проклетство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Mar 2022 18:40:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png проклетство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тутанкамон, Црпковото проклетство и по Боки, Зоки… https://arhiva.kurir.mk/kolumni/tutankamon-crpkovoto-prokletstvo-i-po-boki-zoki/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/tutankamon-crpkovoto-prokletstvo-i-po-boki-zoki/#respond Fri, 18 Mar 2022 11:46:36 +0000 https://kurir.mk/?p=649500

Секој кој се дружел со Црпко, иста клета судбина го чека. Да,  Тутанкамон може вода да му носи на Другарче. Докажано, емпириски. Кој се дујдисал со него, го јал. За сите пари. Пари што ги здиплил од државата, па после истиот го „здиплиле“ во марица. И затоа, Црпковото проклетство е поиздржано и факт. Нема бегање од него. Зокиевиот АРАМ... Ок, дилемата е дали е проклетство или лепливи рачиња се во прашање, ама судбата е таа. Секој кој бил близок и муљал со него доживеал ист фатум, да го црпнат од дома и во ќорка да заврши. Ако не верувате, прашајте го Рашко, оној кој од родендени и мекици направи милиони. Ако се уште не сте убедени, втора шанса ви е соселанецот Дончев, кому му го утнале името, па не виде бел ДЕН од дружбата со муртинскиот другар и мораше да фати усвета Автралија со азното кое го броеше наочиглед цела нација. Уште не верувате дека Зочевото проклетство е посилно од Тутанкамоновото? Прашајте ја Димова и магарињата кои за тие пари мораше барем да летаат. Во најмала рака... Неверни Томи сте? Тамам, ви текнува на Катица, Кејти Џејн, специјалната шерифка која наместо да тера правда полнеше џебови? И сега е во најспецијален, домашен затвор, најлуцидната комуњарска измислица. Недоволно? Венко сомоторџијата кој моментално кутрули од тетовската таргедија со модуларните болници и набеди еден кабел? Павле што жив го фатија како шмрка бело, па се спаси со оставка? Малку ви се? Зоче е интернационелен тип, соодветно и адекватно на бројот на јазици кои ги познава. Ако не верувате, прашајте го Бојко Борисов. Да, бугарскиот потписник на Договорот за „пријателство“ кој сега толку пријателски лежи во бугарска ќорка... Или Ципрас. Кој Ципрас? Да, ни во Грција веќе не се сеќаваат на него. На неговата партија уште помалку. Ах, Зоче, Зоче, машни тој што ти даруваше. Па ти му ја врза машната со клетвата што ја носиш. Или ВРЖА, ко престолонаследникот Таче што милува да каже... Интернационалната листа е долга, на неа се и Меркел, Меј и  цела плејада државници кои по клетата дружба и поддршка на Црпко, ги црпнаа од функциите и траснаа на земја. Цела армија поддржувачи и милователи на ликот и неделото на ЗЗ кои лошо атерираа... Сепак, најачик пример е рекетарот Боки, најдоброто другарче на Зоки. Оти, само Боки се отвори за Зоки. Од сите муљатори, саде таа малер 13-ката проговори за криминалот и забеганоста на ЗЗ. Нешто што сите го знаевме, беше јавна тајна, ама не е на одмет некој од бандата да го каже и јавно. Банда, за која Далтони се олицетворение на чесност. Од страв од чадорот на Зоки, само Боки се осмели да го повлече другарче долу. Исто така, од целата  му банда, само тој и куртули. Мислите ли дека ќе остане така? Дека само три пати аболираниот Муртинхаузен и четврти пат ќе се спаси од правдата? Хмммм, велат дека раката на дотичната е спора, ама секогаш си ја врши работата. Затоа, Македонецот очекува да биде во стилот на она комуњарското, ама модифицирано на условите. Она, И ПО БОКИ, ЗОКИ. А Таче нека му ја мисли. Затоа што, знаете, ова не е Зокиево проклетство, туку македонско. Клетва ли е што ли е. МАКЕДОНСКИ АРАМ...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/tutankamon-crpkovoto-prokletstvo-i-po-boki-zoki/feed/ 0
Продолжува проклетството: Ремзи даде гол, почина уште една славна личност- еве која по ред е (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/prodolzuva-prokletstvoto-remzi-dade-gol-pochina-ushte-edna-slavna-lichnost-eve-koja-po-red-e-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/prodolzuva-prokletstvoto-remzi-dade-gol-pochina-ushte-edna-slavna-lichnost-eve-koja-po-red-e-foto/#respond Mon, 04 Mar 2019 14:38:06 +0000 https://kurir.mk/?p=171043

Да не си во кожа на фудбалерот на Арсенал. Проклетството на Арон Ремзи продолжува, тој даде гол и почина уште една голема ѕвезда, овој пат се работи за членот на Продиџи, Кит Флинт. Не му е лесно на играчот од средниот ред на Арсенал, Арон Ремзи, ако некоја славна личност почине а тој има дадено гол, вината оди кај него. Се погоди неколку пати откако тој ќе даде гол да умре некоја ѕвезда, па сега играчот не може да се оттргне од муабетите дека е предвесник на смртта.
 
View this post on Instagram
 
Proud of the team’s performance today. Going to miss playing in these games #NLD ⚽️??

A post shared by Aaron Ramsey (@aaronramsey) on

Викендов Ремзи даде гол, а утринава фронтменот на Продиџи, Кит Флинт беше пронајден мртов во својот дом. Англиските медиуми извадија податок дека досега 20 славни личности имаат починато на денот кога Ремзи ќе даде гол или неколку денови подоцна, меѓу нив се и Стив Џопс, Осама бин Ланден, Паул Вокер, Робин Вилијамс...
 
View this post on Instagram
 
Home win today in the sun, another important 3 points. See you Wednesday ??

Иако реално станува збор за обична коинциденција, за Ремзи и понатаму некои ќе велат дека неговите голови ја најавуваат смртта на славни личности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/prodolzuva-prokletstvoto-remzi-dade-gol-pochina-ushte-edna-slavna-lichnost-eve-koja-po-red-e-foto/feed/ 0