протести – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 Oct 2023 12:42:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png протести – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бериша најави протести низ Албанија, но и штрајк со глад https://arhiva.kurir.mk/svet/region/berisha-najavi-protesti-niz-albanija-no-i-shtrajk-so-glad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/berisha-najavi-protesti-niz-albanija-no-i-shtrajk-so-glad/#respond Sat, 21 Oct 2023 12:42:38 +0000 https://kurir.mk/?p=891590

Лидерот на побројното крило на албанските опозициски демократи, Сали Бериша, на редовната неделна средба со новинарите најави протести и вонинституционална реакција од опозицијата. Тој предупреди дека „она што се случи во Собранието со бојкот и блокирање на работата на пленарната седница, е само почеток на бранот протести на опозицијата". - Ќе застанеме во парламентот со нашиот најсилен протест. И овој протест, ви гарантирам, нема да остане само во собраниската сала. Рака под рака, постепено ќе се шири на улиците, плоштадите и другите институции во земјата, изјави Бериша. Како форма на протест тој не го исклучува и штрајкот со глад. - Апсолутно да, не го исклучуваме штрајкот со глад. Целосно. Постои вистинска подготвеност и тоа е опција. Нема дискусија, ова е битка, рече Бериша. Во четвртокот од вкупно 59 колку што брои опозицијата, 45 пратеници, кои се на страната на Бериша, ја блокираа собраниската говорница, поради што претседателката на парламентот Линдита Никола беше принудена да ја одложи пленарната седница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/berisha-najavi-protesti-niz-albanija-no-i-shtrajk-so-glad/feed/ 0
Протести низ арапскиот свет во подршка на Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-niz-arapskiot-svet-vo-podrshka-na-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-niz-arapskiot-svet-vo-podrshka-na-gaza/#respond Fri, 20 Oct 2023 19:42:28 +0000 https://kurir.mk/?p=891448

Демонстрации за поддршка на Газа и осуда на израелското бомбардирање на опколената енклава се одржаа денеска низ арапскиот свет, вклучително и во земјите кои ги нормализираа односите со Израел. Во Египет, каде што јавните собири беа забранети откако војската ја презеде власта во 2013 година, десетици илјади излегоа на улиците на Каиро и другите градови додека властите се обидоа да се справат со бранот јавен гнев. Протестите се случија на 14-тиот ден од одмаздата на Израел за шокантниот напад на Хамас, најсмртоносниот во 75-годишната историја на Израел. Во Каиро, неколку илјади луѓе се собраа на плоштадот Тахрир, ицентарот на бунтот во 2011 година во кој беше соборен долгогодишниот автократ Хосни Мубарак. „Народот сака пад на Израел“, скандираа демонстрантите, приспособувајќи ја фразата на Арапската пролет: „Народот сака пад на режимот“. Јавните протести се генерално незаконски во Египет, но во средата претседателот Абдел Фатах ал-Сиси му рече на германскиот канцелар Олаф Шолц кој е во посета на Германија дека може „да го повика египетскиот народ да излезе и да го изрази своето отфрлање“ на израелските акции во Газа „и ќе видите милиони Египќани“ на улица. Медиумите лојални на претседателот објавија список со јавни плоштади и други локации каде што ќе се толерираат протести, повикувајќи ги Египќаните да ја покажат својата поддршка за Сиси пред претседателските избори што треба да се одржат во декември. Плоштадот Тахрир во Каиро не беше меѓу нив, што претставува гордост за многумина од оние што демонстрираа во петокот. „Ние не сме тука да му дадеме нов мандат на никого. Тоа е вистинска демонстрација“, скандираше толпата. Полицијата подоцна ги истурка демонстрантите подалеку од плоштадот до околните улици. Во Багдад, неколку илјади луѓе демонстрираа вклучително и симпатизери на Хашед ал-Шааби, коалиција на вооружени фракции блиски до главниот непријател на Израел, Иран. Демонстрантите се собраа на мостот што води кон Зелената зона, утврдената влада и дипломатскиот комплекс каде што е сместена американската амбасада. Демонстрантите ветија дека ќе продолжат со протестот „додека не се отворат патиштата за испраќање помош“ во Газа. Во Тунис, илјадници луѓе се собраа пред француската амбасада за да протестираат против поддршката на Западот за Израел. „Французите и Американците се партнери во нападот“ против Палестинците, скандираа тие. Сличен протест се одржа пред американската амбасада во северните предградија на главниот град, каде демонстрантите го запалија американско знаме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-niz-arapskiot-svet-vo-podrshka-na-gaza/feed/ 0
Повеќе од 2.000 луѓе од Јурумлери со порака до Јетон Шакири: Ќе ги радикализираме протестите! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poveke-od-2-000-luge-od-jurumleri-so-poraka-do-jeton-shakiri-ke-gi-radikalizirame-protestite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poveke-od-2-000-luge-od-jurumleri-so-poraka-do-jeton-shakiri-ke-gi-radikalizirame-protestite/#respond Wed, 04 Oct 2023 16:05:45 +0000 https://kurir.mk/?p=885192

Учениците од ООУ Његош, веќе 10тина дена не посетуваат настава, а соодветно решение за надминување на нивниот проблем, сеуште нема, објавува Канал 5. Станува збор за 13 албански ученици од 6то одделение кои моментално наставата на својот мајчин јазик ја следат во училиштето во с.Огњанци, до каде им е обезбеден платен превоз, но нивните родители бараат отварање на паралелка за нив во Његош. Од одборот на родители на училиштето, велат дека во оваа ситуација оштетени се децата . -Нашите ученици бројат паралелки од 33 дечиња и повеќе. Дечињата седат по тројца во една клупа..Овие дечиња не се воопшто дискриминирани ниту се обесправени, напротив тие имаат право и посетуваат настава на свој мајчин јазик. Нашите деца немаат платен превоз патуваат пешки по 3 и повеќе километри по регонален пат којшто е небезбеден за нив-- Соња Милановска Цветковска. Родителите велат дека имале средба и со министерто за образование Шакири и со градоначлникот на Гази Баба Стефковски, но не успеале да изнајдат решение.. Од МОН за Канал 5 велат дека се отворени за продолжување на разговорите, и потенцираат дека станува збор за проблем кој се провлекува 20 години наназад. Како привремено решение нудат доградба на училиштето.. Градоначалникот Стефковски, пак, вели дека оваа ситуација е вештачки создадена криза и дека во училиштето нема услови за нова паралелка. -Учениците кој сакаат да ја следат предмената настава на албански јазик општината им обезбедува бесплатен автобуски превоз до училиштето во Огњанци. Не знам од која причина министерот Шакири наместо кон решавање на овој проблем, состојбата ја носи кон нови проблеми. – вели Стефковски за Канал 5. И МОН и општината трајно решение на проблемот гледаат во израдба на ново училиште во Идризово. Инаку родителите на учениците на учениците утрово испратија и писмо до Министерот за образование и наука г-дин Јетон Шакири: Почитуван Министер, Се одлучивме преку јавноста да го испратиме ова писмо до Вас со цел да ги истакнеме нашите гледишта, наспроти Вашата примена на сила, закани и ултиматум кон нас како родители и кон општината. Ние жителите од Јурумлери, Колонија, Идризово, Дрма, Гоце Делчев, Трубарево и цела Гази Баба живееме сложно со нашите сограѓани албанци, роми, срби, турци, власи и сите останати. Помеѓу нас пред се како соседи, а дел од нас се и роднински поврзани како кумови, старосвати владее соживот и на различностите поради нашата вероисповест гледаме како на предизвик за запознавање на нешто туѓо, а не како пречка за заеднички комшиски живот. Учењето во ООУ Његош е овозможено за сите дечиња од нашиот крај. Наставата во одделенската настава се врши на македонски и албански јазик како што е опишано и со Статутот на нашето училиште, а додека за предметната настава учењето на македонски јазик се одвива во ООУ Његош, додека учењето на албански јазик се врши во соседното училиште во Огњанци за што општина Гази Баба обезбедува бесплатен превоз за дечињата кој организирано ги зема од своите домови до училиштето и назад од училиштето до својот дом со што тезите дека се врши дискриминација за настава на својот мајчин јазик не држат вода. Почитуван Министер, Жалиме што Вие како Министер во Владата наместо да бидете медијатор и да делувате во насока на надминување на ситуацијата, Вие одбравте од Ваши партски интереси да завземете страна и јавно на социјалните мрежи да се сликате и објавувате слики со лицата кои вештачки создаваат етнички проблем во нашето населено место. Последната слика е објавена и направена пред само еден ден, кога кризата завзема досега најголеми размери. (сликата Ви ја доставуваме во прилог). Жалиме што наместо преставник на народот, ние имаме Министер кој се слика со луѓето кои јавно со зборување и коментирање на социјалните мрежи се закануваат, а откако сите ние ги видовме сликите станува јасно кој и од каде им дава моќ да се однесуваат така. Почитуван Министер, 305 ученици посетуваат настава на македонски јазик во ООУ Његош и во одделенска и во предметна настава, Вие дозволивте да се создаде ваков проблем со целосен бојкот на наставата повеќе од 10 дена за 10 ученици албанци во шесто одделение кои повеќе не сакале да користат бесплатен превоз и да посетуваат настава во Огњанци. Ја користиме и оваа јавна можност да го повикаме претседателот на Владата г-дин Димитар Ковачевски да посвети внимание на нашиот проблем и се надеваме дека тој нема по стапките на неговиот Министер да завземе страна туку ќе биде над целата состојба со цел изнаоѓање на решение. Денес во 17:30 часот излегуваме на голем протест пред зградата на училиштето Његош и ова е нашиот последен протест тука. По завршување на протестот ќе оддржиме состанок на кој ќе ги утврдиме следните активности кои ќе одат во насока на наша радикализација со блокирање на автопатот, регионалниот пат и клучни раскрсници низ Скопје, а не ја исклучуваме и можноста за поставување на шатори пред зградата на Министерството за образование и наука. Господине Јетон Шакири, нема да дозволиме нашите деца да бидат експрименти во Вашите раце. Господине Јетон Шакири, Вие си поигравте со нас како родители, ја злоупотребивте наша доверба и не излажавте дека не ги познавате луѓето кои ги подгреваат тензиите за потоа да се објавуваат фотографии од неформални средби по рестораните низ Скопје. Господине Јетон Шакири немојте поради Вашите партиски интереси да ја воведувате цела Гази Баба во бојкот. Не си поигрувајте со нашите чувства, кога во прашање се нашите деца. Зад ова писмо стојат родители на ученици од: ООУ Његош, населено место Јурумлери ООУ Крум Тошев, населено место Трубарево ООУ Крсте Мисирков, населено место Ченто ООУ Дане Крапчев, населено место Ченто ООУ Кирил и Методиј, населено место Стајковци ООУ Наум Охридски, населено место Булачани ООУ Стив Наумов, населба Автокоманда ООУ Григор Прличев, населба Железара ООУ Вера Јоциќ, населба Хиподром ООУ Наум Наумовски Борче, населба Маџари]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poveke-od-2-000-luge-od-jurumleri-so-poraka-do-jeton-shakiri-ke-gi-radikalizirame-protestite/feed/ 0
Пензионерите од Свети Николе најавуваат радикализирање на протестите https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/penzionerite-od-sveti-nikole-najavuvaat-radikalizirane-na-protestite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/penzionerite-od-sveti-nikole-najavuvaat-radikalizirane-na-protestite/#respond Wed, 27 Sep 2023 12:48:31 +0000 https://kurir.mk/?p=882284

Нов протест на пензионерите од Свети Николе и денеска порачаа дека не се откажуваат од барањата за покачување на пензијата за 3.500 денари, како и усогласување на минималната пензија со минималната плата. Трајче Станојков, член на Иницијативниот одбор за протести вели дека од утре протестите ќе ги радикализираат. Улиците во Свети Николе ќе бидат блокирани со земјоделска механизација, а додаваат дека ќе користат и други предмети се до исполнување на своите барања. -Продолжуваме со протестот без разлика на тоа каква одлука ќе се донесе. Нашето главно барање е покачување на пензијата линеарно за 3.500 денари и усогласување на минималната пензија со минималната плата. Сакаме да покажеме дека ќе постапуваме и порадикално, патиштата овде во Свети Николе ќе ги блокираме од утре со земјоделската механизација, вели Станојков. Пензионерите велат дека за неколку дена пред да земат пензија, оставени се во неизвесност оти не знаат колку пари ќе им легнат на сметки и што можат да си дозволат со тие пари. До крајот на месецот се очекува од Министерството за труд и социјална политика да излезат со конкретни предлози за барањата на пензионерите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/penzionerite-od-sveti-nikole-najavuvaat-radikalizirane-na-protestite/feed/ 0
Продолжуваат протестите за случајот во Клиниката за онкологија, се бара забрзување и проширување на истрагата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuvaat-protestite-za-sluchajot-vo-klinikata-za-onkologija-se-bara-zabrzuvane-i-proshiruvane-na-istragata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuvaat-protestite-za-sluchajot-vo-klinikata-za-onkologija-se-bara-zabrzuvane-i-proshiruvane-na-istragata/#respond Thu, 07 Sep 2023 20:24:17 +0000 https://kurir.mk/?p=875871

Засегнати лица од случајот со Клиниката за онкологија и вечерва протестираа пред Јавното обвинителство. Нивното најважно барање е истрагата да биде брза и како што велат, да не трае со години особено во делот на лекарствата коишто се доведени во прашање за да можат тие што се најзасегнати да знаат како да го продолжат своето лекување за да си го спасат својот живот. Некои од нив бараат проширување на истрагата и во лекување на деца со вакви заболувања, затоа што, како што тврдат, и таму се соочуваат со недостиг на лекови, но бараат и поголема поддршка од сите граѓани. -Ние се собираме секоја вечер од 19 часот, не сме ниту партија ниту здружение, едноставно се повикуваме преку електронски медиуми сите што сме засегнати од рак, за да можеме да го кажеме своето барање и да си ја добиеме правдата затоа што меѓу нас има што се уште се лечат, има некои што завршиле, но имаме и многу што ја загубија битката токму поради тоа што не знаеме со што биле лечени, истакна во изјава за МИА Елизабета Ристовска, учесник на протестот. Нивните барања, како што посочи Ристовска, да се истражува години наназад за да се дознае колку години се случувало ова во Клиниката за онкологија, детални испитувања на историите на пациентите, да се прецизира кои профили на доктори се во составот на комисијата назначена за испитување, листата на лекови, односно дали станува за венска или таблетарна терапија и веродостојноста на терапијата, да се одберат онколошки пациенти по случаен избор кои ќе имаат континуиран увид во истрагата и од истрагата ќе сведочат за веродостојноста на таа спроведена истрага, вклучување на претставници од сите политички партии за да не се заврши сето ова со политички коментар. Наталија Тодоровска исто така ја изгубила својата 14 годишна ќерка во 2017 година, по двегодишна тешка борба со леукемија. Таа исто така истакна дека често пати имало недостиг на хемотерапија и бара Јавното обвинителство да ја прошири истрагата и во Детска онкологија. -Таму имаше исто малверзации, имаше деца кои починаа поради недостаток на хемотерапија. Дури и тоа што оди со целиот хемоблок ние како родители го купувавме, вели Тодоровска. Тие бараат да се добие вистинска слика за тоа што се случувало, за да може во иднина да се врати довербата во здравството. - Да бидеме реални, не е ова проблем само на Онкологија, значи секоја клиника во Македонија во еден дел е зафатена од некаков скандал. Но, исто така имаме и прекрасни доктори, грижливи сестри и болничари и не може сите да бидат таргетирани како општо зло. Да се одвои и да се знае кој го направил ова, затоа што ако ние не го обелиме образот на тие сестри и доктори коишто живот даваат за да помогнат, ние никогаш нема да имаме пациенти кои ќе одат со доверба на Онкологија, додаде Елизабета Ристовска. Изјавите на директорката на Клиниката за онкологија дека постојано имало терапија таа ги оцени како неточни наведувајќи дека ги поседува извештаите кога немало Херцептин и дека токму поради тоа таа има метастази на белите дробови, затоа што, како што појасни, тоа е лек што се прима на 21 ден како хемотерапија и ако се прекине таа низа треба да се почне од почеток. Истакна дека таа самата имала периоди од 48 дена, 57 дена без терапија токму поради недостиг на Херцептинот. Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи интензивно преземаат дејствија за проверка на наводите за Клиниката за онкологија, меѓутоа со оглед на фазата во која се наоѓа постапката обвинителството не е во можност да споделува детали, информираа вчера од Обвинителството за текот на постапката за Клиниката за онкологија. -Меѓу останатите бројни дејствија, во континуитет се вршат распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија. Исто така, отпочнати се и дел од анализите на прибраните материјални докази, посочија од ЈОРСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuvaat-protestite-za-sluchajot-vo-klinikata-za-onkologija-se-bara-zabrzuvane-i-proshiruvane-na-istragata/feed/ 0
Повторно протести во Израел поради реформите во правосудството https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povtorno-protesti-vo-izrael-poradi-reformite-vo-pravosudstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povtorno-protesti-vo-izrael-poradi-reformite-vo-pravosudstvoto/#respond Tue, 11 Jul 2023 08:59:52 +0000 https://kurir.mk/?p=855301

Во Израел денеска почнаа протести против планираните владини реформи во правосудството. Демонстрантите утрово привремено блокираа неколку патишта низ земјата и извикуваа „Мораме да го запреме уништувањето на демократијата!“. Според организаторите, во текот на денот се планирани дополнителни собири. Во попладневните часови се очекува илјадници Израелци да се соберат на меѓународниот аеродром Бен Гурион во близина на Тел Авив. Кнесетот синоќа на прво читање го усвои клучниот дел од контроверзната судска реформа што ја бара Владата, по паузата во нејзиното спроведување поради масовните протести низ земјата. Целта е да му се одземе способноста на Врховниот суд да ги укинува одлуките на Владата кои ги смета за „неразумни“. По долга и жестока расправа пратениците таа одредба ја усвоија со 64 гласа „за“ и 56 „против“. Со гласањето заврши тримесечната пауза во која се водеа преговори со опозицијата. Паузата почна по серијата масовни протести на противниците на реформите и предупредувањата од светските лидери и други официјални лица дека демократијата на Израел ќе биде загрозена со одземање на овластувањата и независноста на Врховниот суд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povtorno-protesti-vo-izrael-poradi-reformite-vo-pravosudstvoto/feed/ 0
Се смируваат тензиите на француските улици https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-smiruvaat-tenziite-na-frantsuskite-ulitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-smiruvaat-tenziite-na-frantsuskite-ulitsi/#respond Mon, 03 Jul 2023 11:11:22 +0000 https://kurir.mk/?p=852100

Помалку од 160 лица се уапсени во текот на ноќта во немирите низ градовите во Франција по убиството на тинејџер од северноафриканско потекло од страна на полицаец, соопшти француското Министерство за внатрешни работи, а пренесе Ројтерс. Релативната смиреност по петте тешки ноќи на немири и илјадници уапсени претставува олеснување за владата на претседателот Емануел Макрон во борбата да ја врати контролата врз ситуацијата, само неколку месеци по големите протести поради пензиските реформи и една година пред одржувањето на Олимписките игри во Париз. Бројот на уапсени во текот на вчерашниот ден е далеку помал од 719-те уапсени во саботата и околу 1.300 приведени во петокот, пишува „Гардијан“. Претседателот Макрон треба да се сретне со лидерите на двата дома на парламентот, а утре средба ќе одржи и со градоначалниците на 220 градови погодени од протестите. Макрон требаше да отпатува во државна посета на Германија, но посетата била откажана поради тековната криза. Во меѓувреме, францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин соопшти дека 24-годишен пожарникар загинал додека гаснел пожар на подземен паркинг во париското предградие Сен Дени, откако неколку возила беа запалени вчеравечер. „Гардијан“ го пренесува и апелот за смиреност на бабата на 17-годишниот Нахел што беше застрелан. „Престанете со немирите, престанете да уништувате. Им го велам ова на оние кои бунтуваат: не кршете прозорци, не напаѓајте училишта и автобуси. Застанете“, порачала бабата по име Надија, додавајќи дека оние што протестираат го користеле нејзиниот внук како изговор. До утрово, страницата на „GoFundMe“ за поддршка на полицаецот обвинет за убиството на Нахел собрала донации во износ од над 800.000 евра. „Службата ја вршеше својата работа и сега плаќа висока цена за тоа“, пишува на страницата. Од минатиот вторник се приведени повеќе од 3.000 лица, по масовното распоредување на 45.000 полицајци низ цела Франција. Немирите се разгореа откако во предградие на Париз, поради тоа што не застанал со возилото за време на рутинска сообраќајна контрола, беше застрелан 17-годишниот Нахел М. со алжирско и мароканско потекло. Полицаецот вклучен во престрелката, кој рекол дека пукал затоа што се плашел оти тој, неговиот колега или некој друг може да бидат удрени од автомобилот, е обвинет за доброволно убиство од небрежност и е ставен во привремен притвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-smiruvaat-tenziite-na-frantsuskite-ulitsi/feed/ 0
Четврта ноќ насилни протести во Франција, ангажирани над 45 илјади полицајци, оклопни возила и хеликоптери https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvrta-nok-nasilni-protesti-vo-frantsija-angazhirani-nad-45-iljadi-politsajtsi-oklopni-vozila-i-helikopteri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvrta-nok-nasilni-protesti-vo-frantsija-angazhirani-nad-45-iljadi-politsajtsi-oklopni-vozila-i-helikopteri/#respond Sat, 01 Jul 2023 07:07:17 +0000 https://kurir.mk/?p=851415

Во поголемите француски градови и синоќа, четврта ноќ по ред, имаше насилни протести, откако полицијата во вторникот застрела 17-годишно момче во предградие на Париз. Најдраматично, како што јавуваат француските медиуми, ноќеска беше во Марсеј, а протести, насилства и кражби имаше и во Париз, Лион, Тулуз, Стразбур и Лил. Запалени се згради и возила, ограбени продавници. Околу 45.000 полицајци, неколку оклопни возила и хеликоптери се ангажирани во задушувањето на протестите. Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен објави дека синоќа биле приведени 270 лица, со што вкупниот број на уапсени во немирите достигна над 1.100. Повредени се повеќе од 200 полицајци. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како експлозија го потресува старото пристаниште во Марсеј. Градските власти соопштија дека е во тек истрага за причината за експлозијата и оти нема информации за повредени. Во центарот на Марсеј, демонстрантите ограбија продавница за оружје и украдоа неколку ловечки пушки, но без муниција, соопшти полицијата. Едно лице е уапсено со пушка за која се верува дека е одземена од продавница. Вкупно 80 лица се приведени во Марсеј, а тројца полицајци се полесно повредени. Градоначалникот Беноа Пајан ја повика владата веднаш да испрати дополнителни единици за справување со немирите. Во третиот по големина град во Франција, Лион, жандармеријата испрати оклопни транспортери и хеликоптер. Во Париз, полицијата успеа да ги расчисти демонстрантите од плоштадот Конкорд. Министерот Дарманен побара од локалните власти ширум Франција да го запрат јавниот превоз по 21 часот. Тој не ја исклучи можноста и за воведување вонредна состојба. Претседателот Емануел Макрон, кој се соочува со најтешката криза од протестите на „жолтите елеци“ во 2018 година, вчера предвреме го напушти Самитот на ЕУ и се врати во Париз. Немирите во Франција избувнаа отако полицаец во вторникот во париското предгради Нантер смртно го застрела 17-годишниот Наел М.. Неговата смрт повторно го разгоре незадоволството кај сиромашните, мешани урбани заедници кои се жалат на полициска бруталност и на расизам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvrta-nok-nasilni-protesti-vo-frantsija-angazhirani-nad-45-iljadi-politsajtsi-oklopni-vozila-i-helikopteri/feed/ 0
Во Белград повеќе десетици илјади луѓе повторо на протест „Србија против насилството“ и блокада на мостот Газела https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-belgrad-poveke-desetitsi-iljadi-luge-povtoro-na-protest-srbija-protiv-nasilstvoto-i-blokada-na-mostot-gazela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-belgrad-poveke-desetitsi-iljadi-luge-povtoro-na-protest-srbija-protiv-nasilstvoto-i-blokada-na-mostot-gazela/#respond Fri, 12 May 2023 18:31:55 +0000 https://kurir.mk/?p=833632

Во Белград во 18 часот како што најавија од проевропската опозиција по втор пат неделева почна масовен протест со учество на повеќе десетици илјади граѓани по повод масовните убиства во Србија со слоганот „Србија против насиство“, јави дописникот на МИА од Белград. Протестот се одвива во мирна атмосфера, во голема тишина, во форма на протестна прошетка од Народното собрание до мостот Газела, кој е блокиран за сообраќај, тој е помасовен од протестот во понеделник, а колоната на повеќе десетици илјади граѓани во протестната прошетка во еден момент почнуваше од Народното собрание, долж целиот булевар Милош Велики, па се до мосотот Газела. -Протестот е непартиски и добредојдени се сите граѓани и организации кои сакаат да ја поддржат борбата против насилството, без поделби, а собирот ќе се одвива без партиски обележја, соопштија од опозицијата. Како што изјави еден од учесниците на протестот, „тој не верува дека со овие протести нешто ќе се промени во Србија, но дека неможе да седи дома инертен“ Еден од организаторите, пратеникот Александар Јовановиќ Чута изјави деке овојпат политичарите не се во преден план и договорено е црниот транспарент „Србија против насилството“ да го носат граѓаните, а политичарите да бидат во втор план. Александар Јовановиќ Чута изјави дека „целта веќе е постигната оти на блокада на Газела Вучиќ одлично реагирал“ и дека денеска присуствувале на колегиумот во Народното собрание каде претседателот на Собранието Владимир Орлиќ им кажал на пратениците од опозицијата кои поднеле барање за одржување на посебна седница за масовните убиства што се случија и безбедносната состојба во земја, дека ќе исполнат се што ќе побараат. Барањата на протестот се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на бебзбедоносната агеција Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-belgrad-poveke-desetitsi-iljadi-luge-povtoro-na-protest-srbija-protiv-nasilstvoto-i-blokada-na-mostot-gazela/feed/ 0
Трката од Ф1 за Големата награда на Монако може да не се одржи поради протести во Франција https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/trkata-od-f1-za-golemata-nagrada-na-monako-mozhe-da-ne-se-odrzhi-poradi-protesti-vo-frantsija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/trkata-od-f1-za-golemata-nagrada-na-monako-mozhe-da-ne-se-odrzhi-poradi-protesti-vo-frantsija/#respond Sun, 23 Apr 2023 13:56:26 +0000 https://kurir.mk/?p=826633

]]>

]]>
https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/trkata-od-f1-za-golemata-nagrada-na-monako-mozhe-da-ne-se-odrzhi-poradi-protesti-vo-frantsija/feed/ 0