просветни работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 May 2023 14:25:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png просветни работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Протест на дел од наставниците, најавуваат порадикални чекори доколку не им се исполнат барањата! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-del-od-nastavnitsite-najavuvaat-poradikalni-chekori-dokolku-ne-im-se-ispolnat-baranata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-del-od-nastavnitsite-najavuvaat-poradikalni-chekori-dokolku-ne-im-se-ispolnat-baranata/#respond Wed, 24 May 2023 14:24:30 +0000 https://kurir.mk/?p=838240

Дел од просветните работници денеска организираа протестен марш во центарот на Скопје, незадоволни се од најавите за спојување на повеќе предмети, но и од ниските плати. Според претседателот на Независниот синдикат за образование и наука, Томислав Гиевски „во моментов во секторот образование има нездрава работна атмосфера и ние сме тука да укажеме дека социјалниот дијалог е сведен на нула, дека условите за работа не се баш сјајни“. -Секогаш ние сме ставени на маргините, не се почитуваат колективните договори во делот на додатоците, платата константно доцни, во последниве 20 години никогаш не е исплатена во законски предвидениот краен рок, додал Гиевски. Причината за спојувањето на предметите, според него, е само да не ги решат проблемите на просветните работници. Од НСОН велат дека денешниот протест е само предупредување доколку не се исполнат нивните барања во скоро време најавуваат порадикални чекори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-del-od-nastavnitsite-najavuvaat-poradikalni-chekori-dokolku-ne-im-se-ispolnat-baranata/feed/ 0
Просветните работници утре излегуваат на протест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prosvetnite-rabotnitsi-utre-izleguvaat-na-protest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prosvetnite-rabotnitsi-utre-izleguvaat-na-protest/#respond Tue, 23 May 2023 09:50:59 +0000 https://kurir.mk/?p=837826

Независниот синдикат за образование и НСОН утре ќе одржи протест со почеток во 12 часот од Жена парк. Учесниците во протестот ќе се движат кон зградата на Министерството за образование и наука. Како што е најавено, во 13 часот, претставници на синдикатот ќе одржат прес-конференција пред Министерството за образование, на кои ќе ги кажат подетално своите барања, односно НЕ за спојување на наставните предмети и ДА за почитување на колективните договори. -Како резултат на недостаток на социјален дијалог, погазување на работничките права, погазување на достоинството на просветните работници, непочитување на законите и колективните договори, членовите на НСОН ќе го искажат своето незадоволство преку јавен протест. Незадоволни сме од најавите за спојување на повеќе наставни предмети (Географија, Историја, Хемија, Физика, Биологија, Граѓанско образование, Етика, Информатика, Техничко образование). Ваква појава може да предизвика губење на дел од работните места, а истовремено го погазува професионалниот интегритет на работниците. Незадоволни сме и од непочитувањето на колективните договори во секторот образование. Во моментов најниската плата за најнизок степен на сложеност изнесува 12.000 денари (НЕТО), а сведоци сме дека минималната плата во државата изнесува 20.175 денари (НЕТО). Министерството за образование и наука нема слух ниту волја да ги почитува законите, а паралелно на сето тоа, сведоци сме како јавните функционери ЕКСПРЕСНО ја спроведоа одлуката на уставниот суд и добија покачување за 78%. За јавните функционери законот е закон и тој мора да се почитува, а за просветните работници не важат истите правила, велат од НСОН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prosvetnite-rabotnitsi-utre-izleguvaat-na-protest/feed/ 0
Протест на просветните работници во Србија против насилството во училиштата и за статус на службено лице https://arhiva.kurir.mk/svet/region/protest-na-prosvetnite-rabotnici-vo-srbija-protiv-nasilstvoto-vo-uchilishtata-i-za-status-na-sluzbeno-lice/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/protest-na-prosvetnite-rabotnici-vo-srbija-protiv-nasilstvoto-vo-uchilishtata-i-za-status-na-sluzbeno-lice/#respond Thu, 01 Dec 2022 13:21:18 +0000 https://kurir.mk/?p=769530

Во 47 општини и градови низ Србија почна протестот на просветните работници, со што денеска настава не се одржува во 820 основни и средни училишта. Протестот на просветните работници е со барање да се прекинат сите форми на насилство во училиштата и наставниците да добијат статус на службено лице, јави дописиникот на МИА од Белград. Протестот „Стоп за насилството во училиштата“ го организира Синдикатот на просветните работници на Србија (УСПРС), како репрезентативен синдикат во образованието со околу 30.000 членови низ целата земја. -Ова е наш бунт и ова е наш отпор, на 1 декември нема настава, најави претседателката на Синдикатот на просветните работници Јасна Јанковиќ и посочи дека во претходниот период имало премногу случаи на насилство во училиштата – како врсничко насилство, така и насилство врз вработените. Просветните работници бараат итно да почнат преговори за доделување статус на државни службеници на просветните работници. Непосредна причина за штрајкот е случајот со професорката по англиски јазик во Техничкото училиште во Трстеник, на која на 9 ноември учениците и го извлекле столчето на кое седела, по што паднала додека учениците сето тоа го снимале и се смееле. Потоа таа снимка ја објавија на социјалните мрежи. Виновниците во меѓувреме се суспендирани од училиштето. Министерот за образование Бранко Ружиќ оцени дека насилството меѓу учениците во Србија не е „драстично зголемено“ и дека целосниот прекин на наставата, кој денеска го најавија голем број училишта поради неодамнешните случаи на насилство, не е начин да се реши овој проблем. Ружиќ за телевизијата Хепи изјави дека во 2019 година, според статистичките податоци, биле забележани 810 случаи на врсничко насилство, околу 400 во 2020 година поради онлајн часовите, минатата година околу 700 и 286 оваа година. -Не би сакал да се занимавам со статистички податоци, но кога ќе ги погледнеме статистиките некој бирократ би рекол дека тоа не е многу, рече министерот и потсети дека во Србија има околу 1.800 основни и средни училишта со околу 750.000 ученици. Коментирајќи го денешниот протест, министерот Ружиќ рече дека ова не е начин да се реши проблемот со врсничкото насилство и дека целосното прекинување на работата во училиштата е „прекршување на законот“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/protest-na-prosvetnite-rabotnici-vo-srbija-protiv-nasilstvoto-vo-uchilishtata-i-za-status-na-sluzbeno-lice/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Власта во мафијашки стил се заканува и врши притисоци кон просветните работници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-vo-mafijashki-stil-se-zakanuva-i-vrshi-pritisoci-kon-prosvetnite-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-vo-mafijashki-stil-se-zakanuva-i-vrshi-pritisoci-kon-prosvetnite-rabotnici/#respond Thu, 21 Apr 2022 06:40:02 +0000 https://kurir.mk/?p=666337

Владата на СДСМ се однесува во мафијашки стил кон просветните работници. Врши бесрамни притисоци и закани во стилот земи или остави и во исто време им се заканува, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е матрицата на оваа власт предводена од СДСМ. Штрајкот на наставниците е оправдан, а нивните барања се легитимни и се засноваат на колективен договор. Тоа што Владата се однесува игнорантски кон нив е резултат на одлепеноста на елитата на власт од реалноста. Тие нудат покачување на плати кои не се доволни ниту за два дена пазарење на основни намирници во маркетите. Инфлацијата го изеде стандардот. Само во месец март таа изнесува 8,8%, цената на маслото за јадење е зголемена за 100%, лебот е поскапен за 110%, горивата за околу 80%, струјата за 30% итн. Но милионерите од власта тоа не го чувствуваат и затоа така се однесуваат. Власта нема пари за просветните работници кои земаат нешто над минималната плата, а во исто време трошат милиони за цвеќиња, жардинери, фстаци, службени возила и хотелски услуги. Ете затоа народот е гневен, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-vo-mafijashki-stil-se-zakanuva-i-vrshi-pritisoci-kon-prosvetnite-rabotnici/feed/ 0
Јорданов и Лефков: Правото на протест е уставно загарантирано, никој не смее да ги заплашува просветните работници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jordanov-i-lefkov-pravoto-na-protest-e-ustavno-zagarantirano-nikoj-ne-smee-da-gi-zaplashuva-prosvetnite-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jordanov-i-lefkov-pravoto-na-protest-e-ustavno-zagarantirano-nikoj-ne-smee-da-gi-zaplashuva-prosvetnite-rabotnici/#respond Tue, 12 Apr 2022 19:42:53 +0000 https://kurir.mk/?p=662143

На трибината со просветните работници, која се одржа под насловот „Промените се случуваат, секогаш со народот“, денес во Штип, свое обраќање имаат и пратеникот Миле Лефков и градоначалникот Иван Јорданов.

Пратеникот Лефков истакна дека овие трибини се исклучително важни од причина што директно се информира јавноста за она што се случува внатре во Собранието на Република Македонија, особено сега кога е започнат штрајкот на просветните работници, бидејќи ПР-от на Владата се служи со манипулации во однос на барањата на наставниците.

-Ако ја следите работата на Собранието безброј пати се споменуваше закон за  наставници и стручни соработници и дека истиот бил блокиран од страна на опозицијата и ние многу тешко можевме да дојдеме до јавноста да објасниме што се случува. Би сакал да започнам од законот за минимална плата бидејќи сметам дека тоа е основата која ги придвижи сите работи во оваа насока. Платите се надомест на работникот, соодветно на тоа и платите на наставниците за трудот кој го вложиле и таа плата треба да ни овозможи одреден достоинствен живот. Она што предизвика да се појде во еден круг на покачување на минималната плата беше токму инфлацијата која ја споменавме. Владата на Ковачевски често наоѓа изговори и вели дека инфлацијата е резултат на инфлацијата во еврозоната, меѓутоа ако погледнете ќе видите дека инфлацијата во Македонија се појавува пред таа во еврозоната и првиот скок на инфлацијата се појавува поради воведување на акцизите на горивата и продолжува со нескротливо темпо над 8%, реално во маркетите гледаме и над 20-30% инфлација што значи дека парите кои ние ги добиваме вклучително и наставниците, вредат сѐ помалку. Ситуацијата во Македонија е дополнително обременета што наставниците во Република Македонија имаат најниски плати во регионот, Србија зема 580 евра, БиХ, Црна Гора, Хрватска 970, меѓутоа, значајно е дека во тие држави просечната плата на наставникот е повисока од просечната плата во државата, кај имаме ситуација просечната плата на наставниците да е пониска од просечната плата во државата. Кога дојде законот за минимална плата, ние предложивме амандман со кој практично рековме, ако ја усогласуваме минималната плата, потребно е таа скалесто да биде усогласена за сите други, додаде Лефков.

И градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, даде свој коментар за ситуацијата со наставниот кадар и последните случувања и рече дека оваа трибина не е во насока да се даде политички белег на протестите, туку да се тргнат сите шпекулации кои циркулираат во јавноста.

-Во последните два дена, поголем дел од вработените сигурно сте добиле информација дека доколку се приклучите на штрајкот, ќе бидете заменети со лица пријавени во Заводот за вработување, или пак ќе добиете намалени примања, или казнети. Станува збор за една ноторна лага затоа што правото на протест е уставно загарантирано и никој не може да ви го спори, ниту пак да користи инструменти за заплашување и шпекулации. Затоа, чувствувам обврска да ве охрабрам, не сакам да го политизирам ниту пак сум го политизирал овој протест и еве да кажам дека без причина се немам јавено за да се приклучи на овој протест, сѐ до момент додека видов одредени носители на јавна функција и директори на одредени институции ја надминале надлежноста и искомуницирале со вработените дека треба да останат настрана, односно да не се приклучат на протестот. Јас никого нема да присилам да се приклучи, но никогаш нема да дозволам некој кој што има искрена желба да се бори, да биде да биде заплашуван, уценет или дезинформиран, кажа Јорданов.

Јорданов додаде дека ги охрабрува да се борат за нивната јасна цел и за да стигнат до неа треба да го направат системот нефункционален, за да ги предизвикаат челниците од власта да седнат заедно со нив на преговарачка маса.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jordanov-i-lefkov-pravoto-na-protest-e-ustavno-zagarantirano-nikoj-ne-smee-da-gi-zaplashuva-prosvetnite-rabotnici/feed/ 0
Трајкоска Стаменкоска: СДСМ не сака зголемување на платите на просветните работници, туку само груба партизација на образованието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkoska-stamenkoska-sdsm-ne-saka-zgolemuvanje-na-platite-na-prosvetnite-rabotnici-tuku-samo-gruba-partizacija-na-obrazovanieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkoska-stamenkoska-sdsm-ne-saka-zgolemuvanje-na-platite-na-prosvetnite-rabotnici-tuku-samo-gruba-partizacija-na-obrazovanieto/#respond Mon, 21 Feb 2022 11:29:02 +0000 https://kurir.mk/?p=634268

На лицемерието во СДСМ му нема крај. СДСМ не сака зголемување на платите на просветните работници, туку само груба партизација на образованието. Насилничкото и шверцерското носење на законот со кој се предвидува укинување на механизмите за контрола на квалитетот во образованието е доказ дека СДСМ планира вработувања на наставници и професори на неопределено без положен приправнички испит односно вработувања според партиската припадност, обвини денес Бети Трајкоска Стаменкоска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија -Токму ова е причината поради која што СДСМ и нејзините пратеници подолго време креираат тензии и самоволие овде во Собранието и упорно, по секоја цена го туркаат законот кој ќе значи вдомување на партиските кадри на СДСМ, наместо искрена грижа за просветните работници. Фатени во лагата и намерата за партизација на образованието, пратениците од владејачкото мнозинство стануваат се’ понервозни и поупорни во бранењето на овој штетен закон. Едноставно бранат нешто што не може да се одбрани. Кристално јасно е дека со овој закон платите на просветните работници нема да се зголемат. Тоа го знаат тие, но и целата македонска јавност, истакна таа. Посочи дека за заштита на правата на сите вработени и просветните работници, тие како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднеле амандман со што се предвидуваше износот на коефициентите и вредноста на бодот на колективните договори на сите нивоа и во сите области да се усогласи со порастот на минималната плата. -Ова е вистинското решение кое ќе значи вистинско зголемување на платите. Ова е решение на проблемот на просветните работници. Доколку на СДСМ и нејзините пратеници им беше грижа за просветните работници и сакаа зголемување на платите, без размислување ќе го прифатеа амандманот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со кој што ќе имаше скалесто покачување на платите и основната вредност на најнискиот коефициент и бод ќе се изедначеше со износот на минималната плата. Прифаќајки го нашиот амандман, СДСМ на дело ќе покажеше дека нема задни намери и дека работи за доброто на просветните работници. Но, како и секогаш, пратениците од СДСМ одлучија слепо да ја штитат партиската агенда и жестоко да го бранат овој штетен закон за просветните работници. Сепак од оваа говорница, ние како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата јасно и гласно упатуваме порака до владејачкото мнозинство дека нема да дозволиме носење на овој штетен и шверцерски закон со кој уште повеќе се уништува и онака веќе уништениот образовнен процес во Република Македонија, посочува пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkoska-stamenkoska-sdsm-ne-saka-zgolemuvanje-na-platite-na-prosvetnite-rabotnici-tuku-samo-gruba-partizacija-na-obrazovanieto/feed/ 0
Стојаноска: СДСМ да се грижеа за просветниот кадар ќе го усвоеја амандманот на Законот за минимална плата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-sdsm-da-se-grizea-za-prosvetniot-kadar-kje-go-usvoeja-amandmanot-na-zakonot-za-minimalna-plata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-sdsm-da-se-grizea-za-prosvetniot-kadar-kje-go-usvoeja-amandmanot-na-zakonot-za-minimalna-plata/#respond Sat, 19 Feb 2022 10:43:27 +0000 https://kurir.mk/?p=633470

Насилието на СДСМ и тензиите во Собранието се затоа што Законот за наставници овозможува партизација и нема зголемување на платите на наставниците. Значи, повторувам, Законот за наставници кој е на дневен ред денес на собраниската Комисија за образование е Закон со кој се овозможува партизација на образованието и Закон со кој не се зголемуваат платите на наставниците, изјави денеска за медиумите пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска. Таа истакна дека СДСМ е заинтересирана за овој Закон затоа што сака да го донесе, дури и по цена на кршење на Деловникот за работа на Собранието. - Ова е Закон со кој СДСМ предвидува вработување на наставници на неопределено време, без приправнички стаж, со што се укинува еден од механизмите за контрола на квалитет и се овозможува партизација во образованието. Трансформацијата на работниот однос е решена во затворен круг на градоначалникот, директорот кој го именува градоначалникот и кој формира училишна комисија за вработување и комисија за трансформација, која ја формира градоначалникот. Ова е основ за политизација на вработувањата, посочи Стојаноска. Пратеничката додаде дека СДСМ доколку се грижеа за просветниот кадар и за покачување на нивните плати, ќе го усвоеја амандманот на Законот за минимална плата, предложен од ВМРО-ДПМНЕ. - Напротив, тоа е одбиено и се прибегнува кон усвојување на овој штетен Закон. Затоа, ние нема да ги прифатиме измените кои власта на сила ги турка во Собранието, децидна е Стојаноска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-sdsm-da-se-grizea-za-prosvetniot-kadar-kje-go-usvoeja-amandmanot-na-zakonot-za-minimalna-plata/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се грижеа за просветниот кадар и за покачување на нивните плати, ќе го усвоеја амандманот на законот за минимална плата што го предложивме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-da-se-grizea-za-prosvetniot-kadar-i-za-pokachuvanje-na-nivnite-plati-kje-go-usvoeja-amandmanot-na-zakonot-za-minimalna-plata-shto-go-predlozivme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-da-se-grizea-za-prosvetniot-kadar-i-za-pokachuvanje-na-nivnite-plati-kje-go-usvoeja-amandmanot-na-zakonot-za-minimalna-plata-shto-go-predlozivme/#respond Sat, 19 Feb 2022 08:59:10 +0000 https://kurir.mk/?p=633427

Нема крај на лицемерието на СДСМ, владејачкото мнозинство го одби амандманот на законот за минимална плата на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ и владејачкото мнозинство искрено да се грижеа за покачувањето на платите на наставниците и професорите, ќе го усвоеја амандманот кој го предложи ВМРО-ДПМНЕ, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ преку амандманот побара да се усогласат платите во јавниот сектор со минималната плата и да дојде со коефициентот на сложеност на работните места. Со ова ќе се испочитува и Колективниот договор во образованието, а наставниците и професорите ќе добиеја поголема плата, до 45 илјади денари. - Тензиите кои ги исценира СДСМ во комисијата за образование и наука во Собранието се со цел да се протне на мала врата закон за партизација на образовниот кадар во училиштата, а не како што сакат да прикажат- грижа за наставниците. Законот кој СДСМ сака да го изгласа во Собранието не предвидува зголемување на платите на наставниците, туку целосна партизација во образованието. Лажната грижа на СДСМ за просветните работници и административниот кадар во образованието излезе на виделина. СДСМ и администраторот Ковачевски се против подобрување на стандардот на граѓаните. Тие единствено мислат за нивно лично богатење, а не на поквалитетен и подобар живот на граѓаните, додаваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-da-se-grizea-za-prosvetniot-kadar-i-za-pokachuvanje-na-nivnite-plati-kje-go-usvoeja-amandmanot-na-zakonot-za-minimalna-plata-shto-go-predlozivme/feed/ 0
Албанија: Голем број просветни работници одбиваат да се вакцинираат со АстраЗенека https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-golem-broj-prosvetni-rabotnici-odbivaat-da-se-vakciniraat-so-astrazeneka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-golem-broj-prosvetni-rabotnici-odbivaat-da-se-vakciniraat-so-astrazeneka/#respond Wed, 17 Mar 2021 10:31:57 +0000 https://kurir.mk/?p=483612

Голем број просветни работнци во Албанија одбиваат да се вакцинираат со вакцината на АстраЗенека, поради, како што велат, нејаснотиите околу ефектите од неа. Претседателката на Синдикатот на образованието Алма Лама, гостувајќи во емисијата „Real Story“, на Њуз24, изјави дека ним не им се јасни несаканите ефекти од вакцината, по сомневањата дека предизвикува згрутчување на крвта. Таа побара од надлежните да не брзаат, туку „да почекаат, како што прават многу европски земји“. -Она што нè загрижува како синдикат, врз основа на телефонските повици упатени од наши членови, е што наставниците читаат и слушаат вести од некои официјални и неофицијални извори. Тие не се против вакцината, но сметаат дека треба да почекаме, зошто да брзаме, кога некои европски земји чекаат, изјави Лама. Додава дека друга нивна забелешка е зошто вакцинацијата се спроведува во училишни спортски сали. -Следно што го забележуваме е зошто мора да се вакцинираат во овие услови, односно во училишни спортски сали, каде не е обезбедена хигиена. Поради овие две причини голем број наставници одбиваат да се вакцинираат, рече таа. Вакцинацијата на просветните работници почна во саботата во Тирана а од понеделникот на целата територија на земјата, откако во петокот прстигнаа 38.400 вакцини на АстраЗенека. Колкав е бројот на имунизирани лица од оваа категорија нема а според Министерството за здравство, од 11 јануари кога почна овој процес, досега, вакцинирани се над 30 илјади, главно здравствени работници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-golem-broj-prosvetni-rabotnici-odbivaat-da-se-vakciniraat-so-astrazeneka/feed/ 0
АЛАРМАНТНО ВО ТИКВЕШКО: Четворица здравствени и двајца просветни работници позитивни на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/alarmantno-vo-tikveshko-chetvorica-zdravstveni-i-dvajca-prosvetni-rabotnici-pozitivni-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/alarmantno-vo-tikveshko-chetvorica-zdravstveni-i-dvajca-prosvetni-rabotnici-pozitivni-na-koronavirus/#respond Fri, 04 Dec 2020 13:55:57 +0000 https://kurir.mk/?p=438720

Четворица здравствени и двајца просветни работници од Тиквешко се позитивни на коронавирус, потврди за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје. Од четворицата здравствени работници тројца се од Кавадарци и еден од Неготино. Просветните лица се кавадарчани кои држеле онлајн настава. Центарот бележи и едно починато лице од Кавадарци на возраст од 79 години. На ниво на Тиквешки регион, евидентирани се нови 59 лица со Ковид-19. Од нив, 41 се од Кавадарци, еден од Росоман, 15 од Неготино и двајца од Демир Капија. Сите се на возраст од 12 до 70 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/alarmantno-vo-tikveshko-chetvorica-zdravstveni-i-dvajca-prosvetni-rabotnici-pozitivni-na-koronavirus/feed/ 0