противпожарна бригада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Apr 2022 09:31:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png противпожарна бригада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Успешна асистенција на скопските пожарникари, спасиле планинарка на Водно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-uspeshna-asistencija-na-skopskite-pozarnikari-spasile-planinarka-na-vodno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-uspeshna-asistencija-na-skopskite-pozarnikari-spasile-planinarka-na-vodno/#respond Thu, 21 Apr 2022 09:29:29 +0000 https://kurir.mk/?p=666424

Скопските пожарникари рано утринава добиле повик за асистенција на Брзата помош поради планинарка на која и била потребна помош. Како што дознаваме на жената и се слошило на една од планинарските патеки, но поради непроодност на теренот медицинските екипи не можеле да дојдат до неа, па помош била побарана од противпожарната бригада. Пожарникарите ја лоцирале жената, по што безбедно ја пренеле до местото каде и била пружена лекарска помош. -Утринава добивме повик за асистенција од Брзата помош. Во близина на средно Водно беше потребно да се извлече жена и пренесе до локација каде можеше да и биде пружена помош, по што беше преземена од екипата на Брза помош, вели за Курир, Ѕвонко Томевски командир на скопската противпожарна бригада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-uspeshna-asistencija-na-skopskite-pozarnikari-spasile-planinarka-na-vodno/feed/ 0
Скопска противпожарна бригада: Билјана и Менка го ризикуваат својот за да спасат туѓ живот и имот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopska-protivpozarna-brigada-biljana-i-menka-go-rizikuvaat-svojot-za-da-spasat-tugj-zivot-i-imot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopska-protivpozarna-brigada-biljana-i-menka-go-rizikuvaat-svojot-za-da-spasat-tugj-zivot-i-imot/#respond Wed, 20 Feb 2019 13:10:42 +0000 https://kurir.mk/?p=166034

Храбри, духовити, но пред се хумани, жени кои им пркосат на предрасудите и кои докажуваат дека нема поделба на машки и женски професии. Тоа се двете жени пожарникарки Билјана Денчовска и Менка Стојаноска кои рамноправно со нивните колеги од Скопската противпожарна бригада се справуваат со секојдневните предизвици што ги носи оваа професија. Билјана веќе има 15-годишно работно искуство како пожарникар и уште како дете ја сакала униформата, а Менка, пак, е меѓу новопримените пожарникари која без никакви предрасуди се пријавила на конкурсот за вработување и успешно ги мина сите тестирања. Во разговорот за МИА двете велат дека се пронашле себеси во оваа професија која пред се е хумана и благородна. Поривот да се помогне е она што ги поттикнало да се занимаваат со пожарникарство. Посочуваат дека меѓу народот се уште постојат стереотипи и сомнежи дека оваа професија не може да ја извршуваат жени, но додаваат дека најважно е човек да нема предрасуди во себеси бидејќи тоа го чувствува и околината. – Убаво е кога на едно место ќе има повеќе различности. Ние како жени поинаку гледаме некои работи и мислам дека поголем успех се постигнува доколку се измешани мажи и жени во еден тип на работа. Многу е интересна конуникацијата машко-женско и се создава една поинаква енергија, отколку на едно место да бидат само мажи или само жени, вели Менка. Со колегите имаат коректен однос и кај нив не забележале никакви сомнежи. На почетокот и било потешко на Билјана, која како прва жена пожарникар требала да го трасира патот и да докаже дека е рамноправна и може да ги извршува работните задачи. Велат дека 90 проценти од колегите се појаки од нив, но оти тие како жени се поемотивни и издржливи и најголемата енергија и сила ја црпат од емоциите. – Една од првите интервенции ми беше пожар во барака во Драчево. Луѓето не беа дома. Не ми беше страв, но, се расплакав. Ме совладаа емоциите и размислував каде сега ќе престојуваат луѓето, што ќе прават…….., раскажува Билјана, додавајќи дека тие траорни сцени остануваат врежани во сеќавање долго време. Додава дека во дадени ситуации покрај тоа што треба професионално да ја завршат работата, разговараат и со луѓето со цел да ги утешат. – Понекогаш мораме да бидеме и психолози. Седиме и разговараме со луѓето. Дури се создаваат и пријателства. Всушност најголемата придобивка е кога ќе видиш дека си корисен и тоа ни дава дополнителна енергија, истакнува Билјана. На тоа се надоврзува Менка, велејќи дека со пожарот не се уништуваат само материјалните нешта, туку луѓето ги губат и спомените. Посебно тешки се сцените при техничките интервенции на сообраќајни несреќи или спасување на давеници кога во трката за да се спаси туѓиот живот, понекогаш го става во ризик сопствениот живот. – Ние го ризикуваме сопствениот живот за да спасиме туѓ живот или материјално добро. Важно е граѓаните да сфатат дека треба повеќе да ни остават простор да си ја завршиме работата и да бидат свесни дека е даден максимумот. Честопати луѓето не се свесни дека пречат при интервенцијата. Се собираат, вршат притисок, снимаат со телефон, коментираат. Повеќето интервенции се успешно завршени бидејќи имаме храбро срце, вели Менка. Двете се согласни дека доколку нештата се прават со љубов, може да се постигне се, па така кога ги прашавме како успеваат да ги усогласат професионалните со домашните обврски велат – „Не е ништо тешко, кога нешто се сака“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopska-protivpozarna-brigada-biljana-i-menka-go-rizikuvaat-svojot-za-da-spasat-tugj-zivot-i-imot/feed/ 0
Скопските пожарникари денес со 9 интервенции, депониите најголем проблем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopskite-pozarnikari-denes-so-9-intervencii-deponiite-najgolem-problem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopskite-pozarnikari-denes-so-9-intervencii-deponiite-najgolem-problem/#respond Mon, 29 Oct 2018 21:41:05 +0000 https://kurir.mk/?p=121123

Пожарникарите од скопската противпожарна бригада денеска имале девет интервенции. Најсериозен бил пожарот кој избувна во соба од затворско одделение во Казнено-поправниот дом „Шутка“ каде опожарени биле 15 квадратни метри. Во гаснењето на пожарот противпожарната бригада интервенирала со пет возила и 11 пожарникари. Командирот на противпожарната бригада во Скопје Ѕвонко Томевски за Курир вели дека денес интервенција имале и во мини депонијата во Драчево кај поранешната циглана. Според него чести се интервенциите на пожарникарите во депониите, за кои вели дека се најголемиот проблем. Речиси секојдневни се пријавите за опожарени мини депонии низ Скопје. Околу 18 часот пожарникарите интервенирале и во двокатна куќа позади ТЦ Буњаковец од каде излегувал чад. Причината за чадот била заборавено тенџере на шпорет. Противпожарните екипи денес имале помали интервенции и на Бит Пазар, Бутел...]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopskite-pozarnikari-denes-so-9-intervencii-deponiite-najgolem-problem/feed/ 0
Два автомобили запалени утрово во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dva-avtomobili-zapaleni-utrovo-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dva-avtomobili-zapaleni-utrovo-vo-skopje/#respond Fri, 03 Aug 2018 08:02:46 +0000 https://kurir.mk/?p=84077

Во два одделни инциденти, рано утринава се запалени два автомобили во Скопје. Како што информира Противпожарната бригада на град Скопје, во гасењето на првиот автомобил што бил запален на улицата „Дурмиторска“ бр 8 а учествувало едно противпожарно возило со четири пожарникари. Пожарот, од кој била предизвикана штета од 150.000 денари, бил локализиран во периодот од 2:35 до 3:35 часот. Второто возило било запалено на улицата „Мирослав Крлежа“ бб и во неговото гасење во периодот од 4:05 до 5:10 часот утринава, исто така, учествувало едно противпожарно возило со четворица пожарникари. Штетата што е предизвикана од вториот пожар засега е неутврдена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dva-avtomobili-zapaleni-utrovo-vo-skopje/feed/ 0