Промахонас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Jul 2020 06:19:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Промахонас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од денеска нови правила за влез во Грција преку Промахонас https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-novi-pravila-za-vlez-vo-grcija-preku-promahonas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-novi-pravila-za-vlez-vo-grcija-preku-promahonas/#respond Wed, 15 Jul 2020 06:19:02 +0000 https://kurir.mk/?p=375807

За туристите од земјите за кои е дозволено патување во Грција, а кои од граничниот премин Промахонас (Кулата) планираат да влезат кај јужниот сосед, од денеска важат нови правила, односно задолжителна е потврда на англиски јазик за негативен тест за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Откако во изминатиот период беше зголемен бројот на позитивни „увезени“ случаи, особено од конкретниот граничен премин со Бугарија, што воедно е и единствениот отворен за туристи, грчката Влада, во петокот донесе одлука за воведување дополнителни мерки. Туристите, ќе треба во период од 72 часа пред патувањето да имаат направено молекуларен тест PCR во државна или приватна лабораторија, сертифицирана од надлежната служба на земјата, а резултатот да биде негативен. Во потврдата на англиски јазик, треба да бидат вклучени име и презиме, број на пасош или лична карта. Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, на редовниот брифинг со новинарите во понеделникот истакна дека потврдите детално ќе се проверуваат, а во случај на „неавтентичен, фалсификуван документ ќе се воведат предвидените санкции”. Сите туристи, независно од начинот на кој пристигнуваат во Грција, потребно е да го имаат пополнето и специјалниот образец PLF (Passenger Locator Form), преку интернет страницата https://travel.gov.gr, најдоцна претходниот ден пред патувањето, а не во период од 48 часа како што важеше претходно. Паралелно, од денеска, стапува во сила уште една одлука на официјална Атина – дозволени се директните летови од Велика Британија кон Грција. Пецас во понеделникот објасни дека во периодот од 1 до 11 јули на влезните точки во земјата биле направени 67.797 тестови, од кои 218 (0,35 отсто) биле позитивни, но бројот на туристи заразени со Ковид-19 бил четири пати поголем на Промахонас,отколку на пример, на атинскиот аеродром. Националната организација за јавно здравје на Грција вчера соопшти за 58 нови случаи на Ковид-19, од кои 28 се по направените тестови на влезните точки во земјата, додека, пак, уште шест позитивни случаи се кај туристи, но кои доброволно се тестирале за време на нивниот престој во земјата. Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани вкупно 3.883 случаи на Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-novi-pravila-za-vlez-vo-grcija-preku-promahonas/feed/ 0
Од среда влез во Грција само преку овој граничен премин https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-sreda-vlez-vo-grcija-samo-preku-ovoj-granichen-premin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-sreda-vlez-vo-grcija-samo-preku-ovoj-granichen-premin/#respond Sun, 12 Jul 2020 10:12:55 +0000 https://kurir.mk/?p=374451

Само со потврда на англиски јазик за негативен тест за Ковид-19, направен 72 часа пред патувањето, од среда до 29 јули ќе биде дозволен влез во Грција преку граничниот премин Промахонас (Кулата), согласно заедничката министерска одлука објавена синоќа во Службен весник на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Туристите, ќе треба во период од 72 часа пред патувањето да имаат направено молекуларен тест (PCR) во државна или приватна лабораторија, сертифицирана од надлежната служба на земјата, а резултатот да биде негативен. Во потврдата на англиски јазик, треба да бидат вклучени име и презиме и број на пасош или лична карта. Одлуката потпишана од министрите за здравство и транспорт и инфраструктура, стапува во сила во среда, на 15 јули 2020 година во една минута по полноќ и ќе важи до 29 јули 2020 година во 00.01 часот и ограничувањата важат за посетителите од земјите што се на листа која грчката Влада ја објави пред помалку од две седмици, а не се однесуваат на грчките државјани. Освен негативниот тест, од среда, за влез преку Промахонас како и за авионските патувања, туристите, потребно ќе биде и да го имаат пополнето специјалниот образец PLF (Passenger Locator Form), преку интернет страницата https://travel.gov.gr, најдоцна претходниот ден  пред патувањето, а не во период од 48 часа како што важеше претходно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-sreda-vlez-vo-grcija-samo-preku-ovoj-granichen-premin/feed/ 0