простата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Apr 2022 14:00:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png простата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Познатиот спортски стратег објави дека боледува од рак на простата https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznatiot-sportski-strateg-objavi-deka-boleduva-od-rak-na-prostata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznatiot-sportski-strateg-objavi-deka-boleduva-od-rak-na-prostata/#respond Mon, 04 Apr 2022 14:00:57 +0000 https://kurir.mk/?p=658301

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луј ван Гал, сподели со јавноста во телевизиско гостување дека боледува од рак на простата. Гостувајќи во емисија на холандска телевизија РТЛ, 70-годишниот Ван Гал рече дека веќе почнал со лекување и оти тоа го криел од своите играчи. Тој додаде дека семејството и блиските пријатели знаеле за тоа и им изрази благодарност што веста не ја откриле во јавноста. – Секој пат морав ноќе да одам во болница за играчите да не дознаат. Тие ги гледаа моите румени образи и мислеа дека сум здрав. Но, не сум. Не сакав да им кажам за тоа да не влијае врз нивната игра, изјави Ван Гал. Холандскиот селектор наведе дека досега имал 25 терапии и додаде дека станува збор за „агресивна форма“ на болеста. Ван Гал на крајот од оваа година треба да ја предводи Холандија на Светското првенство во Катар. Холандија против Сенегал ќе игра на отворањето на Мундијалот, во рамки на групата А во која се и домаќинот Катар и Еквадор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznatiot-sportski-strateg-objavi-deka-boleduva-od-rak-na-prostata/feed/ 0
Печурките го намалуваат ризикот од рак на простата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pechurkite-go-namaluvaat-rizikot-od-rak-na-prostata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pechurkite-go-namaluvaat-rizikot-od-rak-na-prostata/#respond Fri, 13 Sep 2019 07:29:04 +0000 https://kurir.mk/?p=240149

Истражување на јапонски научници посочува дека консумацијата на печурки штити од рак на простата, доколку се јадат трипати во седмицата. Проучувањето е спроведено во Универзитетот на Тохоку и траело 13 години. Во испитувањата учествувале приближно 40.000 мажи на возраст меѓу 40 и 80 години. Резултатите говорат дека јадењето печурки трипати седмично го намалува ризикот од некое онколошко заболување за 20 отсто. Се претпоставува дека причината за тоа веројатно се должи на соединенија коишто го намалуваат машкиот хормон причинител на ракот на простатата. Печурките, исто така, имаат поволно влијание и кај повеќе видови воспаленија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pechurkite-go-namaluvaat-rizikot-od-rak-na-prostata/feed/ 0