пролетна зелка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Apr 2018 09:25:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пролетна зелка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Министерот за земјоделство да дојде во Струмица и да го реши проблемот со пролетната зелка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ministerot-za-zemjodelstvo-da-dojde-vo-strumica-i-da-go-reshi-problemot-so-proletnata-zelka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ministerot-za-zemjodelstvo-da-dojde-vo-strumica-i-da-go-reshi-problemot-so-proletnata-zelka/#respond Fri, 20 Apr 2018 09:21:28 +0000 https://kurir.mk/?p=43594

Го повикуваме министерот за земјоделство да се смилува на маката на земјоделците и да одговори на нивните повици, да најде време да дојде во Струмичкиот регион и да се обиде да го реши проблемот со пласманот на пролетната зелка, рече Ромео Тренов, член на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција во Струмица. Според Тренов, ВМРО ДПМНЕ во изминатиов период неколку пати предупредувале дека ќе дојде до драстично намалување на откупната цена на пролетната зелка што се покажало  како точно. - Наместо од 20 до 25 денари цената на пролетната зелка во овој момент изнесува само осум денари. Што е уште полошо имаме информации од земјоделците дека на некои откупни пунктови зелката се зема без цена, што остава простор да биде исплатена за уште пониска цена од овие мизерни осум денари, потенцира Тренов. Додава дека ветувањата на власта за формирање интервентен фонд, кој ќе изнесува шест милиони евра, останл само мртва буква на хартија  и ништо повеќе. Според него, и ветувањата дека ќе се отворат нови пазари за македонските земјоделски производи не се остварени, а актелната влада, како што рече тој, успеала да ги затвори и тие што ги отворила владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ministerot-za-zemjodelstvo-da-dojde-vo-strumica-i-da-go-reshi-problemot-so-proletnata-zelka/feed/ 0
Производителите на пролетна зелка повторно на протест- бараат зелката да се откупува за 10 денари килограм https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proizvoditelite-na-proletna-zelka-povtorno-na-protest-baraat-zelkata-da-se-otkupuva-za-10-denari-kilogram/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proizvoditelite-na-proletna-zelka-povtorno-na-protest-baraat-zelkata-da-se-otkupuva-za-10-denari-kilogram/#respond Thu, 19 Apr 2018 13:42:56 +0000 https://kurir.mk/?p=43167

Производители на пролетна зелка во селото Сарај, Струмичко, со мирен протест го искажаа своето незадоволство од ниските откупни цени, кои денеска паднаа на 8 денари за килограм. Велат дека оваа откупна цена е неисплатлива и не можат да ги покријат основните трошоци. - Го повикуваме министерот за земјоделство да дојде тука и да разговараме и да најдеме заедничко решение. Најголем проблем за нас е што је предаваме зелката на откупниот пункт, но цената не е запишана на документот. Ќе ни ја запишат утре, но тогаш е доцна, рече Станислав Пујкиловиќ, прозводител од село Колешино. И другите производители, кои беа на откупниот пункт во селото потврдија дека откупната цена се движи од 8 до 10 денари за килограм. Бараат во овој период цената да остане на 10 денари за килограм. - Не пишува на документот по која цена се откупува зелката. Тоа не е во ред. Бараме да се почитуваат неделните цени, а во овој период откупната цена да се стабилизира на десет денари за килограм, рекоа повеќе земјоделци кои со своите трактори чекаа да ја предатат пролетната зелка на откупниот пункт во селото Сарај. Според трговците во супермакетите во Русија, каде досега најмногу се извезуваше пролетната зелка од Македонија, таа се продава за 15 денари за килограм. - Јас се прашувам како треба да стигне нашата зелка во Русија ако се откупува по повисока цена. Покрај тоа, нема побарување оттаму за македонската, бидејќи по многу пониски цени набавуваат зелка од Иран и Казакстан. Додека не заврши евтината зелка, тешко дека ќе има пласман за нашата, вели Благој Витанов, откупувач од Струмица. Според производителите на пролетна зелка, најголем дел од производството се уште не е собрано и според нивните пресметки на нивите има уште околу 60 отсто од вкупното производство. Инаку, во Струмичкиот регион се засадени околу илјада хектари под оваа култура и се очекува принос од  над 40 илјади тони. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proizvoditelite-na-proletna-zelka-povtorno-na-protest-baraat-zelkata-da-se-otkupuva-za-10-denari-kilogram/feed/ 0
Синдикатот на струмичките земјоделци бара итна средба со министерот Николовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-strumichkite-zemjodelci-bara-itna-sredba-so-ministerot-nikolovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-strumichkite-zemjodelci-bara-itna-sredba-so-ministerot-nikolovski/#respond Mon, 16 Apr 2018 10:27:24 +0000 https://kurir.mk/?p=41249

Синдикатот на земјоделци од Струмица бара итна средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Причина за тоа се ниските откупни цени на пролетната зелка, која денес се откупува за 8-10 денари за килограм, но и застојот во откупот. -Го повикуваме надлежниот министер до вечерва или најдоцна до утре да најде време да се сретне со претставници на земјоделските прозводители со цел за решавање на проблемите со откупот и пласманот на пролетната зелка, како и за наглото паѓање на цената. Доколку министерот не ја прифати нашата покана, тогаш за следните чекори ќе одлучат самите земјоделски производители, рече Ристо Велков, претседател на УО на Сојуз на синдикат на земјоделци од Струмица на денешната прес конференција. Пред неколку денови цената на пролетната зелка прво падна на 20 денари, потоа на 15 и 12 денари за килограм, а денес, според производителите, се откупуав за 8 до 10 денари за килограм. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-strumichkite-zemjodelci-bara-itna-sredba-so-ministerot-nikolovski/feed/ 0
Протестот на производителите на пролетна зелка од Муртино продолжува и денеска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protestot-na-proizvoditelite-na-proletna-zelka-od-murtino-prodolzuva-i-deneska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protestot-na-proizvoditelite-na-proletna-zelka-od-murtino-prodolzuva-i-deneska/#respond Wed, 04 Apr 2018 07:26:57 +0000 https://kurir.mk/?p=36050

Протестот на производителите на пролетна зелка од Муртино продолжува и денес во центарот на селото. Незадоволните производители вчера со трактори го блокираа влезот на откупниот пункт и ноќта ја поминаа таму, не дозволувајќи ниту еден камион да излезе или да влезе за да товари зелка. Причина за блокадата и протестот на производителите на зелка е намалената откупна цена, која на пунктот што го блокираа се откупуваше за 25 денари за килограм. Производителите бараат откупната цена да изнесува 30 денари за килограм, барем до почетокот на Велигденските празници. - Протестот го продолжуваме мирно на сред село и ќе чекаме да дојдат претставници на Министерството за земјоделство за да го слушнеме и нивниот став. Доколку се прифатат нашите барања тогаш протестот ќе го прекинеме, во спротивно ќе продолжиме, велат незадоволните земјоделци. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најавија дека денеска ќе се сретнат со земјоделците. Инаку утрово околу 8 часот производителите на пролетна зелка ја прекинаа блокадата на откупниот пункт, но протестот продолжува и денес во центарот на селото. ФОТО: МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protestot-na-proizvoditelite-na-proletna-zelka-od-murtino-prodolzuva-i-deneska/feed/ 0
Средба со откупувачите на пролетна зелка во МЗШВ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sredba-so-otkupuvachite-na-proletna-zelka-vo-mzshv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sredba-so-otkupuvachite-na-proletna-zelka-vo-mzshv/#respond Thu, 29 Mar 2018 09:29:39 +0000 https://kurir.mk/?p=34127

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска ќе се одржи работен состанок со откупувачите на пролетна зелка. Главна тема ќе биде како да се одржи откупната цена на зелката на задоволително ниво. Состанокот следува по завчерашната средба на призводителите во МЗШВ на која беше побарано во наредните две недели откупната цена на пролетната зелка да се задржи на сегашните 30 денари за да се покријат трошоците и производството да биде рентабилно. Министерството тогаш најави дека состојбата со откупната цена ќе се следи континуирано за навреме да се преземаат мерки, а земјоделците да не трпат ценовни шокови. Паралелно се работи и на долгорочна стратегија за обезбедување сигурен пласман и создавање цврсто договорно производство меѓу земјоделците и откупувачите. Еден ден пред состанокот во МЗШВ, производителите одржаа предупредувачки протест во Муртино. Пролетната зелка во моментов се извезува во Русија, Полска, Романија, Белорусија и Украина. Интересот за откуп е голем, поради што не се очекува вишок. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sredba-so-otkupuvachite-na-proletna-zelka-vo-mzshv/feed/ 0
Температурните разлики може да предизвикаат оштетување на пролетната зелка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/temperaturnite-razliki-moze-da-predizvikaat-oshtetuvanje-na-proletnata-zelka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/temperaturnite-razliki-moze-da-predizvikaat-oshtetuvanje-na-proletnata-zelka/#respond Fri, 02 Mar 2018 11:21:57 +0000 http://kurir.mk/?p=26572

Температурните амплитуди од завчерашните минус 10, па до плус 16 степени Целзиусови, кои се најавуваат во наредните денови, им задаваат проблеми на градинарите во Струмичко. Според нив, ваквите температурни шокови влијаат лошо на сите посеви, но засега најмногу може да удрат врз пролетната зелка, која е во фаза на врзување листови и за петнаесетина дена се очекува нејзина берба. - Засега нема регистрирано оштетувања. Но, од искуство знам дека откако ќе поминат ваквите временски бранови ќе дојдат оштетувањата на плодовите. Се придржувам кон агротехничките мерки и се надевам дека ќе имаа можност да се радувам на производството, кое годинава стасува порано за разлика од другите производствени сезони, вели Коце Божиков, производител на пролетна зелка од селото Дабиле. Ванчо Митев од Здружението „Еко Градинар“ од село Добрејци вели дека секојдневно се борат со студениот бран. - Имаме проблем со одржувањето на расадот за другите култури и сме принудени да го покриваме со повеќе слоеви полиетиленска фолија. Со тоа се изложуваме на поголеми трошоци, вели Митев. Според експертите, зимата која дојде кај нас во март лесно може да ја уништи веќе покрената вегетација и кај овошните насади. - Поради виските температури кои ги имавме во јануари веќе е почнато сокодвижењето кај некои овошни видови, па дури во јужниот дел од државата има расцветување кај бадемот и праската. Од променливите температури може да се очекуваат штети, вели д-р Ристо Вучков, експерт за заштита на растенија. Тој додава дека сепак штетите ќе се поголеми во градинарството во Струмичкиот Регион, каде најзагрозена е пролетната зелка од големите температурни амплитуди. Тие предизвикуваат стрес кај растението и одредени штети, бидејќи во текот на денот температурата во пластеникот достигнува 30 степени Целзиусови, а ноќе температурата паѓа под нулата. - За производителите на зелка најдобро е при вакви шокирачки температури да врашат редовно наводнување на површините, бидејќи водата делува како амортизер во однос на температурните разлики и со тоа се ублажува шокот кој доаѓа од разликата меѓу ниските и високите температури и секако земјоделците да се придржуваат кон мерките за агротехничка заштита, додава д-р Ристо Вучков, експерт за заштита на растенијата. Инаку, во Струмичкиот регион се засадени околу илјада хектари под оваа култура и се очекува принос од околу 40 илјади тони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/temperaturnite-razliki-moze-da-predizvikaat-oshtetuvanje-na-proletnata-zelka/feed/ 0