противракетни системи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Oct 2022 16:13:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png противракетни системи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД сакаат да испорачаат за Украина противракетни системи „HAWK“, тврдат упатени извори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-sakaat-da-isporachaat-za-ukraina-protivraketni-sistemi-hawk-tvrdat-upateni-izvori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-sakaat-da-isporachaat-za-ukraina-protivraketni-sistemi-hawk-tvrdat-upateni-izvori/#respond Tue, 25 Oct 2022 16:13:42 +0000 https://kurir.mk/?p=750332

САД разгледуваат опции да испратат во Украина од постарите системи за противвоздушна одбрана „HAWK“, како поддршка во одбраната од нападите со руски беспилотни летала и крстосувачки ракети. Тоа за западни медиуми го изјавија двајца американски претставници кои инсистирале на анонимност. Ракетите-пресретнувачи „HAWK“ би биле надградба на ракетните системи „Стингер“ – рачните ракетни противвоздушни системи со мал дострел – какви што САД веќе им доставија на украинските сили по руската инвазија. Администрацијата на Бајден би искористила претседателски можности – да префрлаат одбранбена опрема без одобрение од Конгресот – за да се пренесе опремата „HAWK“, втемелена врз застарена технологија од времето на Виетманската војна, но неколкупати потоа надградувана. Засега во западните медиуми не се споменува колку системи и проектили „HAWK“ САД имаат на располагање за испорака. Белата куќа засега нема коментар по информациите. Системот „HAWK“ е основа врз која подоцна е изработен ракетниот одбранбен систем „Патриот“, што засега не е на листата опрема предвидена за испорака за Украина. Американскиот претседател Џо Бајден му вети на украинскиот претседател Володомир Зеленски дека Вашингтон ќе и обезбеди на Украина напредни системи за ПВО по разорните ракетни напади на руските сили претходно овој месец. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-sakaat-da-isporachaat-za-ukraina-protivraketni-sistemi-hawk-tvrdat-upateni-izvori/feed/ 0