промоција на книга – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Jul 2020 12:32:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png промоција на книга – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Промоција на книгата „Песните се нивни незаборав“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-pesnite-se-nivni-nezaborav/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-pesnite-se-nivni-nezaborav/#respond Thu, 16 Jul 2020 12:32:27 +0000 https://kurir.mk/?p=377115

Во рамки на „Скопско лето“ денеска напладне ќе биде промовирана книгата „Песните се нивни незаборав“ – монографски труд посветен на 24 починати пејачи чии што песни и изведби имаат трајни вредности. Автори на делото се Кирил Тодевски – етномузиколог и повеќегодишен урредник на Редакцијата за народна музука на Македонското радио и Марија Велковска – уредник во Музичката програма на Македонското радио. Како што соопшти организаторот на „Скопско лето“ – Дирекцијата за култура и уметност на Скопје (ДУКС), книгата е посветена на песнопојците: Васил Хаџиманов, Никола Бадев, Александар Сариевски, Васка Илиева, Мирвет Беловска, Благој Петров-Караѓуле, Нада Макеларска, Гого Зафироски-Зафиро, Вања Лазарова-Димитровска, Блага Видец, Јонче Христовски, Добри Ставревски, Драгица Мавровска, Кирил Манчевски, Љупчо Дучевски, Мирко Митревски, Пепи Бафтировски, Есма Реџепова-Теодосиевска, Кирчо Поплазаров, Гоце Николовски, Петранка Костадиновска, Војо Стојановски, Јанко Узунов и Гоце Арнаудов. – Зад себе оставија непроценливо фолклорно богатство, со кои за навек го легитимираа македонскиот фолклорен израз. Со своите песни за себе испишаа незаборав, а на повиканите од сферата на Фолклористиката, односно Етномузикиологијата останува нивниот незаборав трајно да го забележат во своите научни и друг вид на прилози, соопшти ДУКС. Согласно со објавените протоколи, бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжително ќе биде почитувањето на препорачаните мерки: носење заштитни маски, мерење телесна температура одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето и дезинфекција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-pesnite-se-nivni-nezaborav/feed/ 0
Промовирана дебитантската збирка поезија на 15-годишниот Марко Манасиев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promovirana-debitantskata-zbirka-poezija-na-15-godishniot-marko-manasiev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promovirana-debitantskata-zbirka-poezija-na-15-godishniot-marko-manasiev/#respond Sun, 04 Mar 2018 10:27:51 +0000 http://kurir.mk/?p=27137

Дебитантската збирка поезија на англиски јазик под наслов „Thoughts“ (Мисли), младешки стихови на средношколецот Марко Манасиев, беше промовирана во саботата вечерта. Првата поетска збирка на младиот поет Марко Манасиев, како што посочи рецензентот Орце Павлов, претставува енциклопедија на емоции, креирана како одговор на сериозните предизвици инспирирани од секојдневието на адолесцент заробен меѓу два света. „Станува збор за типична поезија на млад човек кој се соочува со општеството во вистинска смисла и форма, за мисла и фрустрација преточени низ креативен канал“, истакна професорот Павлов, додавајќи дека ова е радосен момент кога денес поезијата е на маргините на општествените текови. Манасиев, ученик во виничката гимназија „Ванчо Прќе“, претставувајќи со своето поетско првенче рече дека неговите стихови се интерпретација на личните впечатоци од осознавање на светот. За одлуката импресиите да ги преслика на англиски, младиот поет вели дека е голем вљубеник во овој јазик и оти мислел дека е поинтересно своите размисли да ги сподели со читателите на овој начин. Излегувањето на книгата беше помогнато од Александар Цветанов, директот на виничката компанија „Мак прогрес“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promovirana-debitantskata-zbirka-poezija-na-15-godishniot-marko-manasiev/feed/ 0