прв до врв – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Dec 2022 08:26:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прв до врв – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Започна пријавувањето за традиционалната Дедомразовска трка на Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zapochna-prijavuvanjeto-za-tradicionalnata-dedomrazovska-trka-na-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zapochna-prijavuvanjeto-za-tradicionalnata-dedomrazovska-trka-na-skopje/#respond Fri, 02 Dec 2022 08:25:20 +0000 https://kurir.mk/?p=769939

Во недела на 25 декември во Скопје ќе се одржи традиционалната Дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во главниот град. Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само 2 километри и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители. Пријавувањето се одвива преку веб страницата www.prvdovrv.mk. Со пријавувањето, секој учесник добива целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада. За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место. Пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес инструктор и церемонија на прогласување на победниците. Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 10 часот на денот на трката. Трката ја организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zapochna-prijavuvanjeto-za-tradicionalnata-dedomrazovska-trka-na-skopje/feed/ 0
Арсовска додели признанија на јубилејната 10-та манифестација „Прв до врв“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-dodeli-priznanija-na-jubilejnata-10-ta-manifestacija-prv-do-vrv/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-dodeli-priznanija-na-jubilejnata-10-ta-manifestacija-prv-do-vrv/#respond Sun, 15 May 2022 15:16:14 +0000 https://kurir.mk/?p=677019

Денес по 10-ти јубилеен пат се одржа манифестацијата „Прв до врв“ на Водно, каде на учесниците со најдобри резултати им доделивме признанија за постигнатиот успех, напиша на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска. На овој спортско-рекреативен настан годинава учествуваа над 2000 велосипедисти, планинари и рекреативци, како и професионални спортисти, кои со планинарење, трчање или возење велосипед ја искачуваа планината Водно, и се натпреваруваа кој прв ќе пристигне до врвот. Манифестацијата секоја година покрај натпреварувачкиот карактер, става акцент и на заштитата на животната средина. Настанот се реализира со поддршка на Градот Скопје преку Програмата за активности во областа на спортот и младите во град Скопје, истакна таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-dodeli-priznanija-na-jubilejnata-10-ta-manifestacija-prv-do-vrv/feed/ 0
ДЕНЕСКА ВНИМАВАЈТЕ: Посебен сообраќаен режим во Скопје поради трката „Прв до врв“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/deneska-vnimavajte-poseben-soobrakjaen-rezim-vo-skopje-poradi-trkata-prv-do-vrv/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/deneska-vnimavajte-poseben-soobrakjaen-rezim-vo-skopje-poradi-trkata-prv-do-vrv/#respond Sun, 16 May 2021 07:54:08 +0000 https://kurir.mk/?p=510891

Поради одржување на спортско-рекреативната трка „Прв до врв“ денеска во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим. Трката започнува во 09:45 часот пред Музејот на Град Скопје. Трасата за велосипедистите оди по улицата „Св. Кирил и Методиј“, лево по булеварот „Св. Климент Охридски“, во продолжение по булеварот „Мајка Тереза“, лево по улицата „Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врв на Водно – „Милениумски крст“, додека  трасата на движење на планинарите почнува од пред О.У.„Кочо Рацин“, на булеварот „Мајка Тереза“, право по улицата „Тодор Александров“ и кај улицата „Салвадор Аљенде“ десно, по планински патеки кон Средно Водно, и потоа кон врв на Водно. Во временскиот период додека се одржува трката, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива трката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/deneska-vnimavajte-poseben-soobrakjaen-rezim-vo-skopje-poradi-trkata-prv-do-vrv/feed/ 0
Трките „Прв до врв“ во предвидениот термин на 16 мај https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trkite-prv-do-vrv-vo-predvideniot-termin-na-16-maj/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trkite-prv-do-vrv-vo-predvideniot-termin-na-16-maj/#respond Wed, 28 Apr 2021 07:19:47 +0000 https://kurir.mk/?p=503113

По вчерашното олеснување на здравствените мерки со кои се дозволуваат спортски активности на отворено, Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје соопшти дека на 16 мај на Водно ќе има трки во предвидените термини. – Трките на Водно ќе се реализираат со почитување на мерките за држење дистанца и носење маска. Наместо масовен, ќе се организира старт во бранови при што ќе се запази мерката за држење потребно растојание меѓу учесниците. Пред трката, за време на стартот и по минувањето на целта, натпреварувачите ќе носат маски. Освен прогласување на победниците, по трките не се предвидени дополнителни содржини, задржување и групирање на натпреварувачите. Максималниот број на учесници во трките е ограничен на 450 информира организаторот на трките. Пријавувањето за трките во планинско трчање, друмски и планински велосипедизам е во тек преку веб страницата на организаторот, www.prvdovrv.mk.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trkite-prv-do-vrv-vo-predvideniot-termin-na-16-maj/feed/ 0
Осмото издание на „Прв до врв 2020“ ќе се одржи на 27 септември https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/osmoto-izdanie-na-prv-do-vrv-2020-kje-se-odrzi-na-27-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/osmoto-izdanie-na-prv-do-vrv-2020-kje-se-odrzi-na-27-septemvri/#respond Fri, 04 Sep 2020 08:39:33 +0000 https://kurir.mk/?p=399083

Во недела на 27 септември ќе се одржи осмото издание на планинскиот спортски настан „Прв до врв 2020“ на Водно. Програмата на спортскиот настан вклучува трки во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам и тим билдинг трка за компании. Оваа година традиционалниот пикник и музичката програма нема да бидат дел од програмата поради задолжителните мерки за заштита на учесниците од Ковид-19. Настанот „Прв до врв“ ќе се одржи според пропишаните протоколи од Министерството за здравство. Сите заинтересирани за учество на настанот „Прв до врв“ можат да се пријават на веб страната www.prvdovrv.mk. Настанот е организиран од здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ во соработка со Град Скопје и деловно-општествената заедница. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/osmoto-izdanie-na-prv-do-vrv-2020-kje-se-odrzi-na-27-septemvri/feed/ 0
„Прв до врв“ на Водно https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prv-do-vrv-na-vodno/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prv-do-vrv-na-vodno/#respond Sun, 19 May 2019 07:16:04 +0000 https://kurir.mk/?p=199603

Седмото издание на најголемиот планински спортски настан во регионот „Прв до врв“ ќе се одржи денеска на Водно. – Омилениот настан на скопјани и оваа година во програмата ги има трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, тим-билдинг трка за компании, како и традиционалниот пикник на целта кај врвот, по завршувањето на трките на кој е пред-видена музичка програма и церемонија на прогласување на победниците, соопшти Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“. Од Здружението наведоа дека оваа година се очекува на учествуваат над две илјади натпреварувачи со најголем број на учесници од странство до сега.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prv-do-vrv-na-vodno/feed/ 0
Времен прекин на автобуските линии кон Водно поради манифестацијата „Прв до врв“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vremen-prekin-na-avtobuskite-linii-kon-vodno-poradi-manifestacijata-prv-do-vrv/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vremen-prekin-na-avtobuskite-linii-kon-vodno-poradi-manifestacijata-prv-do-vrv/#respond Sat, 18 May 2019 10:33:37 +0000 https://kurir.mk/?p=199393

Поради одржување на манифестацијата „Прв до врв 2019″  утре од  девет до 10:30 часот нема да сообраќаат линиите кон и од Средно Водно. Времен прекин ќе има на линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно), соопшти Јавното претпријатие Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vremen-prekin-na-avtobuskite-linii-kon-vodno-poradi-manifestacijata-prv-do-vrv/feed/ 0
Трка „Прв до врв 2018“ в недела на Водно https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trka-prv-do-vrv-2018-v-nedela-na-vodno/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trka-prv-do-vrv-2018-v-nedela-na-vodno/#respond Wed, 16 May 2018 08:38:09 +0000 https://kurir.mk/?p=54679

Трки во планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам в недела на Водно ќе се одржат по шестти пат во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв во соработка со градот Скопје и со поддршка на деловната и општествената заедница. На програмата на „Прв до врв 2018“ се трки во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, како и традиционалниот пикник на целта кај врвот, по завршувањето на трките на кој е предвидена музичка програма и церемонија на прогласување на победниците. Стартовите на трките се закажани во 9 часот и 45 минути кај Музејот на град Скопје за велосипедистите, и во 10 часот кај основното училиште Кочо Рацин за оние кои ќе се натпреваруваат во трчање и планинарење. Годинава, како што најавуваат организаторите, се очекува да учествуваат над две илјади натпреварувачи со најголем број на учесници од странство досега. Пријавувањето за учество е се уште отворено преку веб страната www.prvdovrv.mk. Регистрираните учесници ќе можат да ги подигнат своите стартни пакети во четврток, петок и сабота на плоштадот Македонија, а оние кои доаѓаат од другите градови и држави истото ќе можат да го сторат и во недела, на денот на трката, од 8 до 9 часот кај ОУ Кочо Рацин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trka-prv-do-vrv-2018-v-nedela-na-vodno/feed/ 0