пропусници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Mar 2022 18:32:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пропусници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Србија ги укина ковид пропусниците, маските во затворен простор само препорака https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-gi-ukina-kovid-propusnicite-maskite-vo-zatvoren-prostor-samo-preporaka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-gi-ukina-kovid-propusnicite-maskite-vo-zatvoren-prostor-samo-preporaka/#respond Thu, 10 Mar 2022 18:32:08 +0000 https://kurir.mk/?p=645070

Српскиот Кризени штаб за борба против коронавирусот донесе одлука за укинување на Ковид пропусниците од сабота, соопшти министерката за труд и социјлани прашања Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Ковид пропусниците беа воведени на 23 октомври минатата година и прво важеа по 22 часот, но со зголемувањето на бројот на новозаразени, нивната важност беше продолжена, па се применуваа од 20 часот. Кисиќ Тепавчевиќ изјави дека делта сојот на коронавирусот „повеќе не е регистриран во Србија“, а во моментот кога била донесена одлуката за воведување на ковид пропусниците тој бил доминантен и пропусниците биле ефективни за негово сузбивање. Како што кажа Кисиќ Тепавчевиќ, се задржува препораката за носење маски во затворени простории, а се укинува ограничувањето на бројот на луѓе во затворени простории. -Кога станува збор за изолација на пациентите, таа се уште е во сила бидејќи тоа е основната антиепидемиска мерка, која опфаќа изолација од седум дена, доколку е потребно и подолго, изјави таа за медиумите по седницата на Кризниот штаб. Се препорачуваат дополнителни, четврта бустер дози на вакцината за оние над 18 години, пет месеци по првата бустер доза, а прифатена е препораката за воведување на бустер доза за вакцинација на деца од 12-18 години, најмалку пет месеци по примањето на втората доза, кажа Кисиќ Тепавчевиќ, додавајќи дека е укинат и карантинот за лицата кои биле во контакт со заразени лица.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-gi-ukina-kovid-propusnicite-maskite-vo-zatvoren-prostor-samo-preporaka/feed/ 0
Кипар воведува коронапас, го укинува строгиот карантин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kipar-voveduva-koronapas-go-ukinuva-strogiot-karantin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kipar-voveduva-koronapas-go-ukinuva-strogiot-karantin/#respond Mon, 10 May 2021 05:27:07 +0000 https://kurir.mk/?p=508212

Властите на Република Кипар од денеска го укинуваат строгиот режим на карантин, но на жителите на островот, за да влезат буквално на кој било јавен простор, ќе им треба таканаречена Коронапас – пропусница што покажува дека нејзиниот сопственик не го шири коронавирусот. Одлуката во средата ја донесе кипарската Влада. Коронапас може да биде потврда за негативен ПЦР-тест за коронавирус направен во последните 72 часа, или документи кои докажуваат дека некое лице примило барем една доза вакцина најдоцна не подоцна од пред три недели, прележало Ковид-19 во последните шест месеци. Оваа пропусница ќе биде потребна за сите кои ќе посетуваат трговски центри, театри и кина, како и спортски сали, кои ќе бидат отворени денеска. Исто така, Коронапас ќе треба за посета на црква и присуство на церемонии како што се свадби, крштевки или погреби. До 16 мај најмногу 10 лица ќе можат да учествуваат на вакви церемонии. Од 17 мај, границата ќе се зголеми на 200 лица, но со одредбата овие настани да се одржуваат само на отворено. За црквите, театрите и кината ќе има тристепен систем за олеснување на ограничувањата. Од 10 мај, во нив нема да бидат дозволени повеќе од 50 лица во исто време, од 17 мај – до 30 проценти од нивниот капацитет, а од 1 јуни – до 50 отсто. Големите продавници од 10 јуни ќе треба да обезбедат минимална површина од 10 квадратни метри за секој клиент. Од истиот ден на островот ќе се продолжи со настава со физичко присуство, а учениците ќе се тестираат секоја недела со брзи антигени тестови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kipar-voveduva-koronapas-go-ukinuva-strogiot-karantin/feed/ 0