протест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 10:06:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png протест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пензионери од Тиквешко протестираа во Неготино и Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penzioneri-od-tikveshko-protestiraa-vo-negotino-i-kavadartsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penzioneri-od-tikveshko-protestiraa-vo-negotino-i-kavadartsi/#respond Fri, 03 Nov 2023 10:06:26 +0000 https://kurir.mk/?p=896097

Незадоволни пензионери од Тиквешко протестираа денеска на градските плоштади во Неготино и Кавадарци, барајќи подобар пензионерски живот. Како што информираа од иницијативните одбори на револтирани пензионери, разочараните пензионери и понатаму ќе продолжат преку мирни протести да алармираат за нискиот стандард во третото доба. Од Иницијативниот одбор на незадоволни пензионери од Неготино повикаа на протестите да им се придружат и лозари, земјоделци, судски работници и сите други револтирани и незадоволни од економската состојба во која се наоѓаат. - Молиме за масовност. Колку сме погласни, повеќе ќе не слушнат, повикаа пензионерите, повторувајќи ги барањата, линеарно зголемување на пензиите за по пет илјади денари, минималната пензија да биде 20 илјади денари. Тие нагласија дека со мирни протести и блокади, сакаат да се слушне нивниот глас и да алармираат за нивните пензионерски проблеми. Незадоволни пензионери веќе извесно време мирно протестираат во одредени денови, барајќи подостоинствен живот. - Не отстапуваме од нашите барања за подобар живот во третото доба, нагласи Ѓорѓи Делов, претседател на Иницијативниот одбор од Кавадарци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penzioneri-od-tikveshko-protestiraa-vo-negotino-i-kavadartsi/feed/ 0
Штипските пензионери протестираа со празни паричници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskite-penzioneri-protestiraa-so-prazni-parichnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskite-penzioneri-protestiraa-so-prazni-parichnitsi/#respond Wed, 01 Nov 2023 14:39:02 +0000 https://kurir.mk/?p=895427

Штипските пензионери симболично покажувајќи ги празните паричници на денешниот протест порачаа дека уште на првиот ден од земената пензија не им останало ништо за живот. Тие од Градскиот плоштад ,,Слобода" порачаа дека пензиите им се ниски, а сметките многу високи. -Само рецепти и сметки од лекови имам во новчаникот. Ништо не ми остана! Само 4,500денари за јадење. Јас ја плаќам сметката за вода на син ми, тој е невработен. Неговата сметка, апчињата и од 15.000 кажете ми што ми останува“, велат пензионерите кои денеска протестираа. Соња Арсова од Иницијативниот одбор на пензионерите во Штип вели дека не отстапуваат од барањата. Линеарно зголемување од 5. 000 денари и минимална пензија 18.000 денари. Таа повика на масовност на протестот кој ќе се одржи на 7 ноември пред неколку странски амбасади. - Странските амбасадори нека ја видат нашата слика и нашиот живот. Нека раскажат дека пензионерите во Македонија своите права си ги бараат на улица, Арсова. Во знак на револт, пензионерите маршираа и до подрачната единица на ПИОМ во Штип.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskite-penzioneri-protestiraa-so-prazni-parichnitsi/feed/ 0
Пензионерите на 7-ми ноември најавуваат масовен протест во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penzionerite-na-7-mi-noemvri-najavuvaat-masoven-protest-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penzionerite-na-7-mi-noemvri-najavuvaat-masoven-protest-vo-skopje/#respond Sun, 29 Oct 2023 17:40:55 +0000 https://kurir.mk/?p=894237

Крајно понижувачкиот игнорантски однос и цинизам на власта кој пензионерите го трпат веќе три месеци, на 7-ми ноември ќе резултира со нов, масовен протест на пензионерите од цела Македонија во Скопје. Ова е одлуката од Координативната средба на претставниците од сите Иницијативни одбори од државава која се одржа во Свети Николе. Пензионерите велат дека овој пат целта им е со сета неправда што им се случува да ги запознаат и амабасадите во земјава, и ЕУ, најмногу заради пристисоците што ги трпеле секојдневно и кои станувале се’ пожестоки, објавува ТВ Алфа. „Имаме и премногу шиканирања на она што го работиме, меѓутоа ние сме и понатаму сплотени сите од сите градови во државава и ќе одиме до крај. А тоа до крај значи барање во најраток временски рок да се изврши ревизија во сите 53 општински здруженија, да се види работата досега, и останатите барања како стандард кои веќе пошироката јавност во државава ги знае“, кажа Кире Василевски, пензионер од Велес. Чувствувајќи се како граѓани од најдолен ред, небаре биле само бескорисен товар за сопствената држава, иако цел свој живот го вложиле во неа, македонските пензионери велат дека можеби најдобро би било власта да ги исели, бидејќи со 12.000 ден. овде повеќе не можеле ни да преживеат. „Доколку не успеат на друг начин да ни помогнат, тогаш нека ни донесат 100 авиона во Скопје и сите ние кои сме пензионери со мали пензии од 12.000-15.000 денари, да не качат во авионите и нека не однесат во Америка и во Европа за да можеме барем таму да проживееме некоја година, затоа што овде со 12.000 денари, тешко ќе можеме да преживееме“, – рече Трајче Станојков, пензионер од Свети Николе. Пензионерските протести започнаа во Прилеп на почетокот од август, по што се проширија низ целата земја. Првичните барања беа линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари, за сега таа сума, заради огромната скапотија која и понатаму дивее, да се искачи на 5.000 денари. Последната пензија на пензионерите им беше зголемена за само 5,2 проценти, иако првично им беа најавени околу 7 проценти покачување, што уште повеќе го зголеми нивниот револт. Освен секојдневните локални, досега се одржаа и два големи протести во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penzionerite-na-7-mi-noemvri-najavuvaat-masoven-protest-vo-skopje/feed/ 0
Протест на учениците и родителите во тетовското медицинско училиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-uchenitsite-i-roditelite-vo-tetovskoto-meditsinsko-uchilishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-uchenitsite-i-roditelite-vo-tetovskoto-meditsinsko-uchilishte/#respond Thu, 26 Oct 2023 13:51:17 +0000 https://kurir.mk/?p=893443

Учениците со нивните родители, професори и раководството на Општинското средно медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово протестираа во училишниот двор. Причина е известието од Министерството за образование, за кое велат дека, учениците од дуалните паралелки ќе бидат изземени од стипендија. Родителите се револтирани затоа што добивањето стипендија и извршување практична работа во здравствена установа како дуално стручно образование било наведено во конкурсот при упис и, затоа сите тие се одлучиле да ги одберат тие паралелки. -Без никакво објаснување Министерството објави дека од 1500 ученици кои ќе добиваат стипендија во дуалните паралелки, се изземаат само учениците од здравствена струка во средни училишта на ниво на државата. Ние имавме шест паралелки по 25 или вкупно 150 ученици. Министерството за образование зеде обврска преку фондот добиен од Швајцарската амбасада да им додели стипендија од 3500 денари по ученик во текот на школска година од девет месеци, изјави Бинас Пајазити, директор на ОСМУ „Никола Штејн“. Револт има и кај наставниот кадар затоа што имале повеќе месеци работа за да се организираат и договорат овие дуални паралелки со повеќе здравствени установи. - Без разлика на образложението ние сме ги направиле сите процедури. Изгласано е во советот на училиштето, Совет на Општина, па пратени до Министерството, тие ги анализирале и го објавиле конкурсот за дуални паралелки. Наеднаш го одземаат правото на децата тоа што им следи според објавениот конкурс. Бараме од Министерството ако може оваа учебна година да го добијат ова право затоа што им следи согласно конкурсот. Ако не следат стипендии за дуално образование, нема да се нафатиме, затоа што ова е макотрпна работа, со секоја здравствена установа треба да се преговара и да се потпише договор, рече Пајазити. Кај родителите незадоволството е големо затоа што децата се одлучиле за ваква струка токму поради убедувањата на властите да се избере средно стручно образование, како начин на полесно обезбедување работа во иднина. - Ова право треба да се оствари бидејќи им биле ветени стипендии, уште пред упис, сега имаме известие дека нема да добиваат. Тоа значи дека се деградирани и нивното право кое им беше ветено нема да биде реализирано. Како сите струки така и медицинската е многу битна за секое општество. Ова е тешка професија за која треба да се залага секој за да постигне резултати, да спасува животи и хумано да се однесува, изјави Бети Богоев, мајка на ученик. - Да ни кажат зошто тие средства се блокирани. Ние не знаеме. Тие пари ќе бидат поттик и за поголема волја да учат понатаму. Тие се добро дојдени средства бидејќи ние се соочуваме со економски предизвици, изјави Шабан Зибери, татко на двајца ученици во медицинското училиште. Директорот Пајазити рече дека по писмен пат побарале но не добиле одговори од оддел за стипендии во Министерството за образование и од Центарот за стручно образование. Според информациите она училиштето во јануари 2023 Министерство за образование и Швајцарската амбасада потпишале меморандум за соработка и грант од 5.9 милиони швајцарски франци за стипендирање на учениците од дуалните паралелки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-uchenitsite-i-roditelite-vo-tetovskoto-meditsinsko-uchilishte/feed/ 0
Прилепските пензионери протестираат со блокада на улици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prilepskite-penzioneri-protestiraat-so-blokada-na-ulitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prilepskite-penzioneri-protestiraat-so-blokada-na-ulitsi/#respond Wed, 25 Oct 2023 11:01:51 +0000 https://kurir.mk/?p=892913

Прилепските пензионери денеска излегоа на протест со блокада на една од поголемите сообраќајници во центарот на Прилеп, повторувајќи ги барањата за линеарно, а не процентуално зголемување на пензиите и решеноста дека нема да се откажат ниту од протестите ниту од барањата за достоинствен живот. -Денеска е светски ден на правдата, но каква правда ние имаме? Душата ни ја испразнија, а ние се чувствуваме повредени, омаловажени, понижени. Празни сме како теглите што ги покажаа пензионерите. не може да се согласиме, ниту да се помириме со тавот дека ако е линеарно покачувањето на пензиите, ќе биле повредени оние со повисоки пензии. Бараме оставка од министерката за труд и социјална политика, изјави Билјана Шекероска од иницијативниот одбор на пензионерите. -Со месеци протестираме, луѓето се разболија, а никој не сака да го слушне нашиот глас. Но ние не се откажуваме ниту од протестите, ниту од барањата, рече пензионерката Марија Ристеска. Прилепските пензионери ги продолжуваат своите протести на различни локации низ градот. Апелираат на протести да излезат сите пензионери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prilepskite-penzioneri-protestiraat-so-blokada-na-ulitsi/feed/ 0
Протест на пензионери во Кавадарци, во петок блокада на излезот кон Неготино https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-penzioneri-vo-kavadartsi-vo-petok-blokada-na-izlezot-kon-negotino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-penzioneri-vo-kavadartsi-vo-petok-blokada-na-izlezot-kon-negotino/#respond Wed, 25 Oct 2023 09:29:04 +0000 https://kurir.mk/?p=892865

Пензионери од Кавадарци протестираа и денеска на кавадаречкиот градски плоштад. Тие ги повторија барањата, линеарно зголемување на пензиите за по пет илјади денари, минималната пензија да биде 20 илјади денари. - Протестите ги правиме за да ја подигнеме свеста кон нашите проблеми. Бараме подобар животен стандард за подобри пензионерски денови, рече Ѓорѓи Делов, претседател на Иницијативниот одбор. Револтираните пензионери закажаа следен протест во петок и најавија дека тогаш ќе го блокираат излезот од градот кон Неготино. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-penzioneri-vo-kavadartsi-vo-petok-blokada-na-izlezot-kon-negotino/feed/ 0
Тетовските пензионери третпат протестираат на градски улици и го блокираа сообраќајот https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tetovskite-penzioneri-tretpat-protestiraat-na-gradski-ulitsi-i-go-blokiraa-soobrakajot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tetovskite-penzioneri-tretpat-protestiraat-na-gradski-ulitsi-i-go-blokiraa-soobrakajot/#respond Tue, 24 Oct 2023 10:02:31 +0000 https://kurir.mk/?p=892465

Тетовските пензионери денеска трет пат протестираа и половина час го блокираа сообраќајот на влезот во градот на крстосниците кај булеварите „Маршал Тито“ и „Видое Смилевски-Бато“. На протестот тие ги истакнаа повторно барањата за повисоки минимални пензии и линеарно зголемување на износите. Од тетовскиот иницијативен одбор се револтирани од, како што велат, притисоцитеврз нив дека се политички мотивирани. Летка Мишовска нагласи дека тоа не е така, а протестите се организираат затоа што ниските пензии се проблем за пензионерите да се прехранат. - Во продавница кога влегуваме не нè прашуваат од која партија сме. Нас не нè интересира партија. Која било партија да е на власт треба да го реши проблемот со пензионерите. Меѓу пензионерите можеби од сите партии може има луѓе, јас не можам да ги прашувам, тоа е нивно право. Но има од сите националности. Најниска пензија е 10 илјади денари со редовен работен однос, тоа е жалосно. Сопругот мој е исто така деет години работел, а не му плаќале стаж и има 13 илјади пензија. Уште толку има што не можат да излезат некои се болни, деца чуваат, но сите даваат поддршка, изјави Летка Мишовска од тетовскиот иницијативен одбор. Пред присутните пензионери се обрати и Драган Угриновски од републичкиот иницијативен одбор „Пензионери за достоен живот“. Тој порача дека дошол да даде поддршка на градот Тетово и да се покаже дека нема да се отстапи од барањата. Според него, во Тетово е карактеристично и добро што протестираат од сите националности и тоа е доказ дека нема никаква политика. - Тука е политиката на пензионерите, ги врзува сите гладот и нашите барања се да имаат пензионерите подостоинствен живот како што заслужуваат, бидејќи го граделе ова општество 40 години и повеќе, а денес се соочуваат со тоа да преживуваат. Иако министерката Тренческа нема слух, таа работна група не е излезена да каже какви пакети на мерки се преземени, и покрај тоа што ние баравме да бидеме вклучени со најмалку два члена во работата на таа група, не е дозволено, се работи зад затворени врати и сè уште нема никакво известување што имаат договорено. Со тоа докажуваат дека со политички работи сакаат да купа време и чекаат да го забетонираат сето ова и мислат дека ние ќе се откажеме. Ние нема да се откажеме ние сме како старо дрво кое има длабоки корења, кое не може никој да ги турне. На кондиција нема да не добијат, порача Драган Угриновски. Стотината пензионери потоа со транспаренти во раце маршираа низ булеварот „Маршал Тито“ до крстосницата со булеварот „Благоја Тоска. ФОТО: МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tetovskite-penzioneri-tretpat-protestiraat-na-gradski-ulitsi-i-go-blokiraa-soobrakajot/feed/ 0
Протестен собир во Брисел за поддршка на жителите во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesten-sobir-vo-brisel-za-poddrshka-na-zhitelite-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesten-sobir-vo-brisel-za-poddrshka-na-zhitelite-vo-gaza/#respond Sun, 22 Oct 2023 17:29:07 +0000 https://kurir.mk/?p=891987

Неколку илјади лица попладнево учествува на протест во Брисел за поддршка на жителите на Газа, организиран од неколку белгиски синдикати и невладини организации. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, според организаторите на протестот, на него учествувале околу 25.000 лица, додека, според белгиската полиција, на собирот присуствувале 12.000 луѓе. Протестот започна пред седиштето на Европската комисија, од каде демонстрантите се упатија на марш низ околните улици, кој заврши на почетната локација – плоштадот „Шуман“ пред зградата на ЕК. Учесниците на протестот носеа палестински знамиња и транспаренти со пораки за поддршка за Палестинците и за прекин на „масакрите во Газа“, но и „Од реката до морето, Палестина ќе биде слободна“ и „Капитализмот е вистинската бомба“. Организаторите на собирот, меѓу кои и Генералната федерација на трудот на Белгија, Конфедерацијата на христијански синдикати, Белгиско-палестинската асоцијација, организацијата Координација и иницијативи за бегалците и странците, Христијанското работничко движење, Националниот центар за развојна соработка и здружението Женски живот, ја повикаа Европската Унија да направи се што е во нејзина моќ да се постигне прекин на огнот во Појасот Газа, како и да се заштити целото цивилно население и да му се овозможи пристап до меѓународна помош. Уште при најавата на протестот, организаторите апелираа тој да биде мирен, да нема оправдување за воените злосторства, напади врз цивили или каква било манифестација на антисемитизам или која било друга форма на расизам, а во неколку наврати и на собирот потсетија дека не сакаат никакви антисемитски или пораки против еврејскиот народ. - Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз цивилното население, вклучително и оние извршени од Хамас од 7 октомври врз израелски цивили, кои резултираа со стотици загинати. Сепак, ниту еден напад не може да го оправда непочитувањето на правилата на војување, беше наведено во прогласот на организаторите на собирот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesten-sobir-vo-brisel-za-poddrshka-na-zhitelite-vo-gaza/feed/ 0
Во Скопје протест за поддршка на палестинскиот народ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-skopje-protest-za-poddrshka-na-palestinskiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-skopje-protest-za-poddrshka-na-palestinskiot-narod/#respond Fri, 20 Oct 2023 13:18:46 +0000 https://kurir.mk/?p=891277

Пред Мурат Пашината Џамија во Старата скопска чаршија денеска се одржа протест за поддршка на палестинскиот народ. Група граѓани со транспаренти „Слобода за Палестина“ побараа да престанат нападите во Палестина. Емин Хусрев, претседател на здружението „Копру“ рече дека нападите во последните дванаесет дена во кои се таргетираат цивили, меѓу кои значаен дел жени и деца, „кулминираа со бомбардирањето на баптистичната болница Ал Ахли, акт кој е неприфатлив за човештвото“. Хусрев побара нападите да престанат нагласувајќи дека не може да се остане нем за она што се случува бидејќи до денес има над 3.500 жртви. - Очекуваме, почнувајќи од соседните земји, час поскоро да се преземат потребните чекори во насока на воспоставување на мирот и стабилноста, додека од друга страна апелираме Америка, Европа и земјите од останатите региони да превземат праведен и хуманоцентричен став помеѓу страните, рече Хусрев. Протестот за поддршка на Палестина е организиран од страна на неколку здруженија кои својата дејност ја вршат во земјава и кои за таа цел формираа Платформа.  (МИА) ФОТО: МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-skopje-protest-za-poddrshka-na-palestinskiot-narod/feed/ 0
Здравствените работници излегоа на протест, бараат покачување на платите за 30 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvenite-rabotnitsi-izlegoa-na-protest-baraat-pokachuvane-na-platite-za-30-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvenite-rabotnitsi-izlegoa-na-protest-baraat-pokachuvane-na-platite-za-30-otsto/#respond Thu, 19 Oct 2023 11:15:50 +0000 https://kurir.mk/?p=890762

Независниот синдикат на здравствените работници и административно техничкиот персонал денеска во Скопје и неколку градови од внатрешностаорганизираше протест на членството во знак на незадоволство од висината на платите. Тие бараат покачување на платите за 30 отсто, четири проценти инфективен додаток, бенефициран стаж за целото здравство, како и промена на колективниот договор, бидејќи како што го кажа претседателот на Независниот синдикат на геријатрија, Лазо Костовски, во постоечкиот колективен договор има доста неправилности кои треба да се изменат. -Имавме средба во Министерство за здравство со шефот на кабинет, меѓутоа со нив не можевме да постигнеме договор затоа што не зависи од нив покачувањето на платите, туку од Министерството за финансии. Во овој момент Министерството за здравство располага со многу помал буџет, за разлика од изминатите години, затоа не можеме да ги имаме ниту тие покачувања кои требаше да ги имаме до сега. Во буџетот на здравство нема пари, но има во централниот буџет. Ние гледаме дека овие наши функционери сакаат на некој начин да го смират народот, со најавата дека ќе ги намалат коефициентите на нивните плати, а тоа ќе трае до јануари месец, кога ќе го имаат покачувањето од 300 до 500 евра, фактички тоа нивно покачување ќе биде намалено и тие ќе си останат на истите овие плати кои што ги имаат сега, рече Костовски. За следниот чекор Синдикатот ќе расправа дополнително, вели Костовски, но како што рече можна е радикализација на протестите. -Треба сега во овој момент да ги повикам приватните здравствени установи, односно матичните лекари, да прекинат да даваат упати, без разлика за каде, освен на оние што се со кардиоваскуларни заболувања, онколошки заболувања или дијабетичари, но што ќе стане после? Изгледа единствен начин е тој, бидејќи со оваа Влада не гледам друг спас, рече Костовски. Здравствените работници протестираат во Скопје, Крушево, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Гостивар, Тетово и Кичево.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvenite-rabotnitsi-izlegoa-na-protest-baraat-pokachuvane-na-platite-za-30-otsto/feed/ 0