прв круг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 16 Oct 2021 07:18:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прв круг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Што е потребно за победа во прв круг на локални избори? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-e-potrebno-za-pobeda-vo-prv-krug-na-lokalni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-e-potrebno-za-pobeda-vo-prv-krug-na-lokalni-izbori/#respond Sat, 16 Oct 2021 07:18:47 +0000 https://kurir.mk/?p=580012

За победа во првиот круг од локалните избори потребно е најмалку една третина од регистрираните гласачи да излезат на гласање во конкретната општина и еден од кандидатите да освои мнозинство гласови. Оние што нема да бидат избрани на 17 октомври, ќе ја продолжат битката во вториот круг закажан за две недели подоцна. Изборниот законик вечи дека победник е, одностно станува градоначалник, оној кој ќе добие мнозинство гласови од избирачите што излегле на гласање, но излезноста е најмалку една третина од вкупниот број регистрирани гласачи во Избирачкиот список за соодветната општина. Доколку во првиот круг на гласање за избор на градоначалник на општината, односно градоначалник на град Скопје, не излезат една третина од вкупниот број гласачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина, се предвидува во законот. Доколку ниту еден од кандидатите нема мнозинство гласови, тогаш вториот круг се одржува во рок од 14 дена, што во овој случај тој е на 31 октомври. Треба да се знае дека во вториот круг одат само двајцата кандидати кои имале најмногу гласови во првиот круг, а победува оној што добил најмногу гласови. Изборот на советници се затвора во првиот круг, а нивната распореденост се пресметува според Донтоновата формула.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-e-potrebno-za-pobeda-vo-prv-krug-na-lokalni-izbori/feed/ 0
Првиот круг на изборите фер и демократски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-krug-na-izborite-fer-i-demokratski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-krug-na-izborite-fer-i-demokratski/#respond Mon, 22 Apr 2019 05:48:56 +0000 https://kurir.mk/?p=189675

Скандинавски, мирни, фер и демократски. Ова се оценките за вчерашните претседателските избори од учесниците во изборниот процес, организаторите и МВР. Прелиминарната оценка за изборите денеска треба да ја соопшти и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, но и Граѓанската асоцијација МОСТ, која имаше најголем број набљудувачи на изборниот процес. Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски доцна синоќа изборниот процес го оцени како чист и мирен. Важно е, рече тој, дека немавме сериозни забелешки на изборниот процес од учесниците, но и од меѓународните и странските набљудувачи. Изборниот ден помина во исклучителна мирна, фер и демократска атмосфера. Имавме кристално чист прв изборен круг од претседателските избори. Имавме скандинавски избори, како што доликува на држава, идна членка на НАТО и ЕУ, оценија синоќа од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Во првичната реакција по изборниот ден, од изборниот на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека тој бил генерално мирен фер и демократски, но нагласија дека имало одредени прекршувања. Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Блерим Река оценија дека денешните избори поминале во фер и демократска атмосфера. Според нив, загрижувачки е фактот што е мал процентот на излезност на овие избори и ова, според него, ја потврдува нивната теза дека 1/4 од населението е иселено од Републиката. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција по затворањето на гласачките места за избор во првиот круг на претседателските избори истакна дека институциите на РСМ покажале дека можат да организираат мирни и демократски избори како што и доликува на земја која, како што рече, наскоро ќе стане членка на НАТО и е на пат за членство во ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-krug-na-izborite-fer-i-demokratski/feed/ 0