протео – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Feb 2023 10:42:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png протео – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина кучето што спаси две лица во Турција: Херојот бил закопан во урнатините https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-kucheto-shto-spasi-dve-litsa-vo-turtsija-herojot-bil-zakopan-vo-urnatinite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-kucheto-shto-spasi-dve-litsa-vo-turtsija-herojot-bil-zakopan-vo-urnatinite/#respond Mon, 13 Feb 2023 10:42:20 +0000 https://kurir.mk/?p=799807

Протео, кучето кое пронајде две лица под урнатините на Турција, почина вчера додека трагаше по преживеани, соопшти мексиканското Министерство за одбрана (СЕДЕНА). „ Припадниците на мексиканската армија и воздухопловните сили длабоко жалат за загубата на нашиот другар Протео. Ја исполни својата мисија како член на мексиканската делегација за пребарување и спасување во Турција. Ти благодариме за твојата херојска работа!“, се вели во соопштението на Министерството. . Веста ја потврди министерот за меѓународни односи Марсело Ебрард. „ Жалам за смртта на Протео, член на спасувачкиот тим СЕДЕНА во Турција. Тој го прослави името на Мексико и нашиот народ“, рече Ебрард. Мексиканскиот спасувачки тим во Турција одржа церемонија во чест на Протео со едноминутно молчење и аплауз со благодарност. Војникот Вилједа, кој бил водич на Протео, изјавил дека ова куче никогаш не се откажало и дека умрело на работа, не наведувајќи детали. Мексиканските медиуми, пак, неофицијално наведуваат дека урнатини паднале врз Протео додека трагал по преживеани. „ За жал, нема да се вратиш со мене, но јас секогаш ќе те паметам. Се надевам дека цело Мексико ќе те памети и никогаш нема да те заборави. Ќе се видиме еден ден повторно”, рекол водичот на Протео.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-kucheto-shto-spasi-dve-litsa-vo-turtsija-herojot-bil-zakopan-vo-urnatinite/feed/ 0