против-воздушни системи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Oct 2022 17:23:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png против-воздушни системи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хрватска разговара за набавка на француски против-воздушни системи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-razgovara-za-nabavka-na-francuski-protiv-vozdushni-sistemi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-razgovara-za-nabavka-na-francuski-protiv-vozdushni-sistemi/#respond Thu, 13 Oct 2022 17:23:45 +0000 https://kurir.mk/?p=744968

Петнаесет министри за одбрана на земји-членки на НАТО денеска во Брисел потпишаа писмо со намери за заедничка набавка на системи за ПВО, а Хрватска се уште не се приклучила бидејќи веќе билатерално разговара со Франција, изјави хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ. Тој информира дека Хрватска за ова разговарала и со Германија, но дека приклучувањето е одложено бидејќи Хрватска веќе разговарала со Франција за противвоздушна одбрана од краток дострел. – По падот на дронот во Загреб во март годинава, приоритет ја ставивме противвоздушната одбрана, пред се системите со краток дострел, а преку билатерални разговори со Франција веќе обезбедивме материјални ресурси на ниво на еден баталјон, изјави Баножиќ по состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Тој посочи дека Хрватска и Франција ги започнале билатералните разговори уште во март, а за германската иницијатива се разговарало последните неколку недели. Баножиќ не сакаше да ги соопшти деталите кои системи ги набавува Хрватска. „Ја кажав земјата на потекло, но не излегуваме во јавноста со детали. Тој додава дека не е доцна Хрватска да се приклучи на германската иницијатива кога ќе се види дали овие системи ќе бидат компатибилни со договорените системи со краток и среден дострел. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-razgovara-za-nabavka-na-francuski-protiv-vozdushni-sistemi/feed/ 0