanochuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vonredna-sednica-na-stopanskata-komora-za-progresivnoto-odanochuvanje/#respond Tue, 06 Nov 2018 08:29:36 +0000 https://kurir.mk/?p=123999

Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи вонредна седница за најавеното прогресивно оданочување и ефектот од оваа мерка врз работењето на деловните субјекти. На седницата ќе учествуваат и потпретседателите на Комората, како и министерот за финансии Драган Тевдовски. Во саботата министерот Тевдовски најави воведување прогресивен данок. За приход од 90.000 денари, информира, ќе се плаќа дополнителен данок од осум проценти. Мерката треба да стапи во сила од 2019 година, а, како што истакна Тевдовски, со неа ќе се постигне т.н. праведно одданочување кое Владата го вети во предизборната програма. Стопанската комора на Македонија и останатите членки на Платформата за јавно – приватен дијалог (Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори) вчера предупредија дека не треба да се избрзува со новата мерка затоа што компаниите веќе ги имаат дефинирано финансиските планови за идната година. Потребни се, порачаа коморите, подлабоки анализи кои ќе покажат како прогресивното оданочување ќе влијае врз работењето на бизнисот.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vonredna-sednica-na-stopanskata-komora-za-progresivnoto-odanochuvanje/feed/ 0