пролетна акција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Mar 2023 11:06:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пролетна акција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пролетна акција за косење на тревните површини низ цела Кисела Вода https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/proletna-aktsija-za-kosene-na-trevnite-povrshini-niz-tsela-kisela-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/proletna-aktsija-za-kosene-na-trevnite-povrshini-niz-tsela-kisela-voda/#respond Wed, 29 Mar 2023 11:05:39 +0000 https://kurir.mk/?p=817703

Акција за косење на нараснатите тревни површини, се одвива низ Општина Кисела Вода. „Започнати уште кон крајот на минатата седмица, активностите на сезонските работници ангажирани преку Секторот за месна самоправа на Општина Кисела Вода, ќе ги опфатат сите месни и урбани заедници. Косењето на тревната вегетација и уредувањето на парковското зеленило денес се одвива во урбаната заедници 11 Октомври Згради со фокус на трим патеката, која најмногу се користи од рекреативците. Се коси во Пржино и Црниче, од вчера и во селото Драчево, додека минатата седмица вакви активности се одвиваа и во населбата Драчево. Пролетната акција за уредување на Кисела Вода продолжува и во наредните денови. Утре ќе се коси во Бирарија и Цветан Димов, а ќе се продолжат ваквите активности и по трим патеката. Ги повикуваме сите граѓани кои забележале некоја поголема тревна површина која треба да биде уредена или знаат за некој дел кој случајно бил изоставен при досегашните активности, да ги информираат службите на Општина Кисела Вода, по што ќе може да се интервенира. Паралелно, локалната самоуправа работи и на расчистување на отпадот и новоастанатите мини депонии, за кои повторно ќе апелираме на совесно однесување на граѓаните. Топлите пролетни денови кои ни претстојат нашите жители ќе можат да ги искористат во природа, за прошетки и рекреација во чиста, уредна и уредена општина. За оваа цел, Општина Кисела Вода интензивно работи, а ќе се преземати дополнителни активности за подобрување на услугата од комуналните служби“, стои во соопштението до јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/proletna-aktsija-za-kosene-na-trevnite-povrshini-niz-tsela-kisela-voda/feed/ 0
Успешно спроведена пролетната акцијата во Ѓорче Петров – уредени зелените површини на улиците и булеварите https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/uspeshno-sprovedena-proletnata-akcijata-vo-gjorche-petrov-uredeni-zelenite-povrshini-na-ulicite-i-bulevarite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/uspeshno-sprovedena-proletnata-akcijata-vo-gjorche-petrov-uredeni-zelenite-povrshini-na-ulicite-i-bulevarite/#respond Sat, 21 May 2022 09:46:50 +0000 https://kurir.mk/?p=679834

Пролетната работна акција на Град Скопје со екипите на јавните претпријатија и во координација со Ѓорче Петров, успешно се спроведе на целата територија на оваа општина. Од почетокот на работната акцијата за генерално чистење на општината Ѓорче Петров во специјалните садови на ЈП Комунална хигиена, досега се одложени околу 80 кубни метри кабаст отпад што се подигнати и транспортирани од претпријатието. Екипите на ЈП Комунална хигиена секојдневно рачно и машински миеја и метеа улиците и булеварите, сите автобуски постојки во општината, а извршија и дезинфекција на сите контејнери. ЈП Улици и патишта во големата пролетна акција во оваа општина ги санираа оштетувањата на улиците Ѓорче Петров, Волковска, Лепенец, Воин Драшковиќ, Кичевска, Алексо Демниевски, Шарпланинска и Пекљане, како и на крстосниците на улица Ѓорче Петров со улица Вера Циривири и улица Ѓорче Петров со улица Никола Вукмировиќ, со вкупна површина од 150 квадратни метри. На улиците Лука Геров и улица Пекљане санирани се оштетените пешачки патеки, односно бекатон плочите со вкупна површина од 35 квадратни метри. Екипите што ја одржуваат сообраќајната сигнализација на градските сообраќајници ги заменија оштетените сенила на семафорите на крстосниците на улицата Ѓорче Петров со улицата Исаја Мажовски и со улицата Македонски војски, на улицата Сремски фронт и на крстосницата со улица Атанас Иљовски, како и на крстосниците на улица Ѓорче Петров со улицата Сарај и на крстосницата на улицата Лука Геров со улицата Николај Островски. Во текот на ноќното бележење низ градот се обележани четири такси станици и осум автобуски постојки на булеварот Партизански одреди, улицата Радушка и на улицата Ѓорче Петров кај пазарчето и кај СП Планет. Екипите на ЈП Паркови и зеленило денеска извршија косење на тревните површини, собирање на откосот и кроење на вегетацијата на улица Лука Геров, во населбата Даме Груев. Теренските екипи извршија и расчистување на зеленилото од отпадоци и смет, како и собирање шут и гранки од зеленилото по должината на улицата. Екипите од Секторот дрвореди постапија по издадени Решенија од Град Скопје и искастрија 5 дрвја на улиците Шидска, Наум Чакаров и на улицата 4.Јули. Во рамките на акцијата екипи на ЈП Паркови и зеленило вршеа активности согласно со надлежностите и искосија околу 90. 000 квадратни метри јавни зелени површини на локации на булеварите Ѓорче Петров и Македонска војска и на улицата Лука Геров, а екипите од Сектор дрвореди интервенираа и на другите локации и реализираа кастрење на вкупно 131 дрво по издадени Решенија од Град Скопје. Екипите на јавното претпријатие Водовод и канализација во општината Ѓорче Петров за време на акцијата на улицата Лука Геров извршија контрола на 45 шахти, рачно исчистија 17 шахти, 105 сливници, како и миење на канализациона линија од 230 метри со цистерна со вакуум и прочистување на 390 метри со цистерна под притисок. На улицата Борис Сарафов извршија контрола на 35 шахти, рачно исчистија 15 шахти и 117 сливници, како и миење на канализациона линија од 330 метри со цистерна со вакуум прочистување на 360 метри со цистерна под притисок. На улицата Македонска војска извршија контрола на 36 шахти, рачно с исчистија 15 шахти и 82 сливника, како и миење на канализациона линија од 190 метри со цистерна со вакуум и прочистување на 235 метри со цистерна под притисок. На улицата Ѓорче Петров извршија контрола на 92 шахти, рачно исчистија 37 шахти и 298 сливници, како и миење на канализациона линија од 860 метри со цистерна со вакуум и прочистување на 610 метри со цистерна под притисок. Заловувачките тимови на ЈП Лајка постапуваа на четири клучни локации во општина Ѓорче Петров, односно на улицата Лука Геров, околу општинската зграда, на територијата на населеното место Волково и на гробиштата каде што заловија 10 кучиња. Јавното претпријатие Дрисла во рамките на пролетната акција го примаше, складираше и депонираше комуналниот отпад, градежниот шут и другите видови отпад што ќе се собира на територијата на општина Ѓорче Петров. Пролетната акција на Град Скопје со јавните претпријатија во Ѓорче Петров се спроведуваше на целата територија на општината, а од понеделник ќе продолжи во Сарај. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/uspeshno-sprovedena-proletnata-akcijata-vo-gjorche-petrov-uredeni-zelenite-povrshini-na-ulicite-i-bulevarite/feed/ 0
Собрани 64.460 тони смет и 100 кубни метри кабаст отпад во пролетната акција во општина Аеродром https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sobrani-64-460-toni-smet-i-100-kubni-metri-kabast-otpad-vo-proletnata-akcija-vo-opshtina-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sobrani-64-460-toni-smet-i-100-kubni-metri-kabast-otpad-vo-proletnata-akcija-vo-opshtina-aerodrom/#respond Sun, 10 Apr 2022 13:00:46 +0000 https://kurir.mk/?p=660892

Град Скопје заедно со јавните претпријатија и во координација со Општина Аеродром успешно ја спроведоа работната пролетна акција на територија на оваа општина. Во рамките на акцијата екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ извршиле 32 интервенции на територијата на општина Аеродром. Извршено е машинско косење на тревните површини на осум булевари, односно булеварите „Србија“, „АСНОМ“, „Видое Смилевски Бато“, „Февруарски поход“, „Кузман Јосифовски Питу“, „Јане Сандански“, „Трета Македонска Бригада“ и булеварот „12-та Македонска бригада“. Искосени се и тревниците на трите улици „Васко Карангелески“, „Новопроектирана улица бр.1“, „Новопроектирана улица бр.2“ во Реонски Центар. Исто така, со акцијата машинско косење на тревата се изврши во Парк Лисиче, Парк Мичурин, парк Јане Сандански, Парк Авионче, Парк Бановина, Парк во Реонски Центар, Парк Нирнберг, Парк со Езерца, Парк Тоше Проески, односно во девет паркови на територијата на општина Аеродром. Во текот на акцијата се уредуваше и зеленилото и вегетацијата и притоа се изврши и кастрење на дрвја, врз основа на издадени Решенија од Град Скопје. Екипите на ЈП Улици и патишта во акцијата постави 65 заштитни столпчиња на булевар Србија кај паркчето „Авион“, а 30 заштитни столбчиња се бојадисани на булеварот АСНОМ. Извршена е контрола и обиколка на вертикалната сигнализација и исправени се вкупно 15 сообраќајни знаци на булеварот Србија, ул. Васко Карангелевски и Февруарски Поход, а поставени се 20 нови сообраќајни знаци на улица Никола Карев, улица Филип Втори, ул. Февруарски Поход и на булеварите АСНОМ, Видое Смилевски Бато, Јане Сандански. На крстосниците на булевар Јане Сандански имаше шест интервенции, односно на улица Васко Карангелевски монтирани се две сенила на пешачки семафор, на бул. Јане Сандански со ул. Владимир Комаров заменета е оштетена латерна на семафорите со нова. На бул. Јане Сандански кај ТЦ„Три Бисери“ монтирани се три сенила, на булевар Јане Сандански кај „Мекдоналдс“ монтирано едно сенило на пешачки семафор, на к-ца бул. Јане Сандански пешачки премин ТЦ„Бисер“ монтирано е едно сенило на пешак и поставени се четири звучни сигнали на семафорите за лица со нарушен вид. На крстосницата Симеон Кавракиров со улица Владимир Комаров имаше две интервенции и тоа монтажа на две сенила на додатен возач и зелен пешак , како и санација на семафорска инсталација и исправување на бутнат семафорски столб и на крстосницата ул. Фрањо Круз со бул. Кузман Јосифовски Питу заменето е стакло на семафорите. Од почетокот на акцијата, во специјалните садови што ги постави ЈП Комунална хигиена-Скопје се одложени приближно 100 кубни метри кабаст отпад што се подигнати во 24 наврати од седум локации. Во рамките на акцијата, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје досега расчистија две поголеми диви депонии во оваа општина лоцирани на улицата 1619 и во реонот под Железничкиот мост, при што беа подигнати и транспортирани вкупно 126 кубни метри отпад. Отстранети се и три помали диви депонии лоцирани во близина на Транспортниот центар и на улицата Бојмија. Претпријатието континуирано вршеше и рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, како и миење и дезинфекција на контејнерите и нивните микролокации. На депонијата Дрисла се донесени, примени и третирани 64.460 тони смет од акцијата во општина Аеродром. Град Скопје заедно со јавните претпријатија и во координација со Општина Аеродром пролетната акција ја спроведуваше од 4 ти април до денеска на територијата на целата општина, информираат од градот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sobrani-64-460-toni-smet-i-100-kubni-metri-kabast-otpad-vo-proletnata-akcija-vo-opshtina-aerodrom/feed/ 0
Во тек се активностите во рамките на пролетна работна акција на Градот Скопје во општина Аеродром https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-tek-se-aktivnostite-vo-ramkite-na-proletna-rabotna-akcija-na-gradot-skopje-vo-opshtina-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-tek-se-aktivnostite-vo-ramkite-na-proletna-rabotna-akcija-na-gradot-skopje-vo-opshtina-aerodrom/#respond Mon, 04 Apr 2022 13:07:48 +0000 https://kurir.mk/?p=658265

Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со Oпштина Аеродром на терен ја реализираат голема пролетна работна акција на подрачјето на општина Аеродром, информираат преку соопштение од Градот. Екипи на ЈП Паркови и зеленило во рамки на пролетната акција денеска работат на булеварот Србија, а активностите утре продолжуваат на булеварот АСНОМ. До крајот на акцијата ќе се работи и на булеварите Февруарски поход, Видое Смилевски Бато, Јане Сандански, Кузман Јосифовски Питу, Трета македонска бригада и на улицата 12 Македонска бригада. Екипите на ЈП Улици и патишта во текот на големата акција ќе работат на булевар Јане Сандански, улица Васко Карагелевски, булевар Фебруарски Поход, булевар Србија и булевар АСНОМ. На сообраќајниците ќе се врши санација на оштетувањата во асфалтот (со претходно машинско гребење) и санација на оштетените средишни жардиниери. Во текот на наредните денови екипите ќе ја продолжуват санацијата и прередување на оштетените бехатон плочи на тротоарите и направат реконструкција на канализациони шахти. Одговорните лица за одржување на сообраќајната сигнализација ќе вршат контрола и обнова на недостатоците на вертикалната сигнализација, како и на светлосната сигнализација на семафоризираните крстосници во општина Аеродром. Исто така, како и во другите општини ќе се обновува и хоризонталната сигнализација на автобуските постојки. Во соработка со Град Скопје и Општина Аеродром, заловувачките екипи на ЈП Лајка оваа недела ќе се постапува на локациите кај Универзитетот American College, трговскиот центар Капитол и околу Железничката станица. Сите заловени кучиња ќе бидат загрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка, каде ќе го поминат целиот хуман третман. По завршувањето на хуманиот третман ќе бидат објавени за вдомување на социјалните мрежи и веб страната на претпријатието. Оние кои нема да бидат вдомени по истекот на нивното време за престој во прифатилиштето на ЈП Лајка, ќе бидат вратени на матичната локација. Екипите на ЈП Водовод и канализација работат на булеварите АСНОМ, Јане Сандански, Кузман Јосифовски Питу, Февруарски поход, како и на улицата 12 Македонска бригада. На терен се врши површинско и рачно чистење на сливници, рачно чистење на шахти (фекални и атмосферски) и миење со цистерна вакуум и цистерна под притисок на фекални и атмосферски сливници и шахти. Во големата пролетна работна акција во Аеродром на терен координирано работат екипи на градските јавни претпријатија: Паркови и зеленило, Комунална хигиена, Водовод и канализација, Улици и патишта, Лајка и Дрисла, се вели во соопштението од Град Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-tek-se-aktivnostite-vo-ramkite-na-proletna-rabotna-akcija-na-gradot-skopje-vo-opshtina-aerodrom/feed/ 0
Интензивни активности во рамки на пролетна работна акција на Градот Скопје во општина Карпош https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/intenzivni-aktivnosti-vo-ramki-na-proletna-rabotna-akcija-na-gradot-skopje-vo-opshtina-karposh/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/intenzivni-aktivnosti-vo-ramki-na-proletna-rabotna-akcija-na-gradot-skopje-vo-opshtina-karposh/#respond Tue, 29 Mar 2022 14:15:25 +0000 https://kurir.mk/?p=655147

Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со Oпштина Карпош на терен ја реализираат голема пролетна работна акција на подрачјето на општина Карпош. Екипите координирано до крајот на оваа недела спроведуваат активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, дезинфекција на контејнерите, собирање на кабаст отпад, санирање на оштетувања на коловозите, обновување  и поставување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, заловување на бездомни кучиња и можности за нивно вдомување по нивен хуман третман, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии,  како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и градските улици. Во големата пролетна работна акција во Карпош на терен координирано работат екипи на градските јавни претпријатија: Паркови и зеленило, Комунална хигиена, Водовод и канализација, Улици и патишта,  Лајка и Дрисла. Екипи на ЈП Улици и патишта денеска санираа ударни дупки и поголеми оштетувања на мостот Обединети нации, а на булеварот Метрополит Теодосиј Гологанов обележуваа хоризонатална сигнализација, при што се обележани четири автобуски постојки. Екипите денеска вршеа контрола и обнова на недостатоците на вертикалната сигнализација на булеварите Метрополит Теодосиј Гологанов и 8-ми Септември, а на булеварите Партизански одреди и Илинден се санираа оштетени семафори. Екипи на ЈП Паркови и зеленило денеска во рамки на пролетната акција работеа на средување и уредување на јавните зелени површини на територија на општина Карпош. На булеварот Илинден и на улицата Никола Парапунов се изврши расчистување на теренот, собирање на отпадоци и смет, косење на тревна површина и собирање лисја, како и кроење на грмушки. Покрај овие активности, дел од екипите на горенаведените локации извршија кастрење на 20 дрвја и сечење на 5 дрвја. Екипите на ЈП Водовод и канализација работат на улиците Московска, Франклин  Рузвелт и Козле, како и на булеварите 8. Септември и  Партизански одреди.  На терен се врши површинско и рачно чистење на сливници, рачно чистење на шахти (фекални и атмосферски) и миење со цистерна вакуум и цистерна под притисок на фекални и атмосферски сливници и шахти. Во рамките на оваа голема акција, ЈП Комунална Хигиена постави специјални садови за кабаст отпад на неколку локации, каде што граѓаните ќе можат да го остават, по што тој бесплатно ќе биде подигнат и транспортиран на соодветна локација од страна на ова градско претпријатие. Локациите на кои до недела може да се остава кабастиот отпад се следните:
  1. Тафталиџе 2, на улица Женевска (автобуска постојка на последна 24-ка);
  2. Козле, кај ресторанот Македонска куќа ;
  3. Долно Нерези, на улицата Ванчо Мицков;
  4. Влае 2, зад Порта Влае, кај контејнерите на ЈПКХС, во близина на автобуската постојка.
Пролетната акција во општина Карпош почна вчера, 28-ми март, и ќе трае се до 1-ви април, а потоа теренските екипи на јавните претпријатија ќе продолжат со работа во наредната општина којашто е планирана, каде што ќе работат на точно утврдени локации по примерот на општина Кисела Вода и општина Карпош.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/intenzivni-aktivnosti-vo-ramki-na-proletna-rabotna-akcija-na-gradot-skopje-vo-opshtina-karposh/feed/ 0
До недела бесплатно подигнување на кабаст отпад во Кисела Вода, еве на кои локации може да го оставите https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/do-nedela-besplatno-podignuvanje-na-kabast-otpad-vo-kisela-voda-eve-na-koi-lokacii-moze-da-go-ostavite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/do-nedela-besplatno-podignuvanje-na-kabast-otpad-vo-kisela-voda-eve-na-koi-lokacii-moze-da-go-ostavite/#respond Mon, 21 Mar 2022 10:15:44 +0000 https://kurir.mk/?p=650577

Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со Oпштина Кисела Вода денеска почнаа голема пролетна работна акција на подрачјето на општина Кисела Вода. Заеднички екипи до крајот на неделата спроведуваат активности за темелно чистење на булеварите и улиците, рачно и машинско миење на улиците, собирање на кабаст отпад, санирање на оштетувања на коловозите, поставување и обновување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од страна на граѓаните, заловување на бездомни кучиња, каде по нивен хуман третман ќе биде овозможено да бидат вдомени, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии, како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и градските улици. Во рамките на оваа голема акција, ЈП „Комунална Хигиена” постави специјални садови за кабаст отпад на неколку локации, каде што граѓаните ќе можат да го остават, по што тој бесплатно ќе биде подигнат и транспортиран на соодветна локација од страна на ова градско претпријатие. Локациите на кои од денеска до недела може да се остава кабастиот отпад се следните: 1. УЗ Населба Драчево ул. “Бранко Заревски” бр.17, Парк на бранители; 2. УЗ Кисела Вода ул. “Христо Татарчев" (главна улица - наспроти ЈГД 8-ми Март); 3. УЗ Цветан Димов ул. “Георги Димитров” (заден влез на СГУ Васил Антевски-Дрен); 4. УЗ Црниче ул. “Наум Охридски” бб (пред УЗ Црниче); Во големата пролетна работна акција во Кисела Вода на терен координирано работат екипи на градските јавни претпријатија: Паркови и зеленило, Комунална хигиена, Водовод и канализација, Улици и патишта и Лајка. Пролетната акција во општина Кисела Вода ќе трае од 21-ви март и ќе трае се до 27-ми март, а потоа теренските екипи на Јавните претпријатија ќе продолжат со работа во наредната општина којашто е планирана, каде што ќе работат на точно утврдени локации по примерот на општина Кисела Вода.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/do-nedela-besplatno-podignuvanje-na-kabast-otpad-vo-kisela-voda-eve-na-koi-lokacii-moze-da-go-ostavite/feed/ 0
Град Скопје и јавните претпријатија со голема пролетна акција во општините, еве што ќе се уредува https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-i-javnite-pretprijatija-so-golema-proletna-akcija-vo-opshtinite-eve-shto-kje-se-ureduva/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-i-javnite-pretprijatija-so-golema-proletna-akcija-vo-opshtinite-eve-shto-kje-se-ureduva/#respond Mon, 21 Mar 2022 10:05:22 +0000 https://kurir.mk/?p=650561

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со директорите на јавните претпријатија на Град Скопје и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓеогиевски, денеска го најавија почетокот на пролетната работна акција низ скопските општини, на место нарекувано Чешма. Оваа голема акција, што ќе се спроведува во координација со јавните претпријатија, ќе трае до 27 мај. - Започнуваме во општина Кисела Вода, каде што од денеска до крајот на неделата во соработка со градоначалникот Орце Ѓеоргиевски, Град Скопје ќе спроведува активности за темелно чистење на градските булевари и површините под градска надлежност, уредување и санација на дефекти во доменот на јавните градски претпријатија, рече градоначалничката Арсовска на почетокот на пролетната акција. Во пролетната работна акција на Градот Скопје во координација со сите јавни претпријатија ќе бидат опфатени сите скопски општини започнувајќи од: 1. Кисела Вода и тоа од 21 до 25 март, 2. Карпош од 28 март до 1 април, 3. Аеродром од 4 април до 8 април, 4. Гази Баба од 11 април до 15 април, 5. Чаир од 18 април до 21 април, 6. Бутел од 26 април до 29 април, 7. Шуто Оризари од 3 мај до 6 мај, 8. Центар од 9 мај до 13 мај, 9. Ѓорче Петров од 16 мај до 20 мај, 10. Сарај од 23 мај до 27 мај. - Големата пролетна работна акција низ општините опфаќа активности на чистење на булеварите и улиците, рачно и машинско миење на улиците, собирање на кабаст отпад на предвидените локации низ општините, санирање од оштетувања на коловозите, поставување на вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, садење садници и уредување на зеленилото низ скопските општини, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, заловување на бездомни кучиња, каде што по нивен хуман третман ќе биде овозможено да бидат вдомени, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии, како и активирање механизација за прочистување на дождовните сливници на булеварите и на градските улици – изјави градоначалничката Арсовска. Градоначалничката Арсовска додаде дека ваков тип на работна акција последниве години не е спроведена. - Ако се работи во континуитет може да се видат значајни промени и градот Скопје да биде почисто и хумано место за живеење, а проблемите на граѓаните да бидат преточени во решенија за поубаво и модерно Скопје. Затоа овие работни акции ќе бидат дел од редовните активности во градот Скопје- нагласи Арсовска. Ова е голема работна акција која вклучува координирани активности на градските јавни претпријатија Паркови и зеленило, Комунална хигиена, Водовод и канализација, Улици и патишта и Лајка, кои ќе дејствуваат во доменот на своите работни задачи со цел надминување на предизвиците и реализација на барањата истакнати од граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-i-javnite-pretprijatija-so-golema-proletna-akcija-vo-opshtinite-eve-shto-kje-se-ureduva/feed/ 0