Прв скопски партизански одред – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Aug 2021 05:04:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Прв скопски партизански одред – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Град Скопје одбележува 80 години од основањето на Првиот скопски партизански одред https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-odbelezuva-80-godini-od-osnovanjeto-na-prviot-skopski-partizanski-odred/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-odbelezuva-80-godini-od-osnovanjeto-na-prviot-skopski-partizanski-odred/#respond Mon, 23 Aug 2021 05:26:19 +0000 https://kurir.mk/?p=553798

Со положување цвеќe пред Споменикот на Првиот скопски партизански одред во Карпош 3, со настапи на Академскиот хор „Мирче Ацев“ и Академскиот хор „Оро“ од Ниш и кино-проекција на филмот „Ослободувањето на Скопје“, во режија на Раде и Данило Шербеџија, Град Скопје денеска ќе ја одбележи 80-годишнината од основањето на Првиот скопски партизански одред (22 август 1941 – 22 август 2021). Одбележувањето ќе почне во 10 часот со историска едукативна тура за млади во Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработување на оружје за време на НОВ (1941-1944) во Скопје, а останатите активности се предвидени во 19 часот пред Споменикот на Првиот скопски партизански одред во Карпош 3. Првиот скопски партизански одред претставува никулец на организираното народно-ослободително движење во Македонија на кој се надоврзуваат прилепскиот, кумановскиот, вториот скопски, велешкиот, битолскиот партизански одред…. бригадите, баталјонот „Мирче Ацев“, па се до дивизиите и корпусите. Во партизанските редови на одредот биле 42 партизани од кои 17 го загубиле животот во текот на војната, а од нив тројца – Александар Урдаревски, Раде Јовчевски-Корчагин и Боро Петрушевски се прогласени за народни херои]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-odbelezuva-80-godini-od-osnovanjeto-na-prviot-skopski-partizanski-odred/feed/ 0