прв гол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 29 Jul 2018 10:44:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прв гол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Руни го постигна својот прв гол во Америка https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-runi-go-postigna-svojot-prv-gol-vo-amerika/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-runi-go-postigna-svojot-prv-gol-vo-amerika/#respond Sun, 29 Jul 2018 10:44:15 +0000 https://kurir.mk/?p=82404

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Англија Вејн Руни го постигна својот прв гол за својот нов тим Ди Си Јунајтед во американската МЛС лига. Руни (32) се запиша при победата на тимот со 2:1 над гостите Колорадо Рапидс. Англискиот напаѓач беше прецизен во 33-тата минута, а домаќините стигнаа до успехот по автогол на Ники Џексон во последните секунди од натпреварот. Во дополнителното време Руни доби повреда на аркадата и на носот, а по натпреварот лекарите му ставија пет конци. Ди Си Јунајтед се наоѓа на последно место во Источната конференција на МЛС со 17 поени во 18 натпревари. Руни, кој премина во американскиот тим пред еден месец, е голгетер број 1 во историјата на Манчестер Јунајтед и единствениот играч во Премиер лигата со над 200 гола и над 100 асистенции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-runi-go-postigna-svojot-prv-gol-vo-amerika/feed/ 0