пролетна офанзива – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Apr 2023 19:50:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пролетна офанзива – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Времето и локацијата на пролетната офанзива на Киев остануваат тајна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vremeto-i-lokatsijata-na-proletnata-ofanziva-na-kiev-ostanuvaat-tajna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vremeto-i-lokatsijata-na-proletnata-ofanziva-na-kiev-ostanuvaat-tajna/#respond Thu, 06 Apr 2023 19:50:34 +0000 https://kurir.mk/?p=821229

Плановите на Киев за враќање на териториите окупирани од Русија се строго чувани, при што малку луѓе знаат за локацијата и времето на пролетната офанзива, преесува ДПА. - Најмногу три до пет луѓе знаат за плановите, изјави секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност Олексеј Данилов во радио-интервју. - Информациите за тоа каде, кога и како ќе започне една или друга акција на територијата на нашата земја се резервирани за мал круг луѓе, додаде тој. Данилов рече дека сите изјави дадени за планираната офанзива може и не мора да бидат вистинити. - Кога ќе започнат одредени воени акции, одредени воени операции – ова е информација за многу ограничен број луѓе, рече Данилов. Украинците ќе сфатат „кога работите ќе тргнат“, нагласи тој. Данилов навести дека планирањето на напад од големи размери е веќе завршено. „Имајте го ова на ум“, рече тој. Во блиска иднина се очекува пролетна офанзива, при што украинските вооружени сили сега поседуваат потешко оружје и тенкови од Запад. Некои очекуваат украинските војници да извршат притисок кон крајбрежниот град Мелитопол, што би ги поделило руските сили. Сепак, руската војска значително ги прошири своите одбранбени позиции во последните месеци за да го спречи очекуваниот напад. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vremeto-i-lokatsijata-na-proletnata-ofanziva-na-kiev-ostanuvaat-tajna/feed/ 0
Откако Мицкоски најави македонска пролет, Заев ќе правел пролетна офанзива https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkako-mickoski-najavi-makedonska-prolet-zaev-kje-pravel-proletna-ofanziva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkako-mickoski-najavi-makedonska-prolet-zaev-kje-pravel-proletna-ofanziva/#respond Mon, 22 Mar 2021 17:52:56 +0000 https://kurir.mk/?p=485927

Уште пред еден месец претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави македонска пролет со будење на народот. Пред еден месец на настан организиран од УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски најави доаѓање на македонска пролет, која како што рече не подразбира само будење на природата, туку и будење на народот. -Нов почеток, нова енергија, бунт на чесниот народ против нечесните, стануваат обесправените, против оние кои носат неправда. Оваа македонска пролет ќе биде посебна. Ова ќе биде чиста борба на народот против хибридниот режим. Ова е повик на сиромашните и гладните против оние кои полнат џебови на трудот на напатениот народ. Пролета доаѓа, а тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ е будно и на штрек. И дека Владата ќе падне брзо, затоа што и чесните луѓе на СДСМ гласно велат дека овие ја претераа, истакна Мицкоски.
Својот говор тогаш го заврши со став дека мораме да ја обезбедиме иднината и да излеземе од туњата во која како општество и народ не ставија. Цитираји го Балашевиќ кажа: – Нели и во една песна стои “Власт е власт ама чест е чест”, Мора да се прочисти политиката, има работи што се прашање на чест, заедно да се бориме, за да заедно победиме. Никогаш, ама баш никогаш не ме интересирала власт, моќ и функции, ме интересира да си ја спасиме и кренеме државата, да обезбедиме и создадеме иднина. Да го стопираме слободниот пад. Доаѓа ново време, доаѓа време на промени. Македонија е посилна од поразите.“, рече Мицкоски. На вчерашните внатрепартиски избори Зоран Заев повторно беше избран за претседател на СДСМ, како единствен кандидат. Креативноста на СДСМ и Заев се „истакна“ вчера во говорот на староново избраниот партиски лидер кој најави нова политика и пролетна офанзива. -Пристигнува пролетта, а велат дека таа е најубавото годишно време во годината, кое носи нови промени и значајни нешта. Доаѓањето на пролетта го означува почетокот на нашата пролетна фанзива за нов пресврт на политичко делување на СДСМ и Северна Македонија. Следува сериозна реформа на досегашната кадровска понуда на СДСМ, ќе внесеме нова енергија во нашите редови, ќе ги отвориме вратите за сите оние кои се блиски до социјалдемократските идеи, ќе ја продлабочиме започната борба против високата корупција и организираниот криминал и ќе ја креваме мотивацијата на нашите граѓани, изјави вчера Заев.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkako-mickoski-najavi-makedonska-prolet-zaev-kje-pravel-proletna-ofanziva/feed/ 0