провокација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 May 2023 08:57:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png провокација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гвардиола провоцираше со „четворка“ откако го уништи Реал Мадрид https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gvardiola-provotsirashe-so-chetvorka-otkako-go-unishti-real-madrid/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gvardiola-provotsirashe-so-chetvorka-otkako-go-unishti-real-madrid/#respond Thu, 18 May 2023 08:57:30 +0000 https://kurir.mk/?p=835716

Пеп Гвардиола го одведе Манчестер Сити во финалето на Лигата на шампионите, а потоа во потесен круг го прослави големиот триумф (4:0) над Реал Мадрид. Како Каалонец, секако дека секоја победа над „кралевите“ за него е специјална, а сега има и посебна причина за радост, затоа што го елиминира актуелниот првак и му се одмазди за болната елиминација од минатата сезона. По натпреварот, Пеп Гвардиола се опушти со пријателите во ВИП апартманот на „Итихад“, заедно со неговиот брат, Пере Гвардиола, поранешниот аргентински претседател Маурицио Макри, како и претседателот на Манчестер Сити, Калдун Ал Мубарак. Сето ова беше овековечено и со провокативна фотографија, на која Гвардиола и пријателите покажуваат „четворка“, бројот на голови кои Манчестер Сити ги постигна на реваншот против Реал Мадрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gvardiola-provotsirashe-so-chetvorka-otkako-go-unishti-real-madrid/feed/ 0
Нова провокација: На денот кога Кирил Пејчиновиќ се прогласи за светец, Бугарија рече дека тој бил Бугарин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-provokacija-na-denot-koga-kiril-pejchinovikj-se-proglasi-za-svetec-bugarija-reche-deka-toj-bil-bugarin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-provokacija-na-denot-koga-kiril-pejchinovikj-se-proglasi-za-svetec-bugarija-reche-deka-toj-bil-bugarin/#respond Sun, 16 Oct 2022 17:15:06 +0000 https://kurir.mk/?p=746102

Бугарските провокатори не запираат. Додека денеска во Македонија, Кирил Пејчиновиќ се прогласи за светец, на Википедија тој стана Бугарин. Во неговата биографија на интернет енциклопедијата, доколку изберете бугарски јазик, ќе прочитате дека Пејчиновиќ е бугарски книжевник и просветител, дека го бранел „македонскиот“ идентитет, говорејќи на новобугарски јазик во склоп на неговата татковина Бугарија. Во бугарскиот провокаторски текст на Википедија, пишува и дека тој е основоположник на модерна Бугарија и се занимавал со промовирање на раната бугарска ренесанса. Бугарскиот проф. д-р Пламен Павлов, предавач на Историскиот факултет на Универзитетот во Велико Трново „Св. Свети Кирил и Методиј“ вели дека канонизацијата на Пејчиновиќ во Македонија била богохулење, апсолутно кршење на билатералниот протокол меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и невидена злоупотреба на историјата. -Македонската православна црква долго време размислува за канонизација на Пејчиновиќ. Тоа не е невообичаено. РСМ на ист начин ги третира Гоце Делчев, Даме Груев, Цар Самуил и цела плејада наши заеднички народни херои. Во случајот со Кирил Пејчиновиќ, а со и Јоаким Крчовски – за кој се подготвуваат да го канонизираат, со овие наши рани преродбеници се случува токму истото непочитување на историјата, склоно кон чиста рамнодушност. Овие луѓе имаат бугарска самосвест – Кирил Пејчиновиќ вели дека „пишува на својот љубезен и наједноставен бугарски јазик“ – секаде се појавува како Бугарин, а би било смешно да се тврди нешто друго, вели Павлов. Во официјалните документи во црковните архиви, Пејчиновиќ со прекар Тетоец, е роден во Теарце, тој е еден од основоположниците на новата македонска книжевност, пишувал македонски тетовски дијалект. Заминал на Света Гора, а по враќањето дома, Пејчиновиќ го возобновил Лешочкиот манастир, бил негов игумен, а како монах таму служел до крајот на животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-provokacija-na-denot-koga-kiril-pejchinovikj-se-proglasi-za-svetec-bugarija-reche-deka-toj-bil-bugarin/feed/ 0
Нова провокација од Бугарија, бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nova-provokacija-od-bugarija-bugarsko-zname-na-spomenikot-na-goce-delchev-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nova-provokacija-od-bugarija-bugarsko-zname-na-spomenikot-na-goce-delchev-vo-skopje/#respond Mon, 15 Aug 2022 06:04:41 +0000 https://kurir.mk/?p=718533

Пред три дена активисти на бугарската Фондација Македонија поставија бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје. Тие најавија дека доаѓаат во Македонија за да исчистат неколку споменици во Македонија. Од 15 до 21 август најавуваат нови активности, објави порталот мкд.мк „Фондација Македонија повторно го исчисти споменикот на Георги Делчев во Скопје“, пишува на фејсбук страницата на фондацијата. Претседателот на фондацијата Виктор Стојанов на 11 август за бугарските медиуми даде изјава дека му бил забранет влезот во Македонија кога со „членови на фондацијата се спремале да исчистат споменик кој општината не го одржува соодветно“. Стојанов на својот фејсбук-профил редовно информира за активностите на фондацијата на територијата на Македонија. Тој сега повикува и други лица да му се приклучат затоа што деновиве планира и нови акции кои ќе ја шират нивната кауза. „Фондацијата Македонија бара доброволци кои можат да патуваат во Македонија од 15 до 18 август. За 19, 20 и 21 август планираме неколку иницијативи и неколку наши групи ќе патуваат во Македонија“. „Ех, Скопје, Скопје. Уште ништо не си видел“. Ова се дел од пораките на фејсбук страницата на Фондација Македонија. „Фондацијата Македонија бара доброволци кои можат да патуваат во Македонија од 15 до 18 август. За 19, 20 и 21 август планираме неколку иницијативи и неколку наши групи ќе патуваат во Македонија“. „Ех, Скопје, Скопје. Уште ништо не си видел“. Ова се дел од пораките на фејсбук страницата на Фондација Македонија. извор: mkd.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nova-provokacija-od-bugarija-bugarsko-zname-na-spomenikot-na-goce-delchev-vo-skopje/feed/ 0
Провокации од РТС: Вселенската патријаршија ја призна „северномакедонската“ црква за канонска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/provokacii-od-rts-vselenskata-patrijarshija-ja-prizna-severnomakedonskata-crkva-za-kanonska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/provokacii-od-rts-vselenskata-patrijarshija-ja-prizna-severnomakedonskata-crkva-za-kanonska/#respond Mon, 09 May 2022 20:29:36 +0000 https://kurir.mk/?p=674260

Српската државна телевизија РТС не ја прифати добро одлуката на Вселенската патријаршија да ја признае македонската црква под името Охридска архиепископија за канонска црква. РТС објави текст со наслов „Вселенската патријаршија ја призна „северномакедонската“ црква за канонска“. Во текстот се пренесува дека медиумите во Скопје пишуваат за оваа одлука на Вселенската патријаршија и цело време се користи терминот „северномакедонска“ црква. Понатаму во текстот се цитира соопштението на Вселенската патријаршија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/provokacii-od-rts-vselenskata-patrijarshija-ja-prizna-severnomakedonskata-crkva-za-kanonska/feed/ 0
Не стивнуваат реакциите по отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“- се уриваат последните надежи за пристоен дијалог https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-stivnuvaat-reakciite-po-otvoranjeto-na-bugarskiot-klub-vancho-mihajlov-se-urivaat-poslednite-nadezi-za-pristoen-dijalog/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-stivnuvaat-reakciite-po-otvoranjeto-na-bugarskiot-klub-vancho-mihajlov-se-urivaat-poslednite-nadezi-za-pristoen-dijalog/#respond Tue, 19 Apr 2022 05:38:21 +0000 https://kurir.mk/?p=665061

Не стивнуваат реакциите по настанот во Битола изминатиот викенд, на кој бугарска делегација предводена од премиерот Кирил Петков присуствуваше на отворањето на културен клуб со името на соработник на фашистичкиот режим „Ванчо Михајлов“. Тоа е чин што ги минира сите други обиди за решавање на недоразбирањата меѓу Северна Македонија и Бугарија и не е ништо друго туку провокација и навреда. Несоодветен обид за промоција на напредок во приближување на ставовите на двете влади, кој би резултирал со отпочнување на преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ. Владата веднаш да побара од Бугарија да се формираат македонски културни центри во повеќе градови таму со кои ќе се промовира нашата посебност и значењето на македонскиот јазик и македонската култура, се дел од реакциите во јавноста што го одбележаа вчерашниот ден. Драги Ѓоргиев, копретседател во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, вели дека се случи чин што ги минира и сите други обиди да се најде решение за недоразбирањата меѓу Македонија и Бугарија. – Именувањето на бугарскиот културен клуб во Битола со името „Ванчо Михајлов“ не претставува ништо друго освен смислена провокација, која во исто време праќа и порака. Станува збор за историска личност која поради нејзините идеи за непостоење на македонската нација, кај Македонците има добиено крајно негативна содржина. И кога името на таква личност се наметнува како назив на културен клуб на територијата на македонската држава, а притоа таа личност нема никаква врска со културата, тогаш тоа може да се сфати единствено како арогантна провокација, па дури и како чин кој преминува на спротивната страна од т.н. пријателство, рече Ѓоргиев за „Дојче веле“. Според него, називот на бугарскиот културен клуб во Битола праќа и порака до Македонците, која нема никаква врска со културата. Поранешната министерка за правда Рената Дескоска рече дека јавноста со право реагира околу името на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, посочувајќи дека во 2019 година Министерството не дало одобрение за употреба на името Иван Михајлов. Таа бара и веднаш да почне постапка за носење измени на законот за здруженија и фондации во кои ќе се пропише јасна постапка за регистрирање на истите, јасни критериуми кои имиња би биле забранети за употреба и да се предвиди компетентна комисија која ќе оцени дали одредено лице е историска личност и да дава предлог за одобрување или не одобрување на употреба неговото име. – Овие неколку денови слушаме остри реакции околу името на културниот центар Иван Михајлов. Јавноста со право реагира. Се постави и прашањето околу тоа кој државен орган дозволил да се регистрира здружение под тоа име. Надлежен за регистрирање на здруженијата е Централен регистар. Доколку во името на здружението е внесено име и презиме на историска и друга позната личност, се бара нејзина согласност, ако е почината – согласност од нејзини сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда, пишува Дескоска. Во 2019 година кога е регистрирано ова здружение, појаснува таа, побарано е одобрение од Министерството за правда. Министерството тогаш, посочува, не дало одобрение за употреба на името Иван Михајлов. Министерството за правда го известило и подносителот на барањето дека не може да даде согласност за употреба на името Иван Михајлов. Според поранешниот македонски амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев, именувањето на бугарскиот клуб со името Ванчо Михајлов, кој е осведочен соработник на фашистичките режими во Хрватска и Италија, значи дека се поткопува и максимата за заедничка историја. За каква заедничка историја зборуваме кога македонската антифашистичка борба и третиот Рајх на Бугарија се две спротивставени страни во историјата. Ова е провокација од Бугарија, вели тој. – Бугарскиот клуб можеше да се именува по Андреј Љапчев, ресенчанец, бугарски општественик и еден од најпочитуваните бугарски премиери или по Симеон Радев, од битолскиот округ, дипломат и писател, личности кои, не се спорни со својот демократски капацитет и да се покани и македонскиот државен врв, и тоа ќе беше мост на пријателство. Ова е злоупотреба на името на спорна личност. Михајлов беше осуден и во царска Бугарија со повеќе пресуди, и затоа избега од Бугарија, наведува Ѓорчев во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител коментирајќи ги настаните кои викендов се случија во Битола. Според него, не е можно некој наш висок државен претставник да отвори македонски клуб во Бугарија, бидејќи смета дека тоа би предизвикало големи протести од многу политички партии со можност за секакви ескалации. Малинка Ристевска Јорданова – член на Управниот одбор на Институтот за европска политика (ЕПИ) е категорична дека Уставот на државава да не се отвора пред почетокот на пристапните преговори со Европската Унија. – Зошто НЕ отворање на Уставот сега, на почетокот. Затоа што Бугарија сега тоа го бара како нејзино барање кон нас и Европската унија не може да каже, значи не може да влезе во тоа за да направи преседан, не може да влезе не само од нормативни причини туку и од практично-политички причини не може да направи таков преседан и да каже ќе ги внесете Бугарите во Уставот или ние сме гарант за тоа. Значи единствен начин на кој што Бугарија може да го постигне тоа е ние самите, доброволно да си го смениме Уставот, вели Ристевска Јорданова во емисијата Топ тема на ТВ Телма. Според неа, единствено доколку Бугарија се откаже од претходните позиции, па се преговара за нешто ново би можело да се разговара за некаков нов исход, а доколку не се повлечат од своите позиции, тоа значи дека тие го негираат нашиот идентитет. Во однос на отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, Ристевска Јорданова вели дека е потребна наша стратегија која ќе ги брани нашите национални интереси и оти треба сите институции да седнат и да се координираат. Советот на амбасадори оцени дека присуството на бугарската делегација на отворање клуб со контроверзно име на човек, чија улога не е докрај разјаснета од историски аспект, во најмала рака претставува несоодветен обид за промоција на напредок во приближување на ставовите на двете влади, кој би резултирал со отпочнување на преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ. Оттаму наведуваат дека јавноста во Северна Македонија посебно во негативна конотација ги прими крајно непромислените и контровезни изјави на бугарската потпретседателка за положбата на бугарското малцинство во Северна Македонија и македонското малцинство во Бугарија. Ваквите стојалишта, додаваат тие, го објаснуваат составот на делегацијата и намерата „на лице место“ и со контролирана провокација да се испита „отпорноста“ на македонската страна, која доколку реагираше нервозно, или дозволеше да се предизвика инцидент ќе им дадеше аргументи на противниците на симнувањето на ветото, а бугарскиот премиер ќе имаше оправдување зошто и понатаму би одбивал да гласа „за“ отпочнување преговори. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара од бугарскиот премиер Петков прво што треба да направи кога ќе се врати во Софија е да отвори најмалку два вакви клуба во Благоевград и Сандански за Македонците кои живеат во Пиринска Македонија. – Ја повикувам и Европската Унија и официјален Брисел да стави крај на овие фашизоидни и хегемониски намери од страна на нашиот источен сосед да направи притисок и да овозможи Македонија конечно да ги почне преговорите. Овој народ тоа го заслужува бидејќи многу пати во историјата се покажал дека стои рамо до рамо со европските вредности, рече Мицкоски. На иста линија е и изјавата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски, кој кажа дека Бугарија со оваа политика докажува дека продолжува со негирање на македонскиот народ и на македонската држава и дека бугарската влада со начинот и пристапот на проблемот со Македонија само го носи прашањето да не се дојде до решение и на таков начин самата се амнестира од одговорноста што ја им пред европските институции. Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, во својата реакција наведуваат дека овој чин претставува навреда за Евреите и е закана за човековите слободи и права, кршење на демократскиот карактер и вредностите на модерна Европа, чин со кој се загрозува мултикултурализмот и класичен пример за непочитување и искривување на историјата. – Еклатантен обид во таканаречената „заедничка историја“ на која инсистира Бугарија, таа да се претстави како ослободител, а не како фашистички окупатор кој во центарот за убивање Треблинка депортира 7144 македонски Евреи или 98 проценти од еврејската популација во тоа време. Обид да се минимизира улогата на Р. Бугарија во холокаустот и окупацијата на Македонија. Искривување на фактите од европската и светска историја за Втората светска војна. Чин којшто не е во духот на добрососедските односи помеѓу Северна Македонија и Бугарија, пишува во нивната реакција. Македонскиот претседател Стево Пендаровски во неделата излезе со реакција дека именувањето установи од областа на културата на докажан соработник на фашистичкиот режим не служи на добрососедството. – Во Битола беше направен обид еден докажан соработник на хитлеровиот нацистички режим да биде претставен како мост на зближување меѓу двете држави, реагираше Пендаровски. Премиерот пак Димитар Ковачевски во изјава за МИА во неделата кажа дека Владата на Република Северна Македонија како и јавноста со нетрпение го очекува денот кога и кај нашите соседи ќе созрее времето кога и таму оние граѓани кои имаат, на пример, македонско самосознание, ќе можат на ист таков слободен начин да ги практикуваат своите уверувања. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-stivnuvaat-reakciite-po-otvoranjeto-na-bugarskiot-klub-vancho-mihajlov-se-urivaat-poslednite-nadezi-za-pristoen-dijalog/feed/ 0
Провокација или не – Руски гимнастичар со симбол кој го има на тенковите, застана до украински колега (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/provokacija-ili-ne-ruski-gimnastichar-so-simbol-koj-go-ima-na-tenkovite-zastana-do-ukrainski-kolega-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/provokacija-ili-ne-ruski-gimnastichar-so-simbol-koj-go-ima-na-tenkovite-zastana-do-ukrainski-kolega-video/#respond Sun, 06 Mar 2022 08:51:01 +0000 https://kurir.mk/?p=641843

Рускиот гимнастичар Иван Кулијак го освои третото место на Светското првенство во Доха, но најголемо внимание симболот што го имаше на горниот дел од костимот која предизвика вистинска бура во светската јавност. Тој на градите имаше бела латинска буква „З“ која е испишана на руските тенкови кои влегоа во Украина. Златниот медал му припадна на украинскиот гимнастичар Илија Ковтун кој стоеше до него на додеувањето на медалите, па тоа беше повод за уште по жестоко да се коментира овој настан во медиумите. Сепак, од друга страна експерти објаснуваат дека сето тоа не е поврзано со инвазијата на Русина на Украина, туку дека значењето на „З“ е „Нема враќање“ или „За победа“ нешто што нема никаква врска со војната на истокот на Европа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/provokacija-ili-ne-ruski-gimnastichar-so-simbol-koj-go-ima-na-tenkovite-zastana-do-ukrainski-kolega-video/feed/ 0
ФОТО: Поранешната девојка на Нејмар со провокација на социјалните мрежи https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-poraneshnata-devojka-na-nejmar-so-provokacija-na-socijalnite-mrezi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-poraneshnata-devojka-na-nejmar-so-provokacija-na-socijalnite-mrezi/#respond Fri, 24 Dec 2021 13:28:09 +0000 https://kurir.mk/?p=612691

Катерина Сафарова се прослави како девојката на Нејмар, но и покрај тоа што повеќе не е со напаѓачот на ПСЖ, таа на социјалните мрежи привлекува големо внимание. Откако доби улога во една шпанска серија, нејзината слава дополнително порасна а оваа фотографија е последната нејзина провокација до фановите.
Сафарова претходно беше во врска и со Густаво Моннтоја и со раперот Тимати. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-poraneshnata-devojka-na-nejmar-so-provokacija-na-socijalnite-mrezi/feed/ 0
ПРОВОКАЦИЈА НА ЕВРОВИЗИЈА: Претставникот на Швајцарија со “двоглав орел“ им се заблагодари на Албанците (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/provokacija-na-evrovizija-pretstavnikot-na-shvajcarija-so-dvoglav-orel-im-se-zablagodari-na-albancite-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/provokacija-na-evrovizija-pretstavnikot-na-shvajcarija-so-dvoglav-orel-im-se-zablagodari-na-albancite-foto/#respond Sun, 23 May 2021 09:54:42 +0000 https://kurir.mk/?p=513972

Претставникот на Швајцарија на Евровизија, направи скандал покажувајќи со рацете двоглав орел, знак што на Албанците им значи симбол на Голема Албанија. Тој го покажа двоглавиот орел откако доби 12 поени од Албанија. Претходно, камерата забележа и какотој вулгарно пцуе во програмата во живо додека ги слави бодовите што ги доби. Gjon Muharremaj, кој настапува под името Џон Тирс, ​​е Албанец, од татко Албанец од Косово и Метохија и мајка од Албанија, Тирана. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/provokacija-na-evrovizija-pretstavnikot-na-shvajcarija-so-dvoglav-orel-im-se-zablagodari-na-albancite-foto/feed/ 0
Скандал во Солун: Тешка провокација за сите Македонци на вечерашниот натпревар меѓу ПАОК и Челзи (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/skandal-vo-solun-teshka-provokacija-za-site-makedonci-na-vecherashniot-natprevar-megju-paok-i-chelzi-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/skandal-vo-solun-teshka-provokacija-za-site-makedonci-na-vecherashniot-natprevar-megju-paok-i-chelzi-video/#respond Thu, 20 Sep 2018 17:43:07 +0000 https://kurir.mk/?p=103810

Фановите на ПАОК повторно со тешка провокација до сите Македонци, велејќи дека Македонија е единствена и е во Грција. Денеска солунски ПАОК ја отвори групната фаза од Лигата на Европа, на домашен терен против англискиот гигант Челзи, а тие овој меч го искористија за испраќање провокација до Македонците. -Македонија една и единствена и таа е тука, се вели во транспарентот на Тумба стадионот. Инаку, бидејќи овде станува збор за политичка провокација, клубот од Солун најверојатно го очекува казна од УЕФА, бидејќи од европската куќа на фудбалот е строго забрането мешањето на спортот и политиката. Погледнете го видеото: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/skandal-vo-solun-teshka-provokacija-za-site-makedonci-na-vecherashniot-natprevar-megju-paok-i-chelzi-video/feed/ 0