пруга – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 05 May 2023 07:51:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пруга – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од 8 до 20 мај затворање на пругата од Велес до Гевгелија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-8-do-20-maj-zatvorane-na-prugata-od-veles-do-gevgelija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-8-do-20-maj-zatvorane-na-prugata-od-veles-do-gevgelija/#respond Fri, 05 May 2023 07:51:07 +0000 https://kurir.mk/?p=830816

Од 8 до 20 мај, во периодот од 9:30 до 19:00 часот, поради ремонт ќе биде затворена за сообраќај пругата од Велес до Гевгелија. Како што информира ЈП ЖРСМ Инфраструктура, во овие денови од месецот, возот број 632 на релација Гевгелија – Скопје од почетна станица Гевгелија ќе тргнува со задоцнување од 85 минути, односно во 18:20 часот. На 14 мај, недела, возот 632 на релација Гевгелија – Скопје ќе сообраќа по возен ред. -Поради изведување градежни работи при реализација на ремонт (промена на свртници) од страна на изведувачот „Штрабаг“ на пругата Велес – Гевгелија, во крст Кукуричани (свртница бр.1 и свртница бр. 4) и во станица Криволак (свртница бр. 1а, свртница бр.1 и свртница бр. 5), поради специфичноста на работите се одобрува затворање на пруга со исклучување на напонот во возниот вод во време од 9:30 до 19:00 часот, во деновите од 8 до 20 мај, вклучувајќи ја и сабота, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-8-do-20-maj-zatvorane-na-prugata-od-veles-do-gevgelija/feed/ 0
На пруга во Хиподром пронајдено безживотно машко тело https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/na-pruga-vo-hipodrom-pronajdeno-bezzhivotno-mashko-telo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/na-pruga-vo-hipodrom-pronajdeno-bezzhivotno-mashko-telo/#respond Tue, 28 Mar 2023 11:58:44 +0000 https://kurir.mk/?p=817322

На железничка пруга во скопската населба Хиподром било пронајдено тело без знаци на живот на машко лице, кое најверојатно било удрено од воз. Како што соопшти МВР, случајот вчера околу 14 часот бил пријавен во СВР Скопје. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а за случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција. Увид извршиле и екипи од СВР Скопје и од „Железници на РСМ“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/na-pruga-vo-hipodrom-pronajdeno-bezzhivotno-mashko-telo/feed/ 0
Уапсен жител на Студеничани, украл поголема количина железо од железничките пруги во с.Трубарево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-zhitel-na-studenichani-ukral-pogolema-kolichina-zhelezo-od-zheleznichkite-prugi-vo-s-trubarevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-zhitel-na-studenichani-ukral-pogolema-kolichina-zhelezo-od-zheleznichkite-prugi-vo-s-trubarevo/#respond Fri, 03 Mar 2023 15:58:43 +0000 https://kurir.mk/?p=807732

На 02.03.2023 на влезот во с.Студеничани, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н. од с.Трубарево, скопско. Имено, А.Н. бил сопрен додека со трактор со приколка превезувал поголема количина железо, односно делови од возови и железничка инфраструктура. Во службен разговор во Полициската станица Драчево А.Н. го признал кривичното дело со појаснување дека предметите ги одземал од железничките пруги во с.Трубарево. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-zhitel-na-studenichani-ukral-pogolema-kolichina-zhelezo-od-zheleznichkite-prugi-vo-s-trubarevo/feed/ 0
Детали за железничката несреќа: Едно лице загина, две се повредени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-zheleznichkata-nesreka-edno-litse-zagina-dve-se-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-zheleznichkata-nesreka-edno-litse-zagina-dve-se-povredeni/#respond Fri, 24 Feb 2023 11:28:49 +0000 https://kurir.mk/?p=804560

Едно лице го загуби животот, а две се повредени во железничка несреќа која рано утринава се случила во прилепско. -Во 03.55 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на патниот правец помеѓу Железничка станица „Галичани“ и Железничката станица Прилеп, воз удрил во патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(39) од Прилеп, информира МВР. Од полицијата додаваат дека на местото на несреќата починал M.Д., а со повреди се здобиле сопатниците Т.Х.(40) и Г.Б.(39), двајцата од Прилеп, констатирани во Општата болница во Прилеп.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-zheleznichkata-nesreka-edno-litse-zagina-dve-se-povredeni/feed/ 0
Градоначалникот на Чашка: Од „МЖ“ барам на преминот на пругата кај „Порцеланка“ поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradonachalnikot-na-chashka-od-mz-baram-na-preminot-na-prugata-kaj-porcelanka-postavuvanje-na-horizontalna-i-vertikalna-signalizacija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradonachalnikot-na-chashka-od-mz-baram-na-preminot-na-prugata-kaj-porcelanka-postavuvanje-na-horizontalna-i-vertikalna-signalizacija/#respond Thu, 05 Jan 2023 16:46:45 +0000 https://kurir.mk/?p=784053

На преминот на пругата кај велешка „Порцеланка“ бил и градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски кој за МИА информира дека веднаш по информацијата дошол на настанот и првично на лице место видел 12 патници, од кои некои биле видно вознемирени. -Бев во велешката блница во Велес и ги посетив повредените 10 возрасни и две деца на три и петгодишна возраст. Од првичните информации од лекарите кои ги прегледаа бев информиран дека се работи за полесни повреди. Среќа во несреќа е што не заврши со трагични последици. На повредените им посакувам брзо опоравување и побрзо да бидат со своите семејства, порача градоначалникот Стојановски. Тој информира дека преминот на железничката пруга Велес – Битола се наоѓа на регионалниот пат кој води од Велес кон сите населени места во општина Чашка. -Јас веќе контактирав со надлежните од „МЖ“ и побарав тие да излезат на терен и колку се во можност поскоро да го обезбедат овој премин на пругата со сообраќајна сигнализација и вертикална и хоризонтална, порача градоначалнникот Стојановски. Тој појасни дека токму на овој премин секојденевно поминуваат голем број жители од сите населени места од општина Чашка кон Велес, бидејќи преминот се наоѓа на регинален пат. Инаку, да потсетиме во изминатите години на овој премин се случиле голем број на вакви несреќи во кои животот го имаат загубено голем број на граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradonachalnikot-na-chashka-od-mz-baram-na-preminot-na-prugata-kaj-porcelanka-postavuvanje-na-horizontalna-i-vertikalna-signalizacija/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ бара кривична одговорност за Бочварски и Ковачевски, штетата од 6,5 милиони евра на Буџетот на државата да ја платат од сопствениот имот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-bara-krivichna-odgovornost-za-bochvarski-i-kovachevski-shtetata-od-6-5-milioni-evra-na-budzetot-na-drzavata-da-ja-platat-od-sopstveniot-imot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-bara-krivichna-odgovornost-za-bochvarski-i-kovachevski-shtetata-od-6-5-milioni-evra-na-budzetot-na-drzavata-da-ja-platat-od-sopstveniot-imot/#respond Sat, 13 Aug 2022 07:40:29 +0000 https://kurir.mk/?p=717889

Неспособноста на власта на СДСМ и ДУИ повторно излезе на виделина. 6,5 милиони евра државата платила за пенали поради нереализација на пругата, втората делница кон Бугарија. Ем нема пруга кон Бугарија, ем 6,5 милиони евра помалку во Буџетот. Бочварски, но и Ковачевски мора кривично да одговараат за оваа штета врз Буџетот на Македонија, како и штетата да ја платат со сопствениот имот. Одговорност за ова катастрофално работење мора да има, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека министрите од оваа криминална власт ги бива само за сликање и потпишување на протоколи за соработка со соседите, но целосно се неспособни да изградат еден километар железничка пруга. - Помпезно најавуваната изградба на пругата како дел од добрососедските односи со Бугарија остана заглавена во Протоколот со направена милионска штета врз џебот на граѓаните. Со 6,5 милиони евра кои државата ги даде за камати и пенали можеа да се набават десетици патнички вагони, лакомотиви, а можеа да се реконструираат и десетина километри од железнички пруги во Македонија. Недомаќинското работење со државните пари, граѓаните ќе го казнат на следните парламентарни избори. Секој украден денар од Буџетот ќе биде вратен и секој кој украл од граѓаните ќе одговара, се додава во партиското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-bara-krivichna-odgovornost-za-bochvarski-i-kovachevski-shtetata-od-6-5-milioni-evra-na-budzetot-na-drzavata-da-ja-platat-od-sopstveniot-imot/feed/ 0
Косовското Собрание усвои нацрт-закон за пругата Драч – Приштина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskoto-sobranie-usvoi-nacrt-zakon-za-prugata-drach-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskoto-sobranie-usvoi-nacrt-zakon-za-prugata-drach-prishtina/#respond Thu, 21 Jul 2022 15:29:08 +0000 https://kurir.mk/?p=708548

Пратениците во Собранието на Косово, како од власта така и од опозицијата, го изгласаа денеска нацрт-законот за ратификација на договорот за кофинансирање на физибилити-студијата и идејниот проект за железничката линија помеѓу косовската престолнина и пристаништето Драч во Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина. Образложувајќи го владиниот предлог, министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Косово, Либурн Алиу рече дека со релизацијата на овој проект ќе се овозможи транспорт на стоки од пристаниште во Драч во цел Западен Балкан. – Од суштинско значење за економскиот развој на двете земји е реализацијата на оваа железничка линија… Во моменто сме во фаза кога можеме да го реализираме и проектот и да ја отвориме можноста за изградба на оваа линија, што подоцна може да се надополни со многу други проекти кои би овозможиле циркулација на стоки од пристаништето во Драч во целиот регион на Западен Балкан, при што Приштина би била главниот центар за дистрибуција на тие стоки, рече Алиу. Тој појасни дека договорот кој е ратификуван денеска, а кој беше усогласен на заедничката седница на владите на Косово и Албанија, одржана на 20 јуни годинва во Приштина, има за цел прецизирање на процедурите и поделба на трошоците меѓу двете земји. „За“ нацрт-законот гласаа сите 87 пратеници кои присуствуваа на денешната собраниска седница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskoto-sobranie-usvoi-nacrt-zakon-za-prugata-drach-prishtina/feed/ 0
Кој има слабо срце нека не го гледа ова видео: Морници ќе ве лазат по целото тело кога ќе видите каква грешка направи овој мотоциклист https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koj-ima-slabo-srce-neka-ne-go-gleda-ova-video-mornici-kje-ve-lazat-po-celoto-telo-koga-kje-vidite-kakva-greshka-napravi-ovoj-motociklist/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koj-ima-slabo-srce-neka-ne-go-gleda-ova-video-mornici-kje-ve-lazat-po-celoto-telo-koga-kje-vidite-kakva-greshka-napravi-ovoj-motociklist/#respond Thu, 19 Aug 2021 07:32:32 +0000 https://kurir.mk/?p=552458

Откако со мотор налета на пругите и ги премина спуштените рампи, овој мотоциклист едвај спаси жива глава откако и погледна во очи на смртта. Судбината буквално си поигра со него, а неколку секунди подоцна наиде на воз кој се движел со неверојатна брзина. Очигледно од големите болки по падот, мотоциклистот немал сила да се тргне од пругите, но доколку за влакно не се потргна од нив ова видео ќе имаше поинаков крај. За среќа видеото иако ќе предизвика морници по телото сепак има среќен крај, погледнете. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koj-ima-slabo-srce-neka-ne-go-gleda-ova-video-mornici-kje-ve-lazat-po-celoto-telo-koga-kje-vidite-kakva-greshka-napravi-ovoj-motociklist/feed/ 0
Нова лага на СДСМ, направена пруга до Грција не ја пуштаат две години, а ветуваат нова кон Албанија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-laga-na-sdsm-napravena-pruga-do-grcija-ne-ja-pushtaat-dve-godini-a-vetuvaat-nova-kon-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-laga-na-sdsm-napravena-pruga-do-grcija-ne-ja-pushtaat-dve-godini-a-vetuvaat-nova-kon-albanija/#respond Thu, 24 Sep 2020 16:59:49 +0000 https://kurir.mk/?p=408063

Изградена пруга кон Грција две години чека да биде тестирана и пуштена во употреба додека се ветува изградба на нова пруга кон Албанија. Ова ќе звучеше чудно, за некоја друга влада, но не и за владата на СДСМ која нема проблем да вети голем проект кој и самата знае дека нема да го исполни. Пругата од Битола кон Грција во должина од 18 километри требаше да биде пуштена во употреба уште на крајот на 2018 година. Сепак, две години подоцна истата се уште не е тестирана и никој не знае која ќе биде ставена во функција, како што и никој не знае зошто е закочена целата работа. Вработените во околните фирми од индустриската зона за медиумите велат дека повеќе од една година на пругата не се појавил никаков работник и истата зараснува со трева, додека Битолчани се уште го чекаат денот кога ќе се качат на воз кој ќе ги носи до Грција. Затоа звучи неверојатно дека се ветува изградба на нова пруга до Албанија од 64 километри која има доста работа и изградба на тунел, додека изградена пруга од 18 километри две години не ја пуштаат во употреба. Доколку се видат сите нивни ветувања во инфраструктурата, можеме да бидеме уверени дека овој проект ќе биде уште една лага која нема да се оствари. СДСМ уште во програмата за 2016 година вети изградба на пруга кон Бугарија, проект кој сега толку се обидуваат да не го споменуваат. Но не само тоа, во програмата на СДСМ од 2016 можат да се сретнат и ветувања како изградба на пруга од Миладиновци до аеродромот во Петровец и до индустриската зона Бунарџик, но и изградба на брза пруга од Табановце до Гевгелија. Покрај тоа ветувана беше реконструкција на постоечките пруги и електрификација. Иако ништо од тоа не е реализирано, сепак не е проблем да се ветуваат нови проекти. Понатаму за потсетување, изграден автопат од Скопје до Штип повеќе од година дена чекаше да биде пуштен во употреба, а автопатот Кичево – Охрид освен анекси ништо друго не виде, додека бројни проекти за патишта се стопирани, како што е во случајот на патот од Прилеп до Росоман. Кога на сето тоа ќе се додаде дека дека реализацијата на капитални инвестиции 3 години е на многу ниско ниво, тогаш повеќе од јасно е дека ова ветување за пруга до Албанија е нова лага на владата на СДСМ кое нема да го види светлото на денот, барем не во нивниот мандат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-laga-na-sdsm-napravena-pruga-do-grcija-ne-ja-pushtaat-dve-godini-a-vetuvaat-nova-kon-albanija/feed/ 0
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја заврши пругата до Бугарија и ќе изгради експресен пат од Куманово до Крива Паланка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vmro-dpmne-kje-ja-zavrshi-prugata-do-bugarija-i-kje-izgradi-ekspresen-pat-od-kumanovo-do-kriva-palanka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vmro-dpmne-kje-ja-zavrshi-prugata-do-bugarija-i-kje-izgradi-ekspresen-pat-od-kumanovo-do-kriva-palanka/#respond Sat, 04 Jul 2020 12:48:55 +0000 https://kurir.mk/?p=368873

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 2, Владо Мисајловски денеска беше во посета на Куманово каде што оствари повеќе средби со граѓани, на кои заклучокот е дека апсолутно секој еден граѓанин на своја кожа ги чувствува неправдите, сиромаштијата и немањето перспектива како резултат на владеењето на СДСМ. Мисајловски истакна дека после 15 јули сето тоа станува минато бидејќи откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта ќе создаде подобри услови за бизнисот за да може и работниците да добијат поголеми плати. За таа цел ВМРО-ДПМНЕ ќе ги покачи платите за 25%, а пензиите за 20%, додека пак за вработување на млади лица до 29 години компаниите ќе бидат ослободени од давачки. Тој додаде дека од акцизата која ја наметна СДСМ, новата влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 2,5 милијарди годишно за образованието, науката и спортот. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ исто така потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ силно ќе се посвети на инфраструктурата, ќе се изградат над 1.000 километри патишта, ќе се изгради експресен пат од Куманово до Крива Паланка и конечно ќе ја заврши пругата до соседна Бугарија. - Ние нудиме решенија, целта е обновата да дојде во Македонија, обнова во инфраструктурата, во уметноста, во спортот и насекаде во Македонија, нагласи Мисајловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vmro-dpmne-kje-ja-zavrshi-prugata-do-bugarija-i-kje-izgradi-ekspresen-pat-od-kumanovo-do-kriva-palanka/feed/ 0