пропаганда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Nov 2022 13:22:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пропаганда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Новинарките најчесто на удар, пропагандата зема замав https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novinarkite-najchesto-na-udar-propagandata-zema-zamav/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novinarkite-najchesto-na-udar-propagandata-zema-zamav/#respond Thu, 17 Nov 2022 13:22:52 +0000 https://kurir.mk/?p=762416

Годинава во Европа забележани се над 200 разни напади на новинари, а новинарките се најмногу на удар, изјави Маја Север, претседателка на Европската федерација на новинари, на вториот ден од меѓународната конференција на Медиумската организација на југоисточна Европа што се одржува во Сараево. Тема се медиумските проблеми во Европа и војната во Украина. Како што таа додаде, најновото истражување на институтот Ројтерс покажа недостиг на новинарска доверба во државните институции и информациите што тие ги даваат, пренесе весникот Данас. -Олигарси контролираат поголем дел медиуми и ова истражување покажа дека тој проблем е најизразен во земјите од централна и источна Европа. Закани, напади, убиства на новинари се чести и нема европска земја каде новинари не се нападнати, посочи Север. Според нејзините зборови, изминатите неколку години во Европската федерација на новинари забележале дека влади континуирано напаѓаат новинари и медиуми кои се спротивставуваат на политичкиот притисок, но и оти огласувачи се откажуваат од соработка со критички медиуми. -Војната во Украина и пандемијата покажаа проблеми дури и во најголемите либерални демократии во светот. Затоа е потребно да работиме заедно, да покажеме солидарност и да се избориме за подобра позиција на новинарите и медиумите, особено затоа што нема начин да се откажеме, нагласи Север. Сепак, главната расправа беше околу тоа што на новинарите во украинско-рускиот конфликт не им е дозволен пристап до првата линија на фронтот и што владите на земјите користат пропаганда како оружје во овој конфликт. Кристина Хаврилиук, главната уредничка на независниот украински портал УА: ПБЦ од Киев, истакна дека украински новинари немаат пристап до окупираните територии од 2014 година, а денес ниту до првата линија на фронтот, за лично да се уверат во тоа што таму навистина се случува. -Медиуми немаат пристап до првата линија на фронтот, така што моментално имаме голема расправа за тоа во рамки на медиумската заедница и се обидуваме да најдеме начин да дојдеме до воената зона. Не можам да објаснам зошто им е отежнат пристапот на новинарите и тоа не е до нас, туку до властите. Но, на првата линија на фронтот можат новинари на Си-ен-ен и Би-би-си, ама не и украински. Немаме пристап до окупираните територии од 2014 година, ниту имаме некакви можности да го сториме тоа, појасни таа. Кристина Атовска, новинарка од скопскиот портал Фри прес, изјави дека била во Буча и оти видела трупови по улиците по заминувањето на Русите. -Првите информации за овој случај беа објавени од украински воен информациски сервис. Имаше шпекулации на социјалните мрежи дека телата се поместувани, но, тоа е најголема лага во оваа војна, бидејќи ги видов труповите на улиците со моите очи. Треба да се види на самото место што се случува, наместо да веруваме на збор бидејќи пропагандата е голема, наведе Атовска. Таа додаде и дека решение би било да се испратат новинари на секоја од завојуваните страни, но, оти руската страна не сака да им даде акредитации на новинари од земји што ги смета за непријателски.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novinarkite-najchesto-na-udar-propagandata-zema-zamav/feed/ 0
Твитер затвори 373 профили за пропаганда https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tviter-zatvori-373-profili-za-propaganda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tviter-zatvori-373-profili-za-propaganda/#respond Tue, 23 Feb 2021 18:06:54 +0000 https://kurir.mk/?p=472925

Компанијата Твитер денеска соопшти дека затворила 373 профили поврзани со Русија, Ерменија и Иран, бидејќи ги прекршиле правилата на оваа социјална мрежа за манипулација со податоци. Компанијата укина 238 профили кои биле активни во Иран и прекршиле уште некои други правила на Твитер. Претставници на властите на Сан Франциско, каде што се наоѓа седиштето на оваа социјална мрежа, соопштија дека 100 профили поврзани со Русија биле отстранети поради пишување текстови што ја поткопуваат вербата во НАТО и чија цел биле САД и Европската унија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tviter-zatvori-373-profili-za-propaganda/feed/ 0
Николоски: СДСМ води најскапа кампањa до сега – “сите сме исти” со цел да го збуни и излаже народот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-sdsm-vodi-najskapa-kampanja-do-sega-site-sme-isti-so-cel-da-go-zbuni-i-izlaze-narodot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-sdsm-vodi-najskapa-kampanja-do-sega-site-sme-isti-so-cel-da-go-zbuni-i-izlaze-narodot/#respond Fri, 15 Jan 2021 21:00:53 +0000 https://kurir.mk/?p=456039

Вечерва во емисијата "Јади бурек" на телевизија Сонце потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски истакна дека СДСМ води пропаганда сите сме исти, само за да го збуни и разочара народот. Според него, ова е најскапата кампања на СДСМ и најдобрата од пи - аровска гледна точка, се со цел да ги збуни и излаже граѓаните на Македонија. -Постои огромно незадоволство кај народот, но единствениот начин да се промени власта е луѓето да излезат и да гласаат на избори. Целта на СДСМ е народот да остане дома и затоа најскапата кампања што ја води СДСМ преку медиуми и новинари кои што ги поддржуваат е кампањата "сите се исти". Таа е најскапата кампања на СДСМ која што толку добро е организирана и скапо платена што до обичните граѓани стига како да е од некоја трета страна или некое тело формирано од самите обични граѓани. Но, оваа кампања е креирана и водена од тајни служби и луѓе кои што многу добро знаат психологија. И по мене ова е една од најуспешните кампањи на СДСМ во пи - аровскиот дел. Затоа што успеаа да наметнат кај дел од народот резигнација - не ме интересира политика, не сакам да гласам, сите се исти што е апсолутно неточно, но со сите ресурси кои што ги има власта, кои што ги краде од народот ете од тие стоки и ресурси и други трансфери што ги споменав, имаат доволно да платат луѓе кои што им се блиски, нопвинари, медиуми, за да оваа кампања вози, рече Николоски. Но, тоа не е така, продолжи Николоски, бидејќи ниту може да се спореди Мицкоски со Заев, ниту него со било кој од СДСМ. Затоа што едноставно не се споредува. -Ниту по чест, ниту по углед, ниту по образование и семеен бекграунд. Јас со златни вилушки дома ниту ручам ниту вечерам. На плишани фотелји од по илјада евра една, јас не седам. Јас не возам четирицикл, Ауди 7-ца или БМВ не знам ни која серија не умеам да го кажам. Тоа е разликата помеѓу мене и било кој од СДСМ, а помеѓу Заев и Мицкоски не се ни споредува - едниот е професор, а другиот не знамеме ни дали факултет завршил. Ете излезе човек од Ректоратот и кажа дека дипломата за факултет на Заев е спорна. Заев е аболициран за криминал неколку пати, а Мицкоски нема никаква дамка. Но, пропагандата на СДСМ "сите сме исти" тоа го разочара народот и комбинирано со стравот од короната доведе до 51 процент излезност. Ако на следните избори имаме над 70 проценти излезност јас сум убеден во убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што опозиционото расположение е тука, само тоа треба да се материјализира на избори, посочи Николоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-sdsm-vodi-najskapa-kampanja-do-sega-site-sme-isti-so-cel-da-go-zbuni-i-izlaze-narodot/feed/ 0
Стејт департментот објави обемен извешај за основите на руската дезинформација и пропаганда https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-departmentot-objavi-obemen-izveshaj-za-osnovite-na-ruskata-dezinformacija-i-propaganda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-departmentot-objavi-obemen-izveshaj-za-osnovite-na-ruskata-dezinformacija-i-propaganda/#respond Thu, 06 Aug 2020 08:20:35 +0000 https://kurir.mk/?p=387001

Центарот за глобален ангажман (ГЕЦ) при американскиот Стејт департмент синоќа објави извештај на 77 страници насловен „Столбовите на екосистемот на руската дезинформација и пропаганда“. Извештајот опишува наводно, како работи и какви средства за комуникација користи руската пропаганда и дезинформација. Според ГЕЦ, петте столбови на руската пропаганда се следните: Официјални владини комуникации како Кремљ, МНР, официјалните владини налози во социјалните мрежи; меѓународиониот етер како државно финансираните медиуми чија цел се домашна и странска публика и меѓународните социо-културни институции; развој на прокси-ресурси како центри за јазици и распространување наративни информации; користење на социјалните мрежи како оружје; дезинформација во кибер просторот. Се истакнува дека сите пет столбови се координираат за создавање на мултиплициран ефект во медиумите. Се опишува како „прокси-ресурсите заемно дејствуваат еден со друг, го повишуваат нивото на штетни содржини и создаваат илузија на доверба“. -Иако дезинформацијата на Русија претставува закана сама по себе, таа не останува незабалежана. Владата на САД, владите на нашите сојунзици и парнтери… нема да седат со скрстени раце додека Русија ги злоупотребува соверемените алатки за комуникација… Центарот ќе продалжи да ја разобличува дезинформацијата подготвена, очигледно од Русија и од други злонамерни субјекти, се вели во синоќешното соопштение на Стејт департментот по повод објавата на извештајот. За извештајот синоќа се обрати и државниот секретар Мајк Помпео на брифингот за новинарите, откако објави 10 милиони долари награда за корисни информации за подинци и групи кои, раководени од странски држави, се обидуаат да се вмешат во американските избори. Американските власти ја обвинуваат Русија, започнувајќи од 2016 година, дека постојано се меша во изборите во САД и поради ова досега воведија низа од санкции против разни руски лица и компании. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-departmentot-objavi-obemen-izveshaj-za-osnovite-na-ruskata-dezinformacija-i-propaganda/feed/ 0