Прва кошаркарска лига – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Mar 2023 05:51:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Прва кошаркарска лига – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Куманово издржа едно полувреме со МЗТ Скопје, Кожув ја доби битката со ТФТ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kumanovo-izdrzha-edno-poluvreme-so-mzt-skopje-kozhuv-ja-dobi-bitkata-so-tft/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kumanovo-izdrzha-edno-poluvreme-so-mzt-skopje-kozhuv-ja-dobi-bitkata-so-tft/#respond Wed, 15 Mar 2023 05:51:38 +0000 https://kurir.mk/?p=811987

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја забележаа 15. победа во 17 натпревар во најсилната домашна конкуренција и тоа на гостувањето кај Куманово. Домаќините беа одлични во првиот дел, комплетно рамноравни со шампионот и најдобра потврда за тоа е водството на паузата од 41-40. Меѓутоа во вторите 20 минути ситуацијата беше сосема поинаква, избраниците на Николиќ одиграа на многу повисоко ниво на двете страни на теренот и на крајот дојдоа до триумф од 88-68. Кук со 17 и Д.Стојановски со 14 поени беа лидери кај победникот, најрасположен за игра кај кумановци беше Марјановиќ со 21 кош. Во Гевгелија пак Кожув го надигра ТФТ со 82-72. Четата на Јончевски покажа далеку повеќе на овој дуел, доби три од четирите четвртини со тоа што вистински лидер беше Гордон со 32 поени. Двоцифрени беа уште Братож (15), Колев (14) и Ризвиќ (10). Во ТФТ, Мекбраер даде 15, Батрик 14, а Костоски уште 13.поени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kumanovo-izdrzha-edno-poluvreme-so-mzt-skopje-kozhuv-ja-dobi-bitkata-so-tft/feed/ 0
Еуро Никел победи во Гевгелија, Гостивар со нов триумф на домашен терен https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/euro-nikel-pobedi-vo-gevgelija-gostivar-so-nov-triumf-na-domashen-teren/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/euro-nikel-pobedi-vo-gevgelija-gostivar-so-nov-triumf-na-domashen-teren/#respond Sun, 05 Mar 2023 06:37:06 +0000 https://kurir.mk/?p=808139

Составот на Еуро Никел издвојува победа над Кожув од 77-75 во последната средба во првата кошаркарска лига. Средбата во Гевгелија беше доста борбена, неизвесна, а како пресудна за победата се покажа завршната четвртина на гостите кои ја добија со 26-20. Ова за кавадарчани беше десетти сезонски триумф во кој се издвоија Балмазовиќ со 19, Планинииќ со 16 и Соколов со 15  кошеви. Гордон со 22 поени беше најсветла точка кај поразениот тим. Гостивар пак продолжи да доминира во својата сала „Младост“ каде има осум од осум, односно најнова жртва е Навико Академија ФМП која беше совладана со 87:79. Ефремовски и Вучковиќ искомбинираа 47 поени, во гостинската екипа пак блескаше Смит-Меквејн кој даде 29 поени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/euro-nikel-pobedi-vo-gevgelija-gostivar-so-nov-triumf-na-domashen-teren/feed/ 0
Прва лига: Победи на Работнички, Чаир и Еуро Никел https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/prva-liga-pobedi-na-rabotnichki-chair-i-euro-nikel/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/prva-liga-pobedi-na-rabotnichki-chair-i-euro-nikel/#respond Sun, 25 Dec 2022 07:22:40 +0000 https://kurir.mk/?p=780176

Тимот на Еуро Никел стигна до шестата победа во сезоната откако во 11. Коло беше подобар од Академија ФМП со 92:63. Најрасположен во победничкиот беше Планиниќ со 15 поени и осум скока, на спротивната страна до дабл-дабл од 19 поени и 12 скока стигна Коскоски. Лесна победа забележа и Работнички кој на гости кај Кожув славеше победа од 85:110. Во текот на целиот натпревар гостите беа подобар противник и од четвртина во четвртина ја зголемуваа предноста. Треба да се каже дека за Работнички ова е седми натпревар во низа на кој постигнува повеќе од 100 поени. Јузбашиќ беше лидер на Кожув со 31 поен и 11 скока, додека Џексон за Работнички уфрли 21 поен и додаде шест асистенции. Најнеизвесниот натпревар во денешната програма го одиграа Чаир 2030 и Стрмуца, а на крајот славеа чаирчани со 97:92. Неизвесно беше во најголем дел од средбата, а како клучна се покажа четвртата четвртина во која Чаир направи серија од 7:0 со што ја презема иницијативата и не ја испушти преднсота до крајот. Френклин одигра одличен натпревар за Чаир со 36 поени и 8 скока, додека Крстајиќ ја предводеше Струмица со 26 поени, девет скока и шест асистенции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/prva-liga-pobedi-na-rabotnichki-chair-i-euro-nikel/feed/ 0
Гостивар за прв пат поразен, Работнички сигурен https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/gostivar-za-prv-pat-porazen-rabotnichki-siguren/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/gostivar-za-prv-pat-porazen-rabotnichki-siguren/#respond Sun, 27 Nov 2022 21:59:11 +0000 https://kurir.mk/?p=767305

Повеќе нема непоразени екипи во машката кошаркарската Прва лига, откако досегашниот неприкосновен лидер Гостивар загуби вечерва на гостувањето кај Куманово (70-82) во меч од седмата прволигашка рунда. Кумановци и покрај сите проблеми и играчки заминувања одиграа најдобро сезонава, а клучната предност ја обезбедија во вториот период кој го добија со 28-12. Марјан Јанески со 22 поени беше најпрецизен во победничкиот тим, додека Пипкинс со 15 поени кај гостите. Кошаркарите на Работнички, пак, врзаа и трета победа по ред, откако вечерва славеа на гостувањето кај Струмица (92-84). Домаќинот беше подобар во првото полувреме (47-42), но поголемото искуство на црвено-белите им ја донесе посакуваната победа во продолжението. Американците Форте и Пол со 23 односно 21 поен беа најпрецизни кај центарци, додека Крстајиќ со 22 и Стаменковиќ со 21 поен беа најефикасни кај струмичани.
Кожув претходно денеска беше подобар од Феникс (97-89). Утре играат Академија ФМП и ТФТ, во вторник МЗТ Скопје го пречекува Чаир 2030, а в четврток Еуро Никел ќе му биде домаќин на Пелистер.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/gostivar-za-prv-pat-porazen-rabotnichki-siguren/feed/ 0
МЗТ Скопје се “испоти” против Феникс, Еуро Никел го совлада Работнички https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-se-ispoti-protiv-feniks-euro-nikel-go-sovlada-rabotnichki/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-se-ispoti-protiv-feniks-euro-nikel-go-sovlada-rabotnichki/#respond Sun, 03 Apr 2022 22:04:23 +0000 https://kurir.mk/?p=657910

Кошаркарите на МЗТ Скопје славеа над Феникс 2010 во средбата која вечерва се одигра во СЦ „Јане Сандански“. Актуелниот шампион мораше добро да се испоти и преку силна последна четвртина (23-14) избори триумф од 87-74 со кој му се реваншираше на ривалот за поразот од првиот дел од сезоната, а воедно ја потврди и позицијата број два пред последното коло од оваа фаза. Дејвис уфрли 19 поени, браќата Стојановски пак искомбинираа 37 кошеви. Кај Феникс триото Морган-Вилијамс-Трајковски уфрли 55 од крајните 74 поени. Работнички пак 30 минути беше рамноправен противник на Еуро Никел (58-61), но завршниот период го одигра катастрофално на двете страни на теренот (10-26) и на крајот претрпе тежок пораз од 87-68. Ѓекиќ реализираше 18.поени за екипата од Кавадарци, Дубински имаше 16. Соколов 12, а Томиќ уште 10.поени. Кај Работнички, екипа која сега е на ефект (9-12), Едвин уфрли 18, додека Балмазовиќ 16 поени. На останатите две средби Кожув беше подобар од Ангели со резултат 76-72, Куманово пак го доби вториот состав на МЗТ Скопје со 70-62.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-se-ispoti-protiv-feniks-euro-nikel-go-sovlada-rabotnichki/feed/ 0
Пелистер сигурен,Кожув изненаден од Вардар https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/pelister-siguren-kozuv-iznenaden-od-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/pelister-siguren-kozuv-iznenaden-od-vardar/#respond Sun, 28 Feb 2021 20:20:19 +0000 https://kurir.mk/?p=475183

Кошаркарите на Пелистер остварија нов триумф од 95-81 и ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето кај МЗТ Скопје УНИ Банка . За гостите ова е единесетта победа во македонското првенство, а до неа ја предводеа Кесар со 25 и Трајковски со 20 поени, додека на спротивната страна Монтгомери запиша 27 поени. До триумф дојдоа и кошаркарите на Вардар кои направија изненадување против Кожув совладувајќи го со 95:86. Дикембе со 20 поени бил најдобар реализатор во редовите на Вардар, а на спротивната страна Силаџи стигнал до 32 поени, кои не беа доволни за триумф на Кожув. foto: sportmedia.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/pelister-siguren-kozuv-iznenaden-od-vardar/feed/ 0