пролет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Mar 2023 12:40:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пролет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еве каква пролет не очекува според денешниот празник – народно верување кое мора да го прочитате https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/eve-kakva-prolet-ne-ochekuva-spored-deneshniot-praznik-narodno-veruvane-koe-mora-da-go-prochitate/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/eve-kakva-prolet-ne-ochekuva-spored-deneshniot-praznik-narodno-veruvane-koe-mora-da-go-prochitate/#respond Wed, 22 Mar 2023 12:40:27 +0000 https://kurir.mk/?p=814946

Младенци – еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде што се слави споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера. Младенци ги слават сопружниците во првата година од бракот, оние кои се венчале после 22 март претходната година. На тој ден младенците во својот дом примаат гости, кои им донесуваат подароци. Тој ден младите домаќинки ги покажуваат своите уметности и знаење. Треба да се напомене дека Младенци секогаш паѓаат во време на постот, така што и гозбата која се подготвува тој ден треба да биде посна поради здравје и напредок на децата на младите сопружници. Постои и верување дека „Какво е времето на тој ден, такво ќе биде цела пролет“. Како и да е, ова нека остане само верување, а ние пролетта ја сакаме каква што треба да биде вистинска пролет со сонце и расцветани дрвја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/eve-kakva-prolet-ne-ochekuva-spored-deneshniot-praznik-narodno-veruvane-koe-mora-da-go-prochitate/feed/ 0
Децата од Кавадарци ја најавија пролетта маскирани во разнобојни цветови https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/detsata-od-kavadartsi-ja-najavija-proletta-maskirani-vo-raznobojni-tsvetovi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/detsata-od-kavadartsi-ja-najavija-proletta-maskirani-vo-raznobojni-tsvetovi/#respond Tue, 21 Mar 2023 10:27:03 +0000 https://kurir.mk/?p=814461

Дечињата од Кавадарци ја најавија пролетта маскирани во разнобојни цветови. Директорката на градинката ,,Рада Поцева", Цанка Добринова појасни дека во настанот учествуваа децата од големите групи од пет до шест години. - Возбудени и радосни, ги играа омилените детски песнички. Градскиот плоштад во Кавадарци за миг се претвори во бајка. Разнобојни кругови од разиграни деца. Во убавата глетка уживаа сите случајни минувачи, но и многу родители, баби и дедовци и блиски роднини, рече Добринова. Таа додаде дека за другите возрасни групи од две до пет години, оваа седмица се организира акција на разубавување на дворовите во градинките, во соработка со родителите, садење украсни цвеќиња, како дел од проектите за одбележување на деновите на екологијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/detsata-od-kavadartsi-ja-najavija-proletta-maskirani-vo-raznobojni-tsvetovi/feed/ 0
Вечерва почнува пролетта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecherva-pochnuva-proletta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecherva-pochnuva-proletta/#respond Mon, 20 Mar 2023 06:23:53 +0000 https://kurir.mk/?p=813954

Пролетта на Северната хемисфера почнува денеска во 22 часот и 24 минути. Оваа година пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 33 минути, односно до 21 јуни 2022 година во 16 часот и 57 минути, кога ќе започне летото. Во исто време, денеска на Јужната земјина полутопка почнува есента. Сонцето во Скопје денеска изгреа во 5 часот и 38 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. Денот ќе трае 12 часа и 8 минути. Времето денеска во земјава ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 17 до 21 степен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecherva-pochnuva-proletta/feed/ 0
ДОАЃА ПЕРИОД НА СТАБИЛНО ВРЕМЕ: Пораст на дневните температи, во понеделник 23 степени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doaga-period-na-stabilno-vreme-porast-na-dnevnite-temperati-vo-ponedelnik-23-stepeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doaga-period-na-stabilno-vreme-porast-na-dnevnite-temperati-vo-ponedelnik-23-stepeni/#respond Fri, 17 Mar 2023 11:02:31 +0000 https://kurir.mk/?p=813130

Следува период на стабилно време со пораст на дневната температура која утре ќе достигне од 10 до 17 степени, а в недела од 14 до 20 степени. Како што соопшти УХМР, утринските утре ќе се движат од -6 до 1 степен, а в недела од -4 до 2 степена. Според прогнозата на УХМР, во понеделник ќе биде сончево со утринска температура од -2 до 5 и дневна од 17 до 23 степени. И во деновите потоа ќе биде топло преку ден, со максимални темератури до 21 степен во вторник и среда и до 22 степена во четврток.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doaga-period-na-stabilno-vreme-porast-na-dnevnite-temperati-vo-ponedelnik-23-stepeni/feed/ 0
НЕВИДЕНА СРЕЌА ЗА ЧЕТИРИ ЗНАКА – оваа пролет ќе ја паметат целиот живот! https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/nevidena-sreka-za-chetiri-znaka-ovaa-prolet-ke-ja-pametat-tseliot-zhivot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/nevidena-sreka-za-chetiri-znaka-ovaa-prolet-ke-ja-pametat-tseliot-zhivot/#respond Sat, 11 Mar 2023 21:44:08 +0000 https://kurir.mk/?p=810858

Пролетта на четири хороскопски знаци им носи неверојатна среќа и успех, а во во продолжение дознајте кои се тие... Овен Генерално оваа година е среќна за Овните, а поволностите посебно ќе ги почувствуваат на полето на финансии. Планетата Јупитер, која владее со среќата и богатството, се наоѓа токму во Овен, па оттука и толкава среќа за припадниците на овој огнен знак. Овните се храбри и самоуверени, а оваа пролет нивните карактеристики посебно ќе бидат изразени. Им се насмевнуваат неверојатни проекти, напредок во кариерата, а некои дури ќе станат познати. Ова е период кога не треба да се сомневате во себе. Следете ја интуицијата и не дозволувајте да ве поколебаат туѓите мислења. Бик Наредниот период за Биковите може да биде и стресен и напорен, но тие од истиот ќе испливаат посилни. Ако сте припадник на овој хороскопски знак, дозволете си да одморите и да им се препуштите на ситните радости. Промена на перспективата ќе ви донесе нови можности, но и нови сознанија. Време е за нови активности, нов курс или бизнис. Вашата енергија ќе се промени, па на сите работи околу вас ќе гледате попозитивно, а тоа дефинитивно ќе донесе резултати. Шкорпија Неверојатен период за напред и реализација на нови проекти. На Шкорпиите наредниот период ќе им се исплати, а ќе добијат и поддршка од своите најблиски. Претставниците на овој хороскопски знак ќе уживаат во секој нов ден. Не се воздржувајте да го промените работното место ако некој ви понуди ново. Ова е идеална можност за промени и учење на нови работи. Водолија Ексцентричната Водолија конечно ќе пронајде начин за своите идеи да ги наплати. Ќе им се исплати работите и трудот, а ќе добијат голема поддршка и од пријателите и во работното опкружување. Водолиите во овој период имаат изразен фокус и успехот им е приоритет. Ако истраат и никој друг не им го окупира вниманието, успехот им е загарантиран.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/nevidena-sreka-za-chetiri-znaka-ovaa-prolet-ke-ja-pametat-tseliot-zhivot/feed/ 0
Љубовта ќе им биде возвратена: Три хороскопски знаци ќе се вљубат до небо со првите пролетни денови https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/lubovta-ke-im-bide-vozvratena-tri-horoskopski-znatsi-ke-se-vlubat-do-nebo-so-prvite-proletni-denovi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/lubovta-ke-im-bide-vozvratena-tri-horoskopski-znatsi-ke-se-vlubat-do-nebo-so-prvite-proletni-denovi/#respond Wed, 08 Mar 2023 21:15:45 +0000 https://kurir.mk/?p=809698

Астролозите ги именуваа хороскопските знаци чии претставници во март 2023 година, односно уште во првите денови на пролетта, ќе ја запознаат својата љубов. Кому ќе летаат пеперутки во стомакот, прочитајте во продолжение. И да, добрата вест е што љубовтаќе им биде возвратена. Овен За Овенот почетокот на пролетта ќе биде преполн со настани, од кои еден особено интересен е средба со личност која ќе им ја промени судбината. Тоа ќе биде личност која уште на прв поглед ќе се нурне во срцето на Овенот за таму да остане засекогаш. Средбата може да се случи на работа, за време на деловно патување или на некој масовен настан. И покрај фактот дека некои Овни се уверени дека сè уште не се подготвени за нова врска, нема да можат да се спротистават на она што судбината го одлучила за нив. Покрај тоа, sвездите велат дека чувствата ќе бидат меѓусебни. Лав Лавовите се од оние луѓе кои си поставија солидна цел за 2023 година – да ја најдат својата среќа. Ѕвездите придонесуваат за ова, па веќе по 10 март шансите да ја запознаат својата љубов на животот стануваат огромни. Треба да се напомене дека некои Лавови можат да се заљубат токму во лицето што го познавале долго време. Да, не е исклучено дека едно пријателство ќе премине во длабока романтична врска, или пак истото ќе се случи со колега од работа. Водолија Водолија е многу загрижена затоа што долго време не можат да си ја најде својата „друга“ половина. Претставниците на овој хороскопски знак сакаат да создадат семејство, и конечно оваа пролет ќе им успее тоа. И тоа со првите пролетни сончеви зраци. Сè ќе започне со банално познанство. Главната работа е да верувате во себе и во сопствената привлечност.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/lubovta-ke-im-bide-vozvratena-tri-horoskopski-znatsi-ke-se-vlubat-do-nebo-so-prvite-proletni-denovi/feed/ 0
Хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа во љубовта оваа пролет https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/horoskopski-znatsi-koi-ke-imaat-najmnogu-sreka-vo-lubovta-ovaa-prolet/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/horoskopski-znatsi-koi-ke-imaat-najmnogu-sreka-vo-lubovta-ovaa-prolet/#respond Wed, 22 Feb 2023 14:23:39 +0000 https://kurir.mk/?p=803727

Според астролозите, овие 3 хороскопски знаци ќе имаат голема среќа во љубовта оваа пролет: Бик Можни се промени, а иако не секогаш сè оди според планот, оваа пролет нема да ви биде здодевно! Желбата за игра и флертување сигурно ќе биде голема, а моќта на привлечноста лесно ќе ви помогне да се поврзете со личноста која ви се допаѓа. Сега е време да преземете одговорност и да пробате нешто ново. Искористете ја вашата инспирација и бидете спонтани. Не пропуштајте шанса што обично ја пропуштате. Почувствувајте ја таа почетна енергија и дејствувајте наместо да се воздржувате. Вашите напори нема да останат незабележани и ќе донесат позитивни резултати. Рак Многу претставници на овој знак ќе сфатат дека се подготвени за нова фаза од врската. Ако конците се во ваши раце, тогаш на следниот состанок поврзете се со вашиот партнер на подлабоко ниво. Можеби ќе се изненадите колку може да станете блиски. Освен тоа, не ги игнорирајте оние кои се обидуваат да го привлечат вашето внимание. Фокусирајте се на споделување на вашите идеали, соништа и светогледи ако сакате да достигнете подлабоко ниво на поврзаност. Без оглед на статусот на вашата врска, потребен ви е некој што ќе може да го задоволи вашиот љубопитен ум. Водолија Пролетта е одлично време да направите чекор напред и да запознаете нови луѓе. Ќе привлечете обожаватели, од кои некои можеби ќе бидат романтично заинтересирани за вас. Вие генерално зрачите со позитивна енергија што лесно привлекува внимание. Ослободете се од старите емотивни рани и работете на себе. Ако се посветите на личниот развој, ќе станете посилни, поуспешни и послободни на многу полиња, дури и во љубовта.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/horoskopski-znatsi-koi-ke-imaat-najmnogu-sreka-vo-lubovta-ovaa-prolet/feed/ 0
Столтенберг: Русија ќе започне поголема офанзива напролет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-rusija-kje-zapochne-pogolema-ofanziva-naprolet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-rusija-kje-zapochne-pogolema-ofanziva-naprolet/#respond Wed, 07 Dec 2022 11:49:29 +0000 https://kurir.mk/?p=772221

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата стравува дека конфликтот во Украина ќе ескалира напролет. -Русија сега се обидува да го ‘замрзне’ конфликтот, пред да започне поголема офанзива напролет, рече Столтенберг преку видео врска на конференцијата за нови геополитички и економски стратегии организирана од британскиот весник „Фајненшл тајмс“. Столтенберг наведе дека сојузниците од НАТО мора да продолжат да испраќаат помош за Украина, бидејќи конфликтот, кој се очекува да влезе во помирна фаза во текот на зимата, ќе продолжи и во текот на пролетта, пренесува „Фајненшл тајмс“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-rusija-kje-zapochne-pogolema-ofanziva-naprolet/feed/ 0
Кое е вашето омилено годишно време? Тоа кажува каква личност сте! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koe-e-vasheto-omileno-godishno-vreme-toa-kazuva-kakva-lichnost-ste/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koe-e-vasheto-omileno-godishno-vreme-toa-kazuva-kakva-lichnost-ste/#respond Fri, 30 Sep 2022 19:05:58 +0000 https://kurir.mk/?p=739649

Промените на годишните времиња можат да влијаат на начинот на кој размислувате, чувствувате и се однесувате. Но тие се условени и од искуствата од детството, како и од други бројни факторри. Ако како дете сте сакале да поминувате време на отворено, веројатно го сакате летото и како возрасни. Кое е вашето омилено годишно време? Пролет Пролетта носи подобрување на времето, деновите се подолги, а прородата позелена. Доколку токму тоа е вашето омилено годишно време, тоа значи дека сакате нови почетоци и копнеете по нови искуства. Лето Од друга страна, летото носи ведри, сончеви денови, доцни заоѓања на сонцето, па ако тоа е вашиот избор, тоа кажува дека сакате излегувања и активен живот. Летните месеци се како создадени за престој на отворено и за патувања, како за дружељубива и екстровертна личност. Есен Иако почетоците главно се поврзуваат со пролетта, за некои личности есента претставува вистински момент за промена и осврт на постигнатото, за да се направат планови за нова година. Зима Доколку се радувате на ниските температури и моментите поминати дома, на топло и безбедно, веројатно сте интровертна личност. Топол џемпер и ќебе со вкусен напиток се вашата добитна комбинација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koe-e-vasheto-omileno-godishno-vreme-toa-kazuva-kakva-lichnost-ste/feed/ 0
Пет намирници кои треба да ги јадете во текот на пролетта: Го зајакнуваат имунитетот и го одржуваат на здравјето https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pet-namirnici-koi-treba-da-gi-jadete-vo-tekot-na-proletta-go-zajaknuvaat-imunitetot-i-go-odrzuvaat-na-zdravjeto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pet-namirnici-koi-treba-da-gi-jadete-vo-tekot-na-proletta-go-zajaknuvaat-imunitetot-i-go-odrzuvaat-na-zdravjeto/#respond Thu, 21 Apr 2022 07:44:45 +0000 https://kurir.mk/?p=666379

За разлика од коренасти и некои мешункасти зеленчуци што ги јадеме во зима, пролетта е идеално време од годината повеќе да се свртиме кон сирова или варена храна. Нутриционистите велат дека постојат намирници кои е важно да се вклучат во исхраната во овој период од годината. Тие препорачуваат пет намирници кои се пожелни во исхраната во пролетните месеци. Јагоди Оваа бобинка е една од најздравите, а можеме да ја јадеме свежа само во овој период од годината. Јагодите се богати со витамин Ц, манган и растителни влакна, па го зајакнуваат имунитетот и придонесуваат за превенција од многу болести. Го забрзуваат метаболизмот, а со тоа и го забрзуваат слабеењето. Тие се одлична состојка во различни десерти, смути, а можете да ги јадете за појадок и за ужина. Сремуш Растението Сремуш е богато со минерали и витамин Ц, па може да помогне при разни здравствени проблеми. Листовите содржат поголемо количество на витамин Ц од светилките, па затоа листовите од сремуша генерално се препорачуваат за употреба. Можете да ги консумирате во форма на салата или како прилог. Ротквици Ротквиците се вкусни зеленчуци кои на јадењата им даваат специфичен горчлив вкус и црвеникава боја. Содржат бројни витамини, минерали и влакна, благодарение на кои го зајакнуваат срцето и го регулираат нивото на шеќер во крвта. Можете да ги јадете во салати, со сендвичи или од нив да направите здрав намаз. Нане Нането е многу повеќе од освежително, зачинето растение кое најчесто го консумираме како чај. Благодарение на неговите антибактериски и антивирусни својства, одличен е во борбата против разни воспаленија. Нането го подобрува варењето и ги смирува стомачните проблеми. Свежото нане можете да го додадете во салати, супи, чорби, смути, но и во разни десерти. Грашок Оваа пролетна мешунка е богата со протеини. Содржи витамини Ц, Е и К и голема количина растителни влакна. Докажано е дека грашокот го зајакнува нервниот систем, коските и срцето. Можете да го јадете како манџа, чорба или прилог со разни јадења.Сепак, грашокот може да биде состојка и во многу салати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pet-namirnici-koi-treba-da-gi-jadete-vo-tekot-na-proletta-go-zajaknuvaat-imunitetot-i-go-odrzuvaat-na-zdravjeto/feed/ 0