Прва машка кошаркарска лига – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 05 Mar 2022 19:23:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Прва машка кошаркарска лига – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гостивар лесно со Феникс, нема крај на лошата серија на Кожув https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/gostivar-lesno-so-feniks-nema-kraj-na-loshata-serija-na-kozuv/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/gostivar-lesno-so-feniks-nema-kraj-na-loshata-serija-na-kozuv/#respond Sat, 05 Mar 2022 19:23:19 +0000 https://kurir.mk/?p=641688

Екипата на Гостивар продолжи со одличните партии на домашен терен и убедливо го доби дуелот со Феникс (96-75). Марјан Јаневски со 18 поени и Александар Тодоровиќ со 16 поени беа најдобри кај Гостивар, ги следеше Ворку со дабл-дабл од 15 поени и 10 асистенции, додека кај Феникс, искусниот Бојан Трајковски даде 19 поени. Гостивар е второпласиран на табелата со скор 12-5 и одлична победничка низа која брои седум меча во серија, додека Феникс сега испадна од зоната за Суперлига и е седмопласиран со скор 9-7. Лошата резултатска серија за кошаркарите на Кожув нема крај. Денешниот меч кај Еуро Никел, во рамките од 17. коло, донесе нов неуспех за тимот од Гевгелија (78-63). Соколов и Николовски го водеа домашниот тим со 16, односно 14 поени. Кај гевгеличани најефикасен беше Бродвеј со 17 постигнати поени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/gostivar-lesno-so-feniks-nema-kraj-na-loshata-serija-na-kozuv/feed/ 0
ТФТ убедлив против Работнички, ФМП Академија му нанесе нов пораз на Куманово https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tft-ubedliv-protiv-rabotnichki-fmp-akademija-mu-nanese-nov-poraz-na-kumanovo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tft-ubedliv-protiv-rabotnichki-fmp-akademija-mu-nanese-nov-poraz-na-kumanovo/#respond Sat, 12 Feb 2022 20:18:24 +0000 https://kurir.mk/?p=630684

Кошаркарскиот клуб на Академија ФМП експресно се врати на победнички патеки на домашната сцена, триумфирајќи над составот на Куманово со убедливи 86-68. Ова беше четврти триумф за тимот на тренерот Александар Петровиќ против неговиот поранешен клуб, извојуван пред се благодарение на одличното издание на ФМП во второто полувреме. Резултатот на паузата изнесуваше 40-41, но домашните кошаркари потоа заиграа далеку подобро, ја добија третата четвртина со 27-18, а потоа во последните десет минути целосно го скршија отпорот на кумановци. Триумфот е уште позначаен ако се знае дека ФМП настапи без својот најдобар стрелец Крстајиќ, во чие отсуство вечерва најефикасни беа Лука Стојановски со 26 и Ајви со 23 поени. Зивчевиќ со 23 поени и осум скока беше најдобар поединец во таборот на Куманово. ТФТ ја оправда фаворитската улога во скопската пресметка со Работнички, декласирајќи ги „центарци“ со 103-72. ТФТ беше подобар ривал во сите четвртини, постепено зголемувајќи си ја предноста до конечните „плус 31“. Хортон со 23 поени беше главно име во победничкиот тим, 19 поени постигна Мајкл, додека кај Работнички најефикасен при овој убедлив пораз беше Какруки, кој го заврши мечот со 22 поени и седум скокови зад своето име. Гостивар со супериорна игра го совлада тимот на КК Ангели со преубедливи 106-60. Избраниците на Алек Јончевски тргнаа фуриозно од самиот почеток, на полувреме имаа убедливи 52-23, позитива што уште повеќе ја зголемија до крајот на мечот. Силаџи беше најефикасен со дабл-дабл од 20 поени и 10 скокови, а дабл-дабл во таборот на Гостивар имаше и плејмејкерот Ворку, кој го заврши натпреварот со 15 поени и 13 асистенции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tft-ubedliv-protiv-rabotnichki-fmp-akademija-mu-nanese-nov-poraz-na-kumanovo/feed/ 0