прохор пчински – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Aug 2023 15:37:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прохор пчински – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се реконструира дел од велешката улица „Прохор Пчински“ кон црквата „Св. Спас“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-rekonstruira-del-od-veleshkata-ulitsa-prohor-pchinski-kon-tsrkvata-sv-spas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-rekonstruira-del-od-veleshkata-ulitsa-prohor-pchinski-kon-tsrkvata-sv-spas/#respond Mon, 07 Aug 2023 15:37:03 +0000 https://kurir.mk/?p=864300

Во тек се градежните работи за реконструкција на оштетените површини на дел од велешката улица „Прохор Пчински“ што води кон црквата „Свети Спас“. Како што информираат од Општина Велес, градежните работи започнаа во петокот и треба да завршат за десеттина дена, односно до крајот на ова недела. Во текот на изведувањето на градежните зафати поставена е сообраќајна сигнализација. -Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација, да покажат трпение и разбирање додека се изведуваат градежните работи, апелираат од Општина Велес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-rekonstruira-del-od-veleshkata-ulitsa-prohor-pchinski-kon-tsrkvata-sv-spas/feed/ 0
Вељаноски: Пендаровски е должен да знае дека последен пат во Прохор Пчињски беше претседателот на Собранието во 2009 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veljanoski-pendarovski-e-dolzen-da-znae-deka-posleden-pat-vo-prohor-pchinjski-beshe-pretsedatelot-na-sobranieto-vo-2009-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veljanoski-pendarovski-e-dolzen-da-znae-deka-posleden-pat-vo-prohor-pchinjski-beshe-pretsedatelot-na-sobranieto-vo-2009-godina/#respond Tue, 02 Aug 2022 19:29:42 +0000 https://kurir.mk/?p=713171

Поранешниот претседател на законодавниот дом Трајко Вељаноски преку објава на социјалните мрежи го потсети шефот на државата дека последенн пат македонската делегација во Прохор Пчињски била во 2009 година, а не пред 18 години како што денес беше кажано. -Им благодариме на пријателите од Србија за денешниот гест со посетата на Претседателот Стево Пендаровски на манастирот Свети Прохор Пчињски. Сепак, Претседателот на Македонија бил должен да знае дека последен пат на ова историско место бил Претседателот на Собранието Трајко Велјаноски во 2009 година, а не така како што беше кажано! Освен тоа, протоколот на нашата држава наместо да прикажува нереални дипломатски достигнувања и наводни несекојдневни успеси, требало да биде информиран дека таблата пред која денеес се поклонија претставниците на нашата Држава, ниту е оригиналната табла, ниту таа е на местото на кое треба да стои, пишува Вељаноски на Фејсбук. Нагласи дека Македонија поминала многу премрежја, но ќе заедно и ова ќе се помине. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veljanoski-pendarovski-e-dolzen-da-znae-deka-posleden-pat-vo-prohor-pchinjski-beshe-pretsedatelot-na-sobranieto-vo-2009-godina/feed/ 0
Пендаровски пристигна во манастирот „Св. Прохор Пчински“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-pristigna-vo-manastirot-sv-prohor-pchinski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-pristigna-vo-manastirot-sv-prohor-pchinski/#respond Tue, 02 Aug 2022 11:02:50 +0000 https://kurir.mk/?p=712992

Државно-црковната делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски денеска пристигна во манастирот „Св. Прохор Пчински“, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката. Претседателот Пендаровски ќе положи венец со цвеќе на Спомен плочата на АСНОМ, поставена во манастирскиот комплекс. Токму на ова место е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година.Во состав на државно-црковната делегација на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ се министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, Кумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј и Епископот Стобиски г. Јаков, претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и претставници од Сојузот на борците на НОБ. Од српска страна, на чествувањето присуствуваат министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ и г. Пахомије, епископ врањски, како претставник на Српската Православна Црква.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-pristigna-vo-manastirot-sv-prohor-pchinski/feed/ 0
Во Прохор Пчински во Србија заедничка литургија за Св.Илија на владици на СПЦ и МПЦ-ОА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prohor-pchinski-vo-srbija-zaednichka-liturgija-za-sv-ilija-na-vladici-na-spc-i-mpc-oa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prohor-pchinski-vo-srbija-zaednichka-liturgija-za-sv-ilija-na-vladici-na-spc-i-mpc-oa/#respond Tue, 02 Aug 2022 09:55:38 +0000 https://kurir.mk/?p=712957

Во манастирот Св.Прохор Пчински покрај одбележувањето на празникот Илинден од страна на црковно-државна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски, утринава за верскиот празник Св.Илија заедничка литургија сослужуваа владици на СПЦ и МПЦ-ОА, јави дописиникот на МИА од Белград. Со заедничката литургија во црквата во манастирот Св.Прохор Пчински чиноначалствуваше Врањскиот епископ г.Пахомије, а на литургијата сослужуваа Кумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј и Епископот Стобиски г. Јаков од МПЦ-ОА и епископот Давид од ПОА. Во манастирот Прохор Пчински празникот Илинден денеска ќе го одбележет и Македонците од Србија, бидејќи 2 Август е државен празник за македското малцинство во Србија. Државнo-црковна делегација денеска е во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година ќе ја предводи претседателот Стево Пендаровски. Во состав на државно-црковната делегација на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ се министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, Кумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј и Епископот Стобиски г. Јаков, како претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и претставници од Сојузот на борците на НОБ. Од српска страна, на чествувањето ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ и Епископот врањски г. Пахомије, како претставник на Српската Православна Црква. Во параклисот на манастирот Прохор Пчински поставена е спомен плочата за одржувањето на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, пред која ќе се одржи и чествувањето на Илинден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prohor-pchinski-vo-srbija-zaednichka-liturgija-za-sv-ilija-na-vladici-na-spc-i-mpc-oa/feed/ 0