противпожарна служба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Jan 2023 09:42:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png противпожарна служба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За 48 часа противпожарната служба на Грција примила 422 повици поради невремето https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-48-chasa-protivpozharnata-sluzhba-na-grtsija-primila-422-povitsi-poradi-nevremeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-48-chasa-protivpozharnata-sluzhba-na-grtsija-primila-422-povitsi-poradi-nevremeto/#respond Fri, 27 Jan 2023 09:42:11 +0000 https://kurir.mk/?p=792693

Од средата до шест часот утрово, противпожарната служба на Грција примила 422 повици за помош поради невремето со дожд, снег и силен ветер што ја зафати земјата, објави грчката телевизија „Скај“. Повиците во главно се однесувале на затнати одводи, спасување од лифтови, сечење дрвја и префрлање на луѓе на безбедни места. Половина од повиците, односно 210 биле во областа Атика, поширокиот регион на Атина. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-48-chasa-protivpozharnata-sluzhba-na-grtsija-primila-422-povitsi-poradi-nevremeto/feed/ 0
Новиот француски премиер: Нема да има веќе карантин на државно ниво https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-francuski-premier-nema-da-ima-vekje-karantin-na-drzavno-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-francuski-premier-nema-da-ima-vekje-karantin-na-drzavno-nivo/#respond Wed, 08 Jul 2020 10:00:55 +0000 https://kurir.mk/?p=371568

Новиот француски премиер Жан Кастекс изјави денеска дека секој следен карантин нема да се воведе во целата земја доколку има ново зголемување на бројот на луѓе заразени од коронавирусот. Претходната француска влада воведе строги мерки за затворање од средината на март до средината на мај, а одредени ограничувања на јавните собири се уште се на сила. – Мора да бидеме подготвени за вториот бран, но нема да воведеме карантин во целата земја како во март, бидејќи тоа има ужасни економски и хуманитарни последици, изјави Кастекс за телевизијата БФМ. Пред да ја преземе функцијата премиер, Кастекс беше координатор на националната стратегија за постепено укинување на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-francuski-premier-nema-da-ima-vekje-karantin-na-drzavno-nivo/feed/ 0
По четири часа борба локализиран пожарот во велешко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-chetiri-chasa-borba-lokaliziran-pozarot-vo-veleshko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-chetiri-chasa-borba-lokaliziran-pozarot-vo-veleshko/#respond Mon, 26 Aug 2019 21:52:35 +0000 https://kurir.mk/?p=233705

Противпожарните служби и доброволците кои помагаа го локализираа пожарот кој беснееше во велешко. -По 4 часовна борба со пожарот во Велес ве информираме дека пожарот е локализиран на сите три позиции, информира скопската противпожарна служба на Фејсбук која се приклучи во гаснењето на огнената стихија. Пожарот неофицијално настана откако неколку лица работеле на изградба на куќа, со алат кој предизвикува искрење при што се запалила сува трева. Поради силниот ветер огнот брзо се проширил и зафатил голема површина. Од МВР потврдија дека поради сомнение за подметнување пожар приведени се четири лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-chetiri-chasa-borba-lokaliziran-pozarot-vo-veleshko/feed/ 0
Се осовременува Противпожарната единица во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-osovremenuva-protivpozarnata-edinica-vo-kavadarci/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-osovremenuva-protivpozarnata-edinica-vo-kavadarci/#respond Fri, 13 Apr 2018 11:01:30 +0000 https://kurir.mk/?p=40107

Во функција на осовременување на Противпожарната во Кавадарци, денеска беше донирано возило за брза интервенција. Кавадаречката компанија „Екстра бус” обезбеди џип „туарег” командно возило, за пожарникарите да можат да стигнуваат навреме при пожари, но и при елементарни непогоди и сообраќајки. - Се заземавме сериозно во делот на територијалната противпожарна заштита, да ја направиме на највисоко можно ниво. Имавме прва фаза на реконструкција на зградата на пожарната, сега имаме тендер во втора фаза за правење на нови гаражи и уште набавка на две возила што ќе бидат од донација. Во меѓувреме имаме вработување на 16 нови пожарникари. Кавадарци до крајот на август ќе биде за пример како треба да функционира една противпожарна служба, рече кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Тој нагласи дека жителите на Кавадарци и Росоман заслужуваат да имаат беспрекорна противпожарна заштита. Командирот на Територијалната противпожарна единица, Илчо Богевски изрази благодарност за донираното возило кое ќе се користи при технички интервенции. Тој информираше дека во 2017 година имало 230 пожари од кои 150 во градот и на затворен простор, 70 се шумски пожари на отворен простор и 10 се технички интервенции, за жал при тешки сообраќајни несреќи. Во оваа година, досега има евидентирано 70 пожари од кои 60 се во градското подрачје, пет надвор од градот и исто толку технички интервенции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-osovremenuva-protivpozarnata-edinica-vo-kavadarci/feed/ 0