против – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Oct 2023 16:19:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png против – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германија се противи на барањето на ЕУ за хуманитарен прекин на огнот во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-se-protivi-na-baraneto-na-eu-za-humanitaren-prekin-na-ognot-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-se-protivi-na-baraneto-na-eu-za-humanitaren-prekin-na-ognot-vo-gaza/#respond Mon, 23 Oct 2023 16:19:25 +0000 https://kurir.mk/?p=892265

Во Европската Унија Германија се спротивстави на барањата за прекин на огнот од хуманитарни причини во Појасот Газа. - Сега најважна е борбата против тероризмот, изјави денеска во Луксембург министерката за надворешни работи Аналена Бербок, јави германската агенција ДПА. На состанокот со колегите министри од ЕУ, таа изјави дека „очигледно е дека Израел се уште трпи масовни ракетни напади“. „Ќе има мир и безбедност за Израел и Палестинците само ако има борба против тероризмот“, додаде таа, мислејќи на нападите на исламистички Хамас врз Израел. Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш претходно повика на итен прекин на огнот од хуманитарни причини. Гутереш поттикна и дискусија во ЕУ - дали Унијата треба да го поднесе истото барање. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, денеска пред почетокот на состанокот во Луксембург изјави дека министрите ќе разговараат за повикот на ОН за „хуманитарна пауза“ и дека сега „најважно е хуманитарната поддршка да оди во Газа. “. Шпанија, Белгија, Холандија и Ирска недвосмислено се за прекин на огнот. Од друга страна, Австрија и Чешка имаат иста позиција како Германија, додава ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-se-protivi-na-baraneto-na-eu-za-humanitaren-prekin-na-ognot-vo-gaza/feed/ 0
Шпанија е против предлогот на ЕУ за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-e-protiv-predlogot-na-eu-za-namaluvanje-na-potroshuvachkata-na-gas-za-15-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-e-protiv-predlogot-na-eu-za-namaluvanje-na-potroshuvachkata-na-gas-za-15-otsto/#respond Wed, 20 Jul 2022 19:56:10 +0000 https://kurir.mk/?p=708084

За шпанската Влада предлогот на Европска Унија за 15 отсто намалување на гасот за сите земји-членки на ЕУ, го оцени како неправеден и неефикасен. Шпанската министерка за еколошка транзиција Тереса Рибера истакна дека Мадрид ќе се спротивстави на наметнување на обврски „што се под тоа што и припаѓа“. – Шпанските семејства нема да трпат прекини на гас или електрична енергија во нивните домови. Шпанија ќе ја брани позицијата на шпанската индустрија, истакна Рибера, додавајќи оти сепак Шпанија сака да се солидаризира со другите членки на ЕУ. Европската комисија денеска предложи во следните осум месеци земјите-членки на ЕУ да ја намалат потрошувачката на природен гас за 15 отсто, со цел овој енергенс да биде доволен за основни услуги во текот на зимата, доколку Русија целосно го прекине снабдувањето. Првичните намалувања би биле доброволни. ЕК, исто така, побара ингеренции да воведе задолжителни намалувања во ЕУ, во случај „да постои значителен ризик од сериозен недостиг на гас или исклучително висока побарувачка“ за енергетскиот производ. За планот треба да се дискутира на состанокот на Европскиот совет на 26 јули. Планот предвидува секоја земја да направи се за да ја намали потрошувачката на гас во периодот од август 2022 до март 2023 година во споредба со просекот од изминатите пет години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-e-protiv-predlogot-na-eu-za-namaluvanje-na-potroshuvachkata-na-gas-za-15-otsto/feed/ 0
Мнозинството Јапонци се против одржување на ОИ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnozinstvoto-japonci-se-protiv-odrzuvanje-na-oi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnozinstvoto-japonci-se-protiv-odrzuvanje-na-oi/#respond Sun, 16 May 2021 13:12:08 +0000 https://kurir.mk/?p=510991

Во Јапонија 59,7 проценти од луѓето сметаат дека Олимписките и параолимписките игри во Токио во текот на летото треба да бидат откажани. Тоа го покажуваат резултатите од дводневното национално телефонско истражување објавено денеска. Околу 25,2 проценти од испитаниците се со став дека ОИ треба да се одржат, но без гледачи, а 12,6 проценти се за одржување на игрите со ограничен број публика. Резултатите од анкетата одразуваат голем скептицизам во општеството за двата спортски настана, кои беа одложени од минатата година, поради пандемијата. Сепак, сега, три месеци пред отворањето на ОИ, бројот на заразени продолжува да се зголемува, а кампањата за вакцинација е многу бавна, јавија медиумите во Токио. Околу 80 проценти од анкетираните рекле дека вакцинирањето е бавно, а над 71 процент не се задоволни од работата на владата за справување со ширењето на инфекцијата. Одобрението за владата на премиерот Јошихиде Суга беше 41,1 процент, за разлика од 44,0 според претходното истражување во април, а неодобрувањето се зголеми од 36,1 на 47,3 проценти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnozinstvoto-japonci-se-protiv-odrzuvanje-na-oi/feed/ 0
Повеќето Германци против повластувања за вакцинираните против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekjeto-germanci-protiv-povlastuvanja-za-vakciniranite-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekjeto-germanci-protiv-povlastuvanja-za-vakciniranite-protiv-kovid-19/#respond Sat, 15 May 2021 13:40:54 +0000 https://kurir.mk/?p=510702

Повеќето Германци се убедени дека ограничувањата наметнати поради коронавирусот погрешно ќе бидат укинати за луѓето кои се сметаат за целосно имуни, се вели во студијата спроведена од институтот „Југов“. Институтот за истражувања откри дека 32 проценти од луѓето велат дека ниту една група не смее да има никакви придобивки се додека сите не добијат можност да се вакцинираат, а 21 процент велат дека целосно вакцинираните и закрепнатите лица не треба да се третираат поинаку од невакцинираните. Спротивно на тоа, само 39 проценти од луѓето сметаат дека ограничувањата треба да бидат укинати, според анкетата. Податоците од истражувањето се базираат на онлајн анкета спроведена помеѓу понеделник и среда, во која учествувале 2.049 лица. Од минатата недела, Германија укина голем број ограничувања за целосно вакцинираните – тие можат повторно да се дружат без ограничување на бројот на учесници и повеќе не мора да се придржуваат до ноќниот полициски час. За вакцинираните лица е исто така полесно да патуваат бидејќи обврската за карантин по враќањето во Германија важи само доколку тие доаѓаат од област каде што се присутни нови варијанти на коронавирусот. Вакцинираните лица во голема мерка се ослободени од задолжително тестирање при влез во земјата. Според Институтот Роберт Кох, досега се целосно вакцинирани околу 8,8 милиони луѓе (10,6 проценти), додека првата доза ја примиле околу 29,9 милиони луѓе (35,9 проценти). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekjeto-germanci-protiv-povlastuvanja-za-vakciniranite-protiv-kovid-19/feed/ 0
Германија е против воведување построги санкции за Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-e-protiv-voveduvanje-postrogi-sankcii-za-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-e-protiv-voveduvanje-postrogi-sankcii-za-rusija/#respond Mon, 26 Apr 2021 13:11:28 +0000 https://kurir.mk/?p=502253

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас се изјасни против воведување на построги санкции за Русија поради затворениот опозициски лидер Алексеј Навални, објави ДПА. Шефот на германската дипломатија изјави дека се сомнева оти таквите мерки ќе доведат до подобра ситуација во однос на критиките на Кремљ. – Мислам дека ќе се случи токму спротивното, нагласи Мас. ЕУ со месеци бараше ослободување на Навални, кој е осуден за прекршување на условната казна, која не ја исполни бидејќи замина неколку месеци на лекување во Германија откако беше отруен во Сибир. Мас потсети дека ЕУ веќе двапати употребила слични мерки против Русија – по труењето на Навални и откако беше уапсен по неговото враќање. Сепак, санкциите воведени против Русија во врска со анексијата на Крим и конфликтот во источниот дел на Украина ќе останат во сила сè додека не се постигне решение, увери германскиот министер. – Но, не е во наш интерес да се вклучиме во оваа конфронтација. Ние сакаме дијалог и да бидеме добри соседи со Русија, истакна Мас. Тој додаде дека лошата состојба во односите меѓу Берлин и Москва, како и меѓу ЕУ и Москва, е повод за дијалог. Односите не треба да останат во таа состојба, нагласи Мас, оценувајќи дека „за да се промени тоа, треба да разговараме“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-e-protiv-voveduvanje-postrogi-sankcii-za-rusija/feed/ 0
Пахор против промена на границите и бара брза интеграција на Западен Балкан во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pahor-protiv-promena-na-granicite-i-bara-brza-integracija-na-zapaden-balkan-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pahor-protiv-promena-na-granicite-i-bara-brza-integracija-na-zapaden-balkan-vo-eu/#respond Fri, 16 Apr 2021 12:55:07 +0000 https://kurir.mk/?p=498159

Претседателот на Словенија Борут Пахор денеска ја отфрли идејата за промена на границите на државите од поранешна СФРЈ и истакна дека го поддржува проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан. Пахор на прес-конференцијата рече дека не знае за нон-пејперот и дека за тоа не разговарал со премиерот Јанез Јанша. – Ја бранам тезата дека би било најдобро ЕУ да одлучи да ги вклучи сите земји од Западен Балкан во Унијата, рече Пахор. Тој оцени дека проширувањето на ЕУ станува прашање на време, а не само политичка волја. – Бавното темпо на проширување ја топи довербата во европската перспектива во овие земји, а последиците може да бидат зајакнување на национализмот и зголемување на влијанието на третите земји, рече Пахор, пренесува словенечкиот портал 24ур. Тој истакна дека проширувањето ќе спречи појава на опасни идеи за промена на границите, на што, како што потенцираше, силно се спротивставува. Како претседател на Републиката, јас ја посетив БиХ седум пати. За време на последната посета, ниту пред ниту после, не бев запознаен со никакви неофицијални документи. Јас силно се спротивставувам на идејата за конечно распаѓање на Југославија и промена на границите, рече словенечкиот претседател. Според него, мирен процес на промена на границите на Западен Балкан не е можен. – Брзиот процес на интеграција на земјите од Западен Балкан во евро-атлантските организации ќе го зајакне принципот на територијалниот интегритет на земјите и безбедноста и стабилноста на цела Европа, рече Пахор. – Овие, предупреди тој, се многу чувствителни прашања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pahor-protiv-promena-na-granicite-i-bara-brza-integracija-na-zapaden-balkan-vo-eu/feed/ 0
СЗО против воведувањето Ковид-пасош https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-protiv-voveduvanjeto-kovid-pasosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-protiv-voveduvanjeto-kovid-pasosh/#respond Tue, 09 Mar 2021 07:17:37 +0000 https://kurir.mk/?p=479301

Светската здравствена организација (СЗО) денеска повтори дека вакцинацијата едноставно не е достапна ширум светот и не е достапна врз фер основа. Високиот официјален претставник на СЗО,Мајкл Рајан, рече дека таканаречените Ковид пасоши не треба да се користат за меѓународни патувања, поради големиот број проблеми, вклучувајќи ги и етичките причини, бидејќи вакцините против коронавирусот не се лесно достапни на глобално ниво. Шефот за вонредни операции во СЗО додаде дека постојат „вистински практични и етички размислувања“ за земјите што го разгледуваат прашањето за користење на сертификатите за вакцини како услов за патување, додавајќи дека Агенцијата за здравство на Обединетите нации засега не го препорачува. -Вакцинацијата едноставно не е достапна ширум светот и не е достапна на фер основа, рече Рајан на брифинг со новинарите, пренесуваат американските медиуми. СЗО претходно забележа дека се уште не е познато колку трае имунитетот од големиот број лиценцирани вакцини прогив Ковид-19 и дека податоците се уште се собираат. Рајан, исто така, истакна дека стратегијата може да биде неправедна кон луѓето кои поради некоја причина не можат да се вакцинираат и дека барањето Ковид пасош може да овозможи „неправдата и неправедноста дополнително да се вметнат во системот“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-protiv-voveduvanjeto-kovid-pasosh/feed/ 0
Трудо повика на единствен фронт против Кина заради апсењето странски државјани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trudo-povika-na-edinstven-front-protiv-kina-zaradi-apsenjeto-stranski-drzavjani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trudo-povika-na-edinstven-front-protiv-kina-zaradi-apsenjeto-stranski-drzavjani/#respond Fri, 15 Jan 2021 07:03:10 +0000 https://kurir.mk/?p=455527

Канадскиот премиер Џастин Трудо ги повика земјите ширум светот да создадат единствен фронт против апсењето странски државјани во Кина. Британските медиуми јавуваат дека Трудо ова го побара откако Канада повеќепати бараше од своите партнери да извршат притисок врз Пекинг да ослободи двајца уапсени канадски државјани. -Имаме огромно ниво на координација, не само со САД, туку и со сојузниците ширум светот, со цел постојано да го поставуваме прашањето за присилната дипломатија, што Кина се почесто ја користи, рече Трудо во интервју емитувано вчера. „Кина уапси двајца мажи откако канадската полиција, по американски налог, ја уапси шефицата на финансиската служба на компанијата „Хуаевј“, Менг Ванџу. Таа се наоѓа во домашен притвор во Ванкувер додека ја води правната битка за да биде испорачана во Кина, додаваат британските медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trudo-povika-na-edinstven-front-protiv-kina-zaradi-apsenjeto-stranski-drzavjani/feed/ 0
Операција против организиран криминал во Берлин и Хамбург https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/operacija-protiv-organiziran-kriminal-vo-berlin-i-hamburg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/operacija-protiv-organiziran-kriminal-vo-berlin-i-hamburg/#respond Thu, 10 Dec 2020 10:23:35 +0000 https://kurir.mk/?p=441374

Стотици германски полицајци почнаа претреси во Берлин и Хамбург во врска со организиран криминал, соопштија властите. „Повеќе од 500 полицајци во моментов извршуваат 27 налози за претрес и три налози за апсење во Берлин и Хамбург“, соопшти берлинското обвинителство на Твитер, прецизирајќи дека операцијата е насочена кон организиран криминал, без да се наведат повеќе детали. Билд пишува дека истрагата е поврзана со „трансакции со недвижнини“ спроведени од мафијашки криминални организации, додавајќи дека операциите се спроведуваат во берлинските области Мите, Шарлотенбург и Шпандау. Министерството за транспорт на државата Берлин објави дека поради тие операции сообраќајот низ градот утрово е ограничен. Според германските медиуми, во истрагата биле опфатени особено два клана, еден арапски и еден курдски. Мафијашки кланови, исклучително присутни во германската престолнина, неодамна се појавија на насловните страници поради нивната наводна вмешаност во спектакуларната кражба на дијаманти од музејот во Дрезден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/operacija-protiv-organiziran-kriminal-vo-berlin-i-hamburg/feed/ 0
Градоначалникот на Заев против главниот преговарач на Заев: Неговите тези се велепредавство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnikot-na-zaev-protiv-glavniot-pregovarach-na-zaev-negovite-tezi-se-velepredavstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnikot-na-zaev-protiv-glavniot-pregovarach-na-zaev-negovite-tezi-se-velepredavstvo/#respond Wed, 02 Dec 2020 21:11:03 +0000 https://kurir.mk/?p=437850

Парафразирањето на Бучковски дека Македонците и Бугарите се еден народ во две држави (ставот на соседот) и повикот до нашите историчари да излезат од рамките на историографијата на поранешната држава (НОБ, АВНОЈ и АСНОМ) се чин на велепредавство, напиша на својот профил на Фејсбук Максим Димитриевски, вели градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ. „Обидот на мала врата да се пласираат теориите дека за бугарската страна е прифатливо дека македонскиот народ постои од 1944 година е само потврдување на тезите дека ние сме вештачка творевина. Ваквите изјави се спротивни на македонските национални интереси и позиции, воедно спротивни и на Уставот и неговата Преамбула која се повикува на актите на Крушевското востание, АСНОМ и Референдумот од 91ва. Денеска во 21ви век тоа го слушаме од Бучковски, поранешен премиер исклучен од редовите на СДСМ, човек кој во партијата се обиде идеологијата да ја замени со клиентелизам, лојалност и интриги. Како долгогодишен и активен социјалдемократ јавно се оградувам од ваквите изјави кои ги сметам за лични и погрешни и во ниту еден момент не можат да добијат суштинска поддршка од мене а верувам ниту од членството, а најмалку од јавноста“, напиша Димитриевски на својата Фејсбук страница. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnikot-na-zaev-protiv-glavniot-pregovarach-na-zaev-negovite-tezi-se-velepredavstvo/feed/ 0