провокации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 27 Sep 2022 10:30:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png провокации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачевски негира дека не се реагира на бугарските провокации: Секогаш реагираме кога се нарушува углед по која било основа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-negira-deka-ne-se-reagira-na-bugarskite-provokacii-sekogash-reagirame-koga-se-narushuva-ugled-po-koja-bilo-osnova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-negira-deka-ne-se-reagira-na-bugarskite-provokacii-sekogash-reagirame-koga-se-narushuva-ugled-po-koja-bilo-osnova/#respond Tue, 27 Sep 2022 10:02:45 +0000 https://kurir.mk/?p=737894

Премиерот Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање дека властите не реагираат кога се работи за бугарски провокации, а од друга страна МНР експресно излезе со реакција за говорот на омраза за синоќешниот натпревар меѓу Северна Македонија и Бугарија, вели дека секогаш се реагира кога има дејствија кога се нарушува углед по било која основа. – Не е точно дека не сме реагирале, ние секогаш сме реагирале кога има дејствија кога се нарушува углед по било кој основ. МНР реагираше, но реагиравме и на друг натпревар во којшто играа репрезентациите, но сепак сметам дека најдобар начин да се навива е да се бодри сопствениот тим и да се почитуваат противниците. Тоа важи за нас секако, но важи секако и за нашите противници, рече Ковачевски по настанот за презентација на Проектот за поврзување на локалните патишта. МНР денеска го осуди, како што наведе, „вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија“. – Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла, се наведува во соопштението на МНР. Министерството додава дека Северна Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија, и пред сѐ, добри соседи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-negira-deka-ne-se-reagira-na-bugarskite-provokacii-sekogash-reagirame-koga-se-narushuva-ugled-po-koja-bilo-osnova/feed/ 0
Османи: Бугарија се обиде да провоцира, но не можеме да правиме политики со емоции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-bugarija-se-obide-da-provocira-no-ne-mozeme-da-pravime-politiki-so-emocii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-bugarija-se-obide-da-provocira-no-ne-mozeme-da-pravime-politiki-so-emocii/#respond Tue, 19 Apr 2022 09:34:56 +0000 https://kurir.mk/?p=665237

Не дозволивме да потпаднеме под провокацијата при отворањето на културниот клуб на бугарската заедница во Битола. Некои луѓе во бугарската делегација беа дојдени со цел да провоцираат реакција која ќе им биде алиби пред Европа и светот, дека во Северна Македонија се газат човековите права и правата на етничките заедници, рече денес министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифинг со новинарите. Османи рече дека не е проблем отворањето на клубот во Битола туку името што му е дадено и Бугарија ќе треба да објасни пред еврејската заедница и пред светот зошто им се важни личности како Ванчо Михајлов. - Процесот на разговори со Бугарија продолжува, нема да подлегнеме на провокации ниту на емоциите. Но ние не можеме да ги внесеме Бугарите во Уставот пред завршувањето на процесот“, рече шефот на дипломатијата. Тој дополни дека фактот што македонскиот државен врв не бил во Битола, говори дека за нас е неприфатливо клубот да го носи името на Ванчо Михајлов. „Дадовме јасна порака со тоа што не бевме дел од настанот со отворањето на клубот. Таму имаше луѓе од бугарска страна кои дојдоа со цел да провоцираат, но имаше и луѓе кои дојдоа за да ги спасат разговорите, како премиерот Петков, рече министерот Османи. Тој потенцираше дека не успеал наративот дека Македонија не почитува човекови права – наратив што сакала бугарската страна да го прикаже, и дека државава излегла како победник од обидот за провокација минатиот викенд. - Не можеме да ги прекинеме преговорите со Бугарија, и да ги замрзнеме, бидејќи после 10 години пак ќе треба да се вратиме и тогаш ќе биде потешко. Ако сега правиме политика со емоции, ќе се отрезниме на најтежок можен начин. Мора да продолжиме на европскиот пат, бидејќи немаме алтернатива, но ќе кажуваме и што може а што не може. Ова е тежок процес, во кој не добиваме поддршка од јавноста, но некој мора да го води, потенцираше Османи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-bugarija-se-obide-da-provocira-no-ne-mozeme-da-pravime-politiki-so-emocii/feed/ 0
САД побараа од Иран да престане со провокации https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-pobaraa-od-iran-da-prestane-so-provokacii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-pobaraa-od-iran-da-prestane-so-provokacii/#respond Wed, 07 Jul 2021 06:23:44 +0000 https://kurir.mk/?p=533098

САД изразија загриженост за намерата на Иран дополнително да се ослободи од своите нуклеарни обврски и го повикаа да престане со „провокации“. – Загрижувачки е што Иран избра да ги ескалира своите експерименти во областа на истражување на нуклеарно оружје, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс. Тој посочи дека САД повторно го повикуваат Иран да престане со тие провокации. Иран објави дека презема конкретни чекори за производство на збогатен ураниум до 20 процентна чистота како гориво за реакторите, соопшти вчера Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-pobaraa-od-iran-da-prestane-so-provokacii/feed/ 0