прослави – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Mar 2022 08:04:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прослави – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Овие 3 хороскопски знаци се најдобри домаќини: Тие прават се за да организираат незаборавни прослави https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/ovie-3-horoskopski-znaci-se-najdobri-domakjini-tie-pravat-se-za-da-organiziraat-nezaboravni-proslavi-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/ovie-3-horoskopski-znaci-se-najdobri-domakjini-tie-pravat-se-za-da-organiziraat-nezaboravni-proslavi-2/#respond Thu, 24 Mar 2022 08:04:47 +0000 https://kurir.mk/?p=652422

Тие сакаат да ги забавуваат пријателите и даваат се од себе за да ги направат своите забави најдобри. Астрологијата, покрај сè друго што може да се види од вездите, кажува дека знакот во кој сте родени може да утврди колку сте добар домаќин. Не секој може да ги прими и забавува пријателите на ист начин, и како што велат познавачите на Зодијакот, постојат три хороскопски знаци кои се најдобри домаќини. 1. Лав Лавовите се родени со шармантни вештини, така што другите луѓе ги гледаат како одлични домаќини и одлични организатори. Тие сакаат да организираат забави и да ги покануваат луѓето во нивната куќа. Тие знаат како да организираат забави што се паметат подолго време, со еден куп вкусна храна што обично самите ја подготвуваат. 2. Девица Девиците се перфекционисти и се подразбира дека сакаат секој од нивните забави да бидат апсолутно беспрекорни и совршени, без грешки. Тие сакаат да организираат и планираат прослави. Од храна и пијалоци до украсување на просторот, сè мора да биде во совршена состојба за Девиците. 3. Риби Рибите се едни од најемпатичните хороскопски знаци. Тие со цело срце слават за да им дадат пријатно добредојде на своите гости. Нивните гости секогаш се сеќаваат на ваквите забави, бидејќи освен што уживаат во храната и пијалоците, тие ги оставаат прославите полни со прекрасни спомени. Луѓето родени во знакот Риби секогаш се грижат сите да уживаат во прославите под својот покрив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/ovie-3-horoskopski-znaci-se-najdobri-domakjini-tie-pravat-se-za-da-organiziraat-nezaboravni-proslavi-2/feed/ 0
Владата пресече: Следува забрана за организирање на настани и прослави во затворен простор – еве од кога ќе важи оваа мерка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-preseche-sleduva-zabrana-za-organiziranje-na-nastani-i-proslavi-vo-zatvoren-prostor-eve-od-koga-kje-vazi-ovaa-merka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-preseche-sleduva-zabrana-za-organiziranje-na-nastani-i-proslavi-vo-zatvoren-prostor-eve-od-koga-kje-vazi-ovaa-merka/#respond Sat, 07 Aug 2021 20:39:55 +0000 https://kurir.mk/?p=547798

Владата донесе одлука за целосна забрана за работа и организација на настани на затворено во сите угостителски објекти. Оваа мерка ќе стапи на сила од 16. август. -Од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетереии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип-велат од Владата. Угостителските објекти регистрирани за прослави до 15 август ќе смеат да организираат настани во затворен простор, но со почитување на мерките и со 40% од капацитетот, а потоа прослави и настани ќе се организираат само на отворено.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-preseche-sleduva-zabrana-za-organiziranje-na-nastani-i-proslavi-vo-zatvoren-prostor-eve-od-koga-kje-vazi-ovaa-merka/feed/ 0
НОВИ МЕРКИ: Се бара забрана за свадби, прослави и масовни настани во затворен простор на цела територија на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-merki-se-bara-zabrana-za-svadbi-proslavi-i-masovni-nastani-vo-zatvoren-prostor-na-cela-teritorija-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-merki-se-bara-zabrana-za-svadbi-proslavi-i-masovni-nastani-vo-zatvoren-prostor-na-cela-teritorija-na-makedonija/#respond Sat, 07 Aug 2021 16:28:47 +0000 https://kurir.mk/?p=547741

Министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести утринава по состанокот објавија дека предлагаат рестриктивни мерки во Тетово, односно забрана за свадби, прослави и за одржување масовни настани на затворено. Угостителските објекти во затворениот дел да работат со 30 проценти од капацитетот, а на иста маса во кафеана да може да седат само 4 лица. Филипче попладнево во изјава за „Телма“ кажа дека барањето е мерките да важат за сите градови, а не само за Тетово. – Не е за Тетово, за цела држава е. Предлогот е за секаде, на сите места, не само за Тетово – рече Филипче за „Телма“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-merki-se-bara-zabrana-za-svadbi-proslavi-i-masovni-nastani-vo-zatvoren-prostor-na-cela-teritorija-na-makedonija/feed/ 0
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ – НУК направи посебен регистар за угостителите за организирање прослави https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazna-informacija-za-ugostitelskite-objekti-nuk-napravi-poseben-registar-za-ugostitelite-za-organiziranje-proslavi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazna-informacija-za-ugostitelskite-objekti-nuk-napravi-poseben-registar-za-ugostitelite-za-organiziranje-proslavi/#respond Sun, 06 Jun 2021 10:13:50 +0000 https://kurir.mk/?p=519604

Додека Владата и другите институции не изнајдат или објават дополнителни законски решенија или промена на протоколите за прослави и свадби, Независната угостителска комора (НУК) за сите угостители изготви посебен регистер за нив, на кој тие можат бесплатно да се регистрираат и да пријават прослави, соопштуваат од НУК. Тој е објавен на 1 јуни во Службен Весник број, како Прилог бр. 78. - Со цел да излеземе во пресрет на сите телефонски повици и дописи за потребата на угостителите да ги регистрираат и пријават прославите кои ги организираат во своите објекти и да им овозможиме институционално да можат да ги исполнат сите точки од протоколите за организација, НУК формираше сопствен регистар за свадби/прослави и веселби за сите угостители и угостителски објекти, како и државни институции, комори, здруженија, соопштуваат од НУК. Дополнуваат дека е тоа без дополнителен надомест, според барањата во точка 7 од протоколите за организирање на свадби/прослави и останати веселби. Целта е да се избегнат недоразбирања кои би можеле да настанат со инспекторите во случај на контрола за време на организација на прослава, како и да се евидентираат и разликуваат присутните, кои не се гости, а се ангажирани лица и фирми за реализација на прославата. Со пријава во регистарот угостителите ги надминуваат ситуациите да бидат ригорозно казнети и затворени во случај на контрола од ДПИ, заради непочитување на точка 7 од протоколите. За секоја пријава во рок од 24 часа, угостителите ќе добијат уредна електронска потврда дека согласно точка 7 извршиле пријава и регистрација во „угостителска комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби”. Од НУК соопштуваат дека, само за овој викенд, од донесувањето на првите протоколи за организирање на свадби/прослави и веселби, низ Македонија се организираа или е во тек организација на повеќе од 100-тина свадби, веселби, родендени и останати прослави. 20210602_PrijavaNaProslava-NUK_Regidtar]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazna-informacija-za-ugostitelskite-objekti-nuk-napravi-poseben-registar-za-ugostitelite-za-organiziranje-proslavi/feed/ 0
НУК: Новите препораки за организирање прослави ќе предизвикаат хаос https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuk-novite-preporaki-za-organiziranje-proslavi-kje-predizvikaat-haos/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuk-novite-preporaki-za-organiziranje-proslavi-kje-predizvikaat-haos/#respond Tue, 01 Jun 2021 08:07:10 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517519

Независната угостителска комора (НУК) смета дека новите протоколи од Комисијата за заразни болести поврзани со организирањето на прослави, веселби и свадби наместо позитивно да влијаат, ќе предизвикаат хаос во работењето на угостителските објекти. Оттаму реагираат што не се консултирани претставници од оваа фела при носењето на овие протоколи. – Доколку се точни медиумските најави за нови препораки, и се восхитуваме на умешноста на Комисијата за заразни болести кои од една страна со предлог-мерките дозволи организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор додека од друга страна постави нови правила и ограничувања за музичарите чие присуство со истата мерка е ограничено само при организирање на свадби, се вели во денешното соопштение. Бараат од Владата при усвојување на протоколите да го врати членот 13 со кој ќе со дозволи организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот во сите угостителски објекти согласно протоколите за работа, а постојната препорака за јачина на музиката со која се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти за исхрана на 55 децибели, да ја укине во целост. Се бара да се дозволи и на иста маса да седат повеќе од шест лица доколку се од иста фамилија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuk-novite-preporaki-za-organiziranje-proslavi-kje-predizvikaat-haos/feed/ 0
Забрането е организирање на новогодишни и предновогодишни прослави на отворен и затворен простор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabraneto-e-organiziranje-na-novogodishni-i-prednovogodishni-proslavi-na-otvoren-i-zatvoren-prostor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabraneto-e-organiziranje-na-novogodishni-i-prednovogodishni-proslavi-na-otvoren-i-zatvoren-prostor/#respond Tue, 15 Dec 2020 14:00:23 +0000 https://kurir.mk/?p=443561

Владата на денешната седница ги прифати пакет-мерките предложени од Комисијата за заразни болести. Мерките се однесуваат на ограничување на работното време на угостителските објекти, забрани за организирање новогодишни и предновогодишни прослави на отворен и затворен простор, како и препораки до верските заедници, до работните организации и општините. -Соочени со нов предизвик во битката со Ковид-19. Соочени со изборот да продолжиме со превентивните политики и со чекори за излез од кризата сега кога вакцината е на чекор до нејзината испорака или да влеземе во ризик за неодговорно празнување на новогодишните празници, кои се пред нас, Владата на денешната седница одлучи да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за нов пакет рестриктивни мерки за периодот од 18 декември до 20 јануари на полноќ, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 за време на празниците, истакна Заев. Тој соопшти дека Владата донела одлука угостителските објекти да работат до 18 часот наместо како до сега до 21 часот. -Целта на оваа мерка да издржиме сите уште малку со ваквите рестрикции и да не дозволиме со празнување да ескалира состојбата. Мерката носи име „Празнувај одговорно!“, а целта е заштита од Ковид-19 во предвечерието на вакцинацијата, подвлече Заев. Покрај скратување на работното време на угостителските објекти, мерките опфаќаат забрана на прослави на плоштади и во работните организации. Препорака до верските заедници да не повикуваат на масовни групирања за претстојните верски празници. Останува препораката за несобирање по домовите, собири и во викендичките и апел до граѓаните да не се излегува без некоја потреба по 18 часот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabraneto-e-organiziranje-na-novogodishni-i-prednovogodishni-proslavi-na-otvoren-i-zatvoren-prostor/feed/ 0
Шпанија: На прослави за Божиќ и Нова година до шест лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-na-proslavi-za-bozikj-i-nova-godina-do-shest-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-na-proslavi-za-bozikj-i-nova-godina-do-shest-lica/#respond Tue, 24 Nov 2020 14:34:12 +0000 https://kurir.mk/?p=433782

Шпанската Влада ќе предложи поинакви Божиќ и Нова година, со ограничувања поради коронавирусот, така што на прославите ќе бидат дозволени само шест лица, пишува денеска шпанскиот весник „Мундо“. Цитирајќи нацрт-документ на Министерството за здравство, за кој ќе се разговара со регионалните здравствени лидери, „Мундо“ наведува дека Владата ќе препорача канцелариските собирања и сличните прослави пред празниците да се одржуваат на тераси во ресторани, надвор или на места кои немаат повеќе од два ѕида. Во документот се предлага планирање на поинаков Божиќ без одземање на неговиот дух, што го прави еден од омилените празници на граѓаните. Семејствата со повеќе од шест члена, кои живеат заедно, ќе можат заедно да ги слават Бадник, Божиќ и Нова година, според владиниот нацрт-план кој го цитира „Мундо“. Почетокот на полицискиот час во повеќето шпански региони ќе биде поместен од 23 часот на 1 часот по полноќ на 24 и 31 декември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-na-proslavi-za-bozikj-i-nova-godina-do-shest-lica/feed/ 0
ОЈО: Предлог казни од по две и пет илјади евра за организација на прослави во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-predlog-kazni-od-po-dve-i-pet-iljadi-evra-za-organizacija-na-proslavi-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-predlog-kazni-od-po-dve-i-pet-iljadi-evra-za-organizacija-na-proslavi-vo-skopje/#respond Tue, 24 Nov 2020 10:26:09 +0000 https://kurir.mk/?p=433617

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози од по 2 000 евра против три физички и од 5 000 евра против едно правно лице за организација на масовни собири во Скопје. Првите двајца обвинети, татко и син од Скопје, на 13 септември во дворот на семејната куќа организирале приватен собир – веридба, на која присуствувале 30 гости. – Со ова тие постапиле спротивно на прописите и наредбите со кои се определни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот КОВИД-19, согласно кои се забранува одржување на масовни собири и настани на отворен и затворен простор, се вели во соопштението од ОЈО. Третиот обвинет, како основач и управител на обвинетото правно лице – угостителски објект, на 3 октомври, постапил спротивно на забраната за организирање прослави – свадби во отворениот и затворениот дел од објектот и на Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана. – Тој во објектот дозволил да се организира настан – свадба на која биле присутни околу 90 лица, со што го довел во опасност животот и здравјето на луѓето. Настанот бил утврден при контрола и надзор од страна на овластени лица од Државниот пазарен инспекторат, информираат од ОЈО. Надлежните јавни обвинители за обвинетите физички лица предложија парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност. За обвинетото правно лице, пак, на Основниот кривичен суд му е предложено да изрече парична казна од 300.000 денари.​​ Казнениет налози се за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 од Кривичниот законик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-predlog-kazni-od-po-dve-i-pet-iljadi-evra-za-organizacija-na-proslavi-vo-skopje/feed/ 0
„Дожд“ од куршуми над скопски Бутел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dozd-od-kurshumi-nad-skopski-butel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dozd-od-kurshumi-nad-skopski-butel/#respond Fri, 14 Aug 2020 07:40:10 +0000 https://kurir.mk/?p=390508

Свадби, сунети, родендени, но и „дожд“ од куршуми над скопски Бутел. Имено неколку дена наназад од скопските населби Чаир и Бутел се слушаат рафални истрели од автоматско оружје кое патем во Македонија е забрането да се поседува. Но при истрелите, истите тие куршуми мора негде да паднат, еден од испуканите проектили паднал во дворот на една куќа во скопски Бутел и ја пробил задната шофершабјата од автомобилот кој се наоѓал во дворот од семејната куќа. Сопствениците на автомобилот во тој момент биле во дворот, а околу куќата имало и мали деца кои си играле на улицата. На 13.08.2020 во 07.30 часот во СВР Скопје, Д.З. од Скопје пријавил дека во дворот од куќата на ул.„Петар Манџуков“ пронашол зрно од огнено оружје кое причинило оштетување на задното ветробранско стакло од патничко возило „хонда“, сопственост на неговата ќерка. Полициски службеници извршиле увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во изминатиов период во неколку скопски општини се случуваат групни прослави со истрели од автоматско оружје, а МВР и оделот за оружје НТ се уште нема информации кој поседува ваков калибар на оружје. Според ЗКП поседувањето на автоматско оруже е кривично дело и за истото следи затворска казна.        ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dozd-od-kurshumi-nad-skopski-butel/feed/ 0
Препораки од Итната медицинска помош за празничните прослави https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preporaki-od-itnata-medicinska-pomosh-za-praznichnite-proslavi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preporaki-od-itnata-medicinska-pomosh-za-praznichnite-proslavi/#respond Tue, 31 Dec 2019 18:10:25 +0000 https://kurir.mk/?p=284147

Во пресрет на претстојните прослави на Новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош ги дава следните: П Р Е П О Р А К И - Редовно земање на терапија кај хроничните болни, - Да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на Божиќниот пост, - Умерено користење на алкохолни пијалоци како би се избегнале несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, - Посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење на алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот, - Воздржување од користење на разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preporaki-od-itnata-medicinska-pomosh-za-praznichnite-proslavi/feed/ 0