производство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Aug 2023 13:26:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png производство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Намалени производството и продажбата на шумски производи во државните шуми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namaleni-proizvodstvoto-i-prodazhbata-na-shumski-proizvodi-vo-drzhavnite-shumi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namaleni-proizvodstvoto-i-prodazhbata-na-shumski-proizvodi-vo-drzhavnite-shumi/#respond Wed, 30 Aug 2023 13:26:17 +0000 https://kurir.mk/?p=872580

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2023 година во однос на второто тримесечје од 2022 година е намалено за 24,9 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемување на шумското производство е забележано кај друго обло дрво од иглолисни видови и просторното дрво од иглолисни видови, а намалување кај трупците, рудничкото и огревното дрво − од иглолисни и листопадни видови. Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 82 255 метри кубни и бележи намалување за 37,5 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namaleni-proizvodstvoto-i-prodazhbata-na-shumski-proizvodi-vo-drzhavnite-shumi/feed/ 0
Харис: Русија го скрати произодството на нафта, тоа значи дека не може да ја продава https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haris-rusija-go-skrati-proizodstvoto-na-nafta-toa-znachi-deka-ne-mozhe-da-ja-prodava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haris-rusija-go-skrati-proizodstvoto-na-nafta-toa-znachi-deka-ne-mozhe-da-ja-prodava/#respond Fri, 17 Feb 2023 08:36:08 +0000 https://kurir.mk/?p=801626

Одлуката на Русија да го скрати производството на нафта за 500,000 барели дневно покажува дека е неспособна да ја продаде суровината, а поради строгите санкции против неа, изјави синоќа заменик - министерот за финансии на САД, Бен Харис. -Тие го скратија производството затоа што едноставно не можат да продадат (нафтата), не затоа што сакаат да ја користат нафтата и нафтените производи како оружје, рече Харис во излагањето на конференцијата на американската нафтена индустрија „Аргус Америкас“ што деновиве се одржува во Хјустон. Москва преку својот министер за енергетика, Александар Новак, викендов објави кратење на производството на својата сурова нафта за 500,000 барели во ден, откако земјите од Г-7, ЕУ и Австралија, наметнаа строги санкции за рускиот извоз на нафта и рафинериски производи, вклучително и ограничувања на цените, казнена мерка што се воведе за прпат во историјата на санкциите. За суровата нафта, ограничувањето на цената е 60 долари за барел за танкерен транспорт, е од 5 декември 2022 година. За рафинериските производи танкерниот транспорт на руски дизел, бензин и други производи што се продаваат со повисока маржа е ограничен на 100 долари за барел, а на производите со пониска маржа, како мазутот – 45 долари за барел. Ограничувањата важат од 5 фебруари. Ограничувањата имаат за цел да се одржи стабилност на нафтениот пазар, бидејќи Русија е еден од трите најголеми снабдувачи на нафта во светот, а истовремено таа да биде казнета со намалување на нејзините доходи со кои ја финансира војната во Украина. Пазарот на ЕУ и останатите западни земји сега останува затворен за руската нафта, чиј извоз од декември постојано се намалува, со исклучок на три земји, Бугарија, Унгарија и Словачка, кои побараа грејс период за увоз на руска нафта до крајот на годинава). Русија се сврти кон азиските пазари, како Кина и Индија, каде својата нафта „Јуралс“ ја продава со дисконт од речиси 100 отсто споредено со цената на „Брент“. На конференцијата денеска свој настап имаше и поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш помладиот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haris-rusija-go-skrati-proizodstvoto-na-nafta-toa-znachi-deka-ne-mozhe-da-ja-prodava/feed/ 0
САД со критики за Ријад поради намалувањето на производството на нафта на ОПЕК Плус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-so-kritiki-za-rijad-poradi-namaluvanjeto-na-proizvodstvoto-na-nafta-na-opek-plus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-so-kritiki-za-rijad-poradi-namaluvanjeto-na-proizvodstvoto-na-nafta-na-opek-plus/#respond Thu, 13 Oct 2022 16:09:37 +0000 https://kurir.mk/?p=744945

САД ја критикуваа Саудиска Арабија за инсистирањето дека минатонеделното намалување на производството од нафтениот картел ОПЕК и неговите сојузници, вклучително и Русија, е економски, а не политички мотивирано. „Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија може да се обиде да спинува или да менува насоки, но фактите се едноставни. Светот се собира зад Украина во борбата против руската агресија“, наведе портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби во соопштение. Саудиска Арабија ги отфрли како неосновани обвинувањата дека минатонеделното намалување на производството од нафтениот картел ОПЕК и неговите сојузници, вклучително и Русија, било политички мотивирано против САД. Одлуката за намалување на производството за два милиони барели дневно од ноември ја растрвожи Белата куќа, при што претседателот Џо Бајден вети „последици“ за најголемиот производител на ОПЕК Саудиска Арабија. „Саудиска Арабија ги разгледа изјавите… кои ја опишаа одлуката како кралството да зазема страна во меѓународните конфликти и дека таа е политички мотивирана против САД“, се вели во соопштението на саудиското Министерство за надворешни работи. Саудиска Арабија „би сакала да го изрази своето целосно отфрлање на овие изјави кои не се засноваат на факти и кои се засноваат на прикажување на одлуката на ОПЕК + надвор од нејзиниот економски контекст“. Ријад инсистираше на тоа дека одлуките на ОПЕК и неговите сојузници, познати како ОПЕК +, се донесени „чисто од економски причини“ и дека нејзиниот економски совет бил да се спротивстави на повиците за одложување на намалувањето на производството. „Владата на кралството преку нејзините континуирани консултации со американската администрација појасни дека сите економски анализи покажуваат дека одложувањето на одлуката на ОПЕК + за еден месец… би имало негативни економски последици“, соопшти Министерството. „Решавањето на економските предизвици бара воспоставување на неполитизиран конструктивен дијалог и мудро и рационално разгледување на она што им служи на интересите на сите земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-so-kritiki-za-rijad-poradi-namaluvanjeto-na-proizvodstvoto-na-nafta-na-opek-plus/feed/ 0
Австрија: Долгата јулска суша влијаеше врз падот на производство на електрична енергија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-dolgata-julska-susha-vlijaeshe-vrz-padot-na-proizvodstvo-na-elektrichna-energija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-dolgata-julska-susha-vlijaeshe-vrz-padot-na-proizvodstvo-na-elektrichna-energija/#respond Thu, 25 Aug 2022 13:11:23 +0000 https://kurir.mk/?p=723861

Долгиот период на суша во јули имаше значително влијание врз падот на производството на електрична енергија во хидроцентралите во Австрија. Според операторот за пренос на електрична енергија АПГ, производството од хидроенергија во јули е намалено во однос на истиот месец лани за цели 31 процент. – Поради тоа, Австрија мораше да увезува три пати повеќе електрична енергија од просекот во изминатите четири години, изјави директорот на АПГ Герхард Кристинер. Во јули минатата година, според соопштението на АПГ, околу 96 отсто од потрошувачката на електрична енергија во Австрија била покриена со обновл иви извори на енергија, а годинава поради сушата само 77 отсто. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-dolgata-julska-susha-vlijaeshe-vrz-padot-na-proizvodstvo-na-elektrichna-energija/feed/ 0
Сушата ја натера „Shell“ да ја намали преработката на нафта во Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sushata-ja-natera-shell-da-ja-namali-prerabotkata-na-nafta-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sushata-ja-natera-shell-da-ja-namali-prerabotkata-na-nafta-vo-germanija/#respond Fri, 19 Aug 2022 09:57:36 +0000 https://kurir.mk/?p=720951

Британско – холандската компанија за нафта „Shell“ информираше дека била принудена да ја намали преработката во рафинеријата во германскиот регион Рајнленд поради нискиот водостој на Рајна, што го отежнал транспортот. „Поради нискиот водостој на Рајна, го намаливме капацитетот на Shell Energy and Chemicals Park Рајнленд. Ситуацијата со снабдувањето е сложена, но, со неа се управува внимателно“, соопшти компанијата. Нема информација за колку е намален капацитетот на рафинеријата, што може да преработи до 17 милиони тони сурова нафта годишно или 345.000 барели дневно. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sushata-ja-natera-shell-da-ja-namali-prerabotkata-na-nafta-vo-germanija/feed/ 0
Производството на електрична енергија во Словенија на историски најниско ниво https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proizvodstvoto-na-elektrichna-energija-vo-slovenija-na-istoriski-najnisko-nivo-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proizvodstvoto-na-elektrichna-energija-vo-slovenija-na-istoriski-najnisko-nivo-2/#respond Tue, 14 Jun 2022 20:31:24 +0000 https://kurir.mk/?p=690974

Словенија повеќе не ги произведува потребните количини електрична енергија, а нејзината цена за домаќинствата и економијата може енормно да се зголеми во наредните месеци, предупреди денеска во интервју за словенечкото радио Александар Мервар, директор на Електростопанство Словенија „ЕЛЕС“. – Војната во Украина во моментов влијае на високите цени на енергетскиот пазар, но и да се смират тие околности, тие ќе бидат исклучително високи, а во преодниот период би можеле да се зголемат два до три пати, рече Мервар, пренесе агенцијата Хина. Тој додаде дека засега нема индиции дека би можело да има намалување на испораките на електрична енергија, иако Словенија веќе не произведува доволно електрична енергија, туку е сè повеќе зависна од увоз. Производството на електрична енергија во Словенија во првите пет месеци од оваа година беше на „историски најниско ниво“, рече тој, додавајќи дека поради одржливоста на системот, земјата во тој период речиси цело време била зависна од увезената електрична енергија поради ниските водостои на реките на кои се домашните хидроцентрали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proizvodstvoto-na-elektrichna-energija-vo-slovenija-na-istoriski-najnisko-nivo-2/feed/ 0
Производството на електрична енергија во Словенија на историски најниско ниво https://arhiva.kurir.mk/svet/region/proizvodstvoto-na-elektrichna-energija-vo-slovenija-na-istoriski-najnisko-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/proizvodstvoto-na-elektrichna-energija-vo-slovenija-na-istoriski-najnisko-nivo/#respond Tue, 14 Jun 2022 20:25:25 +0000 https://kurir.mk/?p=690965

Словенија повеќе не ги произведува потребните количини електрична енергија, а нејзината цена за домаќинствата и економијата може енормно да се зголеми во наредните месеци, предупреди денеска во интервју за словенечкото радио Александар Мервар, директор на Електростопанство Словенија „ЕЛЕС“. – Војната во Украина во моментов влијае на високите цени на енергетскиот пазар, но и да се смират тие околности, тие ќе бидат исклучително високи, а во преодниот период би можеле да се зголемат два до три пати, рече Мервар, пренесе агенцијата Хина. Тој додаде дека засега нема индиции дека би можело да има намалување на испораките на електрична енергија, иако Словенија веќе не произведува доволно електрична енергија, туку е сè повеќе зависна од увоз. Производството на електрична енергија во Словенија во првите пет месеци од оваа година беше на „историски најниско ниво“, рече тој, додавајќи дека поради одржливоста на системот, земјата во тој период речиси цело време била зависна од увезената електрична енергија поради ниските водостои на реките на кои се домашните хидроцентрали. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/proizvodstvoto-na-elektrichna-energija-vo-slovenija-na-istoriski-najnisko-nivo/feed/ 0
Зголемено производството на шумски производи во државните шуми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeno-proizvodstvoto-na-shumski-proizvodi-vo-drzavnite-shumi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeno-proizvodstvoto-na-shumski-proizvodi-vo-drzavnite-shumi/#respond Mon, 16 May 2022 10:38:24 +0000 https://kurir.mk/?p=677297

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од годинава е зголемено за 4,3 проценти во споредба со првото тримесечје од 2021 година, додека продажбата на шумски сортименти изнесува 20.795 кубни метри и бележи зголемување за 18,8 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни видови и кај огревното дрво од иглолисни видови. Намалување на шумското производство,пак, е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, просторното дрво од иглолисни видови и кај огревното дрво од листопадни видови. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeno-proizvodstvoto-na-shumski-proizvodi-vo-drzavnite-shumi/feed/ 0
СЗО формираше нов центар за обука за производство на вакцини против коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-formirashe-nov-centar-za-obuka-za-proizvodstvo-na-vakcini-protiv-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-formirashe-nov-centar-za-obuka-za-proizvodstvo-na-vakcini-protiv-koronavirus/#respond Wed, 23 Feb 2022 18:45:35 +0000 https://kurir.mk/?p=635589

Светската здравствена организација денеска соопшти дека основала центар за обука во Јужна Кореја за земјите со низок и среден приход кои сакаат да произведуваат свои вакцини и лекови против коронавирус. Новиот центар за обука е основан откако агенцијата на ОН формираше центар за трансфер на технологија во Кејп Таун минатата година за пренос на знаење во сиромашните и средните земји за производство на вакцини против Ковид-19 врз основа на технологијата мРНА. Новиот центар во предградието на Сеул ќе едуцира експерти од оние земји кои сакаат да произведуваат свои вакцини, инсулин и моноклонални антитела, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Центарот во Јужна Кореја веќе спроведува обука за компании со седиште во земјата, а сега ќе прима и експерти од други земји. СЗО, исто така, објави дека уште пет земји – Бангладеш, Индонезија, Пакистан, Србија и Виетнам – ќе добијат поддршка од центарот за трансфер на мРНА технологија од Јужна Африка. Минатата недела, шест африкански земји, Египет, Кенија, Нигерија, Сенегал, Јужноафриканската Република и Тунис, први до Африка потпишаа договор за пренос на технологија за производство на мРНА вакцини според меѓународните стандарди. Тедрос рече дека 20 земји досега изразиле интерес за обука за производство на мРНА вакцини во Јужноафриканската Република.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-formirashe-nov-centar-za-obuka-za-proizvodstvo-na-vakcini-protiv-koronavirus/feed/ 0
Денеска почнува производството на вакцината „Спутник V“ во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/deneska-pochnuva-proizvodstvoto-na-vakcinata-sputnik-v-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/deneska-pochnuva-proizvodstvoto-na-vakcinata-sputnik-v-vo-srbija/#respond Fri, 04 Jun 2021 09:15:08 +0000 https://kurir.mk/?p=518900

Копретседавачите на Српско-рускиот меѓувладин комитет, министер во Владата на Србија Ненад Поповиќ и вицепремиер на руската влада Јуриј Борисов, одржаа состанок на кој посочија дека почетокот на производството на „Спутник V“ вакцината во Институтот „Торлак“ би била свечено обележана попладнево. - Тоа е потврда за најдобрата политичка, економска и научно-технолошка соработка меѓу нашите две држави, но и потврда за блискоста и високиот степен на меѓусебна доверба меѓу нашите државни лидери - рече Поповиќ. Тој истакна дека производството на вакцината Спутник V во институтот Торлак е резултат на договорот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Русија, Владимир Путин, кој диктира високо темпо на развој на билатерални односи меѓу двете земји во своите области. - За само пет месеци од почетокот на работата за воспоставување на производство на руска вакцина во Србија, задачата што ја добивме од нашите претседатели е исполнета. Србија ќе стане првата земја во Европа што ќе произведува вакцина Спутник V на нејзината територија. Сега ќе бидеме уште поподготвени да ги заштитиме здравјето и животот на нашите граѓани, но и да им помогнеме на нашите партнери во регионот и Европа кои имаат огромна потреба од вакцината - рече Поповиќ. Вицепремиерот на Руската Федерација Јуриј Борисов изрази задоволство од почетокот на производството на руската вакцина во Србија. Тој посочи дека ова е голем чекор за Србија, кој гарантира зачувување на безбедноста и долгорочна заштита на населението од вирусот корона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/deneska-pochnuva-proizvodstvoto-na-vakcinata-sputnik-v-vo-srbija/feed/ 0