простување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 06 Mar 2022 08:08:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png простување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Простете и побарајте да ви простат: Денес е Прочка – празник за проштавање и очистување од гревовите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prostete-i-pobarajte-da-vi-prostat-denes-e-prochka-praznik-za-proshtavanje-i-ochistuvanje-od-grevovite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prostete-i-pobarajte-da-vi-prostat-denes-e-prochka-praznik-za-proshtavanje-i-ochistuvanje-od-grevovite/#respond Sun, 06 Mar 2022 08:08:27 +0000 https://kurir.mk/?p=641808

Прочка претставува голем празник за православните верници и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Проштавањето е обичај востановен под влијание на црквата, додека огновите, гатањата, карневалите… се остатоци од претхристијанските пролетни забави.

Празникот Прочка или Велики поклади, меѓу народот познат и како Проштени поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божик и Велигден. Овој празник доаѓа по неколкуте зимски празници, како што се: Бадник, Божик, Водици, Св. Трифун и ги поврзува со поголемиот број пролетни празници, како што се: Тодорова сабота, Летник, Св. 40 маченици (Младенци), Благовештение, Цветници, Лазарева сабота, Велигден, Ѓурѓовден и др. Со Прочка започнуваат и долгите велигденски пости, период исполнет со многу обичаи и верувања, со многу одречувања и надежи за пречек на Христовото воскресение (Велигден) за причесна и идентификација со Спасителот Исус Христос.

На Прочка се изведуваат богати обичаи, како што се проштавањето (оттука и празникот го добил името), потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници итн. Очигледно е дека некои обичаи, како што е на пр. проштавањето имаат христијанска основа, додека другите се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања.

Кога станува збор за празникот Прочка не смее да се изостават деновите што му претходат на овој празник. Една недела пред Прочка (поточно во саботата) е Задушница. Саботата пред Прочка во некои краишта на Македонија е познат под името Умрело дете за баничка, во други само Дете за кора. Тоа е поврзано со легендата за некое сиромашко дете кое гледајќи како богатите секој ден носат сукани јадења на фурната побарало од мајка му да му меси баничка. Мајка му, бидејќи немала брашно, постојано го лажела дека следниот ден ќе му меси, а детето чекајќи и плачејќи умрело. За спомен на тој ден и на тоа дете останало на овој ден да се меси баничка, зелник или друга храна и да се раздава.

Неделата пред Прочка се вика Месопусна или Месна недела, а некои ја викаат и Месни поклади зашто на тој ден се запокладува (односно се запостува) со месо, месни производи и свинска маст. Овој период од седум дена од Месни поклади до Прочка се вика и Сирна недела или Сирници поради тоа што во овој период се јадат млечни производи. Некои ја викаат и Бела недела. Според преданието на некој што умрел во текот на овие денови во забите му нашле месо што го сметале за причина за смртта. Оттогаш останало строго да се внимава во текот на Сирната недела да не се јаде месо.

Од обичаите што се изведуваат на Сирни понеделник интересно е канењето на ветерот да дојде преку летото кога е потребен за веење на житото. Имено, тогаш се прави „топејнца“ и со кисело млеко или „маштејнца“ се носи на гумното, три пати се трча низ гумното со викање: „Ела ветре да јајме топејнца, / в лето да дојш да вејме чејнца, / југу, југу, југу…“ Потоа храната се изедува до стежерот.

Од Сирни поклади, односно од Прочка не се јадат и млечни производи со што започнуват големите, долги седум недели, велигденски пости, што траат до Велигден.

Обичајот проштавање тргнува од христијанското сфаќање за помагање и проштавање меѓу луѓето. Се верува дека на овој ден и небото и земјата се проштаваат, па тоа треба да го сторат и луѓето. Небото затоа што ѝ погрешило на земјата со громови, мразови, поројни дождови и сл. бара прошка. И луѓето еден од друг бараат прошка за грешките. Притоа, секогаш помалиот бара прошка од постариот, децата од родителите, крштеникот од кумот, а се проштаваат и пријатели, роднини, соседи итн. Откако три пати ќе се поклони помладиот му вели на постариот: „Прости ми!“, на што овој одговара: „Простено да ти е и од мене и од Господа“, или само: „Просто да ви е“. Во некои краишта на Македонија тој што барал прошка носел некаков подарок како портокал, лимон, суво грозје, алва, јајце и др. и во таа смисла во некои краишта портокалот останал како симбол на проштавањето. Во населените места посебен впечаток во вечерните часови на овој ден остава раздвиженоста на населението, кога многумина во групи брзаат да се простат со родителите, роднините, пријателите, а потоа да се најдат покрај богатата трпеза. Останало забележано дека и младите вљубени се проштавале на чешмата со по некој бакнеж, зашто за време на велигденските пости и бакнувањето се сметало за грев.

Во Велес, при проштавањето на жената се давало портокал, а на мажот лимон. Во овој град на овој празник се правеле сурати, односно се маскирале и оделе по куќите во групи од по дванаесет души во кои имало: момче, невеста, дедо, ѓавол, доктор, благар итн. Благарот го собирал благото со кое биле дарувани по куќите.

Амкањето е интересен обичај, кој особено на децата им причинувал голема радост. Се изведувал на тој начин што едно варено бело јајце се прободувало со игла, потоа низ него се провирал конец (некаде конопен, во други места памучен), кој се врзувал за урката, за таванот или за синџирот од огништето. Најстариот човек во куќата, најчесто домаќинката го држела конецот (урката и сл.) и сите почнувајќи од постарите амкале, обидувајќи се да го лапнат јајцето, но без притоа да се послужат со рацете. Само на помалите деца им се дозволувало да се послужат со рачињата. Велат, чинело човек барем со забите да го допре јајцето за да му бидат бели и здрави. Ако некој го лапнел јајцето, му го давале да го изеде, а амкањето продолжувало со друго.

Во Мариово кога тој што амкал ќе речел: „Ам!“, домаќинот го прашувал: „Што амкаш?“, на што тој одговарал: „Амкам за здравје!“ При лупењето на јајцето се внимавало еден дел од лушпата да остане поцелосен, а потоа од него сите пиеле вода велејќи: „За крто душа!“, што значи кртовите што се наоѓале во нивните или бавчите да умрат или барем да минат во туѓ синор. Во Дебарца, според обичаите и верувањата што ги забележавме, притоа се велело: „Таму му гробнина, таму му столнина!“, што имало исто значење. Во некои краишта од Македонија сите пиеле вино од белката на јајцето, а лушпите ги фрлале во соседниот двор, за и болвите да прејдат кај соседите. Во Скопје, како и во Воден, Битола и други места амкале најпрвин со пита, потоа со јајце и на крајот со алва. По амкањето со конецот на кој било врзано јајцето се гатало за живот на старите луѓе во селото. Се споменувало некое име на стар човек и се запалувал конецот. Ако подолго време горел со пламен, ќе живеел долго, ако веднаш угаснел ќе умрел во таа година. Во некои места вака се гатало само за старите луѓе, во други за секој член од семејството.

Величествен впечаток оставаат големите обредни огнови, кои се палат вечерта на овој празник. Во Штип, Радовиш, Гевгелиско и некои други места овој оган се викал Голема ора-копа, за разлика од Малата ора-копа, огнот што се палел една недела порано. Големата ора-копа се изведувала посвечено од малата, со поголеми огнови, со повеќе деца, со повеќе песни итн. Важно е за овие огнови што децата ги прескокнуваат со верување дека ќе се очистат не само од болви, вошки и други паразити, туку и од негативните демони, но најмногу од гревовите.

Во Разлошко овој оган се вика Гаро. Целото попладне децата го подготвувале Гарото, а уште пред да го запалат девојките пееле:

Јунак стрелба стрелаше, стрелите му падаа,

на момини дворове. Мома двори метеше,

и си стрели береше. Јунак и се молеше:

– Дај ми моме стрелите, ќе ти одам прстенче!

По запалувањето на Гарото, вечерта, девојките играле оро без песни, а момчињата го прескокнувале Гарото, играле и пукале од пиштоли. Повозрасните момчиња фрлале стрели, наречени самострели кон куќите на девојките што ги сакале. Стрелите ги правеле од борова срцевина, натопена со боров катран, на врвовите му лепеле боров катран од колите, потоа ги запалувале од Гарото и така ги фрлале кон куќите на саканите девојки. Во Банско овој оган се викал Стрелачка и околу него не се играло оро.

Д. В. Македонски забележал кон крајот на 19 век дека во селата Емборе, Дебрец и Палиор во егејскиот дел на Македонија децата, исто така, правеле голем куп од дрва, смреки и слама, наречен Ерле и навечер на празникот го палеле со пукање од пушка или пиштол. Ако тоа не успеело, дури тогаш го палеле со оган. Околу него пееле, а потоа запален сноп слама (‘ржаница) носеле дома со верување дека летото нема да има болви. Вакво Ерле правеле децата од секое маало и се натпреварувале чие ќе гори последно.

Во Струга, како што е запишано во зборникот на браќата Миладиновци, се изведувал обичајот наречен Лапрди. „На Поклади вечерта децата играет околу црков со лапрди. Лапрди сет дргови, не толку длги, на врхот расцепени и в цепот накладено сено сврзано. В сеното клавает јаглен, и вртет лапрдата, на десно, на лево, дури да се запалит сеното и да изгаснит. После оставет драговите в црква“.

Во селото Вмбел, Костурско, овој оган го викале л’нго. Имено неколку дена пред празникот собирале суви дрва и гранки, кои ги складирале на едно место во маалото. Заедно со тоа се правело и л’нгото. Долги стебла се составувале со ковење, потоа ги исправале и на врвот ставале маалско знаме. Во време на грчката окупација доаѓала полицијата да види дали тоа не е некое „комитаџиско“ знаме. Секое маало си имало место каде што се подигнувал л’нгот. Откако ќе го исправеле и зацврстеле л’нгот го ределе со суви дрва, прнар, рошки (суви гранки), слама и така правеле пирамида од околу 3-4 метри. Целата оваа направа била наречена Укала. Укалата се палале пред заоѓање на сонцето и околу нив се играло и пеело. Нагорени гламни се користеле за нажежување на некој болен или за подгорување на влакната на добитокот за отстранување на болестите од луѓето и животните.

Во селото Мрзен, Кавадаречко, вечерта пред зајдисонце сите млади невести облечени во невестинска руба, придружени од своите свекрви, золви и јатрви, оделе на чешмата на групно клањање (поклонување). Тука правеле три наклони.

Понеделникот по Прочка се вика Чист понеделник и тогаш започнуваат долгите велигденски пости. На овој ден се чисти куќата, особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење. Ефтим Спространов забележал дека во Охрид, во втората половина на минатиот век, целата ова недела по Прочка се викала Чиста недела и секој ден одделно: Чист понеделник, Чист вторник итн. Понабожните три дена ништо не јаделе, а во средата оделе во црквата каде што земале светена вода наезмо, а потоа дома приредувале гозба, со посна храна, на која ги канеле роднините и пријателите. Овој строг пост трите дена по Прочка се вика Тримери, а самиот чин постење, односно гладување тримерење.

Сашко Панајотов за МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prostete-i-pobarajte-da-vi-prostat-denes-e-prochka-praznik-za-proshtavanje-i-ochistuvanje-od-grevovite/feed/ 0
ВО ЖИВО: Проштална церемонија за Марадона, изложен ковчегот со неговото тело https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vo-zivo-proshtalna-ceremonija-za-maradona-izlozen-kovchegot-so-negovoto-telo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vo-zivo-proshtalna-ceremonija-za-maradona-izlozen-kovchegot-so-negovoto-telo/#respond Thu, 26 Nov 2020 10:11:57 +0000 https://kurir.mk/?p=434665

Започна церемонијата на збогување со починатиот поранешен аргентински репрезентативец Диего Марадона. Истата се одржува во „Каса Росада“, официјалната резиденција на аргентинскиот претседател. Настанот ќе трае 48 часа. Се очекува околу еден милион луѓе да присуствуваат на церемонијата. Марадона во својата кариера беше дел од Бока јуниорс (1981 – 1982, 1995 – 1997), Барселона (1982 – 1984) и Наполи (1984 – 1991). Тој исто така беше селектор на репрезентацијата на Аргентина од 2008 до 2010 година. Во 1986 година, играјќи за националниот тим, Марадона го освои Светското првенство што се одржа во Мексико. Тој беше избран за најдобар играч на тој турнир. Ќе остане запаметен и по „Божјата рака“ од дуелот со Англија (2:1) кога постигна гол со рака во четвртфиналето на СП 1986 година. Марадона исто така го освои италијанскиот шампион двапати со Наполи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vo-zivo-proshtalna-ceremonija-za-maradona-izlozen-kovchegot-so-negovoto-telo/feed/ 0
Дебрани се простија од Берти, еден од најдобрите стрелци на ФК Кораби, кој не успеа да го победи опасниот вирус https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/debrani-se-prostija-od-berti-eden-od-najdobrite-strelci-na-fk-korabi-koj-ne-uspea-da-go-pobedi-opasniot-virus/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/debrani-se-prostija-od-berti-eden-od-najdobrite-strelci-na-fk-korabi-koj-ne-uspea-da-go-pobedi-opasniot-virus/#respond Mon, 16 Nov 2020 12:54:12 +0000 https://kurir.mk/?p=430194

Дебрани со неверување и голема тага ја примија веста за смртта на Алберт Каба,кого сите повеќе милува да го викаат Берти, еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалскиот клуб Кораби. Веста ја објави клубот наведувајќи дека Берти не успеал да ја добие битката со опасниот коронаврус. Со длабока болка и тага соопштуваме дека почина поранешниот фудбалер на ФК Кораби, Алберт Каба-Берти, губејќи ја битката со смртоносниот вирус. Повеќе години беше дел од нашиот тим, но засекогаш ќе остане во сеќавање како икона на дебарскиот фудбал. Длабоко и искрено сочувство до семејството, роднините, пријателите, наведува клубот. Алберт Каба(44), во Дебар сите го знаеја како голем фудбалер, човек со ведар дух, посветен син, добар сопруг, грижлив родител, но и како голем човек кој секогаш знаел да му помогне секому на кого било потребно. Алберт до пред десет години го носеше дресот на својот омилен тим, важеше за голем голгетер, еден најдобрите стрелци во историјата на клубот. Тој е погребан на градските муслимански гробишта во Дебар. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/debrani-se-prostija-od-berti-eden-od-najdobrite-strelci-na-fk-korabi-koj-ne-uspea-da-go-pobedi-opasniot-virus/feed/ 0
Простување од Амди Бајрам вечерва во неговиот дом https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prostuvanje-od-amdi-bajram-vecherva-vo-negoviot-dom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prostuvanje-od-amdi-bajram-vecherva-vo-negoviot-dom/#respond Sat, 24 Oct 2020 20:15:10 +0000 https://kurir.mk/?p=420262

Без оглед на тоа што е позитивен на ковид-19, Амди Бајрам нема да биде погребан според протоколите за заразени од корона, туку како што веќе информираше фокус.мк неговата фамилија засега планира да прави голем погреб со сите церемонии. Вечерва неговото семејство и поблиските роднини и пријатели, цела вечер ќе бидат во неговиот дом на бдеење и последно простување. Целиот текст може да го прочитате на Ммс.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prostuvanje-od-amdi-bajram-vecherva-vo-negoviot-dom/feed/ 0
Време е да си простите самите на себе https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vreme-e-da-si-prostite-samite-na-sebe/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vreme-e-da-si-prostite-samite-na-sebe/#respond Mon, 09 Dec 2019 15:22:08 +0000 https://kurir.mk/?p=275073

И самите сте свесни за тоа дека простувањето е многу важно за да продолжите понатаму во животот. Со време, научивте дека тоа е единствениот начин навистина да се ослободите себеси. И постојано им простувате на оние кои ви згрешиле. И прифаќате извинувања кои никогаш не сте ги добиле, затоа што сте добра личност која не може долго да држи лутина. Но, што е со вас? Зошто самите не се однесувате така кон самите себе? Зошто држите лутина кон самите себе? Зошто не можете да најдете сила да си простите себеси? Затоа што тоа е токму она што треба да го направите! Време е да си простите за моментите кога дозволувавте да ви го скршат срцето. Време е да си простите за моментите кога прифаќавте помалку отколку што заслужувавте. Затоа што барем сега знаете што не сакате во животот. Простете си себеси за тоа што сте дозволиле погрешни луѓе да влезат во вашиот живот. Простете си за сите втори шанси кои сте им ги дале на луѓето. Простете си што не сте научиле од грешките. Простете си себеси за сите моменти кога сте молеле за љубов и внимание, за сите моменти кога сте дозволиле некакви кретени да направат да се чувствувате лошо и да ви ја нарушат самодовербата. Простете си за моментите кога сте трчале по некои луѓе. За сите непроспиени ноќи кога се обидувавте да сфатите што сакаат луѓето од вас. Простете си себеси за сите моменти кога сте се надевале дека тие ќе се променат и ќе бидат подобри луѓе. За сите моменти кога се обидувавте да ги спасите луѓето кои не сакале да бидат спасени. Простете си себеси што сте давале повеќе отколку што сте добивале. Простете си за сите моменти кога сте сакале некого повеќе отколку што сте се сакале себеси и за сите моменти кога не сте се ставале себеси на прво место. За тоа што потребите на другите секогаш сте ги ставале пред своите. Престанете да се обвинувате себеси за сите моменти кога не се сте се ценеле себеси и за сите моменти кога сте дозволувале другите лошо да се однесуваат кон вас. Простете си за сите моменти кога заборававте да ја видите сопствената вредност. Наместо тоа, бидете горди на тоа што секогаш сте оделе низ животот со отворено срце. Бидете горди на тоа што секогаш сте внимавале на туѓите чувства и никогаш намерно не сте повредиле никого!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vreme-e-da-si-prostite-samite-na-sebe/feed/ 0
Простете си себеси за сите моменти кога заборававте колку вредите… https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prostete-si-sebesi-za-site-momenti-koga-zaboravavte-kolku-vredite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prostete-si-sebesi-za-site-momenti-koga-zaboravavte-kolku-vredite/#respond Wed, 19 Dec 2018 21:30:42 +0000 https://kurir.mk/?p=142567

И самите сте свесни за тоа дека простувањето е многу важно за да продолжите понатаму во животот. Со време, научивте дека тоа е единствениот начин навистина да се ослободите себеси. И постојано им простувате на оние кои ви згрешиле. И прифаќате извинувања кои никогаш не сте ги добиле, затоа што сте добра личност која не може долго да држи лутина. Но, што е со вас? Зошто самите не се однесувате така кон самите себе? Зошто држите лутина кон самите себе? Зошто не можете да најдете сила да си простите себеси? Затоа што тоа е токму она што треба да го направите! Време е да си простите за моментите кога дозволувавте да ви го скршат срцето. Време е да си простите за моментите кога прифаќавте помалку отколку што заслужувавте. Затоа што барем сега знаете што не сакате во животот. Простете си себеси за тоа што сте дозволиле погрешни луѓе да влезат во вашиот живот. Простете си за сите втори шанси кои сте им ги дале на луѓето. Простете си што не сте научиле од грешките. Простете си себеси за сите моменти кога сте молеле за љубов и внимание, за сите моменти кога сте дозволиле некакви кретени да направат да се чувствувате лошо и да ви ја нарушат самодовербата. Простете си за моментите кога сте трчале по некои луѓе. За сите непроспиени ноќи кога се обидувавте да сфатите што сакаат луѓето од вас. Простете си себеси за сите моменти кога сте се надевале дека тие ќе се променат и ќе бидат подобри луѓе. За сите моменти кога се обидувавте да ги спасите луѓето кои не сакале да бидат спасени. Простете си себеси што сте давале повеќе отколку што сте добивале. Простете си за сите моменти кога сте сакале некого повеќе отколку што сте се сакале себеси и за сите моменти кога не сте се ставале себеси на прво место. За тоа што потребите на другите секогаш сте ги ставале пред своите. Престанете да се обвинувате себеси за сите моменти кога не се сте се ценеле себеси и за сите моменти кога сте дозволувале другите лошо да се однесуваат кон вас. Простете си за сите моменти кога заборававте да ја видите сопствената вредност. Наместо тоа, бидете горди на тоа што секогаш сте оделе низ животот со отворено срце. Бидете горди на тоа што секогаш сте внимавале на туѓите чувства и никогаш намерно не сте повредиле никого!]]>

И самите сте свесни за тоа дека простувањето е многу важно за да продолжите понатаму во животот. Со време, научивте дека тоа е единствениот начин навистина да се ослободите себеси. И постојано им простувате на оние кои ви згрешиле. И прифаќате извинувања кои никогаш не сте ги добиле, затоа што сте добра личност која не може долго да држи лутина. Но, што е со вас? Зошто самите не се однесувате така кон самите себе? Зошто држите лутина кон самите себе? Зошто не можете да најдете сила да си простите себеси? Затоа што тоа е токму она што треба да го направите! Време е да си простите за моментите кога дозволувавте да ви го скршат срцето. Време е да си простите за моментите кога прифаќавте помалку отколку што заслужувавте. Затоа што барем сега знаете што не сакате во животот. Простете си себеси за тоа што сте дозволиле погрешни луѓе да влезат во вашиот живот. Простете си за сите втори шанси кои сте им ги дале на луѓето. Простете си што не сте научиле од грешките. Простете си себеси за сите моменти кога сте молеле за љубов и внимание, за сите моменти кога сте дозволиле некакви кретени да направат да се чувствувате лошо и да ви ја нарушат самодовербата. Простете си за моментите кога сте трчале по некои луѓе. За сите непроспиени ноќи кога се обидувавте да сфатите што сакаат луѓето од вас. Простете си себеси за сите моменти кога сте се надевале дека тие ќе се променат и ќе бидат подобри луѓе. За сите моменти кога се обидувавте да ги спасите луѓето кои не сакале да бидат спасени. Простете си себеси што сте давале повеќе отколку што сте добивале. Простете си за сите моменти кога сте сакале некого повеќе отколку што сте се сакале себеси и за сите моменти кога не сте се ставале себеси на прво место. За тоа што потребите на другите секогаш сте ги ставале пред своите. Престанете да се обвинувате себеси за сите моменти кога не се сте се ценеле себеси и за сите моменти кога сте дозволувале другите лошо да се однесуваат кон вас. Простете си за сите моменти кога заборававте да ја видите сопствената вредност. Наместо тоа, бидете горди на тоа што секогаш сте оделе низ животот со отворено срце. Бидете горди на тоа што секогаш сте внимавале на туѓите чувства и никогаш намерно не сте повредиле никого!]]>
https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prostete-si-sebesi-za-site-momenti-koga-zaboravavte-kolku-vredite/feed/ 0
Зошто треба да им простите на оние кои највеќе ве повредиле? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/zoshto-treba-da-im-prostite-na-onie-koi-najvekje-ve-povredile/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/zoshto-treba-da-im-prostite-na-onie-koi-najvekje-ve-povredile/#respond Wed, 05 Sep 2018 20:50:22 +0000 https://kurir.mk/?p=96525

Простете им и на оние кои највеќе ве повредиле. Тоа не е лесно, но може да биде најдобрата работа која ви се случила. Ако навистина се потрудите, нема да имате изговори за да не им простите. A има многу причини за тоа, еве само дел од нив. Простувањето прави да бидеме одговорни за сопствената среќа Поголемиот дел од работите кои ги привлекуваме во нашите животи се само одраз на она што веќе се наоѓа во нас. Нашите мисли и дела го создаваат нашиот надворешен свет. Законот на привлечноста нѐ учи дека сличностите се привлекуваат и дека никогаш нема да доживееме среќен крај со несреќно патување. Кога се држиме за бесот и огорчувањето, однапред го исполнуваме нашето патување со лутина и бес. Начинот на кој ги чувствуваме чувствата кои ги имаме во себе е тоа што го користиме за создавање. Простувањето овозможува да ги гледаме сите настани во нашиот живот како лекции Кога еднаш ќе ја научите лекцијата од негативните луѓе во вашиот живот, ќе престанете да привлекувате исти ситуации и идни односи кои ја носат истата лекција. Простувањето ни помага да престанеме да глумиме жртви Менувањето на перспективата при простувањето и благодарноста, не ви дозволува повеќе да глумите жртви. Во поголемиот дел од времето вие не сте жртва на ништо друго освен на сопствената вибрација и нивото на енергија. Сѐ додека продолжувате да обвинувате други луѓе, автоматски ја предавате контролата врз вашиот живот на некој друг и на тој начин доживотно правите жртва од самите себе. Повеќето луѓе даваат сѐ од себе Имајте сочувство за тоа каде се луѓето во своите животи. Тоа не мора да биде на истото место каде што сте вие, но повеќето луѓе даваат сѐ од себе во зависност од своето ниво на свест и разбирање. Што си надробил, тоа ќе си сркаш Сите сме луѓе и сите ние некогаш сме повредиле некого и сите копнееме по нечија прошка. Кога другите луѓе ќе ги ослободиме од казната за нивната постапка, создаваме простор во кој и нашите непромислени постапки можат да добијат прошка. Простувањето нѐ учи имаме реални очекувања Никогаш не треба да очекуваме ништо од никого.  Ние самите си го создаваме животот и својата судбина. Убаво е да имаме луѓе во животот, но простувањето нѐ учи дека не ни се потребни за да се движиме напред во животот. Простувањето е најдобрата одмазда Најдобрата одмазда е да продолжите со животот и да создадете подобра иднина за себе. Ништо не го нервира противникот толку многу како насмевката на вашето лице. Простете, дури и кога не ви бараат прошка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/zoshto-treba-da-im-prostite-na-onie-koi-najvekje-ve-povredile/feed/ 0