промена на устав – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Nov 2022 11:09:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png промена на устав – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Џафери: Постапката за измена на Уставот најдоцна во првите месеци од следната година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-postapkata-za-izmena-na-ustavot-najdocna-vo-prvite-meseci-od-slednata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-postapkata-za-izmena-na-ustavot-najdocna-vo-prvite-meseci-od-slednata-godina/#respond Wed, 23 Nov 2022 11:09:17 +0000 https://kurir.mk/?p=765291

Постапката за измена на Уставот би требало да почне најдоцна во првите месеци од следната година за да се запази процедурата и периодот за носење на уставни измени. Оваа постапка би требало да заврши до крајот на скринингот што е планиран за ноември 2023 година, смета претседателот на Собранието Талат Џафери. За тоа што ќе се менува со уставните измени и дали само Бугарите и/или припадници на други етнички заедници ќе бидат вметнати во Уставот, Џафери вели дека ќе зависи од она што ќе содржи одлуката за менување на Уставот што треба да биде доставена до Собранието. На лидерската и засега се изнесени само размилувања за други прашања кои би можеле да бидат основа за други уставни измени. Се зависи, вели Џафери, што ќе содржи одлуката за почеток на постапката за менување на Уставот. Во Собранието денеска почна седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која на дневен ред е Буџетот за следната година. Поднесени се 263 амандмани, најмногу од ВМРО-ДПМНЕ 200, 25 има АА, 22 СДСМ, 11 Беса, два ДУИ и три Алтернатива. Расправата на комисијата трае десет дена, а целата постапка за носење на буџетот треба да заврши до средината на декември. Дотогаш, вели Џафери, не се планирани други седници, но ако има потреба секогаш може да се свика итна седница. До крајот на годината претседателот на Парламентот планира уште една средба во рамки на „Жан Моне“ процесот. Материјалите од претходната средба, веќе се пратени до пратеничките групи. Не очекува ВМРО-ДПМНЕ да го бојкотира процесот. Изработена драфт верзија на Деловникот за работа на Собранието ќе им биде испратена на сите пратенички групи на усогласување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-postapkata-za-izmena-na-ustavot-najdocna-vo-prvite-meseci-od-slednata-godina/feed/ 0
Пред собранието најавен нов протест: Уставните измени во финална фаза пред пратениците, двотретинско мнозинство се уште нема https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-sobranieto-najaven-nov-protest-ustavnite-izmeni-vo-finalna-faza-pred-pratenicite-dvotretinsko-mnozinstvo-se-ushte-nema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-sobranieto-najaven-nov-protest-ustavnite-izmeni-vo-finalna-faza-pred-pratenicite-dvotretinsko-mnozinstvo-se-ushte-nema/#respond Thu, 10 Jan 2019 07:02:13 +0000 https://kurir.mk/?p=150362

Уставните измени во третата и последна фаза се на дневен ред на денешното продолжение на собраниската седница, откако вчера со 78 гласови „за“ беше усвоен дневниот ред на 75. седница, на кој, меѓу другото, се и предлог-амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, како и предлог-уставниот закон за прогласување на амандманите. За завршувањето на третата и последна фаза од уставните измени, кои произлегоа од Договорот од Преспа е потребно двотретинско мнозинство, кое премиерот Зоран Заев се обидува да го обезбеди, а за кое вели дека ќе се знае дали го има на денот на гласањето. Секој амандман се утврдува со обично мнозинство, потоа се отвора општиот претрес, па претресот по текстови и секој амандман поединечно се гласа со двотретинско мнозинство. Потоа се гласа за сите амандмани заедно со двотретинско мнозинство и на крајот се отвора уставниот закон, за чие усвојување исто така е потребно двотретинско мнозинство. Седницата денеска ќе почне во 13 часот, како што најави вчера претседателот на Собранието Талат Џафери, по експозето на Заев пред пратенците во врска со последната фаза од уставните измени, во кое побара позитивна одлука, која ја нарече историска и можност за подобар живот за сите граѓани на Република Македонија. Пред Собранието во исто време се одржуваше протест во организација на здруженијата „Македонија блокира“, „Христијанско братство“, партијата „Единствена Македонија“, „Твордокорни“ против уставните измени. Најавија дека протестот ќе продолжи и денеска. Македонското Собрание на  19 октомври со 80 гласа ја донесе одлуката за пристапување кон уставните измени. Иако потребното двотретинско мнозинство во правата фаза од менување на Уставот беше неизвесно до самиот почеток на гласањето, сепак во последен момент освен 72 пратеници од владејачкото мнозинство за пристапување кон изменување на Уставот гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. За втората фаза, која помина минатиот месец, беа потребни 61 глас од вкупно 120 пратеници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-sobranieto-najaven-nov-protest-ustavnite-izmeni-vo-finalna-faza-pred-pratenicite-dvotretinsko-mnozinstvo-se-ushte-nema/feed/ 0
Мицевски: Со промена на Уставот самите ќе се избршеме како Mакедонци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-so-promena-na-ustavot-samite-kje-se-izbrsheme-kako-makedonci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-so-promena-na-ustavot-samite-kje-se-izbrsheme-kako-makedonci/#respond Sat, 01 Dec 2018 12:27:21 +0000 https://kurir.mk/?p=134528

Господине Заев не можете да очекувате поддршка за ова во моментов што го правите, граѓаните на Република Македонија не беа поделени по ова прашање, повеќе од милион и двесте илјади кажаа дека не го поддржуваат вашето повеќезначајно, збунувачко прашање на референдумот, истака координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска во Собранието на Република Македонија. -Милион и двесте илјади граѓани беа против вашето силување на демократија, милион и двесте илјади ви пратија порака која вие како Влада ја игнорирате, го игногирате народот, го игонирирате ставот на народот во Република Македонија. Ја игнориравте одлуката на ДИК дека референдмуот е неуспешен, консултативен беше ререфендумот, но со поразителни бројки кои и вие не ги очекувавте, додаде Мицевски. Тој истакна дека се заoбиколени сите законски и уставни процедури при ратфикација на договорт со Грција. -Рековте дека можеме сите неодговорно да се однесуваат, но веќе вие се однесувате неодговорно затоа што со сето ова што следува, со овие фази ние како Република Македонија се откажуваме од Резолуцијата на ОН од 1993 година, Времената спогодба од 1995 година, Хашката пресуда од 2011 година, ние сами треба да се избришеме како Македонци, додаде тој. Мицевски на крајот праша кој ќе ни биде крив доколку овој процес не помине во Грција, а ние сами сме си го смениле името и историјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-so-promena-na-ustavot-samite-kje-se-izbrsheme-kako-makedonci/feed/ 0
Нацрт-амандманите доставени во Собранието, на пленарна седница на 1 декември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacrt-amandmanite-dostaveni-vo-sobranieto-na-plenarna-sednica-na-1-dekemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacrt-amandmanite-dostaveni-vo-sobranieto-na-plenarna-sednica-na-1-dekemvri/#respond Fri, 02 Nov 2018 12:45:38 +0000 https://kurir.mk/?p=122733

Нацрт-амандманите на Усатвот се веќе пристигнати во Собранието и се проверуваат од собраниските служби. Пленарната седница на која ќе бидат разгледани претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа за 1 декември додека седницата на Комисијата за уставни прашања својата работа ќе ја започне на 7 ноември. Од кабинетот на претседателот на Собранието за МИА соопштија дека по проверката, нацрт текстот на уставните амандмани ќе биде испратен до сите пратеници. Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференцијата ги соопшти главните детали поврзани со нацрт уставните амандмани. Ова е втора фаза од процесот за промена на Уставот согласно Договорот од Преспа и треба да заврши со гласање на Парламентот за што е потребен 61 глас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacrt-amandmanite-dostaveni-vo-sobranieto-na-plenarna-sednica-na-1-dekemvri/feed/ 0
Пендаровски го призна поразот на владата на Заев: Грција никогаш до сега не побарала промена на внатрешното име на државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-go-prizna-porazot-na-vladata-na-zaev-grcija-nikogash-do-sega-ne-pobarala-promena-na-vnatreshnoto-ime-na-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-go-prizna-porazot-na-vladata-na-zaev-grcija-nikogash-do-sega-ne-pobarala-promena-na-vnatreshnoto-ime-na-drzavata/#respond Tue, 17 Jul 2018 20:02:23 +0000 https://kurir.mk/?p=77972

Националниот координатор за НАТО и истакнат член на СДСМ, Стево Пендаровски го призна поразот на владата на Заев при преговорите со Грција за промена на името на државата. Имено тој истакна дека од Македонија досега, не било побарано да го промени уставното име на државата, односно името кое се користи за внатрешна употреба. Со други зборови, за прв пат во преговорите, грчката страна побарала од премиерот Заев промени во македонскиот Устав. Тој забележа дека целата преговарачка делегација била збунета и изненадена кога на маса се нашле измените во македонскиот Устав кои досега не биле на маса. Пендаровски не објасни како се случило македонската страна да го прифати ваквото грчко барање. -Ерга омнес има две компоненти, внатрешна и надворешна. Грците инсистираа на ерга омнес, надворешната компонента значи секаде во меѓународните организации од кога јас памтам. Со оглед на годините и стажот паметам одамна. Значи веројатно во 90-тите. Тие никогаш не прифаќаа ние билатерално со некои држави да не реферираат и ословуваат со Република Македонија; Ерга омнес за внатре стартува сега со обновените преговори од јануари, ако не се лажам февруари оваа година. И тоа морам да ви кажам нај отворено тоа беше на огромно изненадување на сите нас што сме условно кажано од македонската страна. Бидејќи претходно никогаш тие не барале промена на Уставот. Тоа се приказни за мали деца дека тие барале уште во 90-тите промена на Уставот. Не е точно. Не ви зборувам што било објавувано во грчки медиуми. Говорам за она што Нимиц кажувал или што пренесувал како Грчки предлог и што Василакис има кажувано како официјален грчки предлог. Ова дојде сега, истакна Пендаровски во гостувањето во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ промената на Уставот ја гледа како една од најголемите мани на овој капитулантски договор како што тие го нарекуваат и во континуитет ја обвинуваат владата дека се откажала од македонскиот идентитет,јазик, име, историја како и малцинството во соседните земји со потпишувањето на овој договор. Опозицијата меѓу другото ги нотира изјавите на Зоран Заев пред да стане премиер на кои тој се колне во своите предци и идни поколенија дека нема да има промена на македонскиот Устав.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-go-prizna-porazot-na-vladata-na-zaev-grcija-nikogash-do-sega-ne-pobarala-promena-na-vnatreshnoto-ime-na-drzavata/feed/ 0
Заев поплука за најважната работа: Ветуваше дека нема да го менува Уставот, сега се предомислил https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-popluka-za-najvaznata-rabota-vetuvashe-deka-nema-da-go-menuva-ustavot-sega-se-predomislil/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-popluka-za-najvaznata-rabota-vetuvashe-deka-nema-da-go-menuva-ustavot-sega-se-predomislil/#respond Sat, 19 May 2018 17:37:49 +0000 https://kurir.mk/?p=56094

„Не гледам потреба за промена на Уставот„- изјави премиерот Зоран Заев во февруари годинава. Денес, само три месеци подоцна, информира дека промена на македонскиот устав ќе има и дека ќе се смени уставното име на Република Македонија. – Барањето за промената на Уставот во разговорите за името се грчки став, но ние имаме наш. Македонија го промени својот Устав во 1993 година да го допрецизира членот 49 вградувајќи го амандманот 2. Ние направивме голем чекор за да го отстраниме иредентизмот, рече тогаш Заев. Од февруари до мај. Толку беше потребно за македонскиот премиер да поплука по најважната работа и да го погази зборот даден до граѓаните за нешто кое за нив е од суштинска важност. Иако ветуваше дека нема да се смени уставот, зад затворени врати тоа на големо го договарал со нашиот јужен сосед и своите грчки колеги.

Без да ја информира јавноста Заев прифатил промена на уставното име и Уставот

Во изјава по крајот на лидерската средба премиерот Зоран Заев потврди дека Република Илиденска Македонија е предлогот кој што треба да го реши спорот со  Грција. Тој кажа дека ниту тој, ниту македонскиот народ немал никакви териториални претензии кон Грција. Заев кажа дека името ќе биде за севкупна употреба, што значи дека ќе има промени во Уставот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-popluka-za-najvaznata-rabota-vetuvashe-deka-nema-da-go-menuva-ustavot-sega-se-predomislil/feed/ 0
Мицотакис: Ерга омнес значи Скопје да не се вика Република Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micotakis-erga-omnes-znachi-skopje-da-ne-se-vika-republika-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micotakis-erga-omnes-znachi-skopje-da-ne-se-vika-republika-makedonija/#respond Fri, 04 May 2018 12:33:17 +0000 https://kurir.mk/?p=49813

Со уставна промена, за да се обезбеди ерга омнес, Скопје нема да се вика Република Македонија, ќе се вика поинаку, вели лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис, во однос на тоа како би можело да се гарантира дека новото име би било и за внатрешна и за надворешна употреба. - Со уставна промена може да се обезбеди ерга омнес, со официјална промена на името на Скопје и за внатрешна и за надворешна употреба. Скопје нема да се вика Република Македонија, ќе се вика поинаку, според она за што ќе постои договор. Тоа ќе биде име што ќе се однесува и за внатрешноста и за надворешноста, вели Кирјакос Мицотакис во интервјуто за три солунски радија. Како што јави дописничката на МИА од Атина, претседателот на Нова демократија, уште еднаш го повтори неговиот став дека грчката влада, разговорите за името ги отворила на погрешен начин, бидејќи требало да се отворат со една национална линија. - Ние уште од прв момент ја наметнавме правилната национална линија во земјата, таа е дека не можеме да одиме напред кон било каков разговор за прашањето за името на Скопје, ако прво нема справување со иредентизмот и уставна промена. Овие се неопходни предуслови за да се продолжи кон дополнителен разговор. Она што секогаш го нарекувавме ерга омнес, една употреба на името и за внатрешноста и за надворешноста за што предуслов е храбра уставна промена од страна на Скопје. Не само за да имаме правни гаранции, туку на овој начин би било комплетно јасно дека постои силно мнозинство и во соседната земја, која признава дека оваа позиција е правилна, рече Мицотакис во интервјуто за радијата Фокус ФМ, ФМ100 и Радио Солун. Претседателот на најголемата грчка партија, не испушти уште еднаш да го спомене она што го кажува речиси во сите интервјуа, дека нема да прифати „да ги поделиме Грците за да ги обединиме Скопјаните“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micotakis-erga-omnes-znachi-skopje-da-ne-se-vika-republika-makedonija/feed/ 0
Уставни промени или меѓународен договор како гаранција за името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavni-promeni-ili-megjunaroden-dogovor-kako-garancija-za-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavni-promeni-ili-megjunaroden-dogovor-kako-garancija-za-imeto/#respond Wed, 07 Mar 2018 07:06:54 +0000 http://kurir.mk/?p=27974

Грција и натаму останува на ставот за промена на Уставот во обидите за решавање на спорот со името, додека македонската страна бара почитување на меѓународната пракса. Македонската страна смета дека каква било промена на Уставот не подразбира и трајна гаранција за Грција. - Каква било промена во правниот систем на Македонија не значи трајна гаранција за Грција, бидејќи се што се менува може да се врати назад, порача вчера премиерот Зоран Заев. Побара држење до меѓународната пракса - меѓународни договори, ратификација во Парламентите, гласање во ОН, резолуција во ОН и смета дека сето тоа е најсериозната гаранција за Грција. - Мора да водиме грижа едни за други за да го сочувуваме достоинството на двата народа, на двете земји и на двете нации и секако зачувување на она што значи чувство, а тоа е идентитетот. Идентитетот е чувство и за него не можете да преговарате, да се ценкате. Јас верувам дека во тој дух, водејќи се внимателно  кон партнерите со кои преговараме ќе изнајдеме решение, рече Заев. Препорача да се отвори и Уставот на Грција и да видиме како тие водат грижа за Грците надвор од Грција. - Јас сум подготвен, како тие водат грижа  за Грците надвор од Грција, така и ние да водиме грижа за Македонците надвор од Македонија, соодветно исто, рече Заев. Грчката Влада останува на ставот дека потребна е промена на Уставот. Сигурно е дека уставното име треба да се промени за да може да важи условот ерга омнес, рече портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос во гостувањето во дебатна емисија на грчката државна телевизија ЕРТ. - За сложено име ерга омнес, за севкупна употреба, во секој случај предуслов е уставна ревизија, барем во однос на прашањето со уставното име. Според тоа, прашањето за промена на Уставот секако дека влегува, барем на овој степен. Останатите работи ќе се разговараат и на техничко ниво за тоа колку може да постојат толкувања на Уставот на соседната земја кои би можеле да се карактеризираат како иредентистички, но ова е прашање поврзано со толкувањето. Сигурно е дека уставното име треба да се промени за да може да важи условот ерга омнес, рече Ѕанакопулос. Појасни дека се потребни промени во македонскиот Устав, бидејќи во иднина „Уставниот суд на соседната земја може да одлучи дека Заев немал надлежност да го потпише конкретниот договор“, па затоа за Атина „единствен начин да се реши прашањето, барем, во однос на името е да има промена преку Уставот“. Според поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани , пак, перспективите за сериозно решавање на прашањето за името сѐ повеќе се намалуваат. Таа во интервју за радиото „Real fm“ вели дека грчката Влада имала вистинска можност да го реши проблемот, но со начинот на кој управувала со прашањето, сега води кон ќор-сокак. - Сакам да бидам јасна дека можноста ќе можеше да се искористи и ќе имавме позитивен резултат, ако имавме една сериозна влада. Во овој момент имаме владино мнозинство поделено во три дела, рече Бакојани. Ѕанакопулос откри дека нацрт спогодбата сѐ уште е во фаза на разработка од грчка страна, а за доставувањето до Македонија, официјално ќе биде соопштено од грчкото МНР. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavni-promeni-ili-megjunaroden-dogovor-kako-garancija-za-imeto/feed/ 0
Ѕанакопулос: За да се исполни условот ерга омнес, потребна е промена на Уставот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzanakopulos-za-da-se-ispolni-uslovot-erga-omnes-potrebna-e-promena-na-ustavot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzanakopulos-za-da-se-ispolni-uslovot-erga-omnes-potrebna-e-promena-na-ustavot/#respond Tue, 06 Mar 2018 09:30:25 +0000 http://kurir.mk/?p=27761

Сигурно е дека уставното име треба да се промени за да може да важи условот ерга омнес, рече портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос во синоќешното гостување во дебатна емисија на грчката државна телевизија ЕРТ. - За сложено име ерга омнес, за севкупна употреба, во секој случај предуслов е уставна ревизија, барем во однос на прашањето со уставното име. Според тоа, прашањето за промена на Уставот секако дека влегува, барем на овој степен. Останатите работи ќе се разговараат и на техничко ниво за тоа колку може да постојат толкувања на Уставот на соседната земја кои би можеле да се карактеризираат како иредентистички, но ова е прашање поврзано со толкувањето. Сигурно е дека уставното име треба да се промени за да може да важи условот ерга омнес, рече Ѕанакопулос. Портпаролот на грчката влада, како што јави дописникот на МИА од Атина, објасни дека се потребни промени во македонскиот Устав, бидејќи во иднина „Уставниот суд на соседната земја може да одлучи дека Заев немал надлежност да го потпише конкретниот договор“, па затоа за Атина „единствен начин да се реши прашањето, барем, во однос на името е да има промена преку Уставот“. Ѕанакопулос откри дека нацрт спогодбата сѐ уште е во фаза на разработка од грчка страна, а за доставувањето до Македонија, официјално ќе биде соопштено од грчкото МНР. Во однос на актуелната клима меѓу двете земји и коментарот на новинарот дека е намален почетниот оптимизам, Ѕанакопулос објасни дека сите преговори имаат сопирања и забрзувања, а одбегна да открие технички детали за процесот. - Во овој момент треба да ја најдеме неопходната формула за да стигнеме до решение. Ова е политичката цел на владата и секако едно решение што ќе биде и одржливо и секако ќе им дозволи и на двата народа, гордо, да си ги задржат нивниот идентитет и идеологијата, објасни портпаролот на владата на Грција. Во дебатната емисија, како претставник на опозицијата беше потпретседателот на Нова демократија, Костис Хаѕидакис, кој говореше за позициите на неговата партија и рече дека е потребно да постои фер и одржливо решение, прифатено од Грција. Според него, иредентизмот и Уставот се поважни од името. - Мицотакис рече: сакаме пакет решение што ќе тргнува од Уставот, од иредентизмот, не прифаќаме македонска нација. Овие се нашите приоритети, рече Хаѕидакис и паралелно упати критики до владата дека сметала оти е подобро прво да го извести архиепископот, а не партиите за конкретното прашање. За позициите на владата и опозициската Нова демократија, во студиото на ЕРТ се разви жестока дебата со меѓусебни обвинувања на релација Ѕанакопулос – Хаѕидакис. Владиниот портпарол, побара од потпретседателот на опозициската партија, да објасни во кој дел не се согласува со позициите на владата, дали за суштината или за процедуралниот дел. - Која е суштината? Која е позицијата на владата? За да одговориме за суштината: започнавте од името, затоа и го крстивте проблем со името, односно само името и секој ден по реакциите што произлегоа додавате и по едно делче и се приближувате до позициите на Нова демократија. Дополнително се сетивте на сите останати прашања, одговори Хаѕидакис, упатувајќи обвинувања дека владата е поделена и има две позиции, едната на СИРИЗА преку Министерството за надворешни работи и премиерот, а другата на Каменос преку Министерството за одбрана. Жестоката дебата на висок тон меѓу Димитрис Ѕанакопулос и Костис Хаѕидакис започна од различните позиции во прашањето за името, а меѓусебните препукувања и обвинувања, како што јави дописникот на МИА од Атина, се префрлија на други актуелни теми во грчката внатрешна политика. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzanakopulos-za-da-se-ispolni-uslovot-erga-omnes-potrebna-e-promena-na-ustavot/feed/ 0
Ѕанакопулос: Преговарачката позиција на Грција е промена на уставот на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzanakopulos-pregovarachkata-pozicija-na-grcija-e-promena-na-ustavot-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzanakopulos-pregovarachkata-pozicija-na-grcija-e-promena-na-ustavot-na-makedonija/#respond Mon, 26 Feb 2018 16:06:29 +0000 http://kurir.mk/?p=25099

Промената на уставот на соседната земја е цврста преговарачка позиција на Атина, вели портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос во интервју за радиото ,,Real FM’’ , пренесува МИА.

-Грчката позиција е сложено име, кое ќе биде за сите употреби и ќе важи за сите. Нешто што значи дека предуслов е уставната ревизија од страна на нашите соседи, за да најдеме едно одржливо, стабилно и заемно политичко решение за кое сите ќе можат да се чувствуваат горди, и двата народи истакна Ѕанакопулос во интервјуте за грчкото радио.

Каj македонската влада има огромна доза на оптимизам за брзо решение на спорот. Доколку се земат во предвид грчките позиции за ерга омнес решение и изјавите на Заев дека географската одредница е прифатливо решение на спорот за името и дека македонската страна нема црвени линии, тогаш очигледно од која страна се очекува да попушти.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzanakopulos-pregovarachkata-pozicija-na-grcija-e-promena-na-ustavot-na-makedonija/feed/ 0