противпожарна заштита – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Sep 2021 19:38:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png противпожарна заштита – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Центар за противпожарна обука и спасување по светски стандарди наменски организиран, современо опремен и спремен за користење (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centar-za-protivpozarna-obuka-i-spasuvanje-po-svetski-standardi-namenski-organiziran-sovremeno-opremen-i-spremen-za-koristenje-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centar-za-protivpozarna-obuka-i-spasuvanje-po-svetski-standardi-namenski-organiziran-sovremeno-opremen-i-spremen-za-koristenje-video/#respond Tue, 14 Sep 2021 19:38:35 +0000 https://kurir.mk/?p=563721

По повеќемесечни подготовки и финансиски вложувања, македонската компанија „КОУЗОН“ го претстави пред јавноста првиот наменски организиран полигон и едукативен центар за обука на пожарникари – спасители, обуки за сите видови на противпожарна заштита и поморски сертификати. Тренинг центарот е на површина од 5.100 m2, лоциран во кругот на поранешниот Хемиски комбинат „ОХИС“ во Скопје и ги има сите услови да биде средиште на сите идни обуки на македонските професионални пожарникари - спасители, но и на доброволните пожарникари, тимови за заштита и справување со шумските пожари. Според најавите, на полигонот на овој тренинг центар планирано е да се изведуваат обуки за извлекување на лица од тешки сообраќани несреќи, обуки за прва помош и спасување во случај на масовни несреќи и обуки за спасување од поплави.
„Концептот за функционирање на вакви тренинг центри е развиен во државите на ЕУ и светот. Нашата иницијатива е во склоп на еден дел од активностите на фирмата и интернационалните проекти каде испраќаме на работни проекти македонски пожарникари што ги обучуваме во соработка со партнерите од Англија“ - изјави Зоран Кочоски, менаџер на „Коузон“.
Во периодов што следува, „Коузон“ планира да инвестира средства во купување на противпожарно навално возило, но и неколку АТВ-возила со противпожарна опрема за брза интервенција за гасење на шумски пожари и современа опрема за извлекување и спасување од елементарни непогоди.
„Имаме иницијатива до државните институции кои се дел од системот за заштита и спасување да го ставиме на располагање нашиот тренинг центар на нивно располагање и по примерот на јавно-приватно партнерство да работиме на заеднички проекти за развивање на системот за превенција и спасување од пожарни и други природни катастрофи“ изјавува Кочоски.
Специфика на работењето на фирмата „КОУЗОН“ е тоа што е лидер во цела Источна Европа во областа на вработувањата на бродските Cruises компании, а од 2014 година во соработка со Интернационалната компанија FIRE AID од Англија, станаа и водечка светка компанија која времено вработува македонски пожарникари на проекти ширум светот. Преку овие проекти „Коузон“ има ангажирано повеќе од 340 македонски пожарникари и активно работи на процесот на заживување на доброволното пожарникарство во Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centar-za-protivpozarna-obuka-i-spasuvanje-po-svetski-standardi-namenski-organiziran-sovremeno-opremen-i-spremen-za-koristenje-video/feed/ 0