протокол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 05 May 2023 16:52:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png протокол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Познат точниот распоред, еве кога ќе започне крунисувањето на кралот Чарлс Трети https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poznat-tochniot-raspored-eve-koga-ke-zapochne-krunisuvaneto-na-kralot-charls-treti/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poznat-tochniot-raspored-eve-koga-ke-zapochne-krunisuvaneto-na-kralot-charls-treti/#respond Fri, 05 May 2023 16:52:08 +0000 https://kurir.mk/?p=831023

Датумот на крунисувањето на кралот Чарлс Трети е закажан за утре. Очите на јавноста во Британија се насочени кон дворецот и сите настани кои претстојат. Чарлс Трети официјално ќе биде поставен на британскиот трон по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора. Сопругата на Чарлс, Камила, исто така ќе биде крунисана за кралица во Вестминстерската опатија. Во 6 часот официјално се отворени патиштата по кои ќе минува кралската поворка. Гостите планирано е да пристигнуваат во 7:15 часот, а во 9 часот претставниците на Римската курија, највисокиот орган на Светата столица, пристигнуваат во Вестминстерската опатија. 9:30 и 10:45 пристигнување на членовите на кралското семејство, шефови на држави и поранешни премиери. 10:20 часот Кралот и кралицата заминуваат од Бакингемската палата во Вестминстерската опатија каде што се одржува крунисувањето. 11:00 почеток на крунисувањето 13:00 крај на крунисувањето/ Кралот и кралицата се упатуваат кон Бакингемската палата, а кочиите ќе ги обезбедуваат 4.000 војници. 13:45 кралот и кралицата ќе ги поздрават присутните од западната тераса на Бакингемската палата Во 14:15 часот членовите на кралското семејство ќе се соберат на терасата за да ги поздрават кралот и кралицата Свечениот ручек е закажан за 7 мај, кога, според најавата од официјалната веб-страница, како главно јадење ќе се служи топол киш со крцкаво и лесно пециво и свежи вкусови на спанаќ, грав и тарагон, препорачани од кралот и кралицата. Се служи со зелена салата и варени млади компири.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poznat-tochniot-raspored-eve-koga-ke-zapochne-krunisuvaneto-na-kralot-charls-treti/feed/ 0
„Директорот на протокол на МНР кој што го згреши знамето не е разрешен, туку унапреден во амбасадор во Москва“ – обелоденува ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-protokol-na-mnr-koj-shto-go-zgreshi-znameto-ne-e-razreshen-tuku-unapreden-vo-ambasador-vo-moskva-obelodenuva-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-protokol-na-mnr-koj-shto-go-zgreshi-znameto-ne-e-razreshen-tuku-unapreden-vo-ambasador-vo-moskva-obelodenuva-vmro-dpmne/#respond Tue, 01 Nov 2022 09:02:27 +0000 https://kurir.mk/?p=753686

Бујар Османи не ја кажа вистината кога соопшти дека директорот на протоколот наводно поднел оставка поради згрешеното знаме за време на посетата на словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон, обелоденуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Вистината е дека тој добил датум и е унапреден за амбасадор во Москва. Се поставува прашањето зошто Османи ја лаже јавноста? Неспособноста е длабоко вкоренета во институциите. Како човек кој не разликува знаме, може да преставува држава?“  - се наведува во партиското соопштение. Претходно, шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во емисијата 24 Анализа, рече дека одговорното лице за протокол во Министерството за надворешни работи си поднело оставка по поставувањето на словачкото наместо словенечкото знаме. -Тоа беше едно од десетте знамиња и кога имате интензивна агенда се прават грешки. Директорот на протоколот поднесе оставка иако немаше никаква директна одговорност која ја прифатив. Тоа се други луѓе, а поради морална одговорност поднесе оставка, работеше една година, рече Османи во емисијата. Кон средината на октомври во посета на Македонија беше словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон, а на средбата со Османи, министерот ја пречека со знамето на Словачка, наместо со Словенија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-protokol-na-mnr-koj-shto-go-zgreshi-znameto-ne-e-razreshen-tuku-unapreden-vo-ambasador-vo-moskva-obelodenuva-vmro-dpmne/feed/ 0
Шефот на протоколот на МНР си поднел оставка за грешката со словенечкото знаме, работел една година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shefot-na-protokolot-na-mnr-si-podnel-ostavka-za-greshkata-so-slovenechkoto-zname-rabotel-edna-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shefot-na-protokolot-na-mnr-si-podnel-ostavka-za-greshkata-so-slovenechkoto-zname-rabotel-edna-godina/#respond Tue, 01 Nov 2022 06:11:21 +0000 https://kurir.mk/?p=753488

Одговорното лице за протокол во Министерството за надворешни работи си поднело оставка по поставувањето на словачкото наместо словенечкото знаме. Ова го потврди синоќа шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во емисијата 24 Анализа. - Тоа беше едно од десетте знамиња и кога имате интензивна агенда се прават грешки. Директорот на протоколот поднесе оставка иако немаше никаква директна одговорност која ја прифатив. Тоа се други луѓе, а поради морална одговорност поднесе оставка, работеше една година, рече Османи во емисијата. Кон средината на октомври во посета на Македонија беше словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон, а на средбата со Османи, министерот ја пречека со знамето на Словачка, наместо со Словенија.   https://kurir.mk/makedonija/vesti/nov-sram-za-makedonija-osmani-ja-precheka-ministerkata-na-slovenija-so-zname-na-slovachka-mnr-deneska-se-izvini/
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shefot-na-protokolot-na-mnr-si-podnel-ostavka-za-greshkata-so-slovenechkoto-zname-rabotel-edna-godina/feed/ 0
МНР ја објави официјалната потпишана верзија од Протоколот со Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-ja-objavi-oficijalnata-potpishana-verzija-od-protokolot-so-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-ja-objavi-oficijalnata-potpishana-verzija-od-protokolot-so-bugarija/#respond Fri, 29 Jul 2022 14:08:47 +0000 https://kurir.mk/?p=711945

Министерството за надворешни работи денеска ја објави официјалната потпишана верзија од Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија. Протоколот (линк до Протоколот), на 17-ти јули во Софија го потпишаа шефовите на дипломатијата на Северна Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска. Потписот на министрите Османи и Генчовска врз документот, кој воедно е записник од втората седница на Мешовитата македонско-бугарска комисија, се смета за отворање на патот кон почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-ja-objavi-oficijalnata-potpishana-verzija-od-protokolot-so-bugarija/feed/ 0
ОБЈАВЕН Е БИЛАТЕРАЛНИОТ ПРОТОКОЛ КОЈ ДЕНЕСКА ГО ПОТПИШАА ОСМАНИ И ГЕНЧОВСКА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-e-bilateralniot-protokol-koj-deneska-go-potpishaa-osmani-i-genchovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-e-bilateralniot-protokol-koj-deneska-go-potpishaa-osmani-i-genchovska/#respond Sun, 17 Jul 2022 19:40:48 +0000 https://kurir.mk/?p=706682

Министерството за надворешни работи го објави билатералниот протокол кој денеска во Софија го потпишаа шефовите на дипломатиите на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска. По враќањето од Софија, Османи пред новинарите го презентираше билатералниот протокол и рече дека сите обврски за историјата доаѓаат дури откако ќе се усогласат историчарите во Мешовитата историска комисија. Во продолжение интегрално билатералниот протокол меѓу Северна Македонија и Бугарија: Во согласност со Договорот од 2017 и заедничкиот интерес за зацврстување на добрососедските и партнерски односи, двете држави се ангажираат да работат за исполнување на следните мерки: Република Бугарија изјавува подготвеност да се согласи да се одржи првата политичка меѓувладина конференција на ЕУ и Република Северна Македонија, со разбирање дека следната Меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство ќе се одржи веднаш откако Република Северна Македонија во својот Устав ќе ги вклучи оние нејзини граѓани кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, како што е бугарскиот народ. Мерки кои треба да бидат преземени пред Меѓувладината конференција за комплетирање на фазата на отворање на пристапните преговори Владата на Република Северна Македонија се согласува следната Меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство на Република Северна Македонија да се одржи откако во сила ќе влезe измената на Уставот на Република Северна Македонија за вклучување на оние нејзини граѓани кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, како што е бугарскиот народ, согласно внатрешните процедури, вклучително и уставен закон за нивно спроведување. Владата на Република Бугарија изразува подготвеност веднаш по усвојувањето на заклучоците на Советот на Европската унија согласно конечниот предлог на Француското претседателство да ги повлече своите резерви за склучување на предлог Договорот меѓу Европската унија и Република Северна Македонија за статусот на Фронтекс-Frontex. Владата на Република Северна Македонија во согласност со чл. 11 ал. 5 од Договорот од 2017, потврдува дека ништо во нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статутот и правата на лица, кои не се граѓани на Република Северна Македонија. Двете држави да разменат, согласно член 12 од Програмата меѓу владата на Република Северна Македонија и владата на Република Бугарија за соработка во областа на образованието, науката, копии од сите образовни програми, учебници, учебни помагала и други релевантни учебни материјали во образовните програми на двете држави. Говор на омраза Државите ја потврдуваат обврската за преземање на мерки против секој вид на говор на омраза и ги определуваат министерствата за надворешни работи за контакт и за информирање на надлежните институции за заедничко идентификување на такви случаи, во написи на јавни згради и споменици, текстови во учебници и учебни програми, како и во јавниот простор. Државите ќе создадат, без одложување, соодветна процедура и конкретни чекори за преземање на брзи и ефективни мерки при идентификување на такви случаи. Двете држави ќе преземат ефикасни мерки за превенирање на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат активности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични активности, кои би наштетиле на нивните односи. Рехабилитација на жртвите на репресии во комунистичкиот период Владата на Република Северна Македонија, во согласност со “Декларацијата за извинување на жртвите од репресиите од режимот во периодот 1945-1990 година” усвоена во 2006 год. од Собранието на тогашната Република Македонија и во духот на Резолуцијата на Европскиот парламент за Европската совест и тоталитаризмот од 2009 год., да ја реафирмира осудата и извинувањето за неправдите и репресиите извршувани во минатото, директно или индиректно, од страна на југословенските комунистички власти против граѓани врз основа на нивното етно-политичко самоопределување, вклучително и Бугарите. Владата на Република Северна Македонија изјавува дека ќе ја создаде неопходната сеопфатна правна рамка за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на поранешните служби за државната безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилното и воено разузнавање и контраразузнавање во периодот 1945-1991 година. Оваа сеопфатна правна рамка ќе создаде јасни можности за слободен, неограничен и навремен пристап, проучување, право на употреба, објавување и институционално проучување и заштита на соодветните документи. Бугарија изјавува дека веќе овозможила и ќе продолжи да овозможува пристап кон архивите на репресивниот апарат на поранешните служби на државната безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилното и воено разузнавање и контраразузнавање, со што создаде јасни можности за слободен, неограничен и благовремен достап, за проучување и право за употреба, објавување и институционално проучување и заштита на соодветните документи. Темата за историјата По потпишувањето на овој Протокол, државите ќе ги објават на интернет страните на двете влади сите веќе усвоени препораки од досегашната работа на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, во рок од еден месец. Согласно чл. 8 ал. 3 од Договорот, двете држави прифаќаат во 2022 и 2023 да ги чествуваат сите заеднички историски настани и личности кои се веќе договорени од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања. Доколку има политичка волја од двете држави, ќе се прославуваат и други заеднички историски настани и личности. Владата на Република Северна Македонија ќе подготви и достави прелиминарен урнек од лекција за 7 одделение од образовната програма на Република Северна Македонија на тема Самоилова држава, во согласност со препораката на Комисијата, во согласност со чл. 8 ал. 2 од Договорот. Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања ќе разработи и реализира план за работа, кој предвидува одржување на 8 до 10 состаноци на годишно ниво. Мерки кои треба да бидат превземени по одржувањето на Меѓувладината конференција за комплетирање на фазата на отворање на пристапните преговори Владата на Република Северна Македонија до почетокот на учебната година 2023-2024 да ја промени содржината на учебникот по географија за 7 одделение, заради неосновани етнички/територијални претензии. Двете држави се согласија, при утврдување на други случаи на неосновани етнички/територијални претензии во учебници и учебни помагала, тие да бидат извадени од образовните програми и нивната содржина да биде променета. Двете страни се обврзуваат последователно меѓусебно да се информираат за сите промени во содржината на сите учебници, учебни помагала и методолошки поими во своите образовни програми и да достават копии од новите изданија. Говор на омраза Двете држави преку дипломатските канали меѓу министерствата за надворешни работи да продолжат да разменуваат информации во врска со говор на омраза, идентификувани натписи и знаци на јавни згради и споменици, текстови во учебници и учебни материјали, како во јавниот простор на територијата на другата држава, и да информираат во разумен рок за преземените активности од соодветната држава за неодложно отстранување на идентификуваните случаи на говор на омраза. Двете држави да гарантираат дека државното финансирање на нови книги, документарни изданија и списанија, филмови и друга уметничка продукција, како и на споменици на културата и прослави, ќе се реализира во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, и во овој контекст, секој субјект финансиран од државата ќе потврди преку јасна и обврзувачка изјава дека ќе го следи со неопходното внимание прашањето за неприфаќање на сите форми на говор на омраза и непочитувањето на оваа должност ќе претставува основа за прекин на понатамошното државно финансирање на ваквиот субјект. Двете држави ќе преземат ефикасни мерки за превенција на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе одвраќаат активности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични активности кои би ги повредиле нивните односи. Рехабилитација на жртвите на репресии во комунистичкиот период Владата на Република Северна Македонија, во рок од една година, да ја создаде неопходната сеопфатна правна рамка за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на бившите служби на државна безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилно и воено разузнавање и контраразузнавање во периодот 1945-1991 г. Оваа сеопфатна правна рамка ќе создава јасни можности за слободен, неограничен и навремен пристап, проучување, право на употреба, објавување и институционално складирање и заштита на соодветните документи. Владата на Република Бугарија ќе ги сподели своите искуства во оваа област, вклучително во однос на создавањето на специјализиран централизиран архив, врз основа на преземеното законодавство од оваа област од страна на државата во текот на 2006 г. Бугарија ќе продолжи да обезбедува пристап во архивите на репресивниот апарат на бившите служби на државната безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилно и воено разузнавање и контраразузнавање, со што ќе продолжи да создава јасни можности за слободен, неограничен и навремен пристап, проучување, право на употреба, публикување и институционално складирање и заштита на соодветните документи. Темата за историјата Двете држави да се придржуваат кон одобрените текстови од Заедничката меѓувладина комисија по чл. 12, како основа за организирање на заедничко или индивидуално чествување, како и да се придржуваат кон нив во јавните говори и изјави за заеднички личности и настани за кои се организираат ваквите чествувања. Двете држави, преку надлежните институции, да подготват и претстават предлог текстови за лекции врз основа на препораките на Комисијата во однос на настани и историски личности од заедничката историја, за кои Комисијата постигнала согласност – кои ќе бидат приложени кон Протоколот за следниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија по член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, и во иднина да ги вклучат во соодветните учебни програми, учебници и други релевантни учебни материјали, а истите да ги земат предвид и да се рефлектираат врз содржините на натписи на табли, историски споменици, споменици и информациски материјали во музеи и други објекти од образовно и културно значење, како и во информативни медиуми во јавна сопственост. Двете држави ја охрабруваат Комисијата да го заврши прегледот на периодот на Средниот век во рок од една година од потпишувањето на овој Протокол. На следниот состанок на Заедничката комисија по чл. 12 од Договорот, двете држави да ги одобрат препораките на Комисијата за целиот период кој го опфаќа Средниот век. Во согласност со заклучокот 3 од Точката 3 на Протоколот од првата Заедничка меѓувладина конференција од 2019, владите на двете држави да ја охрабрат Комисијата во рок од една година да подготви и да им предложи на двете влади препораки за заедничкото одбележување и чествување на заеднички личности и настани. Двете држави, не покасно од учебната 2024-2025 г., да ги усогласат, каде што е неопходно, сите учебници по историја во учебната програма, така што тие ќе ги одразуваат, до тој момент, постигнатите резултати од работата на Комисијата, во согласност со чл. 8 ал. 2 од Договорот. Двете држави да продолжат да ја поддржуваат и охрабруваат работата на Комисијата, за да ги извршуваат започнатите ангажмани за да ги хармонизираат релевантните учебници и учебни програми, во согласност со резултатите од работата на Комисијата, одобрени од двете влади. Двете држави ја поддржуваат и охрабруваат Комисијата да ја заврши работата за сите периоди од заедничката историја, кои ги поврзува двете држави и нивните народи, во согласност со чл. 8 ал. 2 од Договорот, со цел целосно имплементирање на тие нејзини препораки во образовните програми до членството на Северна Македонија во ЕУ. Република Северна Македонија ќе преземе мерки со кои ќе осигура ефективен пристап до еднакви права, заштита од дискриминација и заштита на културата и идентитетот на бугарската заедница во Република Северна Македонија: Постигнување на одржливи резултати за превенција и реакција против појавите на јазик на омраза против Бугарите во Република Северна Македонија во јавниот простор во Република Северна Македонија. Постигнување на одржливи резултати во превенцијата, истрагата и гонењето кај кривични дела од омраза, појава на јазик на омраза и дискриминација против Бугарите во Република Северна Македонија. Преземање на ефективни мерки за подигнување на свеста, односно институционалните механизми за правата на човекот и подигнување на довербата на Бугарите во Република Северна Македонија кон тие механизми и националните институции. Постигнување на одржливи резултати за гарантирање на слободното остварување на правата на Бугарите во Република Северна Македонија за слободно изразување, заштита и развој на идентитетот и специфичните карактеристики на нивната заедница, како и за слободно употребување на симболите на нивната заедница. Со потпишувањето на овој Протокол, Бугарија потврдува дека ќе даде согласност за усвојување на конечниот предлог на Француското Претседателство со Советот на ЕУ од 30 јуни 2022 за усвојување на Преговарачката рамка и одржување на меѓувладините конференции за почеток и комплетирање на фазата на отворање на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ. Потпишан во Софија на 17 јули 2022 година, во два оригинални примероци, секој од нив на официјалните јазици на државите – бугарски јазик, согласно Уставот на Република Бугарија и македонски јазик, согласно Уставот на Република Северна Македонија, така што двата текста имаат еднаква сила.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-e-bilateralniot-protokol-koj-deneska-go-potpishaa-osmani-i-genchovska/feed/ 0
Македонците до вторник ќе чекаат за да дознаат што содржи протоколот со Бугарија – кој е во право, Генчовска или Османи? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-do-vtornik-kje-chekaat-za-da-doznaat-shto-sodrzi-protokolot-so-bugarija-koj-e-vo-pravo-genchovska-ili-osmani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-do-vtornik-kje-chekaat-za-da-doznaat-shto-sodrzi-protokolot-so-bugarija-koj-e-vo-pravo-genchovska-ili-osmani/#respond Sun, 17 Jul 2022 15:03:23 +0000 https://kurir.mk/?p=706595

Македонските граѓани до вторник ќе чекаат за официјално да дознаат што всушност содржи протоколот со Бугарија. На 19 јули ќе биде познато кој е во право – Генчовска која вели дека денеска потпишаниот документ е составен дел од пакетот на францускиот предлог или на Османи кој вели дека преговорите нема да зависат од решавањето на историските прашања со источниот сосед. А во протоколот, според брифингот одржан ден пред потпишувањето, Османи уверува дека не е на штета на Македонија и трерба подеднакво да го спроведуваат и двете држави. Тој вели дека и Македонија и Бугарија годинава и 2023 заеднички ќе слават историски настани кои веќе добиле зелено светло од мешовитата историска комисија. За Самуиловото царство ќе биде користена формулацијата веќе одобрена од историчарите, а како што беше посочено на брифингот во 2024-2025 треба да има усогласување на учебниците со до тогаш одобрени предлози од историската комисија. Говорот на омраза и територијалните претензии ќе бидат обврски за двете земји уверува министерот Османи а и Бугарија и Македонија ја охрабруваат комисијата за една година да го заврши Средниот век, но не ја обврзуваат. И додека учебници ќе се менуваат по едногласна одлука на мешовитата комисија, во протоколот има член дека Бугарите треба да се најдат во македонскиот устав – услов без кој нема да може да почне процесот на отворање на поглавјата и одржување на втората меѓувладина конференција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-do-vtornik-kje-chekaat-za-da-doznaat-shto-sodrzi-protokolot-so-bugarija-koj-e-vo-pravo-genchovska-ili-osmani/feed/ 0
БУГАРСКИ МЕДИУМИ ОТКРИВААТ: Протоколот нема да се објави денеска? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarski-mediumi-otkrivaat-protokolot-nema-da-se-objavi-deneska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarski-mediumi-otkrivaat-protokolot-nema-da-se-objavi-deneska/#respond Sun, 17 Jul 2022 09:17:40 +0000 https://kurir.mk/?p=706461

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска денеска го потпишаа протоколот за спроведување на Договорот за добрососедство, но според бугарските медиуми неговата содржина нема да биде објавена ниту денеска. Бугарското национално радио јави дека содржината на овој документ се очекува да биде објавена во наредните денови, најверојатно по утрешната средба на амбасадорите во ЕУ во Брисел. Познато е дека документот е на најмалку 10 страници и содржи конкретни мерки и рокови за обете страни. Според она што синоќа го кажа Османи на брифинг со новинарите предвидено е заедничко чествување на историски ликови и настани, како и промена на учебниците, но за сите такви промени ќе одлучува Мешовитата историска комисија и за промените ќе треба да се согласат сите седуммина нејзини членови. За работата на историската комисија не се поставени рокови, туку има само охрабрување научниците што побрзо да ја завршат работата за средновековниот период. Други конкретни детаљи не се познати. Османи со денови ја уверуваше вознемирената македонската јавност дека протоколот ќе биде објавен и дебатиран пред да биде потпишан, но тоа не го направи. Денеска од МНР беше потенцирано дека протоколот ќе се објави по неговото потпишување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarski-mediumi-otkrivaat-protokolot-nema-da-se-objavi-deneska/feed/ 0
Османи и Генчовска го потпишаа билатералнот протокол (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-i-genchovska-go-potpishaa-bilateralnot-protokol-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-i-genchovska-go-potpishaa-bilateralnot-protokol-video/#respond Sun, 17 Jul 2022 09:12:46 +0000 https://kurir.mk/?p=706457

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска го потпишаа билатералниот протокол кој беше еден од клучните документи за отворањето на преговорите со Европската Унија. Потпишувањето на фамозниот протокол следуваше после тридневната дебата во македонското Собрание и гласањето на заклучоците по информацијата од Владата за францускиот предлог во кој беше и овој документ. Овој документ Османи и Генчовска го криеја две недели колку што траеја и протестите во Скопје и останатите градови против прифаќањето на францускиот предлог и билатералниот протокол со кој на Бугарија и се дава можност на годишно ниво да не блокира во процесот на преговорите ако не и бидат исполнети некои од барањата, како што се уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот, ревизија на учебниците и говорото на омраза. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-i-genchovska-go-potpishaa-bilateralnot-protokol-video/feed/ 0
Протоколот ќе биде објавен утре откако ќе го потпишат Османи и Генчовска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protokolot-kje-bide-objaven-utre-otkako-kje-go-potpishat-osmani-i-genchovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protokolot-kje-bide-objaven-utre-otkako-kje-go-potpishat-osmani-i-genchovska/#respond Sat, 16 Jul 2022 20:28:32 +0000 https://kurir.mk/?p=706367

Реципроцитетот е принципот на кој се заснова Протоколот, кој утре ќе биде потпишан во Софија, каде заминува шефот на дипломатијата Бујар Османи. На состанокот, како што брифираа од МНР, на меѓувладината комисија што ќе се одржи утре во Софија ќе се усвојат точките од Протоколот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Протоколот е всушност записник од средбата, во кој се прави пресек на тоа што е направено од минатиот состанок до денес. Содржината е различна, од онаа што ја објавуваа бугарските медиуми и е усогласена со францускиот предлог, а документот целосно ќе биде објавен утре откако ќе го потпишат Османи и неговата бугарска колешка Теодора Генчовска. Реципроцитетот, како што најавија дипломатски извори, ќе се почитува во сите сфери, но нема да се примени во однос на правата на Македонците во Бугарија, поради ограничувањата во бугарскиот Устав, кој не признава етнички заедници. Таму, како што посочуваат од МНР поради тие ограничувања, милион Турци се изјаснуваат како бугарски државјани. Внесувањето на Бугарите во Уставот останува услов за отворање на поглавјата, а во Протоколот е наведено дека тоа ќе се реализира со формулацијата – припадници на други народи, каков што е бугарскиот народ. -Првата фаза од почетокот на преговорите, почнува во вторник, на 19 јули, кога воедно се чита и отварачката изјава, потоа почнува процесот на скрининг, кој ќе трае година и пол, пред да се отворат поглавјата има уште една меѓувладина конференција, но претходно треба да се исполни условот околу измените на Уставот, што е всушност компромисот во овој пакет, брифираат дипломатски извори. Протоколот се состои од неколку точки, од кои првата е преглед на постигнатото, односно преглед на политички дијалог, што подразбира колку средби имало од 2019 година, на ниво на премиери, на ниво на министри итн., како и преглед на секторската соработка. Во него се содржани и точките од пакетот, односно темата историја, рехабилитација на жртвите на репресијата од комунистичкиот режим, говор на омраза, права на бугарска заедница и почеток на преговори, како и прашањето за потпишување на договорот со ФРОНТЕКС. За ФРОНТЕКС, како што велат дипломатски извори, тоа ќе биде првиот договор во историјата на Република Северна Македонија со чист македонски јазик. Во документот е предвидено и заедничко чествување на историски личности, но откако за тоа ќе се договорат членовите на истоирската комисија. Работата на Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, како што посочија дипломатски извори, не може да биде еднострано прекината. Какво решение и да има, истото мора да се прифати од двете страни, инаку обврската не може да биде еднострана. Таа нема да има рокови во работата, туку охрабрувања. Според дипломатски извори историските и билатералните прашања не се одредници по кои ќе се оценува прогресот на патот кон ЕУ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protokolot-kje-bide-objaven-utre-otkako-kje-go-potpishat-osmani-i-genchovska/feed/ 0
Османи утре оди за Софија, ќе се потпишува протоколот со Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-utre-odi-za-sofija-kje-se-potpishuva-protokolot-so-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-utre-odi-za-sofija-kje-se-potpishuva-protokolot-so-bugarija/#respond Sat, 16 Jul 2022 19:04:18 +0000 https://kurir.mk/?p=706353

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе отпатува за Софија каде ќе го потпише билатералниот протокол меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Потпишувањето ќе биде во 10 часот по бугарско време, а претходно ќе се одржи состанок на меѓувладината комисија. Ова следува по денешното усвојување на заклучоците за францускиот предлог во македонското Собрание по што Владата на седница одлучи да го прифати предлогот на француското Претседателство. Премиерот Димитар Ковачевски попладнево на прес-конференција соопшти дека Владата го задолжила министерот за надворешни работи да ја информира Бугарија за заклучоците што ги изгласа Собранието. Првата меѓувладина конференција, како што денеска најави премиерот Димитар Ковачевски, ќе се одржи во вторник во Брисел. /МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-utre-odi-za-sofija-kje-se-potpishuva-protokolot-so-bugarija/feed/ 0