прв преседавач – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Feb 2023 12:22:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прв преседавач – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Првиот претседавач на македонското Собрание Никола Стојановски наполни 100 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-pretsedavach-na-makedonskoto-sobranie-nikola-stojanovski-napolni-100-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-pretsedavach-na-makedonskoto-sobranie-nikola-stojanovski-napolni-100-godini/#respond Tue, 14 Feb 2023 12:22:10 +0000 https://kurir.mk/?p=800359

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска беше домаќин на првиот претседавач на првото повеќепартиски Парламент, д-р Никола Стојаноски, кој како најстар избран пратеник ја имаше таа чест и одговорност на 8 јануари 1991 година да ја отвори конститутивната седница на тој пратенички состав. На приемот, покрај Џафери, беа присутни и потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, координаторите на партеничките групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески и Никола Мицевски, претставникот на Движењето БЕСА, Бастри Бајрами, генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, замениците генерални секретари и други претставници од собраниската служба. Повод за денешниот прием беше заедничкото одбележување на неговиот 100-ти роденден, меѓутоа и одлична прилика да се слушне непосредно од д-р Стојаноски за чувството и искуството кое го доживеал на тој толку значаен историски ден од поставувањето на темелите на повеќепартиското Собрание и градењето на еден нов почеток за државата, нов за сите присутни на таа пленарна седница. Истовремено, горд што сепак успеал да ја исполни својата должност без забелешки. - Во искрениот и непосреден разговор со присутните, почитуваниот д-р Стојаноски, со сиот свој позитивизам и енергија, упати порака до присутните и до следните генерации дека постарата генерација се потпира на тоа дека младата генерација ќе стори подобро и поубаво од претходните генерации за да биде добро за сите, и за државата и за народот, се посочува во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието. Претседателот на Парламентот Џафери и сите присутни на средбата му посакаа на д-р Стојаноски добро здравје и уште многу родендени и идни средби во законодавниот дом.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-pretsedavach-na-makedonskoto-sobranie-nikola-stojanovski-napolni-100-godini/feed/ 0