Проневера во службата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Jun 2023 20:00:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Проневера во службата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вработен во општина Тетово ќе одговара за „проневера во службата“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vraboten-vo-opshtina-tetovo-ke-odgovara-za-pronevera-vo-sluzhbata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vraboten-vo-opshtina-tetovo-ke-odgovara-za-pronevera-vo-sluzhbata/#respond Wed, 07 Jun 2023 20:00:06 +0000 https://kurir.mk/?p=843378

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.С.(40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во текот на 2021 година, пријавениот, во својство на вработено лице во општина Тетово, противправно за себе присвоил мобилен телефон со вредност од 108.000 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vraboten-vo-opshtina-tetovo-ke-odgovara-za-pronevera-vo-sluzhbata/feed/ 0
Истрага за проневера во службата​ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istraga-za-pronevera-vo-sluzbata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istraga-za-pronevera-vo-sluzbata/#respond Fri, 27 Dec 2019 17:57:31 +0000 https://kurir.mk/?p=283158

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека како одговорно лице – сметководител сторило кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 5 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот во периодот од 28.04.2016 година до 28.11.2019 година, како сметководител за водење на сметководството на нотарска канцеларија, со намера за себе да присвои противправна имотна корист присвоил пари кои му биле доверени во службата во значителна вредност од 10.913.195 денари. Тој неовластено пополнил и потпишал налози за пренос на парични средства од банкарската сметка на нотарот, на банкарска сметка на неговата сопруга. Потоа, осомничениот како овластен потписник на банкарската сметка на неговата сопруга ги подигнал во готово паричните средства. Јавниот обвинител кој постапува во предметот до Оновниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување на мерки на претпазливост за осомничениот и тоа: забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, обврска на осомничениот да се јавува повремено на одредено службено лице и привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница. Предложените мерки се во насока на обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка, а поради постоење опасност од бегство на осомничениот и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istraga-za-pronevera-vo-sluzbata/feed/ 0