прва лига – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 09 May 2023 19:27:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прва лига – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФК Гостивар обезбеди влез во Прва лига https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fk-gostivar-obezbedi-vlez-vo-prva-liga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fk-gostivar-obezbedi-vlez-vo-prva-liga/#respond Tue, 09 May 2023 19:27:33 +0000 https://kurir.mk/?p=832397

Со убедливата победа 4:0 над Борец од Велес, фудбалскиот второлигаш Гостивар обезбеди влез во Првата македонска фудбалска лига. Гостиварци ја остварија 22-та победа и се покажаа како цврст противник без ниту еден пораз во првенството. Освоените бодови на едно коло пред крај на годинешната натпреварувачка сезона му се доволни на ФК Гостивар од наесен да настапи во елитното фудбалско друштво. Како домаќини, гостиварци беа фаворити и единствено се очекуваше со колку разлика ќе го победат Борец. Попладнево, на градскиот стадион во Гостивар капитенот Калановски ја потврди голгетерската улога и погоди на два пати (сезонава постигна вкупно 24голови), а по еден Крстевски и Зука. Победата на гостиварци ќе беше поубедлива доколку Каланоски погодеше во неколкуте шанси за гол и ќе беше најдобар стрелец во лигата. Од управата на ФК Гостивар кажаа дека ги исполнија плановите, со што по речиси десет години, навивачите ќе гледаат прволигашки фудбал на брегот на Вардар. По завршувањето на натпреварот, навивачката група „Кастриоти“ заедно со останата публика и играчите го прославија влезот во прволигашкото друштво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fk-gostivar-obezbedi-vlez-vo-prva-liga/feed/ 0
Вардар со поддршка на „Комити“ ги почна подготовките за враќање во Првата лига https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vardar-so-poddrshka-na-komiti-gi-pochna-podgotovkite-za-vrakjanje-vo-prvata-liga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vardar-so-poddrshka-na-komiti-gi-pochna-podgotovkite-za-vrakjanje-vo-prvata-liga/#respond Wed, 14 Jul 2021 19:06:53 +0000 https://kurir.mk/?p=536877

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денеска ги почнаподготовките за новата домашна сезона во која за прв пат во клупската историја ќе се натпреварува во Втората лига. Со неколкумина „староседелци“ во тимот и 12 засилувања предводени од новиот тренер Горан Симов, „црвено – црните“ го одржаа првиот официјален тренинг на Националната арена „Тодор Проески“ бодрени од својата навивачка група „Комити“. Благодарност до нашите најверни навивачи, кои и покрај неповолните временски услови дојдоа да ни дадат поддршка и ни овозможија да го почувствуваме амбиентот кој само тие знаат да го направат. Атмосфера, која недостига на фудбалските борилишта и која многу ќе ни значи во остварувањето на нашите зацртани цели за експресно враќање во Првата лига, соопшти вечерва Вардар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vardar-so-poddrshka-na-komiti-gi-pochna-podgotovkite-za-vrakjanje-vo-prvata-liga/feed/ 0
ПМФЛ: Вардар гостува на Шкупи, Шкендија го пречекува Пелистер https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pmfl-vardar-gostuva-na-shkupi-shkendija-go-prechekuva-pelister/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pmfl-vardar-gostuva-na-shkupi-shkendija-go-prechekuva-pelister/#respond Sun, 14 Mar 2021 06:49:33 +0000 https://kurir.mk/?p=481969

Со натпреварот Работнички – Академија Пандев, започна третиот круг во ПМФЛ поточно 23 коло.
Екипата на Академија Пандев забележа победа на гостувањето во Скопје, против Работнички со 2:0.
Гостите поведоа  рано, уште во 11-минута кога по уфрлувањето  Марио Крстовски реагираше одлично и ја затресе мрежата на „романтичарите“. Во вториот дел гостите уште еднаш постигнаа гол и тоа преку Велиновски во 77.минута па со конечни 2:0 на крајот заслужено се радуваа на победата.
Останатите пет натпревари од 23.коло во ПМФЛ се играат денес со почеток од 15 часот, а двојките се: МАКЕДОНИЈА Ѓ.П -СИЛЕКС, ШКУПИ -ВАРДАР, ШКЕНДИЈА -ПЕЛИСТЕР, БОРЕЦ -БЕЛАСИЦА  и СТРУГА ТЛ -РЕНОВА.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pmfl-vardar-gostuva-na-shkupi-shkendija-go-prechekuva-pelister/feed/ 0
Пелистер бара да игра во Првата фудбалска лига https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pelister-bara-da-igra-vo-prvata-fudbalska-liga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pelister-bara-da-igra-vo-prvata-fudbalska-liga/#respond Wed, 20 May 2020 09:40:18 +0000 https://kurir.mk/?p=348200

Во очекување на одлука на Фудбалската федерација на Македонија за начинот на завршување на годинешната фудбалска сезона, ФК Пелистер, есенскиот првак во Втората лига – Запад, со соопштение до ФФМ и спортската јавност, побара клубот на есен да биде прволигаш. Од ФК „Пелистер“ посочуваат дека во интерес на почнати проекти, а како обврска кон симпатизерите, ја информираат јавноста дека ФК Пелистер, во годината во која што слави 75-годишнината од своето постоење, има една единствена долгорочна цел – промоција во Првата лига и значајно место во македонскиот клупски фудбал. – Со оглед на ново настаната ситуација, сакаме да потенцираме дека здравјето на нашите граѓани мора да остане на прво место и дури потоа може да се размислува за спортскиот и натпреварувачки дел. Нашата порака е да се изнајде решение кое ќе биде прифатливо за поголема група од македонски прволигаши и второлигаши за завршување на оваа и пополнување на местата за следната сезона, соопштија од ФК Пелистер-Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pelister-bara-da-igra-vo-prvata-fudbalska-liga/feed/ 0