протестен марш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Nov 2022 06:11:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png протестен марш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВО 17:30 ЧАСОТ: Студентите излегуваат на протестен марш, своите права ќе ги бараат од Владата и МОН https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-17-30-chasot-studentite-izleguvaat-na-protesten-marsh-svoite-prava-kje-gi-baraat-od-vladata-i-mon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-17-30-chasot-studentite-izleguvaat-na-protesten-marsh-svoite-prava-kje-gi-baraat-od-vladata-i-mon/#respond Thu, 17 Nov 2022 06:29:39 +0000 https://kurir.mk/?p=762071

Универзитетските студентски собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип и движењето „Студентски отпор“ попладне од 17.30 часот, од Влада до Министерството за образование и наука, на марш обединето ќе ги бараат своите права. УСС на УКИМ објави дека борбата на студентите е заедничка и дека само сплотени и заедно ќе успеат да ги заштитат нивните права и ќе ги исполнат нивните барања: издвојување средства од буџетот за подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, целосно спроведување на Законот за студентски оброк и зголемување на сумата, изедначување на стипендиите, подигнување на квалитетот на образованието и дигитализација. – Ве очекуваме во четврток, по повод Меѓународниот ден на студентите, со почеток во 17:30 часот, да излеземе сите заедно, сплотени на голем студентски марш, каде тргнувајќи од Влада па до МОН ќе го завршиме нашиот марш и јасно и гласно ќе ги искажеме нашите барања. Ги повикуваме сите кои се вклучени активно во образованието, меѓу кои средношколци, професори, декани и ректори да ни дадат поддршка и да се приклучат на маршот. Ајде сите заедно да се избориме за нашите студентски права и подобар студентски стандард, се наведува во објавата на УСС на УКИМ. Претходно, во 13 часот, Клубот за младински прашања и политики во Парламентот ќе организира средба со Универзитетското студентско собрание чија цел е, како што изјави претседателот на УСС на УКИМ Славчо Темелковски, изработка на акциски план за подобрување на условите во студентските домови. На средбата се очекува да присуствуваат директорите и претседателите на студентските домови и на сите универзитетски студентски собранија, пратеници, како и претставници на Министерството за образование и наука.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-17-30-chasot-studentite-izleguvaat-na-protesten-marsh-svoite-prava-kje-gi-baraat-od-vladata-i-mon/feed/ 0
Поранешниот пакистански премиер Кан најави протестен марш за нови избори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-pakistanski-premier-kan-najavi-protesten-marsh-za-novi-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-pakistanski-premier-kan-najavi-protesten-marsh-za-novi-izbori/#respond Wed, 26 Oct 2022 07:21:59 +0000 https://kurir.mk/?p=750505

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан најави дека во петок ќе почне протестен марш за повик на предвремени избори, потег што се смета за негов последен притисок да ја собори владата, пренесе ДПА. – Ние имаме за цел мека револуција, им рече Кан на новинарите во источниот град Лахоре доцна синоќа. Кан рече дека маршот ќе биде мирен и последен круг од неговата борба да ја собори, како што ја нарече, „увезената“ влада на премиерот Шехбаз Шариф. Почнувајќи од Лахоре, маршот ќе помине околу 380 километри по најпрометната транспортна артерија во земјата, патот ГТ. Кан рече дека е отворен за дискусии и оти е подготвен да се соочи со затвор за каузата. Властите во главниот град направија планови да го спречат маршот, вклучително и распоредување на дополнителни полициски и паравоени сили и блокирање патишта со повеќе од 500 бродски контејнери. Во 2014 година, кога партијата на Шариф дојде на власт, пакистанскиот Техрик-е-Инсаф (ПТИ) на Кан организираше 126-дневно седење пред парламентот барајќи повторни избори. Многумина веруваат дека армијата беше зад протестот. Кан дојде на власт во 2018 година, ветувајќи дека ќе ја искорени корупцијата и ќе ја заживее економијата, но не успеа да ги исполни повеќето од своите ветувања. Тој привлече огромни толпи на митинзи кои бараа предвремени избори откако беше сменет од функцијата преку гласање недоверба во април. Тој отворено ја критикуваше моќната војска на земјата што не застана на негова страна кога се соочи со гласање недоверба и ги обвини САД дека стојат зад промената на власта. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-pakistanski-premier-kan-najavi-protesten-marsh-za-novi-izbori/feed/ 0
ВО ЖИВО: Сенароден протестен марш против понижувачкиот предлог за Македонија (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-senaroden-protesten-marsh-protiv-ponizuvachkiot-predlog-za-makedonija-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-senaroden-protesten-marsh-protiv-ponizuvachkiot-predlog-za-makedonija-video/#respond Thu, 07 Jul 2022 16:10:24 +0000 https://kurir.mk/?p=701828

Нема враќање чекор назад. Нема отстапување од Македонија. Денес продолжуваме, масовно, мирно и гордо во 19:00 часот пред влада, преку министерство за правда каде ќе порачаме дека нема промена на Уставот за внес на Бугарите, затоа што Уставот не е Википедија, и ќе завршиме пред Собранието, информираат од „Ултиматум – НЕ благодарам“. „Нема полициска монтировка која ќе не уплаши. Нема меѓуетнички тензии, туку има заштита на криминал и предавство на Македонија против кое се бориме. Апелираме да не се наседне на полициските провокации. Ултиматум, не благодарам. Против асимилација и бугаризација. Излезете масовно. Македонија е нашата последна тврдина“ – се наведува во поканата за протест. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-senaroden-protesten-marsh-protiv-ponizuvachkiot-predlog-za-makedonija-video/feed/ 0
Мицкоски: Ќе одиме до крај уште помасовни, а јас заедно со вас, ќе го предводиме повторно победничкиот марш кон слободна Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kje-odime-do-kraj-ushte-pomasovni-a-jas-zaedno-so-vas-kje-go-predvodime-povtorno-pobednichkiot-marsh-kon-slobodna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kje-odime-do-kraj-ushte-pomasovni-a-jas-zaedno-so-vas-kje-go-predvodime-povtorno-pobednichkiot-marsh-kon-slobodna-makedonija/#respond Thu, 07 Jul 2022 12:19:58 +0000 https://kurir.mk/?p=701729

Сакам да ве уверам дека и покрај тоа што има хушкачи и луѓе коишто лиферуваат на дневна основа лажни вести сакајќи да ги манипулираат Македонците нема да отстапам, ниту да се повлечам. Ќе одиме до крај!, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -Уште побројни, помасовни а јас заедно со вас, ќе го предводиме повторно победничкиот марш кон слободна Македонија, нема чекор назад. Затоа што ќе одиме напред со народот на Македонија, силно, мирно и со гордо крената глава!, пишува Мицкоски на Фејсбук. Протестниот марш продолжува и денес. -Нема враќање чекор назад. Нема отстапување од Македонија. Денес продолжуваме, масовно, мирно и гордо во 19:00 часот пред влада, преку министерство за правда каде ќе порачаме дека нема промена на Уставот за внес на Бугарите, затоа што Уставот не е Википедија, и ќе завршиме пред Собранието, информираат од „Ултиматум – НЕ благодарам“. „Нема полициска монтировка која ќе не уплаши. Нема меѓуетнички тензии, туку има заштита на криминал и предавство на Македонија против кое се бориме. Апелираме да не се наседне на полициските провокации. Ултиматум, не благодарам. Против асимилација и бугаризација. Излезете масовно. Македонија е нашата последна тврдина“ – се наведува во поканата за протест. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kje-odime-do-kraj-ushte-pomasovni-a-jas-zaedno-so-vas-kje-go-predvodime-povtorno-pobednichkiot-marsh-kon-slobodna-makedonija/feed/ 0
„Сиромаштијата има женско лице“: Жените преку протестен марш бараат родова еднаквост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siromashtijata-ima-zensko-lice-zenite-preku-protesten-marsh-baraat-rodova-ednakvost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siromashtijata-ima-zensko-lice-zenite-preku-protesten-marsh-baraat-rodova-ednakvost/#respond Tue, 08 Mar 2022 15:18:28 +0000 https://kurir.mk/?p=643466

На денешниот мирен протест пораката е дека и покрај тоа што жените се половина од популацијата во државата не уживаат еднаквост ниту на работа или дома, во политиката и социјалниот живот. Голем број од жените се невработени, недоволно заштитени, често и жртви на семејно насилство, а законите кои ги штитат вообичаено се само декларативни, велат од Платформата за родова еднаквост. Меѓу другото невладините истакнаа дека овој 8 Март го одбележува женската сиромаштија, овозможена но и продлабочена од двегодишната здравствена пандемија. - Бараме усвојување на политики и мерки против ковид кој ќе ги земат предвид ранливите категории, изјави Бојана Јовановска, Хелсиншки комитет. По повод меѓународниот ден на жената, Премиерот Димитар Ковачевски истакна без потполна родова рамноправност нема ни демократија, ниту социјална правда, а неговата лична заложба е тоа да не е само денеска. Пандемијата нè соочи со растечка нееднаквост во многу сфери. Соочени со предизвиците, жените повторно го понесоа поголемиот товар, преземајќи на себе многукратни улоги и неплатен труд во одржувањето на домовите, образованието на децата, грижата за повозрасните истакна претседателот Пендаровски. Денеска, со честитките по повод Меѓународниот ден на жената владините претставници порачаа дека независни и економски силни жени, со свој силен глас и мислење, со можности за слободен избор и еднаквост, се иднината на нашата држава. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siromashtijata-ima-zensko-lice-zenite-preku-protesten-marsh-baraat-rodova-ednakvost/feed/ 0
СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: „Посилни од предрасудите“ – протестен марш во Штип https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zivo-posilni-od-predrasudite-protesten-marsh-vo-shtip/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zivo-posilni-od-predrasudite-protesten-marsh-vo-shtip/#respond Sat, 05 Mar 2022 10:24:26 +0000 https://kurir.mk/?p=641398

Во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, денес во 12:00 часот во Штип ќе се оддржи протестен марш. „Ги повикувам жените да го кренеме гласот против оваа ненародна власт. Заедно да испратиме порака дека сме посилни од предрасудите, пишува на Фејсбук претседателката на Унијата на жени, Жаклина Пешевска“. Настанот можете да го следите во живо на линкот во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zivo-posilni-od-predrasudite-protesten-marsh-vo-shtip/feed/ 0
Учесник на маршот во Тетово: Последните години сите ние сме молчеле на лоши работи, се надевам народот ќе сфати дека мора да се направи нешто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchesnik-na-marshot-vo-tetovo-poslednite-godini-site-nie-sme-molchele-na-loshi-raboti-se-nadevam-narodot-kje-sfati-deka-mora-da-se-napravi-neshto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchesnik-na-marshot-vo-tetovo-poslednite-godini-site-nie-sme-molchele-na-loshi-raboti-se-nadevam-narodot-kje-sfati-deka-mora-da-se-napravi-neshto/#respond Sat, 11 Sep 2021 14:13:08 +0000 https://kurir.mk/?p=562391

Како што беше претходно најавено, денеска во Тетово со почеток од 13:30 часот се оддржа протестен марш во чест на починатите во пожарот во модуларната болница во Тетово. Организатори на овој протестен марш беа навивачката група „Балисти“. Маршот беше мирен, започне од плоштадот Илирија во 13.30 часот и заврши пред болницата во Тетово. Река од народ излегоа и се придружија на овој протестен марш оддавајќи им почит на трагичнно изгубените животи. - Дојдов тука на овој марш во знак на почит кон починатите. Лично се гледам како одговорен, бидејќи овие последни години сите ние сме молчеле, на сите лоши работи што се случувале овде и ова е капка на се, на сите трагедии што овде се случуваат последните години и се надевам дека народот веќе ќе сфати дека мора да се направи нешто, а да се направи нешто мора да се почувствува секој одговорен, затоа што со нашето молчење со нашето проголтување на сите лоши работи кои се случиле ние на некој начин сме дале придонес за ваквите работи. Се надевам дека ќе се освестиме сите и ќе дадеме придонес да ги спречиме овие работи, изјави Беким Демири, учесник на маршот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchesnik-na-marshot-vo-tetovo-poslednite-godini-site-nie-sme-molchele-na-loshi-raboti-se-nadevam-narodot-kje-sfati-deka-mora-da-se-napravi-neshto/feed/ 0
Протестен марш во Тетово: Тетовчани излегоа низ улиците на градот и со едноминутен молк оддадоа почит на починатите во пожарот (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protesten-marsh-vo-tetovo-tetovchani-izlegoa-niz-ulicite-na-gradot-i-so-ednominuten-molk-oddadoa-pochit-na-pochinatite-vo-pozarot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protesten-marsh-vo-tetovo-tetovchani-izlegoa-niz-ulicite-na-gradot-i-so-ednominuten-molk-oddadoa-pochit-na-pochinatite-vo-pozarot-foto/#respond Sat, 11 Sep 2021 12:33:30 +0000 https://kurir.mk/?p=562330

Како што беше претходно најавено, денеска во Тетово со почеток од 13:30 часот се оддржа протестен марш во чест на починатите во пожарот во модуларната болница во Тетово. Организатори на овој протестен марш беа навивачката група „Балисти“. Маршот беше мирен, започне од плоштадот Илирија во 13.30 часот и заврши пред болницата во Тетово. Река од народ излегоа и се придружија на овој протестен марш оддавајќи им почит на трагичнно изгубените животи. -Дојдов тука на овој марш во знак на почит кон починатите. Лично се гледам како одговорен, бидејќи овие последни години сите ние сме молчеле, на сите лоши работи што се случувале овде и ова е капка на се, на сите трагедии што овде се случуваат последните години и се надевам дека народот веќе ќе сфати дека мора да се направи нешто, а да се направи нешто мора да се почувствува секој одговорен, затоа што со нашето молчење со нашето проголтување на сите лоши работи кои се случиле ние на некој начин сме дале придонес за ваквите работи. Се надевам дека ќе се освестиме сите и ќе дадеме придонес да ги спречиме овие работи, изјави Беким Демири, учесник на маршот. Кога пристигнаа пред изгорената модуларна болница, водичот и некои останати присутни ги замолија полициските службеници кои стоеја пред болницата да ги пуштат преку лентата за да го остават венецот. Полицијата наиде на разбирање и венецот беше однесен пред болницата. Потоа сите клекнаа и со едноминутно молчење оддадоа почит на жртвите. Водичот даде многу кратка изјава заблагодарувајќи се на сите за денешната поддршка: -Ние сме навивачи, ова не е протест, не е политички мотивиран, туку само мирен марш за почит кон загинатите во пожарот, изјави Башким Идризи од навивачката група „Балисти“ кои ја покренаа иницијативата за маршот преку социјалните мрежи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protesten-marsh-vo-tetovo-tetovchani-izlegoa-niz-ulicite-na-gradot-i-so-ednominuten-molk-oddadoa-pochit-na-pochinatite-vo-pozarot-foto/feed/ 0
Протестен марш утре во 14:30: „Јавна соба“ е кривично дело https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protesten-marsh-utre-vo-14-30-javna-soba-e-krivichno-delo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protesten-marsh-utre-vo-14-30-javna-soba-e-krivichno-delo/#respond Tue, 02 Feb 2021 08:29:58 +0000 https://kurir.mk/?p=462956

Платформата за родова еднаквост утре со почеток во 14:30 часот организира протестен марш, на кој ќе бидат соопштени барањата до институциите за темелно расчистување на случајот „Јавна соба“ и за сеопфатен пристап во справувањето на државата со родово базираното насилство, кое во разни форми е широко распространето и вкоренето во нашето општество. Маршот ќе започне пред Министерството за внатрешни работи, преку бул. Јордан Мијалков, бул. Кочо Рацин, Кеј Димитар Влахов и ќе заврши пред Основното јавно обвинителство. Од „Платформата за родова еднаквост“ велат дека ќе се обратат до јавноста и институциите, а ги охрабруваат и жртвите на „Јавна соба“, доколку се подготвени, да ја искористат оваа шанса за да проговорат и побараат правда. -Сметаме дека целосното разрешување на овој случај е шанса за институциите да покажат дека и во пракса се залагаат за женските права и безбедноста на жените во онлајн и физичкиот простор. Затоа, · Бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство; · Бараме соодветни казни за администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и се уште праќаат фотографии и пишуваат лични податоци на девојки и жени; · Бараме и инсистираме сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик; · Бараме соодветна грижа за жртвите од надлежните институции, велат од „Платформата“. На маршот ќе се почитуваат сите здравствени протоколи за превенција од Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protesten-marsh-utre-vo-14-30-javna-soba-e-krivichno-delo/feed/ 0
СКРМ на протестен марш за колективен договор: Ова е последно предупредување пред да активираме штрајк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skrm-na-protesten-marsh-za-kolektiven-dogovor-ova-e-posledno-predupreduvanje-pred-da-aktivirame-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skrm-na-protesten-marsh-za-kolektiven-dogovor-ova-e-posledno-predupreduvanje-pred-da-aktivirame-shtrajk/#respond Tue, 08 Oct 2019 10:47:48 +0000 https://kurir.mk/?p=249155

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) точно напладне почна предупредувачки марш за потпишување колективен договор со кој ќе се уредат платите, коефициентите според сложеноста на работните места и  условите за надоместоците на плата во дејностите од културата. СКРМ на 20 јуни донесе одлука за штрајк доколку до крајот на септември не биде потпишан колективен договор и не се донесе нов закон за културата. – Помина 30 септември, колективен договор сè уште немаме и затоа денеска излегуваме со марш како последно предупредување пред да ја активираме нашата постапка за штрајк. Со Министерството за култура сме во добра соработка, на наше барање по долго време се активираше работната група за колективниот договор. Сме во преговори и се надеваме дека ќе постигнеме некаков договор. Имаме ветување и од Владата дека средства за колективен договор ќе бидат обезбедени и дека тој ќе се спроведе од 1 јануари 2020. Но, тоа не значи дека не треба денес да маршираме. Нашето искуство покажа дека ветувањата не беа исполнети во минатото, изјави Сања Арсовска, претседателка на СКРМ, на стартот на протестниот марш зад Филхармонијата. Минатата година биле изоставени од колективен договор и затоа, рече таа, Синдикатот бараше нивелација на платите која се спроведе во мај годинава. – Нивелацијата се протолкува како зголемување на платите во културата. Не, тоа беше порамнување на платите и исправање на една неправда што се случуваше во минатото. Она што сега им следува на вработените во културата е колективен договор во кој ќе се уредат платите, коефициентите според сложеноста на работните места, точно ќе се уредат условите за надоместоците на плата, истакна Арсовска. Додаде дека заложба на СКРМ било да се потпише колективен договор врз основа на нов закон за култура, но бидејќи законот со кој би се регулирале правата сè уште не е донесен тие, нагласи Арсовска, повеќе нема да го чекаат неговото донесување и колективниот може да го потпишат врз основа на постојниот закон. СКРМ го продолжи маршот кон Владата од каде што учесниците ќе продолжат кон Министерството за култура и таму ќе ја искажат пораката на протестот – „Колективен сега!“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skrm-na-protesten-marsh-za-kolektiven-dogovor-ova-e-posledno-predupreduvanje-pred-da-aktivirame-shtrajk/feed/ 0