прстен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Dec 2022 10:13:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прстен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Клекна пред неа, па доби шлаканица од девојката пред полни трибини https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-klekna-pred-nea-pa-dobi-shlakanica-od-devojkata-pred-polni-tribini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-klekna-pred-nea-pa-dobi-shlakanica-od-devojkata-pred-polni-tribini/#respond Wed, 28 Dec 2022 10:13:23 +0000 https://kurir.mk/?p=781556

Работите се сменија во секунда. Погледнете го изразот на лицата на луѓето на трибините, сите се шокирани, се вели во описот на видеото снимено на почетокот на октомври годинава, кое корисниците на социјалните мрежи масовно го споделуваат деновиве бидејќи, според нив, „мора да биде најлошиот обид за предлог за брак оваа година“... Сè се случило на натпреварот во МЛБ помеѓу Торонто Блу ​​Џејс и Бостон Ред Сокс. Момчето имало подготвена кутија со прстен, а сите во публиката нетрпечиво очекувале „среќен крај“ кога виделе што се случува. Но, кога девојката видела дека ја запросува со лижавче во форма на прстен, не била задоволна. Бесно му удрила шлаканица, а потоа го истурила пијалокот врз него, а публиката останала во шок. За својата реакција, таа добила поддршка и на социјалните мрежи. - Момци, научете од ова момче како не треба,  е еден од најпопуларните коментари на видеото кое собра стотици илјади прегледи. Некои сметаат дека тоа било само увертира, тврдат дека во џебот имал вистински веренички прстен и дека тоа требало да се случи, додека некои се убедени дека целата ситуација била наместена.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-klekna-pred-nea-pa-dobi-shlakanica-od-devojkata-pred-polni-tribini/feed/ 0
НА КОЈ ПРСТ ГО НОСИТЕ ПРСТЕНОТ? Открива каков е вашиот КАРАКТЕР! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-koj-prst-go-nosite-prstenot-otkriva-kakov-e-vashiot-karakter/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-koj-prst-go-nosite-prstenot-otkriva-kakov-e-vashiot-karakter/#respond Wed, 21 Dec 2022 16:32:59 +0000 https://kurir.mk/?p=778726

Во митологијата, мажот кој носи прстен на палецот обично се сметал за силен и богат, а носењето прстен на малиот прст е свесен избор за да испратите порака до оние околу вас дека сте различни. На показалецот Прстенот на показалецот најчесто го носат луѓе кои се ориентирани кон традицијата, а тоа го поддржува и фактот што на показалецот најчесто се носат семејни прстени или прстени од разни друштва и братства. Бидејќи показалецот е најзабележлив од сите прсти (често го користиме во разни гестови), луѓето често носат подебели прстени со шарени украси. На средниот прст Носењето прстен на овој прст покажува дека сте во склад со себе и се чувствувате удобно во многубројните улоги во животот. На овој прст најчесто се носат необични прстени, што е порака сама по себе. На домалиот прст Свадбениот и вереничкиот прстен најчесто се носат на домалиот прст, свршеничкиот на десната, а бурмите на левата рака. Прстенот често се поврзува со Месечината, убавината и креативноста, како и љубовта. Со оглед на тоа што металот на Месечината е сребро, изборот на сребрени прстени со романтични детали природно одговара на овој прст. На малиот прст Луѓето кои носат прстен на малиот прст свесно им испраќаат порака на оние околу нив дека се различни од другите. Прстен кој се прави и се носи на малиот прст на никаков начин не е поврзан со некоја култура или со некоја од светските религии, а на место кое е „екстремен“ дел од телото навистина привлекува внимание. Инаку, тоа е поврзано со длабока рефлексија и интелигенција.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-koj-prst-go-nosite-prstenot-otkriva-kakov-e-vashiot-karakter/feed/ 0
НИКОГАШ НЕ ЈА ФРЛАЈТЕ БУРМАТА ВО НЕРВОЗА – старо народно верување открива и дали смее да се вади од раката, внимавајте ако ја давате да ја проба друг! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nikogash-ne-ja-frlajte-burmata-vo-nervoza-staro-narodno-veruvanje-otkriva-i-dali-smee-da-se-vadi-od-rakata-vnimavajte-ako-ja-davate-da-ja-proba-drug/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nikogash-ne-ja-frlajte-burmata-vo-nervoza-staro-narodno-veruvanje-otkriva-i-dali-smee-da-se-vadi-od-rakata-vnimavajte-ako-ja-davate-da-ja-proba-drug/#respond Mon, 17 Oct 2022 18:42:02 +0000 https://kurir.mk/?p=746692

Бурмата не е само симбол на бракот, туку и знак на љубов, доверба и верност. Постојат многу обичаи и верувања поврзани со овој прстен, а во продолжение дознајте што апсолутно не се препорачува. Ако сте суеверни или верувате во знаците кои нашите предци ги почитувале, еве што никогаш не треба да правите со венчалниот прстен доколку сакате да имате среќен, хармоничен и долготраен брак. Првото верување вели дека бурмите на невестата и младоженецот не треба да се разликуваат. Не толку ретко, прстенот на невестата е направен да биде подебел од младоженецот, а се верува дека тоа може негативно да влијае на хармонијата во семејството. Исто така, старо „правило“ е дека ниту пред венчавката, ниту после неа, не треба да го давате вашиот свадбен прстен на други да го пробаат. Се верува дека со ова неговиот сопственик ја подарува својата брачна среќа и внесува кавги и скандали во заедницата. Доколку, пак, не е возможно да се одбие некој што сака да ја проба бурмата, тогаш тој не треба да се пренесува од рака на рака, туку едноставно да се стави на површина. Денес, постои широка палета на венчални прстени, од наједноставни до оние со украси, гравури и орнаменти. Едноставните и мазни прстени се најпогодни за венчални прстени. Се верува дека оние кои носат такви прстени ќе имаат „мазен“ семеен живот, односно без триење. Ако бурмата е направена од два вида злато, се верува дека тоа е лош знак. Велат дека сопружниците нема да бидат искрени еден кон друг, туку ќе имаат двојни животи. Дали бурмата се вади? Според едно старо суеверие, бурмите никогаш не треба да се вадат, но има и други кои го демантираат ова мислење. Ако прстенот постојано ви е на прстот, тоа дури може да има негативно влијание врз вашето здравје. Прстенот го блокира протокот на енергија, па затоа не треба да се носи повеќе од четири часа на ден. Ако се случи одеднаш еден од сопружниците да го изгуби прстенот, треба да направите точна копија од него што е можно поскоро, не подоцна од една недела, е друго верување. Ако најдете нечија бурма - ова е знак дека вие или некој од вашето семејство наскоро ќе се венчате, дека некој нов ќе се појави во потесното семејство. Исто така, се верува дека пронајдениот венчален прстен не треба да се чува или да се носи, подобро е да се стопи за уште едно парче накит. Никогаш не го фрлајте вашиот свадбен прстен Сопружниците знаат да го прават тоа во гнев кога имаат жестока расправија, но според суеверието, овој гест воопшто не е добар - не треба така да се однесувате кон она што треба да ви биде талисман и да ве заштити од лоши луѓе и настани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nikogash-ne-ja-frlajte-burmata-vo-nervoza-staro-narodno-veruvanje-otkriva-i-dali-smee-da-se-vadi-od-rakata-vnimavajte-ako-ja-davate-da-ja-proba-drug/feed/ 0
Моден тренд или моќна симболика: Зошто некои жени носат прстен на ланче? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/moden-trend-ili-mokjna-simbolika-zoshto-nekoi-zeni-nosat-prsten-na-lanche/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/moden-trend-ili-mokjna-simbolika-zoshto-nekoi-zeni-nosat-prsten-na-lanche/#respond Mon, 26 Sep 2022 19:00:59 +0000 https://kurir.mk/?p=737250

Без разлика дали се работи за венчален или веренички прстен, ако се носи околу вратот има друга симболика. Некои жени го носат прстенот на малку поинаков начин – како привезок на ланче, околу вратот. Прашањето е дали тоа е само моден тренд или носењето на прстенот на тој начин има посебно значење? Ова се најчестите причини зошто многу жени носат прстен на ѓердан: Носењето прстен како приврзок често се користи од практични причини, на пример поради работа што го оневозможува носењето накит на рацете, но и поради здравствени причини. Луѓето кои боледуваат од ревматоиден артритис често не можат да носат накит на прстите, па поради тоа го ставаат прстенот на вратот. Истото го прават и луѓето кои накачуваат тежина или имаат отечени прсти. Има само едно симболично значење за кое прстенот се носи околу вратот, а тоа е завет или ветување. Кога ветувате или давате завет на некоја личност, во некои култури прстенот потоа се закачува на ѓердан и се носи околу вратот. Исто така, ова може да биде симбол на автентичност и желба на една личност да покаже колку е различна, своја, посебна. Многу жени на овој начин ги носат прстените на својата мајка или баба, кои ги наследиле. Ако овој прстен не им одговара, тогаш наместо на прст, го ставаат на ѓердан и го носат како посебно сеќавање на некоја личност. На овој начин прстенот е исто така поблиску до срцето, а во некои култури прстенот на ланче го носеле вдовиците. На крајот, прстенот како привезок може да биде само тренд кој не мора да има симболично значење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/moden-trend-ili-mokjna-simbolika-zoshto-nekoi-zeni-nosat-prsten-na-lanche/feed/ 0
Симболика или нешто друго? Дали знаете зошто бурмата се носи токму на четвртиот прст? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/simbolika-ili-neshto-drugo-dali-znaete-zoshto-burmata-se-nosi-tokmu-na-chetvrtiot-prst/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/simbolika-ili-neshto-drugo-dali-znaete-zoshto-burmata-se-nosi-tokmu-na-chetvrtiot-prst/#respond Thu, 04 Aug 2022 19:07:34 +0000 https://kurir.mk/?p=714252

Една кинеска легенда на интересен и подеднакво убедлив начин го објаснува овој општоприфатен обичај. Традицијата на носење бурми најпрво се практикувала во европските земји, а денес е широко распространет обичај, чија симболика сите ја знаеме, но малкумина го знаат нејзиното потекло. Кинезите дошле до многу интересно и оригинално објаснување. Според кинеската легенда, секој прст на раката има свое значење и ве претставува вас и вашето семејство. Имено, палецот ги претставува родителите, показалецот ги претставува браќата и сестрите, а средниот прст ве претставува вас. Четвртиот прст на раката го симболизира партнерот, додека малиот ги претставува децата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/simbolika-ili-neshto-drugo-dali-znaete-zoshto-burmata-se-nosi-tokmu-na-chetvrtiot-prst/feed/ 0
Доказ за вечна љубов: На која рака треба да го носите вереничкиот прстен, а на која бурмата? https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/dokaz-za-vechna-ljubov-na-koja-raka-treba-da-go-nosite-verenichkiot-prsten-a-na-koja-burmata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/dokaz-za-vechna-ljubov-na-koja-raka-treba-da-go-nosite-verenichkiot-prsten-a-na-koja-burmata/#respond Fri, 03 Jun 2022 05:15:15 +0000 https://kurir.mk/?p=685877

Веренички и венчален прстен традиционално се носат како доказ за вечна љубов и ветување кон некого. Сепак, многумина не се сигурни на која рака треба да ги носат, лева или десна. Традицијата на носење прстени датира од антички Египет, античка Грција и антички Рим. И во тој период бурмата се носела на четвртиот прст од левата рака бидејќи се верувало дека на овој прст има вена која оди директно до срцето, а овој орган се смета за емотивен центар на телото. Старите Римјани, наводно, ја нарекувале оваа вена „вен аморис“ (латински „вена на љубовта“). Но, подоцна било утврдено дека не постои вена која оди од четвртиот прст до срцето, но и покрај тоа оваа традиција опстанала до ден-денес, па прстените се уште се носат на истиот прст. Ако не сакате да ја следите традицијата, не сте должни, се разбира. Но, тоа е еден од универзалните начини за другите луѓе да знаат дека сте зафатени. Вереничкиот прстен го симболизира ветувањето за брак, а венчалниот само го зајакнува. За време на свадбената церемонија, вереничкиот прстен обично се пренесува на десната рака, па можете да го ставите венчалниот прстен на левата страна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/dokaz-za-vechna-ljubov-na-koja-raka-treba-da-go-nosite-verenichkiot-prsten-a-na-koja-burmata/feed/ 0
ФОТО: Киану Ривс се жени, папараците го фатиле како купува прстен https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-kianu-rivs-se-zeni-paparacite-go-fatile-kako-kupuva-prsten/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-kianu-rivs-se-zeni-paparacite-go-fatile-kako-kupuva-prsten/#respond Sat, 02 Apr 2022 17:12:16 +0000 https://kurir.mk/?p=657501

Познатиот актер Киану Ривс е четири години во љубовна врска со Александра Грант, а неговите обожаватели веќе подолго време се прашуваат кога нивната љубов ќе ја подигнат на повисоко ниво. Имено, шпекулациите за можна веридба дополнително ги подгреа актерот откако беше фотографиран како купува прстен во една златара во Лос Анџелес, пишува Дејли Мејл. Актерот дошол со мотор, облечен во црна јакна и фармери, а не успеал да им побегна на папараците. Според пишувањата на медиумите, Ривс во златарата поминал околу 40 минути, а помош при изборот на прстенот му пружила продавачката. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-kianu-rivs-se-zeni-paparacite-go-fatile-kako-kupuva-prsten/feed/ 0
Се верија Дарко и Барбара! Таа го покажа прстенот од бело злато, па призна: „Никој не верува“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-verija-darko-i-barbara-taa-go-pokaza-prstenot-od-belo-zlato-pa-prizna-nikoj-ne-veruva-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-verija-darko-i-barbara-taa-go-pokaza-prstenot-od-belo-zlato-pa-prizna-nikoj-ne-veruva-foto/#respond Tue, 11 Jan 2022 09:24:23 +0000 https://kurir.mk/?p=617906

Драко Лазиќ се вери со својата девојка Барбара Бобак по осум месеци врска. Среќната вест Барбара ја сподели на својот Инстаграм профил каде се пофали со свршеничкиот прстен. Таа сподели видео на кое се гледа прстен од бело злато украсен со камења, а Лазиќ и лежи во скутот во позадина. Таа го снимила вереничкиот прстен и го прашала Дарко: „Зошто никој не верува дека сме свршени?“. Веста за нивната свршувачка се појави уште во декември минатата година, откако Барбара објави слика со часовник на раката на која напиша „Реков да“, но на Дарко и Барбара тогаш никој не им веруваше дека се вериле. За сите беше нелогично што фолкерот и дал часовник на девојката наместо прстен. Дарко неодамна во интервју потврди дека венчавката со Барбара е закажана за мај и дека ќе биде организирана по традиционални обичаи. - Ако се биде како што треба, на крајот на мај ќе се омажам за Барбара, се е веќе закажано! Го избравме тој термин бидејќи ќе биде убаво време и ќе може да се слави на отворено. Веселбата ќе биде во текот на неделата, бидејќи ние пејачите работиме за викенди - вели фолкерот и додава дека нивната венчавка ќе трае два дена: - Искрено, цел живот барав жена која ќе ги почитува моите необични обичаи за празниците и конечно ја најдов. Првиот ден ќе славиме во ресторанот, а следниот ден во шаторот пред кој ќе го испечеме волот. МА има се да се тресе, еднаш се жени Дарко Лазиќ. Извини, двапати - рече пејачот за Република.рс ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-verija-darko-i-barbara-taa-go-pokaza-prstenot-od-belo-zlato-pa-prizna-nikoj-ne-veruva-foto/feed/ 0
КОНЕЧНО БЛЕСНА ПРСТЕН НА НЕЈЗИНАТА РАКА! Кија пресреќна: „Осум години го чекав ова“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/konechno-blesna-prsten-na-nejzinata-raka-kija-presrekjna-osum-godini-go-chekav-ova-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/konechno-blesna-prsten-na-nejzinata-raka-kija-presrekjna-osum-godini-go-chekav-ova-foto/#respond Sun, 05 Dec 2021 14:10:05 +0000 https://kurir.mk/?p=604400

Ријалити ѕвездата и пејачка, Кија Коцкар е активна на социјалните мрежи и често со своите следбеници споделува што се случува во нејзиниот приватен живот. Кија со години сака прстен, а сега се пофали дека си го купила. Пејачката реши да се воодушеви со парче накит во овие студени дождливи денови. Го покажа шарениот прстен кој блескаше на нејзината рака. -Овој прстен го посакував и чекав осум години и денеска сама го купив - напишала Кија на својот Инстаграм профил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/konechno-blesna-prsten-na-nejzinata-raka-kija-presrekjna-osum-godini-go-chekav-ova-foto/feed/ 0
ФОТО+ВИДЕО: Пронајдена бурма која жена ја изгубила пред 50 години додека собирала компир https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-pronajdena-burma-koja-zena-ja-izgubila-pred-50-godini-dodeka-sobirala-kompir/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-pronajdena-burma-koja-zena-ja-izgubila-pred-50-godini-dodeka-sobirala-kompir/#respond Sun, 05 Dec 2021 11:23:03 +0000 https://kurir.mk/?p=604285

На Пеги Мексвен од Шкотска и е вратенa венчалната бурма која 50 години била сокриен во земја. Мексвен има 86 години, а верува дека прстенот го загубила во градината додека собирала компир. Прстенот го пронашол сосед со детектор по три дена пребарување. -Ископав околу 90 дупки бидејќи имаше многу закопани лименки. Пребарав простор од 5.000 метри квадратни. Технологијата помага, но потреба е и среќа. Прстенот беше како нов, вели соседот Доналд Мекпи, кој го пронашол прстенот. Пеги изјавил дека прстенот го загубила во момент кога тресела песок од ракавицата која ја носела, но дури кога влегла дома забележала дека го нема. -Двапати бев да барам, но без успех, вели Пеги. Нејзиниот сопруг Џон за кого се омажила во јули 1958 година починал пред неколку години. Додека не и купил нова бурма, таа го носела прстенот на нејзината мајка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-pronajdena-burma-koja-zena-ja-izgubila-pred-50-godini-dodeka-sobirala-kompir/feed/ 0